1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Депилација и фарбање за бременост?

Дискусија во 'Прашај гинеколог' започната од ezv, 3 мај 2012.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ezv

    ezv Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дали е дозволена депилација за време на бременост, ако е дали е дозволена на целото тело? И дали е дозволено фарбањето на коса?
     
  2. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.799
    Не сум искусна по ова прашање, но знам две работи:

    -Мојата козметичарка кажува дека депилира бремени жени (и тоа цело тело, и препони, стомак) и дека не е проблем да се прави истото. Воедно неколку мои другарки кога беа бремени одеа на козметичар. Посевбо пред породување мора да се издепилирани целосно на гениталиите (во спротивно ќе те избричат на суво во болница :puke: ).

    -За фарбање, две другарки се фарбаа и фарбата не им се фати. Фризерката им рекла дека тоа е чест случај кај бремените жени. За други случаи не знам. :)

    Се надевам дека ти помогнав барем малку. ;)
     
  3. girl27

    girl27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    за депилација знам дека може само доколку не и претставува стрес на жената,ама знам многу случаи кога се депилираат бремени жени и тоа баш пред породување..а за фарбање досега немам слушнато дека претставува проблем.поздрав
     
  4. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Депилацијата не е забранета, доколку лесно ја поднесувате болката. Исто така не се препорачува депилирање на препони, ради заштита од инфекции, кои се честа појава во бременоста. (јас лично се депилирам)

    Фарбањето после 3тиот месец не е штетно, додуша и претходно не е, само не треба да се диши, е сега ако можеш тоа да го изведеш некако... инаку фарбата не навлегува во крвта, нормално освен ако немаш некои отворени ранички на главата.
    Инаку јас се исфарбав, ми фати и немам никаков проблем.
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Јас кога влегов во 9-ти месец си бев на депилација, и тоа топла :wasntme: депилација. Подобро јас да си се средев отколку таму во болница да ме бричат сестри со бикче и под знак прашалник дали е ново - стерилно. (Како штедеа на тоалет сигурно штедат и на бикчиња а можеби и џилети, незнам).
    За фарбање не дека нешто е штетно туку од ризик дали ќе ти излезе посакувана боја затоа што во таа состојба хормоните чуда прават.
     
  6. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Фарбањето коса не се препорачува заради отровите кои ги содржат фарбите, а кои преку кожата навлегуваат во телото (60% од она што доаѓа во допир со кожата навлегува во крвта). На трудници и доилки им се препорачува боја за коса без амонијак или, ако одговара бојата, к‘на. Депилацијата не се препорачува заради опасноста од инфекции (оставете тоа што секоја козметичарка ќе ви каже дека е сигурно, од тоа заработува, зарем ќе признае опасност од инфекција?!). Единствено посигурна депилација е онаа со шеќерна паста, затоа што се прави малку поинаку, козметичарката носи ракавици за една употреба, а пастата по употребата се фрла и нема шанси пак да биде употребена. Ама јас и тука не би чепкала кај деликатните делови, за нозе да, ама интима не. Прашајте било кој гинеколог, исто ќе ви каже.
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  7. iva-na-na

    iva-na-na Активен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2013
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    18
    Со консултација со мојата докторка јас се депилирав и фарбав од почеток до крај на мојата бременост. Мојата козметичарка редовно користи нов восок, а за фарбањето користевме фарба без амонијак.
     
  8. Daci07

    Daci07 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    21
    Дали е подобро депилација или бричење за време на бременоста???Депилацијата мислам дека многу би болело пошто и кожата е поосетлива.......а фарбањето има стета или тоа е само мит??? 8)
     
  9. bebeto93

    bebeto93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2014
    Пораки:
    432
    Допаѓања:
    165
    јас имам слушнато дека не е забрането депилирање, само депилацијата да не биди бразилска.јас не се депилирам, дома со бричот, а бидејќи знаев дека кога ќе ми порасни стомакот нема да можам сама, го учев мм да ме бричи уште од 3тиот месец, додека јас имав прегледност и му кажував што како, и немаше никаков проблем, пробајте, забавно е хехех и многу беше внимателен, скоро му се тресеа рацете, кога го прашав зошто ми рече дека му било страв да не ме пресечи, душаа :inlove:
    за фарбањето, јас заради тие муабети се исфарбав како мојата природна боја,а бев плава. баш заради муабетите дека не било добро да се вдишува хидрогенот, а плава коса бара редовно и понабрзо фарбање..
     
  10. chocolade

    chocolade Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јули 2014
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    6.882
    Пол:
    Женски
    Од самиот почеток на бременост депилирам интима и тоа цела. Дел со ладен восок, дел со топол но секогаш со восок за 1 употреба. И покрај тоа што се депилирам може 10 години и повеќе, во бременост болката е мноооогу по јака и тешко издржувам. Но не ставам сега бикче, па ако сака светот нека се преврти :rofl:
     
  11. chache87

    chache87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2013
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    311
    И јас се депилирам целосно и се фарбам. Муабети и бабини деветини има колку да сакаш. Дури дотолку слушнав дека и лак за нокти некои не користат ?!?!

    Може уште малце ќе измисли некој дека ни шампон не се става на коса, па има и такви што ќе поверуваат... Не сме толку кревки ни ние ни бебето, нормално е да се средуваме...
     
  12. Duomna

    Duomna Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2016
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Jas se depilirav tocno 24h pred poragaj :) I ic ne mi bese bolno
     
    На IvannaT му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.858
    Допаѓања:
    21.138
    Пол:
    Женски
    Мене докторката на првиот преглед самата, без јас да прашам ми рече- Не сакам да слушам глупости од типот не се фарбам, лакирам и слично. Ништо од тоа нема врска. Ќе влегло преку главата кај бебе, како па да не. Буквално со овие зборови. И за депилирање, ја имам прашано, додуше тогаш не бев бремена, како е нај безбедно. Бидејќи јас не можам со никаков восок, помодрувам. Она ми кажа како ти е најзгодно тебе.
     
    На Lolo5 и gjoker4e им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.