1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечко- Зависник од наркотици

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од sillygirl, 21 февруари 2011.

  1. sillygirl

    sillygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    Ве молам помогнете ми женски... Дечко ми уште пред да бидеме заедно конзумира наркоцити... На почетокот незнаев и понекогаш се однесуваше чудно, беше напнат и нервозен, мислев дека во мене е проблемот. Подоцна братучед ми ми кажа за неговата зависност, но јас и покрај тоа мислев дека кје се смени и сам ќе сфати дека тргнал по лош пат, но ништо... Неможам да му кажам дека знам, но сакам да му кажам да престани да го праи тоа пошо од кога дознав почнав да се плашам од него и векје месец дена избегавам да се гледаме на само... Ве молам совет, како да му кажам дека знам дека е наркоман а да не го повредам и да не помисли за мене дека сум опсесивна глупача, пошо нели во денешно време тоа е нормално... Има уште некој со ваков проблем или само ја сум наседнала на слатките лаги на оваквите дечки? Благодарам однапред...
     
  2. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Какви наркотици конзумира дечко ти ?
    Ако е тревар,ондак уживај со него :) Тие се најзабавните луѓе..и не е наркоман.
    Меѓутоа чим ти свесно го нарече наркоман,тој сигурно е на нешто потешко..и ги има оние напади на лудило кога нема наркотици.
    И ако сте тинејџери..можда можеш да зборуваш со него,да му укажеш на грешките..и кажу му дека си свесна за неговиот проблем,чим ти е дечко нема потреба да има тајни меѓу вас.
    А ако сте повозрасни,ондак нема што ти него да му кажуваш што треба да прави и да глумиш месија.
    Тој треба сам да е свесен дека тргнал по патека на самоуништување.
    И не е нормално да се дрогираш!!!!!!!!!!!! Во денешно време има многу наркомани,но тоа не е нормално!!!
    Во границите на нормалата е ако пафка..онака,од заебанција. Но,ти како што опиша..не е нормално.
    И бидејќи,ако навистина неговата состојба е потешка,најдобро би ти било да се тргниш од него.
    Во најмала рака,кога тој би заглавил со полиција - сигурно и ти ќе заглавиш.
     
    На verica94 и Drew им се допаѓа ова.
  3. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    530
    Никогаш не било нормално, па ни во денешно време да се биде наркоман.
    И тревката е дрога, далеку од тоа дека не е. Имав таков дечко, па и со тоа претеруваше до толку што му се виде гола вода па си почна да заглавува.
    Разговарај со него и кажи му дека знаеш се, прашај го што конзумира и до кога мисли така?!
    Ако е тежок случај, тргни се од него додека е време.
    Ако е на тревка, пробај да го убедиш да престане со тоа. За да ни биде по добар и по забавен животот не мора да конзумираме дрога.. Полесна или потешка дрога си е дрога!
     
    На Yeeah, Angel4eeee и gavolica4 им се допаѓа ова.
  4. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.817
    Една од најголемите заблуди на женските суштества е дека имаат моќ да го сменат машкото :worried: Демек, што ако е наркоман/алкохоличар/коцкар/зависник-од-било-кој-тип... за мене ќе се смени. ОК, има мнооогу мала вистина во тоа, ама прво тој самиот заради себе треба да сака да се смени, а девојката може да биде само дополнителна мотивација. Инаку, као се менува заради тебе, ама после ти ќе си крива и ако проба пак, оти, нели, си го изнервирала, а тој заради тебе се откажал од тоа... Да не давам многу, без разлика што проблематичните типови будат кај девојките некој мајчински нагон или инстант Флоренс Најтингејл, со мала доза на адреналин заради забранетата ситуација, врска со зависник од било кој тип за мене е категорично „no,no!“. Девојките тоа некогаш го прават од потребата за драма, некогаш од потребата за пркос кон сите, а некогаш од себичност (да, многу е лесно да се чувствуваш во најмала рака подобар, ако не и супериорен, со некој кој има така очигледен порок). А ако типот е убедлив шармер, еве го најкусиот пат да се проба и тоа забрането „овошје“ (да се изразам така). И затоа, како мајка, искрено би била исплашена ќерка ми да е во врска со некој со таков проблем, колку сака нека е добро детето, никој не е должен да бие туѓи битки во животот, посебно такви и на тие години.
     
    На eloves, gavolica4 и Annath им се допаѓа ова.
  5. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Нормално да се биде наркоман?? :o . Кај живеам јас.. Ќе му кажеш дека знаеш и ќе го навредиш? Исто ко мене некој ќе ми рече леле па ти дишаш и јас да се навредам.. Тој тоа свесно го прави и нема што да го навредува. Ти што и да му кажеш нема да се смени, таков човек не се менува. Може само после неколку години да свати каква штета си нанел ама и тогаш дали ќе сака да се лечи не знам. Не го избегнувај туку остави го, таков не ти треба, може и тебе да те навлече, ако немаш во главчето или пак да ти се заканува, да ти бара пари... :x Не си го комплицирај животот, млада си.
     
  6. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Извини девојко,можеби ќе те навредам,ама и ти не си при свест.Тревата е само почетен пат до потешките други.И не,не се најзабавни луѓе.
    Уверена сум дека таа би сакала НОРМАЛЕН дечко,кој не пуши,не се дрогира.Не мора да зема трева за да биде забавен ;)

    А ти, Сили Грл, остави го веднаш,бидејќи како што кажа и форумџиката над мене,може да те завлече во најразлични проблеми...А да не зборуваме за тоа дали твоите родители би го сакале.Може ќе ти биде болно,но сепак...Негов живот е,не мора и ти твојот да го расипуваш...
     
    На Yeeah и gavolica4 им се допаѓа ова.
  7. Astrid

    Astrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    23
    Си наседнала на лагите. Ќе бидам искрена, овде очигледно дека неговата зависност е најголема причина за раскинување, но не и единствена. Те лажел за нешто толку големо, а се уште си со него? Не знам колку време сте заедно, но ако сега те лаже за толку важни работи, што ќе биде понатаму? Добро, сигурно нема да ти каже „Здраво, јас сум наркоман!“, но како негова девојка имаш право да знаеш со кој си. А и плус тој не се сака себеси и се уништува со наркотици, не си го чува сопственото здравје, тело, како ќе можеш да очекуваш тебе да те сака и чува? Остави го, и поштеди се себеси од многу проблеми... :!:
     
  8. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    ЕЈ,полека малку.
    Знаев дека ќе дојде до недоразбирање,меѓутоа ај ќе објаснам.
    Не реков дека за да е забавен му треба дрога,кај прочита такво нешто.
    Меѓутоа,размислувајте во пошироки хоризонти,крај краева отворете ги очите и признајте си самите на себе,ганџата е секаде околу нас.Секој втор од нашете опкруживање пафка,барем за викенд.
    И тој не е наркоман.
    Меѓутоа ако девојкава паничи затоа што дечко и пафкал..тогаш е грешка,немора,нема потреба.
    А ако тој навистина е зависник,Кисела Вода не му бега..
    Нека го остави,дур има време..спомнав какви последици би можела да има.
     
    На anagjorgjievska1, LaraSolare, Marossa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Јас мислам дека сепак има уште машки што имаат мозок и не користат ништо што не треба.А она треба само да најде некој од нив.А и сите можат да најдат,и лично тие пафкачите ги сметам за стварно заостанати,прости деца,кои не учат и не знаат да го извлечат најдоброто од животот.Се извинувам ако има некој таков овде,но тоа е тоа.Не мораш да пушиш за да се осеќаш хај или не знам ти како.
    Не знам што стана со луѓево кои мислеа дека учењето е јако,и спортот е јак,и се останато во оваа смисла...
     
  10. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Се согласувам со Бичд дека има шанси покрај него и ти да заглавиш во полиција,па да те чуваат таму,да те испрашуваат,да ти вршат анализи на урина и крв,не си играјте со ова-сериозно е.Корисниците и дилерите се под постојан полициски надзор.
    И за каков вид на наркотик да се работи тоа носи видоизменета свест и ризик од неконтролирано однесување,не се знае што е во состојба да направи вклучувајќи те тука и тебе.Не ми велете сега како си знаат до каде и колку тие што користат наркотици,бидејќи најчесто страдаат од предозираност.Не ти треба дечко наркоман,кога има милиони дечки без вакви проблеми наоколу.
     
  11. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Да се согласувам дека простите деца почнуваат со марихуана,заради чалам,неписменост,неинформираност.
    И тие истите,незнаат да ги контролираат потребите,не се познаваат себе си,и неможам да надвладеат над потребите.
    Но исто така,најуспешните научници,најуспешните музичари,воопшто луѓе со надпросечна интелегенција конзумираат наркотици.
    Нема ништо страшно во пафкањето еднаш неделно,еднаш месечно.
    Алкохолот на пример,е многу по штетен од марихуаната.
    Исто и цигарите. А барем ганџата има некој ефект.
    Се е до психата,но за жал најчесто завршуваат гадно..токму поради неинформираноста.
    Се извинувам за оф-топиков,меѓутоа имаме премногу грешна слика за дрогата..па затоа бројот на нарко зависници нагло се зголемува.
     
    На irena-10 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Јас до сега не сум сретнала некој што пафка "само" 1 неделно.Туку секој ден.По многу пати.
    Затоа мислам дека не е во ред да се прави тоа,зошто сепак не е на арно ако го правиш тоа постојано...Иако не гледам фајде ни 1 неделно,или месечно да се прави...И не би се сметала себеси за Ајнштајн или не знам кој ако го правам тоа неделно или месечно.
    Мозокот исто така се развива и со трчање,играње фудбал,кошарка...итн.
    Извинете за оф топик.
     
  13. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Епа,добро сум запознаена јас со ова.
    И има многу луѓе кои пафкаат 1 неделно.
    И нема фајде,кога е порок..секако дека сум против.
    ВодаМ, ненормално здрав живот и сум против пороци.
    Меѓутоа,и против погрешната слика за марихуаната.
    Цигарите и алкохолот е по штетни од марихуаната,научно докажано.
    Уште еднаш и јас се извинувам на оф топик,Pinky promise последен ми е.
     
  14. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Да,поштетна е,меѓутоа ја бие полош глас :D
    Но кога гледаме што е подобро,портокалите се најдобар избор :inlove: :D
    Готово со оф топициве,прекинуваме овде.
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Сам никој што конзумира наркотици нема да му текне што всушност прави.
    Наркотиците ги гледа како друга реалност, подобар свет, ако после добро пиење, се разбудиш следниот ден мамурен и не можеш да се сетиш што се случило вчера, кај наркотичната дрога е сосема спротивното.
    Единствено што можеш да направиш, иако се плашиш е да му кажиш дека знаеш и да го прашаш зошто криел од тебе.
    Сигурно има причина или сака да те заштити од еден начин.
    Нормално,кога го правите муабетот инсистирај да се сретнете на јавно место ако се плашиш.
    Ако не можеш да го прифатиш тоа, прекини ја врската.. бидејќи тој нема да престани, а ти ќе се нервираш и постојано ќе му го анализираш карактерот.
    Како што реков, ако има љубов толкава кон тебе и те послуша се' што ќе му кажеш, дека ти смета тоа што тој зема наркотици и дека не сакаш да имаш таков покрај тебе, ќе те послуша и ќе си ја сфати грешката, ако не.. тогаш помири се со фактот дека не те сака.
    Кога машко сака, спремен е буквално се' да направи, не се како нас 90% од женските, лигавење, плачење пред него, преувеличување.
    Ако е џанак, нема гајле.. мислам искусен џанак, што знае како со тревата,а не некој што јаде постојано блекаут.
    Но, ти штом не можеш да прифатиш ниту еден наркотик.. тогаш нема што да ти кажуваме кои се лошите, а кои добрите наркотици.
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.
  16. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    7.863
    Пол:
    Женски
    А колкав е дечко ти ?
     
  17. sillygirl

    sillygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    18.... :/
     
  18. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    ги знаеме штетните дејства од наркотиците и знаеме кога некого се впушта во таа работа дека е со едната нога во гроб...
    но кога треба да му се помогне на некого кој веќе е наркоман не е време за критики попувања и паметења време е одма да се дејствува и да се помогни
    јас би дала све од себе буквално све посебно ако се работи за некој близок
    или дечкото мој све...
     
    На sillygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Persefona

    Persefona Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 март 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    одев со дечко кој пушеше "само,, трева, му верував,пробав да го разубедам да не ја користи повеќе но се излезе залудно тој започна да конзумира хемии, мој совет од лично искуство е да го оставиш веројатно ја знаеш народната со кого си таков си.
     
    На sillygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. romanticna.dusha91

    romanticna.dusha91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    2
    и јас се сплеткав со таков..нормално дека на почетокот не знаев,но после некое време самиот ми кажа. јас лично сум против овие работи,затоа што не сакам да конзумирам нешто за да бидам `хај`. се обидов со него да разговарам околу тоа,но на крајот тој почна да ме убедува како денес секој втор го прави тоа(збориме за трева) и дека он не е зависен,туку го прави тоа од време на време....како и да е,сметам дека со тоа не се прекинува туку така,а ти би требало да направиш муабет со него околу тоа..можеш и да го започнеш муабетот во стил дали некогаш пробал,па да видиш дали ќе ти каже самиот.од др страна типот не ти кажал нешто мн озбилно..нормално дека нема да ти рече еј здраво јас сум наркоман дали ти смета,но ако веќе сте во врска имаш право да го дознаеш тоа од него,а не од некој др(пошто ете се се дознава).ако типот е на нешто повеќе од трева и станува агресивен во момент на кризи би ти препорачала да се тргнеш со време за твое добро.