И кај нас знаат не само воспитувачките туку и други мајки да искоментираат демек што бара Х (ќерка ми) во градинка, кога бабата е пензионер и сл. Не ме засегаат муабети, прво на детето му е место во градинка, а друго бабата е со куп здравствени проблеми и не може долгорочно да гледа дете. На крај на денот не и ничија работа да ми се мешаат во домот мене или на било кој друг. Инаку и во градов се почесто слушам муабети како на родителите им викаат во 14:30 да се земаат децата, демек плачеле после тоа. Тоа што родителите се до 16:00 на работа е друга приказна. И што градинките треба до 17:00 или и подоцна од тоа да чуваат деца е сосем трета работа.
Јас се зачудив вчера, големото беше градинка и ми каже им дале кроасан за доручек ама им го сечеле на пола. А малото кога беше на адаптација го земавме нели расплакано и велев на тетката да му дава повеќе да јади, дека тој јади количински , ми рече нема толку е за сите. Па зарем тарана нема една лажица плус?
Или моето дете е голем глумец и глуми, на свои 14м, или јас сум луда. Дете кое влага во градинка насмеано, дете кое го вадат насмеано, дете кое кога ќе го прашаш што правеле во градинка вика Не паче, дете кое кога ќе го прашаш дали ќе оди утре во градинка вика Да, тоа дете не е адаптирано во градинка сеуште. После месеципол он и да пробаме сега подолго да го оставаме ќе плаче и нема да сака, ќе се буни, ќе чека ние во 11 да го земеме како што го зимаме. Почнувам да мислам дека ова веќе е лично, е до толку. Никогаш не сум сакала да стварам конфликти ама немам избор. Ќе барам да го преместат во друга група, нема друго.
Зашо да бараш друга група? Оди директно кај раководителот. Со негувателките нема ни потреба муабет да правиш. Иначе знаете сите шо ве заебаваат вака е од што знаат дека има некој дома. И мене ме научија дека сум дома од сабајле, ама после "инцидентот" во јасли, еве магично ќерка ми почна и да спие во градинка, и ништо да не и е. Буквално една година нема отсуствувано од градинка. Ама за до таму, јас морав да се изнадерам на раководителката да си види што и е проблемот на негувателките. Епа не бидите јас, и сечите во корен. На другарка ми бебето за 1 недела се адаптираше, и таа плачеше и негодуваше ама немаше избор, е и така можело. А ќерка ми еден месец адаптација и уште 4 месеци "мешето ја боли, плаче многу, какаше дури 3 пати од сабајле, ова и е, она и е" а она поздрава од мене. Ај важи
@AngelOfArh дајте линк од темата за вакцини. Моите се во приватна и во однос на адаптација се тотална спротивност. Дури имало забелешки дека претеруваме ние родителите што многу се потресуваме. Кај нас они инсистираа да зголемуваат време и да останат со спиење. Јас дома во ходник облечена чекав да ми се јават они си спиеле. Им направиле плажа, чадори, пешкири, звуци на море за демек да се сончаат и да заспијат. Моите тој период дома со приказни заспиваа па почнаа да им читаат. После им текна па им пуштаа да слушаат од youtube... Значи се е до учителките колку ќе се вложат. Овие како кажувате многу за право си земаат. Јас планирам малото да го преместам во државна ама кога ве читам страв ме фаќа
@Minnie-e https://forum.femina.mk/threads/Вакцинирање-и-реакции-после-вакцина.16027/page-539#post-6984282 https://forum.femina.mk/threads/Вакцини-ЗА-или-ПРОТИВ.12657/ И двете теми се кај бебе Абе демек им се броени порциите според тоа колку дечиња доаѓаат сабајле ама дека до толку нема некое ко ќерка ми да остава пола тањир, не верувам. Дури еднаш и сами ми кажаа дека ја бендисала зелката и побарала уште, па и дале ама не многу за да не ја прејадат
Па тоа, они се свесни дека баба иде да го земе и затоа. Ама баба за воља на вистината си оди за неполни 2 недели од денес. Немам памет веќе, ама озбилно!
Здраво мајки, Дали досието за дете за во градинка можеш сама да го испринташ или мора да се купи од книжара ? Дете мн срамежливо не знам дали ке се адаптира лесно , искуства ?
Јас им ја оставив до 11 и 30 и не им реков ништо,кога почнав на работа не ни отидов да ја земам во 11 и 30,не ни се јавија кога ја земав ми кажа дека не спиела им реков ќе се навикне и не ги регистрирав. Не одите до пред спиење и ќе видиш како ќе се навикне и се ќе биде ок,а јас по што оди 1.5 би отишла и кога ќе завршам од работа.
Ама ти стварно си будала. Ем второ дете ти е, ем гледаш тука искуства и пак баба ја праќаш. Баба нека седи дома, шо мора да знаат дека постои. Кажи им понеделник дека си оди, и нека оди маж ти или ти да го земате. Нека се снаоѓаат. Не е до детето, до нив е.
Немам срце мое кој да го носи, бараат да го носиме од 9, после доручек. Се купува од Просветно 150ден е.
Месеципол и уште оди по 2 часа. Со големото немав ваква мака, за 4 недели се адаптира, се разболе па си почнавме само кратко до спиење, ама брзо се навикна.
Значи нејќам со инат, со инат само ќе го тупнат во креветче и ќе си ги преплаче вистина сите 8 саата. Не е тоа работата. Колку јас соработувам толку они не соработуваат.
Епа премногу време е. Шо им се плашиш? Недела вечер баба си оди и тоа е тоа. Крај на муабетот. Понеделник ќе го носиш пред појадок, ако ти се разѕвонат прати го маж ти демек искача од работа, нека го однесе на баба и нека мрчи таму дека мора да го адаптираат
Не водат никаков ред. Носи пемпеле уредно со печат. Ке изгубиш книшка нели. Жив човек си . Јас мојава на 4 ипол ја пуштив во градинка заради не примена МРП. И тоа со потврда од Јане дека има шум на срце не ја боцкаат. И не ми ја примаа замисли во градинка. А други со обична потврда од матичен од нејасна причина се запишаа. Ова е за Буба Мара во Н.Лисиче. еве јавно да се знае @Miss_S Јас сум не вработена. Ќерка ми ја пушти заради задоцнет говор за да слуша жива комуникација,и има резултат. Од Октоври до сега уште ми ја држат од 8:30 до 11. Со образложени дека не јадела ништо. Ни сув леб. Била многу хипер активна и ако ја задржале до 12 ке било хаос. А да. Уште првиот месец со понемирно дете си здоби пукнатина на рака . Ама не . Моево е немирно @AngelOfArh И јас побарав и кога дознаа дури и хигиеничарките ме чекаа со сатари на врата
Беше денес маж, им рече, до 1ви, на 1ви носиме дете и останува цел ден. Немаме избор, 2м се и повеќе од доволно. Резултат на тоа е денес ќе остане пола саат повеќе.