Епа да, грдо е... Ама нели е погрдо да се нервираш и да плачеш и да се прашуваш зошто? И цело време да ја бараш вината во себе, додека тој се глупира и се прави како да не постоиш... Сега му текнало, ќе те бара. До кога? Дури не му се вратиш, дури не си загарантира сигурност и после пак истата приказна. Ти не мораш да ме послушаш мене, ни било која девојка што ќе ти даде совет. Сепак си водена од чувствата. Ние можеме да ти кажеме од наше искуство да не си ја мачиш душичката за нешто што нема иднина. Оти ова вашево, реално гледано - нема ! Колку и да звучи сурово. Јас мислам дека тој сака да те има како златна резерва, бидејќи е сигурен во твојата љубов спрема него.
Кога ќе си најдеш поарен ич нема да те боли уво кога ќе го видиш со некоја друга. И јас така викав за првата љубов "Ако те видам со друга, макар и по 2 години да е тешко ќе ми биде". Ама нема врска. Ич не се заморувам за него ниту сега, ниту кога раскинав. Некој што не заслужува да го сакам, ме нервира и ми се изживува нема зошто да го сакам. Сега ќе спомнам една клише реченица, од оние ппростите мудроштини "На срцето неможеш да му заповедаш кого да сака"... Можда неможеш да му заповедаш кого да сака, ама можеш да му заповедаш кого да мрази.
Благодарам многу за советите, сега сум сигурна дека не сум единствената што размислува на таков начин. Како и да е не е ни прв ни последен... Времето ке излечи се Благодарам уште еднаш