^^ Да дека не е толку битен надворешниот изглед, ама сепак и многу влијае, кога ќе видиш девојче со огромно деколте и минич веднаш сфаќаш која и е целта. А за културата, можам само да кажам дека е на мноогу ниско ниво. А за тие тепачки (лани се одвиваа многу во моја близина), можам само да кажам дека лани ми доаѓаше да плачам од што ми беше страв. Ама сепак за културата најмногу се криви родителите. Ете конкретно за однесувањето на момчињата кон девојчињата (одвратна е самата помисла да ги гледаш како ги драпаат и ги викаат к*рви) најмногу се криви татковците. Тоа е кога повеќе милуваат да ги прочитаат најновите трачеви во „Свет“ за Милан Станкович отколку да прочитаат некоја страничка плус од Бон - тонот. А за изразите „педер“, „права п*чка си“ и тн. да не се служам со вулгарни зборови сметам дека не е никој повеќе крив од нивните т.н. идоли од „рапери“. Жално е што не може да се смени оваа ситуација. Се што е премногу не чини.
^ да се надоврзам за "раперите". Многу јасно дека И ТОА КАКО влијаат врз нивниот речник кога младинава расте со песните од стилот "Не прашувај колку е саат, јас би те е*ел до 100" не знам ни дали така вели... Беше дотичниот рапер во еден од кафичите тука кај нас... Цела генерација од 97/98 беше таму да го гледа и слуша издрогираниот "рапер", па ги гледаш 80% се опиле, кубат коси, плачат, се сликаат... И оп сликите одма на facebook. Кај одиме без него !! Бре бре... Што виделе тие од детството кога се родени со тастатурата залепена на прстите... Па јас уште сакам да си играм криенка и план!! Сите девојчиња имаат facebook и слика со напрчени усни во тоалет! ..Инаку нема да им го одобрат профилот... А машките.. Прашање е дали има машки сега? Или сите се само обични мамини мази, маскирани во diesel фармерка и nike или adidas патика и фаци сме еј! Парите в џеб(грешка на родителите) и ја имаат која сакаат, а овие 12/13 годишните девојки.. мислат дека се што лета се јади и се лажат за една пијачка и така се' се поврзува и оди надолу... А за образованието. Еее тоа е посебна приказна. Во мојата генерација сите се тепале за поголем успех, амбициозни деца, желни за наука. А сега!? Сега фраер си ако имаш неоправдани и слаби оценки... Тешко на светот ако на младите останува...
Во Вајд препознавам една моја малечка комшивка, која ми е многу мила, и поради тоа и Вајлд така си ја гледам. Толку е паметна што девојки на мои години можат вода да и носат. Јас не велам да не се беснее, тие години се за тоа, но со многу голема одмереност и пазење бидејки во тие години 13-16 општеството ги запознава и гради одредено мислење за нив. Секако дека не живееме за другите, но зошто да се трпат последици понатаму? Патем не мислам дека родителите се криви (во мноштво од случаите). Има деца бе, јас со мои очи што сум видела, од дома ја мислат послушна воспитана, разговараат со неа за се се од себе дале да ја воспитаат и да и овозможат се, и дозволиле да излезе, и купиле облека ја средиле, а таа што прави подобро да не знаете! Се е до самата личност. Јас просто сум ужасната од помаливе и нивното однесување, речник, за култура да не зборуваме, и многу почитувам паметни деца што ги знаат границите помеѓу дозволено и недозволено. Не е само буфтај, живеј сега или никогаш, има многу повеќе од тоа. За алкохолот да се надоврзам, да може да се пие,да се расположиш, но најгрда слика ми е кога ке видам некоја 14 годишна, по минич, камен пијана, размачкана, ја влечат, или некое мало кога ке го видам со мажи од неа повозрасни којзнае колеку, дете а се облекла како бугарска пејачка
Уште од мое време имаше девојчиња што во осмо оделение шетаа во штикли и миничи, нашминкани, ама тогаш тие се двоеа од останатите секако во негативен контекст. Сега е обратано. Ако не си 13,14,15 годишна "девојка" нашминкана, дотерана, на штикли и по можност во што пократко фустанче, а притоа да имаш милион такви слики на фејсбук и да ти е устата напрчена(тоа е многу модерно беее алал да им е) не си со сите. Ужас. Кога едно мое комшиче ме додаде за пријателка на фејсбук, ја немав видено подолг период останав На само 15 години фарбана плава, фул нашминкана, попровокативно облечена и да сакала не можела да биде а ништо поразлични не беа и нејзините другарки на сликите. Останав со отворена уста, а јас се рачунам дека сум од тие со полиберално мислење... Ама што е многу, многу е! Јас знам дека моето дете нема на 15 години да слуша пцовки а не песни и да се шминка со 5 кила пудра(дури и ако е машко, денеска и тоа е нормално ) Секако има и исклучоци и не се сите исти, па се извинувам ако некоја тинејџерка се најде повредена од мојот коментар
денешнава младина попрво би можеле да ја наречеме старина неголи младина зашо? зашо се рагаат веке стари.немаат никакво детство.од две-три години се пред компјутер,и така го минат детството наместо на улица да играат брканица,мижи татара,да возат велосипеди,и прават фестивали као ние шо праевме и растевме.од 11-12 години почнуваат да факат дечковци-женски, и коси кубат заради љубов.опседнати се со тоа како изгледаат и каква облека носат,а ние сите се носевме исто-фармерчиња и обични маички.од 14-15 почињаат да имааат секс,несозреани ни телесно ни духовно.до 18 веке изживеале и виделе се.страшно е.точно дека времињата се менуваат,неможе да биде се како некогаш шо било,ама се накако како да се менува во негативна насока а нишо позитивно.а колку па се непослушни денешниве деца.порано родител кога ке каже нешо не смееш да не послушаш,тоа е закон а на денешниве деца кажи им нешо и ке ти рече"e да бе сега,ме мрзи неможам,ај после,направи си сама,ти шо не идеш у продавница та мене ме пракаш и сл"катастрофа
Хаха се изнасмејав што прочитав дека дете од 13 години имало доволно памет? Млада дамо , мислиш дека можеш правилно да расудуваш со твоите 13 години????? Јас имам 22 па уште се двоумам за некои работи дали е така правилното. Не туку сега држете овде предавања дека сте сите светици.... НОрмално е да минете по 4-5 саати на компјутер дневно?НЕ Нормално е да излегувате во 15цм штикла?НЕ Нормално е размислувате дали анален, вагинател или орален секс најмногу му одговара на дечко ти?НЕ Вака можам до вечер... Затоа повеќе не коментирам з.ш ме иритирате што се правете светици, а велите времето е такво, времето е виновно, сите биле такви... Пффффффффффф. Епа ај ако сите се дрогираат и вие се дрогирајте, ако сите јадат г*мна од градското ВЦ ајде и вие со нив... Бог да чува !
opsti-diskusii/predrasudi-t1318/?hilit=%D0%9F%D1%80%D0%B5%D0%B4%D1%80%D0%B0%D1%81%D1%83%D0%B4%D0%B8 Е па фала богу постојат исклучоци. Има индивидуи кои се различни , било каква категоризација е погрешна ..немојте сите да ги ставате во ист кош!!
не е кул ни за нас тоа, само што повозрасните не свакаат дека ние не се водиме по другите и дека не правиме свашта само за кул да изгледаме. И сепак не можеме никако да и докажеме.. инает водиме коа стварно ке ни дојдат преку глава пример- ке ми вика да си ја средам собата, а според мене не е толку лоша и сум планирала во недела да ја средам... сите па и вие водите инает со родителите.. некои од вас и се упијаниле, а додека ние сме сигурни дека таква глупост никогаш нема да направиме
конечно некој да свати.. само исклучок ке ставам на провокативните слики и облека и пцовките.. пцовките ги употребуваат машките, а тие фотките и облеката, така само исклучоци прават и после низ 3 генерации се познати како бљак и нешто мизерно.
Е добро де сега тоа не е водење инает. И мајка ми ќе речи понекогаш ама јас само ќе и одговорам- Мамо во ред е утре планирав да ја средам, немај гајле. И реченото мое е исполнето. Ти можеби премногу ветуваш а не исполнуваш па затоа дома не те слушаат и мораш да се инаетиш. И никогаш не сум правела како другите. На пример се дог. со другарки во петокот да одиме во парк наместо по кафичи и јас си бев спортски облечена, а другите носеа чевли. Еј со кој памет во парк ќе одам на штикли. И ич не ми беше гајле пак убаво си поминав. Секогаш гледај си тебе да ти одговара а не да правиш како што прават другите.
Не ми е јасно ова?Од кај таква сигурност дека никогаш нема да се опијаниш?Знаеш колку паметни девојки има на форумов ,па ете еднаш во животот го доживеале тоа?Мислам дека 13 години се премалку за да се изговори зборот НИКОГАШ.Не барајте да пораснете пребргу,не е така КУЛ како што си мислите вие.
еј не започнавме со навредување така? тоа не води на никаде.. имај почит кон мислењето на другите ако сакаш и тие да имаат почит кон твоето. И немај предрасуди според возраста океј? не зборувам дека сме светици, туку се обидувам да кажам дека не сме тоолку лоши колку што не замислувате. Тоа за компјутерот веке започнуваме друга тема од типот кој на кого збори затоа што и вие не сте ништо подобри. + вие го користите и на работа. ај тоа е веке друга тема... со 15см штикла не излеваме, а ниту е убаво затоа што ке се сокршиме, ке се засрамиме, не е нешто посебно , и ке почнат озборувањата - едноставно сеуште не ни дошло до тоа. такви безобразни нешта не размислуваме - тоа по форумиве што пишуваат не го земај за вистина. лично не познавам ниту еден таков пример од 5 генерации пред мене и 3 после мене тоа за пијанството.. океј може ке се случи ама да знаете дека не ни е во план.. колку да немате предрасуди
Епа тогаш готово,мирно ќе спијам,штом еден ваков репрезентативен примерок од младината ми тврди вакво нешто мирна сум Девојче grow up,никој не рече да не правите вие ништо,па ако ти немаш у план ни еднаш да се опијаниш,онда што ќе раскажуваш од твојата младост?Како плетеше,како везеше гоблени по дома?Работава на дискусијата е да се прават работите со мерка и да се трудите да работите на себе да израснете во добри личности,во тоа е поентата.
срцка .. имам доволно глупости ама не би требало да ги кажувам затоа што ке ме критикувате и уште 500 пати ке кажете невоспитани, без култура, кутрите наставници или сл.. САКАМЕ ДА СВАТЕТЕ ДЕКА ЗНАЕМЕ ШТО Е ОК А ШТО НЕ.. И ДЕКА ПРАВИМЕ ГЛУПОСТИ НО ИМА ГРАНИЦА. а вас и најмалата глупост ви изгледа ко светот пропаднал.. иима и полоши работи
Девојче тука се збори општо, не се збори само за тебе и твоето друштво! Немора да те вреѓа ова, сепак и ние не ја ставаме цела ама баш цела младина во ист кош, секаде има исклучоци, и баш ме радува кога ќе прочитам дека еве некои совесни деца како тебе дека се понашаат соодветно на својата возраст. Поздарв
Никој од нас 13-14 годишните нема доволно памет за да прави добри одлуки. Да, не спомнав дека сакам и јас да носам штикли, но најголемата штикла до сега ми е 6-7 цм. Спомнав дека имам пробано алхохол, но не спомнав дека го сакам спортот и дека веќе несакам ни да го погледнам алхохолот. Спомнав дека не бегам од часови, но не спомнав дека понекогаш знам да ги поминам границите на часовите, иако секоја година до сега сум ја поминувала со 5.00 и имам големи амбиции за моето образование во иднина! Не сум светица, но не сум и не сакам да бидам дел од оваа ''младина'' која не води на никаде.
Eве и јас признавам, не сум светица ниту пак сакам да бидам. Нема да ми биде доволно интересно. Признавам, на екскурзија, се преправавме дека спиеме, и во 3 саат отидовме во другата соба и игравме карти. Ни дојдоа наставничките и моравме да се вратиме, откако во 3:30 легнаа ние искочивме на тераса и си подававме чипсови, сокови, разговаравме, и во 4 часот сите легнавме. Сабајлето станавме во 7:00. Ни рекоа да не се качуваме многу нагоре по водопадите, но ние се качивме, не дека беше нешто страшно, ама лизгаво било. Ехх...да немаше вакви глупости тоа немаше да биде екскурзија и немаше на што да се сеќавам. И ете, не сум светица ниту пак сакам да бидам.
првата ноќ воопшто не спиевме ...со исклучоци.. поспав пола саат и кога станав што да видам .. цело оделение кај нас во соба. ама затоа пак после спиев во автобус.. таа вечер им влеговме и на наставниците в соба, а тие што беа дежурни т.е надгледуваа ги спобудалевме па накај 4 саат си легнаа и не оставија. ама не е тоа темата, излетавме, а сите луди моменти не се само на екскурзијата... дојдовме до толку што секој оделенски кај нас беше директорот и цел клас доби опомена пред исклучување - до родителите.. колку да не заплашат за ова треба или веке има - незнам нова тема.. извинете за офф топик... и пак да кажам дека сите овие глупости ги правиме свесно. и што ако добивме 1 и што ако добивме 14 неоправдани .. ? не е крај на светот = на крај завршивме одлични.. па така да родителите и повозрасните нека сватат дека се тече, се се менува.
Тоа се обидувам да ти кажам цело време. Не сметам дека е правилно, а крај краева јас сум само мала точка во многуте деца кои се тинејџери во денешно време и сум никој и ништо и не можам да си дадам за право да кажувам што е правилно, а што не. Не сакам никој да ми суди зошто сум пробала повеќе работи - ако сум згрешила се ќе се одрази за некоја година и сама ќе си плаќам за моите грешки. На крајот на краиштата никаде не пишува соодветна возраст за прва цигара, првата кригла пиво и првите купени штикли. Се е одраз на промената на сфаќањата. Сега да дојде некој што е во случајов 8 години повозрасен од тебе, мислиш ли дека би можел да ти говори на тебе исто вака ? Не бидејќи разликата е премала и истото се случувало и тогаш. Имало одредени деца кои се однесувале соодветно, а имало и што не се однесувале. Факт е дека такви ќе има секогаш. А за тоа што секој ден на вести слушаме дека се степале некои деца, се заклале... Toa е одраз на многу поинакви фактори во државава (да не се мешам во политика) знаеме сите многу добро. За тоа воопшто не е крива младината, туку тие од вашата генерација што нели секогаш биле пример за добро однесување, кога оделе во ВЦ по нужда алтани паѓале. Не се правиме ние светици, туку во случајов тоа се правиш ти... Нели ти кога си била како нас не си правела ништо лошо ? Премногу мразам кога ќе ми дојде некој со мала разлика го години за да ми суди на овој начин. Погледни ја гредата во твоето око пред да се обидеш да ја извадиш раската од туѓото. Ноу хард филингс.
најлесно е да се каже--еј,не е крај на светот ова,не е пропаст она,има и полоши работи,нишо страшно,ке помине, итн....ама некогаш глупостите шо се прават,неразмислувањето,импулсивноста,носи и последици.....еве пример шо пиша едно девојче погоре,дека ко биле на екскурзија,иако биле предупредени од наставниците да не го праат тоа,се качувале по водопадите,иако било лизгаво..дали гледавте пред некој ден на вести кажуваа за двајца тинејџери шо загинале пагајки од карпа,каде се качиле за да се сликаат..и тие кутрите додека се качувале и местеле најверојатно мислеле дека не е ништо страшно.но за нив за жал тоа било крај на нивниот свет......може употребив еден тажен и црн пример,но за жал постојат и такви. она шо сакав да го кажам тинејџерки мои мили е дека не секогаш глупостите поминуваат тука така,некогаш носат и последици вакви или онакви,затое добро треба да се размисли пред да се направи нешто.а не со цел да ни биде интересно,или да бидеме забележани па ке правиме све и свашта.а не дека ние ко сме биле тинејџери никогаш ништо не сме згрешиле,секој од нас си има по некоја приказна за кажување,мегутоа денеска се многу поместија границите за тоа што е нормално а што не,и навистина се претерува.работите се многу променети.пример кога бев јас на 15-16 години ми беше срам да си фатам дечко,а сега обратно срамота е на 15-16 да немаш дечко. ама така се менуваат работие,шо да праеме сакале ние или не.за едно 15 години кога вие ке бидете накај 30-тата,а некои други деца тинејџери тогаш и вие може ке мислите-еј ние шо бевме арни а овие младиве сеа ич нечинат. кој знае па тие шо ке прават може ке шетаат голи по улица