Што мислите на темава: Дали во ситуација кога едниот партнер се бори со депресија или анксиозност и има самоубиствени мисли другиот партнер треба да е поддршка да го преброди тоа или да го/ја напаѓа и осудува што сака да се повреди? - Јас би била поддршка, сигурно има причина што се осеќа така и ако го сакам ќе му помогнам без непотребни осуди. Како би постапиле ако вие сте партнерот со депресија кој е осудуван? Би се откажале или би се бореле за врската? - Јас не знам како би постапила. Зависи која е причината што ме осудува и колку ме поддржувал пред тоа. Ако има надеж би се трудела да објаснам дека и јас не сакам да се повредам, но губам контрола.
Eveee jas sum depresiveen... i sekojdnevno imam podrska od partnerkata...na sekoj nacin se bori da se spravam so depresijata..
Нормално дека треба поддршка и да се биде потпора. Ама неретко партнерот не може да го издржи тоа, па ја завршува врската. И ова не треба да е за осуда, а многу често е.
Во животот не знаеме со што ќе се сретнеме и што ќе доживееме. На секој може да му се случи! Не значи дека ако некој денес е сосема во ред, утре ќе биде исто така. Врската или бракот значи поддршка во се и секаков момент. Би го ппддржала партнерот и би била секогаш тука за него. Разговор, посетување на психолог/психијатар, активности кои би ја подобриле неговата состојба. Многу е важно секој човек да знае дека до него има личност на која може да се потпре во секој еден момент за било што. И многу е важно да се реагира брзо за да не дојде момент до самоубиствени мисли, затворање во 4 ѕида...
Те читав и во другата тема. Млада си,ќе имаш уште врски. Сега е најважно да ти биде подобро, и ти да се средиш. Што ќе правел он, мање битно. Не треба тој да ти биде алфа и омега, туку ти самата. Дали те сфаќал или не, уште сте деца. Очекуваш премногу. Не си прави да ти е уште полошо со обвинувања на себе или него.
Никој човек не треба да напаѓа и осудува друг зошто има депресија! Прво тоа. Би било добро да е поддршка. Но би разбрала ако некој не може да се справи со тоа, особено пошто сте млади. Никако посебно не би постапила во врската. Би му кажала како ми е и низ што поминувам и дека се трудам да си помогнам. Толку можеш да направиш. Сега е најбитно ти са грижиш за себе си. Поразговарај со психијатар/психолог. Разговарај со твоите дома или било кој што ќе се обиде да те разбере, наместо да осудува.
Секако дека треба да биде поддршка. Се разбира, доколку навистина му/и' е битно таа врска да опстои. Ако не му е, навредува и осудува, тогаш: Фала-пријатно.
Би била поддршка. Би била секогаш тука за него. Би го правела среќен. Би разговарале за секакви теми. Би го гушкала. Би се борела да го помине тој лош период од неговиот живот. Никако не би го осудувала бидејќи никој жив не сака да се чуствува депресивно. И не е тоа по негова воља. Незнам како да кажам. Кој ме разбра фала.
Мое мислење е дека ако му значи вашата врска, а пред се и ти, ќе ти биде најголема поддршка без непотребно да те осудува. Како што и сама имаш напишано доколку те сака ќе направи се за да ти помогне и да те разбере. Доколку те осудува и нема разбирање за тебе тогаш не вреди да се бориш. Зошто да го изгубиш своето здравје за некој кој не се труди да те разбере и да биде твоја поддршка. Животот е пред тебе, труди се да ја надминеш оваа ситуација најдобро што можеш, но себе си стави се на прво место.
Од само една постапка е повеќе од очигледно колку му значиш и те сака. Не труди се за некој кој не сака да те поддржи во такви моменти. Соочи се со реалноста, иако често знае да е сурова и непосакувана.
Според мене своето ментално здравје треба да е на прво место, апсолутно многу поважна работа од врска. Врските често се минлива работа но менталното здравје е она што останува и за кое постојано треба да се грижиме. Затоа сметам дека доколку некој се справува со депресија, анксиозност или било што друго многу е важно покрај себе да има некој што ќе го поддржува, пред сѐ, зошто би се трудел да задржиш некој кој те осудува и не е покрај тебе кога ти е најпотребен? Искрено јас, а и секој што цели кон сопствен развој би се тргнал од таква врска што ќе ме попречува во тоа иако често некој не го сфаќа тоа во моментот.
Дали во ситуација кога едниот партнер се бори со депресија или анксиозност и има самоубиствени мисли другиот партнер треба да е поддршка да го преброди тоа или да го/ја напаѓа и осудува што сака да се повреди? Пред се морам да напоменам, не секој може да биде во врска/брак со некој кој се бори со депресија. Јас лично би била поддршка, зошто со осуда може само повеќе да се бутне кон дното. Како би постапиле ако вие сте партнерот со депресија кој е осудуван? Би се откажале или би се бореле за врската? Не знам. Но да се бориш со депресија и воедно да се трудиш да одржиш врска во која партнерот уште повеќе те притиска, не е лесно.
1. Ако станува збор за вистинска љубов независно дали сте млади или повозрасни, секогаш треба еден на друг да сте си поддршка за се, па и за ситуации како оваа. Јас во претходната врска налетав на лажно разбирање за ова, најчесто ме оставаше сама, а тој си излегуваше со друштвото, млад бил не сакал да се затвора дома со мене. Па ради чувство на вина ќе навратеше да ме види во некои си таму ситни ноќни саати. Сепак фала му и за толку. Сега е сосем поинаку, иако најмногу се борам да сум си сама на себе поддршка, но најискрено ми значи секое инволвирање на партнерот. Најкриво ми е кога ми се лути за нешто кое во тој период ми е психички напорно и заморно да го направам, ама знам дека е за мое добро и секој негов совет е најдобронамерен. 2. Секогаш сум се борела за се во животот и се уште се борам за среќа, за душевен мир секој божји ден. Ама и постојано да сум мета на осуда заради состојбата во која се наоѓам не знам колку би истрпела на долги стази, всушност знам. Претходната врска доживеа крах делумно и заради немањето почит кон мене и недоразбирањата во врска со ова, ама подобро испадна за мене на крајот. Најважно е да си легнуваш со чиста совест вечер на перница и да се почитуваш и сакаш себеси со тоа што ќе се трудиш секој ден да ти биде подобар и подобро, пред се за себе лично да си направиш да ти е така, а потоа и за најблиските и да ги израдуваш и да им симнеш еден товар помалку од грб, да не се загрижени до толку. Иако тие што вистински те сакаат секогаш мислат на твоето добро, покажуваат се трудат, а не осудуваат.
Бев во врска во која партнерот беше во депресија и бев потполна поддршка и ми беше мило што можев да сум до него за да му помогнам да го преброди тој период, но кога работите се сменаја и јас бев таја што бев во депресија бев оставена сама на себе си. Како и да е, и следен партнер кога би бил во таква ситуација би била потполна поддршка и без никакви осудувања, луѓе сме сите во себе си носиме некои проблеми.
Јас сум моментално во депресија и имам потполна поддршка и од партнерот. Но, имаме врска на далечина што е и причината за дел од мојата анксиозност и само преку камера му зборувам но веќе мислам дека пренапорно му е да ме слуша затоа што и на него му е тешко. Сето ова прави уште потешко да ми е
Decko mi e vo depresija veke, ne znam kako da mu kazam deka veke e za zagrizuvanje. Kolku moeto iskustvo so mojata depresij (bidejki imav klinicka forma) mu pomaga ne znam. Ne go osuduvam, ama ne bi sakala da se izgubi samiot... Mi veli nekoi raboti koi me bolat, ama znam deka ne gi misli i deka saka samo da go ostavam na mir... Pelteci i ima i eden drug golem problem koj mu se vlecka odamna - toa go ubiva vnatresno. Jas se boram so nego, ama tesko e... Sega i ako ja izgubi rabotata sto e vo najava ne znam do kade ke odi negovoto. Inaku e dosta blizok so mene, si kazuvame. Ne go osuduvam, samo ne sakam da go izgubam zaradi depresijata.
Ако сметаш дека работата е веќе сериозна отворено разговарај да посети доктор, психолог или психијатар (ако до сега не е ова превземено) зависи од состојбата, нека оди на сеанси а можеби ќе му требаат и антидепресиви. Сепак докторот најдобро ќе ве упати, сама колку и да се трудиш нема да можиш ако состојбата е посериозна, ти биди му поддршка и разговарајте отворено.
Denes ke se vidime, posle podolgo vreme bese bolen.... Ke go vidam vo kakva sostojba e...si vikam ke mozam da go raspolozam, a i samata, premn mi fali
Ми се има случено слично нешто во врската, но кај мене многу пати јас сум во ,,темна фаза". Никогаш нема кренато раце од мене. Буквално наоѓа и најмало нешто со што ќе ме расположи. Никогаш не ме осудува, ми ги разбира проблемите и ме насочува кон вистинскиот пат како да размислувам. И не е психолог, едноставно таков си е човекот, внимателен и емпатичен. Благодарна сум што сум со таков човек, да не беше тој не знам кај ќе бев сега со паметот.