Самиот наслов си го кажува своето. Вреди ли? Фатив дечко кој што е многу љубоморен,после краток период од нашата врска решивме да си ги деактивираме нашите фб-ци. Прифатив и избрзав за таа одлука.. Но тогаш помислата ми беше дека "он нема да лајкнува,нема да пишува на други раат кје си бидам од такви слични ситуации итн." Откако го деактивирав фб сватив колкава грешка е тоа. Не дека фб ми треба за да се допишувам со други туку навика ми е и неможам толку лесно да се одвикнам а и празно ми е се така без фб. Имавме една караница со дечко ми, и во тој момент си го вратив фб без да му кажам онака си пролистав на почетна што има и пак го деактивирав,му кажав дури доцна вечерта он дознал преку другар бидејќи другар му го имам, му дадов пасфорд за да се увери дека немам пишувано со други. јас на него му верувам и јас исто му го знаев пасфордот но сега ме убива помислата дека доколку му кажам дека сакам да си го вратам фб кје помисли дека имам добра причина заради тоа, односно друг некој дечко.. совет? П.С:морам да додадам дека ми има кажано дека на фб кога сме пишувале му идело така да се кара со мене.. и сега врската ни е каде каде подобра без фб, но мене при секоја караница ми иде да си го вратам фб,сакам да чатувам со другарки но незнам дали ќе ме свати..
Не дека сакам да те плашам,ама во врска што нема доверба и нема верување е многу лошо и тешко да се опстане.И јас имам премногу љубоморен дечко,и искрено тешко се справувам со тоа. Но ти мора да имаш социјален живот и другарки.Не може да биде само он во твојот живот. Најдобро е да му предложиш да си направите нови ФБ а,на кои ќе ги имате најблиските стотина луѓе.Сметам дека тоа е добра опција. Во меѓувреме пробај да стекнеш доверба кај него,да му покажеш дека може да ти верува.
Врската е основана на доверба. Со тоа што тој те натерал да го деактивираш профилот, многу добро покажува дека не ти верува. За љубоморни момчиња знам дека ако ти веруваат- воопшто нема да бидат љубоморни. Покажи му дека го сакаш, дека во твоето срце има место само за него, но исто така дади му до знаење дека тој тебе не те поседува и дека ти имаш право на социјален живот, што во наше време значи да имаш фејсбук Зборувајте и дебатирајте на оваа тема, и ако сеуште не ти дозволува да имаш фејсбук, стави му ултиматум. “Ми веруваш?“ На ова прашање се запнуваат сите. Ова е меч остар од двете страни- ако ти рече “да“, тогаш ти лесно можеш да му посочиш “тогаш зошто не ми дозволуваш да имам фејсбук?“. Ако ти рече “не“, девојко, оди до продавница, купи си многу сладолед и грицки и лечи си го скршеното срце со филмови базирани на романите на Николас Спаркс. Веднаш откачувај го. Не ти треба некој, без разлика колку го сакаш, кој тебе ќе ти забранува да се социјализираш и кој не ти верува. Не се ова триесеттите Остани прекрасна
Денес ќе е фејсбук, утре ќе му сметаат твоите другарки, ќе сака само со него да излегуваш.. Ќе решите еден проблем, ќе најде друг. Љубомората е болна работа. Вакви врски немаат никаква перспектива, освен ако он не се смени, да омекне малку, мада тешко. Ако не те знаел од порано можно е да е малку скептичен, ама ова е претерано. Не знам како луѓето мислат дека имаат право да тражат вакви работи.
Проблемот е многу подлабок од тоа дали ќе имаш или ќе немаш ФБ профил. Конкретно ситуацијава ми е многу детска, па другар му му кажал, па тој се налутил, бла бла.... Како да му кажал дека те видел со друг бог да чува. Но, неговото однесување кажува многу. Врска без доверба од старт е осудена на пропаст, како сакаш сфати ме. Дали било поради ФБ, дали поради некој твој другар од детството или пак едно обично излегување на пијачка со другарки, тој ќе си наоѓа причини. Не викам дека мора да значи дека нема да успеете, ама вака ако остане не. Ако ептен ти значи, вложи труд за да го промениш, можеби и ќе успееш откако ќе сфати дека драматизира и без причина те повредува. Или пак ќе толерираш, ама нема да бидеш среќна. Во врска каде што еден претерува (со било што, не само со љубомора), едниот мора да е несреќен. Стави му го тоа до знаење. И ти повторувам, не се работи за ФБ. Ете почни од тоа дека не ти се допаѓа неговото однесување и после ќе му спомнеш дека едноставно сакаш да имаш комуникација и дека кога сите имаат ФБ нема зашто ти да немаш. Ако сака некој да прави глупости, не мора преку ФБ да прави. Кажи му дека те повредува неговата недоверба и контрол фрик однесување.... и тоа за краток период од врска? Јас првите неколку месеци не го ни прашував дечко ми дали може да одам некаде доколку сметав дека е во ред, едноставно и времето си го прави своето. Епа ако не те разбере, извини ама нема аир од него. Или е недораснат, или цел живот ќе си остане таков. Ако ти се трошат нерви уште сега, слободно....
Мислам дека дечкото те сака премногу, затоа и го побарал тоа од тебе, очигледно му е страв да не те изгуби, па секој твој контакт со други машки (па макар и виртуелно) го плаши. Ако се работи за голема обострана љубов, батали и фејсбук и секакви виртуелни срања, голема работа ако седиш на компјутер и си разгледуваш што има на почетна. Нема ништо освен цицки и цитати на балашевич, верувај Јас веќе некое време немам фејсбук, искрено се чувствувам послободно, не сум толку ограничена со време, и втора работа поздраво се чувствувам Ќе имаш повеќе време за спортување, за излегување со другарки, па наместо да чатуваш на фејсбук, ќе се гледате во живо Јас не би ставала љубов на коцка, само заради фејсбук. И немој да дозволиш само заради обична караница, да правиш тоа што сте се договориле да не го правите. Некако, целиот тој инает е детинест.
Ај бе па ти некои луѓе целиот живот си го деактивираат заради дечко, а не па фејсбук. Пффф. Ама тоа од шо многу те сака.
Мое лично искуство кажувам, јас бев исто на твое место избрзав го исклучив фбто и после криво ми беше ама ќутев за да не се караме, и на крај сфатив дека сепак луѓето се навикнати да комуницираат на фб иако се чувствував слободно ми фалеше многу бидејќи све последна дознавав и така и му објаснив дека ми треба заради информации дека не ми треба заради машки или слично и првин не прифаќаше ама сеа се навикна и дури и он го врати... Тука треба многу да си достојна на зборот. Јас неам еден лајк стаено кај машко откако го вратив, скоро сите што не ги знаев лично ги избришав, и настојувам да го запознавам со луѓето што ги имам на фб, додуша сеа и неам навика да седам пошо година дена немав фб и сеа седнувам отварам што ме интересира и толку. Обиди се да му објасниш дека не ти треба за лајкови и машки со среќа!
Од искуство знам колку проблеми ми направил фб. Иако е заразен, а воедно и жива глупост, зарад тој фб многумина животите си ги упропастија. Речиси да немам другарка која не се жали со фб. Кога подобро ќе се замислам сите до една се жалеле. И повеќе пати си велиме, подобро ич да не постоеше или да го укинат. Вие двајцата немате фб сега, терајте си ја врската и сфати дека зарад тој еден фб не вреди да си расипуваш врска. Според мене дечкото не е љубоморен, туку е паметен, зошто сфатил какво Спојлер сра*е е фб.
Заеднички сте дошле до тој договор, или тој предложил (читај инсистирал) а ти, нерадо си прифатила? Искрено ме бунат двата болдирани глаголи... Довербата се гради со тек на време, но не треба да биде условена од било што. Јас сум во долга врска, и ќе појдам од себе. Не сакам, ниту дечкото, а ни било кој да ме ограничува и да ми поставува било какви услови. Секоја врска треба да се темели врз доверба, разбирање и почит. Доколку го нема ова, тогаш која е поентата? Караници и расправии, наводно заради фб? Не, не е работата ниту во профилот, ниту пак во лајковите. Тоа се само некакви изговори, оти мора да се најде причина, никој не се кара "во празно", нели? Велиш дека на почетокот си мислела, тој нема да става лајкови? Зарем не се подразбира тоа? Заклучок: Не си патите од профил на фејсбук, од главата си патите.
Немам Фб-профил и просто сум изненадена од мислењата што ги прочитав за неговата "огромна улога" во една љубовна врска.Не чувствувам дека нешто ми недостасува со тие лајкови. Ако сами дозволите виртуелноста да ви се одрази во реалноста,значи таа врска е осудена на пропаст заради неразумно однесување и компромитирање на другиот.Не значи дека,ако некој/а лајкнал некоја фотографија,дека има намера да ве замени со друг/а.Тие моменти се чувствуваат и се препознатливи кога нешто не е во ред.Зарем некој би уништувал врска во која вложувал емоции,време и нерви заради нечие позирање?Тоа е сосема непромислена постапка. Партнерите треба меѓусебно да ја почитуваат приватноста,а не да се создава непотребна тензија и проблеми кои водат кон разделба.Проблемите се согледуваат во конкретна ситуација и се решаваат низ разговор,а сите тие смешни трачарски лавиринти предизвикуваат напнатост и многу влијаат на врската. Не мислам дека не треба да се користи фб,туку секој да има граница на однесување и разбирање.
Ма не доаѓа предвид да активирам профил поради дечко! А и каква било друга лична одлука да дозволам тој да ја донесува наместо мене. Јас прво нему би му раскинала, отколку да бришам ФБ. Со самиот тој гест веќе доволно ти покажал колку е несигурен во себе, а таков тип не ти треба во животот. Денес ФБ ти го префрла, утре ќе ти кажува како да се облекуваш или шминкаш, или пак кои машки другари да ги имаш - ако воопшто ти е дозволено да ги имаш. Како што го опиша, ќе видиш утре ако/ кога ќе дојде време за раскинување колку лесно ќе те пушти. Мој совет ти е, бегај од вакви типови на кои постојано треба нешто да им се правдаш. Научи се на време да ги препознаваш.
Прва грешка овде е тоа што ти си го дозволила, на почетокот на врската секое машко ја бутка границата повеќе и повеќе да дознае до каде може да оди. Е сега ако ти не кажеш стоп на одредена граница, тој ке си тера по свое и ќе си прави што сака. Во случајот со ФБ, фб веќе не е само социјална мрежа, стана дел од животите на луѓето, затоа што веќе и од таму дознавам за факултет, известувања, да подпрашаш некоја колешка, да се насмееш со некоја другарка касно во ноќта, па и да ставеш лајк на некое машко голема работа, млади сме. Ако нешто ви недостига или имате желба за нешто, не треба да барате дозвола од некој за да го правите тоа!! Бидете самостојни, ако на некој не му се свиѓа тоа, тогаш тој не е за вас. И не велам дека дечкоти не те сака, се се решава со разговор, разговарајте и кажи му како сакаш да биде.
Iskreno mislam deka temava barem site ednash ne ima pogodeno, no dali fb profilot ni e pobiten od nashata srekja, namesto da mislish kolku ti e dosadno bez fb i kako sakash da chetuvash so drugarkite, javi im se i izlezete zboruvajte, iskreno i jas go deaktivirav mojot profil od isti prichini i veruvaj toa nema vrska so doverbata tuku so stravot da ne te izgubi a stravot e poradi ljubovta....
Да направат двајца договор двајцата да си ги деактивираат профилите... ај тоа ќе го сварам некако. Ама да го тера едниот другиот да си го деактивира профилот само поради немање доволно доверба.... е тоа би го сфатила како навреда
Devojce on ne ti e maz za da ti brani. Ova e premnogu, utre ke davas da ti brani da gi vidis tvoite ili da ne iskacas nadvor. Jas iskreno kolku i da go sakam bez ogled radi sto ke mu raskinam.
Абе признај дека ти фрлил мерак,фазонот со Срце,те сакам или Ти си ми се` ,кое што резултира со и јас тебе или и ти на мене,живот мој.Кажи дека ти требаат коментари од такви типови и коментари со Уште многу долго да си одите. Самата велиш дека е љубоморен,со таква личност јас пријателство не би делела,а не па врска.Мислам нормално е до некаде,но штом мене некој ќе ми забранува банални работи,што да кажам за подолг период.И дали ќе истраеме заедно подолг период.Се додека се има верба еден во друг,нема да има потреба од деактирвирање. Причина,бордо болдираното.
Ако некогаш, не дај боже, се најдам во ситуација да треба да бришам фб за со тоа да му докажам на некој дечко дека го сакам или сум му верна, дечкото е тој кој ќе биде деактивиран. Денес фејсбук, утре што? Другарки, родители, работа? Исто така, тие што даваат фб пасворт на дечковци не ни заслужуваат да имаат фб - јас на некоја другарка да и кажувам во доверба дека ми касни и дека мислам дека може сум трудна а тоа го чита дечко и Нема смисла и не е фер, навистина!
Алал да ти е за прашањево. што ви е бе на сите, како да го правдате типов. Ни Фб прекинувам ни ништо. Како не му сметаше фб пред да ме фатиш? Девојко типов си има друг профил кај што ти не си и си лајкнува девојки си контактира со други а ти ако си будала деактивирај профил и дозволи да ти го диригира животот. заради 50 гр месо спремни сте да се откажете од себе. Што девојки ќе бевте со мала самодоверба брее.