дали јас ке фаќам магла, или сонце тоа ти не можеш да ми кажеш а ти сметам??? ако ти сметам слободно фаќај магла ти пошо мене не ми смета никој
Една од најголемите заблуди е дека мислис ке се излеци,нема наркоман сто се излакувал комплетно,а и ако сте во врска нема лаги и би требало д аказес дека си дознала....
апсолутно ке се согласам со маца, додека немаш посериозни проблеми тргни се на страна, и не не е нормално во денешно време да се дрогираш, без разлика дали зима трева или незнам што, дури не е толку сриозно тргни се не можеш сама да се избориш со ваков проблем, и не верувам дека само така ќе прекине со наркотици, а ако одлучиш со него да продолжиш најпрво размисли какви последици можеш да имаш не сакам ни да помислам на тоа што може да ти се случи, мој совет тргни се на страна
Немој да се навредуваш но јас мислам дека со една таква врска си создаваш само проблеми и ништо друго, дополнително си го комплицираш животот, и незнам дали си свесна во какви проблеми можеш да се доведеш самата себе. Секако, зависи колку далеку отишол дечко ти со зависноста, но велат дека дрогата е маѓепсан круг, во кој ако влезеш еднаш, за жал излегување нема. Мој совет-остави го, тешко дека ќе можеш да му помогнеш. Само на себе ќе си наштетуваш.
Ќе се согласам со коментарот над мене и ќе те посоветувам да избереш живот! сга можеби нема некои посериозни компликации или проблеми но со текот на времето ќе дојдат! мој добронамерен совет колку и да е тешко е да пробаш да го заборавиш...
вака можеби ова од мене нема да биде мн.разумно но јас таков човек сум ако го сакам некој и ако има потреба од мене ќе останам со него ќе пробам да го убедам да се лечи ќе бидам покрај него и ќе му помогнам мојот став е овај Но доколку оди кон полошо полошо и не сака да се свести тогаш залудно е да одеш во бездна со се него патот на лекувањето и трпението е тежок но ако се сака некој ќе се биде покрај него без обзир на све (зборувам за човек кој сака да се лечи и е спремен да се врати на прав пат)...
И дечкоми пушеше трава кога се запознавме и јас го знаев тоа ... со тек на време почна да размислува како човек и батали се дешава понекогасш и сега пак да пуши али ептен ретко , али тогаш ми е највеселиот човек на светото хехехехехех.....а и сексот е уште поубав хеххехе......
Јас би го советувала девојчето да се тргне навреме од овој дечко. Млада е и може да си најде некој друг што не е зависник ни од дрога, алкохол, и сл. Инаку гледам дека сите си имаат различен став околу пушењето трева и појаките дроги, некој можеби од искуство, некој со свој став изграден против пороците на денешницава. Факт е дека во нашево општество има секакви луѓе, и што пушат трева, и цигари, и алкохоличари, и што се на хероин, и марихуана итн, па и зависници од интернет, и од игри и така натака да не навлегувам подлабоко, НО само ние самите свесно можеме да одлучиме во која група луѓе ќе спаѓаме и да одбереме дали ќе водиме здрав живот или не , и ќе мислиме на своите поколенија. ( Ова го кажувам бидејќи јас не подразбирам под здрав живот, живот со наркотици, алкохол, цигари и сл. а за идните поколенија зборувам и ќе дадам пример од градинка кадешто, девојче ќерка на поранешен корисник на дрога, уште од најмали нозе покажува агресивност и нервоза и од нигде никаде, на сред игра, ги избодува другарчињата околу неа со моливи во очи.) Сигурно некој нормален нема да сака детето да му биде такво. Но децата на ваквите зависници сакале или не сакале ќе имаат таков живот иако не се виновни за ништо. Јас лично сум против и пушење цигари, и консумирање алкохол а да не зборувам за дроги или други зависности како што е и интернетов и видео игрите во денешно време. Освен што си штети некој самиот на себе ги повредува и уништува и оние околу него блиските кои се грижат за него. Ништо од тоа не води кон живеење здрав живот. Како што кажаа погоре и феминките не мора да ги правиш овие работи за да бидеш омилен во друштвото, или да си замислуваш сам како си најкул, можеш да се развиваш правилно и со спорт и да се релаксираш и со добра музика или добра книга, и да си го исполниш времето со дружење со пријателите со многу интересни работи кои нема да ти штетат како прво на самиот себеси а како второ и на тие околу тебе.
Маријанче искрено ретки се тие кои пушеле трева и престанале обично патот те води кон повеќе повеќе и повеќе да земаш и да пробаш нешто друго и поубаво доаѓа до моменти кога таа трева не му делува повеќе како на почетокот нормално зато треба да се седни и да се прави со таков човек озбилен муабет ако сака да свати сум била покрај такви луѓе и уште имам еден таков другар сега ќе престанам попослем, сега не земам ќе вежбам па си ја изгуби вереницата па уште 300други проблеми сега го немам доста време видено а бевме добри другари мн.ми е жал за него, ама тоа не оди така крај му нема се додека не почнеш да се лечиш ако не крајот се знај каде е така да нека не се залажува никој дека било кој ако зема трева тоа таму ќе престане можеби но во многу ретки преретки случаеви...
Porano da pusheshe mn cesto i sega ali ne e toa toa sto beshe sega epten epten retko......ali da nema odkazuvanje od toa kolku tolku koga i kade , mnogu ili malku toa e.....
не си прај проблеми од ништо се надевам дека се ке се среди.. ако си доволно паметна ке си најдеш друг баталиго...
sillygirl едноставно ако не ти одговара таков дечко ,откачи го и продолжи си со животот ... неможам да го наречам наркоман зошто со неговите 18 год он е уште дете дезориентирано уште незнае што сака од животот ,можда е ова само една фаза од неговиот живот а ако си реши да продужи даље со таквиот начин на живот може и да се сјебе за цел живот ако почне со хорс или метадон . ( што значи може а и немора да значи ) ,,, како и да е по твојов муабет гледам дека ти си далеку од тој круг на луге не дозволувај да навлезеш во него ако еднаш влезеш нема назад
И јас сум соочена со таков проблем, ако можам да го наречам проблем. Многу ми смета што дечко ми пуши џоинт, но мило ми е што е само на тоа и верувам дека само на тоа и ќе остане. Што читав понагоре што сте пишувале можам да кажам дека за нешто не сте во право. Сте спомнале дека немате видено некој што пуши џоинт еднаш неделно или една годиншно. За тоа морам да кажам дека не се согласувам бидејќи дечко ми пуши еднаш неделно, а понекогаш и еднаш месечно. И не верувам дека ме лаже во врска со тоа, затоа што по разговорот, по однесувањето и по многу други работи можам да забележам кога е на џоинт. Имам читано дека цигарите се многу поштетни од џоинтот и многу истражувања докажале дека тоа е навистина така. Јас сум против дрога, секаков вид на дрога па дури и џоинт, но не мора да значи дека ако пуши џоинт тој веднаш е наркоман. Под поимот наркоман се подразбира човек што конзумира секаков вид на дрога(не мора секаков) и што е зависен од неа, тоа веќе е наркоман. А човек што го користи џоинтот поради расположение и слично, не е наркоман. Има случаеви каде луѓето и од џоинт стануваат зависни, но не мора да значи ако пуши џоинт ќе почне да користи и други дроги како кокаин, хероин и друго. Се е до карактерот на човекот. Јас никогаш не би се дружила со дрогата и многу ми смета што дечко ми пуши џоинт, но тоа е негов живот. Додека не е зависник-наркоман, не ми е страв од ништо.
колку и да го сакаш колку и да си заљубена во него немој да останваш со него,гледам дека се плашиш а секако имаш и причина за тоа сепак каква дрога и да користи сепак е дрога и не може да е нешто друго.Бегај што побрзо од него додека не си заглавила во поголема беља покрај таа што си со наркоман
Ако не можете да го прифатите тоа што дечко ви пуши трава, ондак разговарајте со него за тоа дека од некои причини (што ќе ги наведете) тоа ви смета. Ако тој не сака да превземе ништо во врска со тоа, а толку многу не можете да го надминете истото - раскинете му. Секој втор пипнал трава ако бидеме реални. Е сега сечија граница на нормалата е различна. Ако се работи за други посериозни наркотици, тогаш е стварно во прашање сериозен проблем, и тоа е друга приказна. Сепак, нели, секој сам си одлучува што со себе, така што и да умрат сите, и да останете само вие двајцата на планетава, тој пак ќе си прави онака како што му одговара, а признајте, и вие у животот гледате да си правите како што ви одговара. Ако нешто не ви чини, и не можете да го промените, не крекајте, него оставете го истото зад себе и потрудете се да си ги најдете оние нешта и луѓе што би ве направиле среќни.
КОга некоја личност си ја знае границата до каде може да оди со таквите пороци, добро е! Ако ја премине, тогаш мислам дека најдобро ќе биде да се тргнете на страна, пред да ве повреди!
Според мене човек додека пуши само трева не е толку навлезен во дрогата,но доколку ви смета тоа треба со време да разговарате со него и да му кажите дека првенствено тоа не е добро за него,па и за вашата врска.А,доколку е на потешки дроги тогаш веќе е сериозе нпроблемот и подобро да се тргнете од него што побрзо можете.
и јас неможам да се помирам со тоа дека он секојдневно користи трева и очигледно ако секој ден имаш потреба од нешто ти си зависен.. затоа наскоро планирам да баталам све.. бидејки очигледно нема да се смени , а јас нема да се навикнам.. и што и да рече мене никој не ми гарантира дека нема друго да проба.. толку од мене