Дечко- Зависник од наркотици

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од sillygirl, 21 февруари 2011.

  1. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    19.251
    Пол:
    Женски
    И мм некогаш пушеше џоинт . Блу Парадајс е во право дека ако некој зема џоинт , ќе се навлече на потешки дроги . Ете го , 4 години е чист , освен цигара друго не пуши , имаме две деца , и има стабилна работа . Се е до психата . Ако човек има јак и цврст карактер , кога ќе зацрта дека со некои работи прекинува , тој стварно прекинува . Ако е слаб на карактер , неможе ниту обична диета да издржи и се одкажува во првите 5 минути од почнувањето на диетата .
     
  2. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    14.327
    Пол:
    Женски
    На темата со манастирите сакам да кажам само, дека се лечат кај нас така зависниците од дроги оти нема друго како! Немаме никакви центри за рехабилитација и му е единствена опција прилично.
    А делува не заради молитви или некои си духовни работи, туку заради тоа што се во манастир без никакви дистракции далеку од се, работат, ги држат под конец таму и му е полесно да се одвикнат од колку тука каде што насекаде има стресори и искушенија.

    Тревата не ја сметам за дрогирање. Јас лично не сум пробала оти сум паничарка ми е страв да не испаничам некако, ама и брат ми има пушено и дечко ми ко се фативме пушеше и другарките имат пушено... Никој не е наркоман од нив до сега. И мене би ми сметало дечко ми секој ден да е надуван, ама не го сметам тоа за опасна зависност. Еден познаник имам студент со просек на архитектура- нон стоп е надуван! Нон стоп. И ништо. Се крева преголема фама за тоа, а дека онде 25 годишни стегаат лексилиуми и дијазепами никому ништо.
    Заклучок од се ова, да не си ја бараме бељата со сила. Пробвајте шо ќе пробвате ама со ум.
    Јас не би.
     
    На WarriorAngel, eloves и theowndemon им се допаѓа ова.