Дали е дозволена депилација за време на бременост, ако е дали е дозволена на целото тело? И дали е дозволено фарбањето на коса?
Не сум искусна по ова прашање, но знам две работи: -Мојата козметичарка кажува дека депилира бремени жени (и тоа цело тело, и препони, стомак) и дека не е проблем да се прави истото. Воедно неколку мои другарки кога беа бремени одеа на козметичар. Посевбо пред породување мора да се издепилирани целосно на гениталиите (во спротивно ќе те избричат на суво во болница ). -За фарбање, две другарки се фарбаа и фарбата не им се фати. Фризерката им рекла дека тоа е чест случај кај бремените жени. За други случаи не знам. Се надевам дека ти помогнав барем малку.
за депилација знам дека може само доколку не и претставува стрес на жената,ама знам многу случаи кога се депилираат бремени жени и тоа баш пред породување..а за фарбање досега немам слушнато дека претставува проблем.поздрав
Депилацијата не е забранета, доколку лесно ја поднесувате болката. Исто така не се препорачува депилирање на препони, ради заштита од инфекции, кои се честа појава во бременоста. (јас лично се депилирам) Фарбањето после 3тиот месец не е штетно, додуша и претходно не е, само не треба да се диши, е сега ако можеш тоа да го изведеш некако... инаку фарбата не навлегува во крвта, нормално освен ако немаш некои отворени ранички на главата. Инаку јас се исфарбав, ми фати и немам никаков проблем.
Јас кога влегов во 9-ти месец си бев на депилација, и тоа топла депилација. Подобро јас да си се средев отколку таму во болница да ме бричат сестри со бикче и под знак прашалник дали е ново - стерилно. (Како штедеа на тоалет сигурно штедат и на бикчиња а можеби и џилети, незнам). За фарбање не дека нешто е штетно туку од ризик дали ќе ти излезе посакувана боја затоа што во таа состојба хормоните чуда прават.
Фарбањето коса не се препорачува заради отровите кои ги содржат фарбите, а кои преку кожата навлегуваат во телото (60% од она што доаѓа во допир со кожата навлегува во крвта). На трудници и доилки им се препорачува боја за коса без амонијак или, ако одговара бојата, к‘на. Депилацијата не се препорачува заради опасноста од инфекции (оставете тоа што секоја козметичарка ќе ви каже дека е сигурно, од тоа заработува, зарем ќе признае опасност од инфекција?!). Единствено посигурна депилација е онаа со шеќерна паста, затоа што се прави малку поинаку, козметичарката носи ракавици за една употреба, а пастата по употребата се фрла и нема шанси пак да биде употребена. Ама јас и тука не би чепкала кај деликатните делови, за нозе да, ама интима не. Прашајте било кој гинеколог, исто ќе ви каже.
Со консултација со мојата докторка јас се депилирав и фарбав од почеток до крај на мојата бременост. Мојата козметичарка редовно користи нов восок, а за фарбањето користевме фарба без амонијак.
Дали е подобро депилација или бричење за време на бременоста???Депилацијата мислам дека многу би болело пошто и кожата е поосетлива.......а фарбањето има стета или тоа е само мит???
јас имам слушнато дека не е забрането депилирање, само депилацијата да не биди бразилска.јас не се депилирам, дома со бричот, а бидејќи знаев дека кога ќе ми порасни стомакот нема да можам сама, го учев мм да ме бричи уште од 3тиот месец, додека јас имав прегледност и му кажував што како, и немаше никаков проблем, пробајте, забавно е хехех и многу беше внимателен, скоро му се тресеа рацете, кога го прашав зошто ми рече дека му било страв да не ме пресечи, душаа за фарбањето, јас заради тие муабети се исфарбав како мојата природна боја,а бев плава. баш заради муабетите дека не било добро да се вдишува хидрогенот, а плава коса бара редовно и понабрзо фарбање..
Од самиот почеток на бременост депилирам интима и тоа цела. Дел со ладен восок, дел со топол но секогаш со восок за 1 употреба. И покрај тоа што се депилирам може 10 години и повеќе, во бременост болката е мноооогу по јака и тешко издржувам. Но не ставам сега бикче, па ако сака светот нека се преврти
И јас се депилирам целосно и се фарбам. Муабети и бабини деветини има колку да сакаш. Дури дотолку слушнав дека и лак за нокти некои не користат ?!?! Може уште малце ќе измисли некој дека ни шампон не се става на коса, па има и такви што ќе поверуваат... Не сме толку кревки ни ние ни бебето, нормално е да се средуваме...
Мене докторката на првиот преглед самата, без јас да прашам ми рече- Не сакам да слушам глупости од типот не се фарбам, лакирам и слично. Ништо од тоа нема врска. Ќе влегло преку главата кај бебе, како па да не. Буквално со овие зборови. И за депилирање, ја имам прашано, додуше тогаш не бев бремена, како е нај безбедно. Бидејќи јас не можам со никаков восок, помодрувам. Она ми кажа како ти е најзгодно тебе.