^ Абе што те чуди, како да не ти текнува колку го испонапаѓаа девојчето во „Ми раскина поради лајк на фб“. Порано мажите не` поробувале, не давале на жените ни да се описменат, сега кога во овој машки свет пак се бориме за некое учество и придонес, самите си се поробуваме, осудувајќи се една со друга за безвеза теми.
Тоа ти е сами си правиме да не толчат. Денес ФБ, па давање лозинки, утре полномошно на све што има и кога ќе и земе се зашто му дозволила и ќе ја фрли на улица ќе кука. Ама важно она ГО САКА!
Абе луѓе со вакви детски глупости и љубомора ради фб врската од самиот почеток е осудена на пропаст. Што ќе ми е дечко кој ќе мисли дека целиот свет се врти околу фб и за секој лајк, коментар и такви работи се лути и се караме. Деактивирањето на фејсбукот не е решение. Мене фејсбукот не ми значи којзнае што но зошто да го деактивирам поради некој си? Ако тој толку се вознемирува поради една социјална мрежа за друго ич да не правиме муабет. Не би сакала таков дечко. Може и двајцата да имаме фб но со пристојност сигурно не би ми се допаѓало ако тој лајкнува слики на голи девојки и слично.
Деактивирање на фејсбукот можеби ќе ви се чини како идеално решение за да нема кавги. Ама тоа е само моментално замачкување на работите. Затоа што таа недоверба и несигурност, порано или подоцна некаде ќе избие.
Ако сум деактивирала фб било поради нервоза, во моментот така ми текнало. Никогаш не сум деактивирала фб поради дечко ниту пак сум дала пасворд. Исто не сум побарала ни он да деактивира или да ми дае пасворд. Не сме деца бог да чува А и како можете да дадете пасворд од нешто што е ваше лично и приватно?? Океј, со дечко се делиш ама остајте малце приватност и нешто што само вие ќе го знаете, не мора само фб да е. Врска не се гради со пасворд од фб. Работава од страната на денешниве дечки стана:Што е мое е само мое, што е твое е и мое Лично за мене а) и да побара пасворд, нема никад да го дадам б) како што кажа една феминка, дечкото ќе го деактивирам одма, не фб
Многу е ограничено мислењето дека не треба и никогаш не би го дала пасвордот од фб. Сè е прашање на доверба, со време и тоа ќе го сфатите. Еве ќе ви го кажам мојот пример: скоро 6 години сме заедно и пасвордите си ги знаеме можеби од првата година. Никој не го побарал туѓиот, едноставно сме си ги кажале. Никогаш немало момент кога јас или тој ќе го провери профилот на другиот за дали има пораки или нешто скриено. Не сум почувствувала дека треба да го скријам или сменам пасвордот најверојатно бидејќи немам што да кријам. Ако навистина не сакате да го кажете, тогаш криете нешто во моментот или се плашите дека во иднина би се појавило нешто кои би сакале да го скриете. Никогаш нема да го деактивирам ни поради некој ни поради себе, не дека нешто сум многу зависна, фејсбукот ми е работа. Второ, никогаш нема да го побарам тоа да го направи. Само љубоморна личност би побарал од партнерот да го деактивира фб.
Дозволи сега да го искажам мојот став дека многу е ограничено мислењето дека ако не сакаш на партнерот да му дадеш лозинка од ФБ, автоматски криеш нешто или се плашиш дека во иднина ќе се појави нешто не убаво. Зошто по автоматизам го посочуваш со прст сопственикот на тој ФБ профил? Велиш дека ако ЈАС не дадам лозинка некому, јас кријам... А на пример, што ако некој ден другата личност направи/пише (или нешто трето) нешто што не сакам од мојот профил? Или да го искористи за други шушугави активности? Можеш да гарантираш дека со партнерот секогаш ќе си во беспрекорни односи и нема некој ден да му паднат луди идеи на глава? На Фејсбукот профилот што го имам стои моето име и презиме = само јас го имам на располагање. Ако некој ден решам да го споделам со џенцка, попрво би направил заеднички профил со неа (гледам прават некои, нешто што за мене е непотребно)... Maда и тоа не би.
Никогаш не го сфатив тоа давање на пасворд на дечко/девојка или пак слично на ова, јавување на туѓ телефон. Не можам и не можам да сфатам. Jас ако имам дечко не значи и дека го поседувам. Ми се случило порано да и' пишам на другарка цел реферат на фб и на крај да добијам одговор дека е дечко и'. Ми се стемни. А тоа што и' го напишав не беше баш општ муабет. Ми се случило и да се јавам на другарка, а да ми се јави дечко и', и тоа неколку пати. Јас ако вртам кај неа, очекувам таа да ми се јави, а не ти. Што ми креваш ти? Што муабет да правам со него? Кога сме кај деактивирањето. Јас немам фб веќе две години, го деактивирав, дечко ми исто така, во исто време ги избришавме. И најсмешно ми е што кога ќе кажам дека сум го избришала и дека и дечко ми нема, одма сите мислат дека еден од нас нешто почнал да шврља, па сме се скарале заради фб, па затоа сме ги избришале. А нема врска. Јас уште пред да го запознаам дечко ми го бришев два пати и го враќав. Го враќав зашто тогаш бев помала, со недоволно зацврстен карактер и кога сите ќе почнеа да ми зборат да го вратам, подпаѓав под притисок, и ајде. Е со дечко ми кога се запознавме сфативме дека и двајцата сакаме да го избришеме само не сме имале потпора од никој. Јас му кажав дека сакам да го избришам засекогаш, а тој само се надоврза на мојава желба и еден ден двајцата ги избришавме. Од тогаш нит сум помислила да направам повторно, нит па ми недостига фб, дечко ми исто. Не ни ни треба.
Детски е. Јас никако не можам да разберам,зошто фб ви е толку важен во сите врски и ви прави толку големи проблеми? Зошто дозволувате фб да ви е толку голем дел од животот? Нема смисла. А околу тоа,дека ако не даваш лозинка на фб криеш нешто,немам ни коментар. Тоа си е приватна работа. Имаш приватни разговори со пријатели итн. Не е важно дали си во врска со некоја личност,дали си и пријател,член на семејството,или било што,не треба да чепкаш во нечива приватност. Љубовта е како капка вода на дланка.Ако ја испружиш дланката мирно ќе стои,а ако ја собереш ќе се излизга меѓу прстите. Научете да ја контролирате љубомората,бидејќи кога ја притискате саканата личност,можете само да ја одбиете од себе. Во врска со деактивирањето,исто така сметам дека е лична работа,и дека треба да го направите само доколку вие тоа го сакате и без да го мешате партнерот во тоа.
По добра врска следува и добар брак и добра иднина а се тоа требе да се основа на доверба. Не викам дека мора да се даде пасвордот, сакам да кажам дека кога ќе се појави вистинската личност нема да гледате на фејсбукот како ваша приватност која никој не смее да ја види или сл., веќе нема да ви биде толку важен. Времето ќе дое кога ќе делите ист комп. и според мене, ако на секое седнување/станување правите најави се/одјави се значи имате проблеми. Се е релативно и зависи од личностите односно карактерите на оние во врската.
Мојот пасворд го знае маж ми и јас знам неговиот, ама за овие години брак никогаш не му го отворив профилот без негово знаење, а верувам ниту тој мојот. Всушност, секој си има својот лаптоп и секогаш се стои отворено, со сите пасворди и страни и никој никому не чепка ништо. Деактивирање фб ради дечко е многу детски, ради маж е страшно. Во секој случај таква врста на контрола не поднесувам ниту практикувам . До довербата е дефинитивно. Ако во некој случај осетам потреба скришно да му го проверам профилот, или да побарам да го деактивира, мислам дека озбилно треба да се запрашам што не штима со нас.
Мене хит ми се заедничките профили од типот Стојна Митре Малиотмитренце Митревски(екс Немитревски).Нема смајли адекватно за тоа.Посебен социолошки феномен.Па кога од женскиот профил коментира мажот ,или обратно.Ауч.
Буквално исто ми се има случено. Пред 2 години моја блиска другарка ме школска до 8 одделение имавме навика да си зборуваме за проблемите дома. И и пишав еден реферат бааги долг ама имаше работи навистина лични и не за пред секој арно ама дали дечко и бил во тој момент вклучен или отпосле видел битно прочитал и тој и во група со неговите другари ме исмејувале. Значи сељачка работа. И тоа е причината што се одалечив од тоа девојче. Којзнае што се друго сељакот прочитал. Мене не ми е гајле за нив туку едноставно таа можеше да каже дека дечко и и го знае пасвортот и да не пишувам или пак да ги избрише пораките, како ги бришела тие таа што ги пишува.
Дали вреди? НЕ ВРЕДИ! Јас го имам тоа направено но сега не сум толку смотана како тогаш. Всушност, го деактивирав за да не се нервирам толку, да си ги смирам нервите. Но не вреди.
Ова ми е еднакво ретардирано како имањето заеднички профил. И јас и дм имаме фб, нит му знам пасворд, нит тој мене. Ако решил сексуално да општи со некоја, нема начин да го сопрам. Исто така, и вие. @Emy867 што бе за дечко, јас од тебе умрев Солзи сами капат, прости ми Озбилно голтнав дим од цигарата, почнав да кашлам како забезекната, просто мислев до умирачка дошло... еееххх....
Глупости. Мене сите другарки ми се во странство (и во Скопје) на факултети и си имаме група на фејсбук и внатре шо не се пишува! Се! Сите слободно си муабетиме и не би сакал НИКОЈ, не дечко, не брат, не маж не не знам си кој да ми ги чита тие разговори, или пак да ме присили да го избришам фејсбукот и мојот контакт со пријателките и моето дремење на фб во слободно време ради врската. Ни пасворд ни деактивирање ни ништо. Ми има видено дечкото во фејсбукот и јас него повеќе пати ама секако во заедничко присуство и чисто од љубопитност. Нема потреба од пасворди деактивирање. Ако некој сака да ве излажи, ќе ве излажи. Не е потребен фејсбук за варање и лажење.
Јас за дечко ако треба ќе престанам и да дишам. Па зар има други мажи, само тој е и до таму е работата. Ако не помага и да престанам да дишам, ќе се умира по него, нема друго.
Секој што има проблем со фејсбукот всушност истиот тој има проблем со својата самодоверба и опсесивност. Не е до фејсот ами до човекот е
Контролирање на фб, заеднички профили, знаење на фб пасворди, деактивирање на фб = чиста глупост. Вистина дека bby мене ми прај овај ми е пасвордо сегде и на фб, ко ќе ти треба нешто влегвај, искрено не се ни обидов да го запамтам зошто ми е глупо. Ко ќе седам кај него на лаптоп секогаш гледам да не му го чепнам фбто зошто према мене то е нарушвање на приватност. Од мене не бара ништо такво и мило ми е шо е така. Ако некој од вас ова го БАРА = бегајте. Зошто? - Нема доволно доверба во вас. А врска без доверба ја бива?