Дечко или пријател - навика или љубов

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Ellaa, 23 октомври 2010.

  1. Ellaa

    Ellaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Имам врска долга 7 години.
    Последната година си поставувам многу прашања. Не се чувстувам веке исто во врската, ја нема повеке страста, не ме привлекува. Не знам дали го сакам сеуште или ми е само сатра навика. Имам разговарано за ова со него многупати и заклучокот од разговорт е да почекаме уште малку, да видиме времето што ке показе. Веке мина половна година јас сеуште се чувстувам исто, не ме привлкува , не ми одвратен но сепак не мозам да водам љубов со него. Понекогаш ми е мил и си велам да го сакам сеуште,но понекогаш си велам што првам јас со него кога веке нема страст помеги нас.
    не знам дали мие навика или љубен,не знам дали го сакам за дечко или за пријател. Пријатно ми е кога сум со него, се чувстувам убаво, но сепак нешто ми фали и јас не знам што е.
    Веке подолго време се измачувам јас самата себе а и него, затоа што имам разговарано за ова со него и тој ми вели јас те сакам сакам да бидем пак како што бевме ке се потрудиме... Но колку и да се трудам не мозам. Се прашувам дали ние зенските сме такви како што велат кога ке ти прузи се што си сакала тогаш посакувашд ане го направил тоа, затоа што кога ке имаш беизмернљ љубов од него тогаш не ти е интересн повеке.
    Дали е тоа или пак изчезнала мојата љубов кон него?
     
  2. KalaV

    KalaV Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    600
    Допаѓања:
    298
    Хмм интересна тема...
    Мислам дека е нормално после долго време да се чувствуваш така бидејќи сте предолго заедно и ако навистина сакаш да дознаеш дали навистина го сакаш или сето тоа е само навика, тогаш обидете се да се разделите некој период (не да раскинете) , но на пример да си поставите цел 1 недела воопшто да не се видите, да не се слушните, значи ништо. Мислам дека доколку еден период си малку одделена од него , ке сфатиш дали се уште имаш чувства кон него или не.. :)
     
  3. Ellaa

    Ellaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Zaboraviv da kazam eden detal, Jas ucham vo stranstvo veke 1 godina i se gledame 1 vo mesec na edna nedela. Se slusame sekoj den, no ne se gledame., Ne znam shto custvuvam sprema nego, sakam da doznam no ne znam kako? Ponekogas si mislam deka si go trosime vremeto eden na drug, a ponekogas sakam d asum so nego, no koga sme zaedno jas ne sum prisutna t.e. ne sum so nego, ne znam kako da objasnam.. na primer sakam da se baknuvame, da vodime ljubov, da se guskame imam zelba, no koga treb ada dojde do toa jas begam, ne nzam ni ajs zoshtoe dnostavnos e otkazuvam cuvstivam deka toj ne e licnosta so koaj bi sakala da go pravam toa.
    Sum mislela mnogupati da probam so drug, no ne mozam, do sega nikoj ne me e privekol. Off i jas ne znam shto sakam problemot e vo toa.
    :) Sepak KalaV balodarm za mislenjeto
     
  4. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    104
    Времето неможе да покаже,веќе си со него 7 години,чувствата се изгубени,и сама велиш дека неможеш да продолжиш,а доколку сакаш да видиш како ќе се одвиваат работите,раскини со него,( без да се слушате) но не засекогаш постави си цел забавувај се со пријателите,флертувај со други и доколку чувствуваш дека ти фали и дека неможеш без него разговарајте и врати му се ,бидејќи тој ако те сака ќе те сака и сега и за 3 години и ти исто...А ако не осетиш никаква потреба од него тогаш не преостанува друго освен збогум ...
    Со среќа и пиши што направи ;)
     
  5. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    475
    Имаш долга врска и нормално е да ти се излади малку но не брзај да му раскинеш или нешто слично бидејки подоцна може да се каеш! :)
     
  6. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    124
    Истото ми се случува и на мене ;( и не знам како да си го објаснам тоа. Го сакам, сакам да сум близу до него, но не и интимно. Кај мене не постои никаква желба за секс, ни со него, нити пак со некој друг. Дури ме фаќа страв од тоа мое чувство... само со еден збор се опишувам... фригидна ;(
     
  7. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    475
    Не си подготвена за да направиш таков чекор! Јас со мојот дечко одам 4год а однос имавме дури на 2 година! Не брзај за да не се каеш после! Со среќа :)
     
  8. TinaM25

    TinaM25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    227
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    И кај мене беше истото чувство, и долго време си велев дека го сакам, дека тоа е само фаза но со текот на времето почнав да го замразувам ненормално, не заради нешто што направил туку заради тоа што почна да ми станува одбивен. И веќе неможев да продолжам да глумам и му раскинав. Какво олеснување беше тоа, ни јас не бев свесна. Сеуште незнам зошто го одложував тоа кога од далеку се гледаше дека веќе не го сакам.
     
  9. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.648
    Допаѓања:
    9.679
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е нормално после толку време, да се изгубат дел од чувствата и да се псотавува ова прашање. Ама кога ќе се изгуби страста и кога веќе немаш желба да бидеш со него...мислам дека тоа е веќе индикатор дека треба да се прекине. Според мене страста е клучна во врската и ако неа ја нема....
    Исто така, не сум поддржувач на врска од далечина. Сум била сведок на многу и само малку од нив успеваат, речиси воопшто. Затоа , ете причина плус дека треба да се стави крај.
    Не сакам да имаш впечаток дека те терам да раскинеш, ова е субјективен став, и мислење што би направила јас во таква ситуација. Твое си е.

    Би ти кажала да оставиш уште малку, ама доволно си чекала...
     
  10. Tomcia

    Tomcia Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    124
    Хмм... :$ не беше брзање, се случи после неколкугодишна врска (срам ми е да кажам колку :$ )
    Сите не чекаат за брак, а ние уште не знаеме на што сме :lol:
    Сега живее тој во странство, јас сум во МК, јас и така не знаев што да правам, а сега далечината си го прави своето.
    Досега апсолутно никогаш немам почувствувано желба за секс, не ни фантазирам, ни размислувам на таа тема. Порано мислев мала сум, но веќе и не сум баш, а тоа ме загрижува.
     
  11. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    475
    Нема потреба за да се страмиш тоа не ги засега другите туку тебе, едноставно прави како што мислиш дека треба а не како што сакат другите. А делечината не ве спречува ако се сакате, или што знам побарај му малку време кажи му дека не си сигурна во некои работи.
     
  12. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    За Ellaa
    Сосема нормално е тоа што го чувствуваш, не може врската да биде страствена како на почетокот, знам по мене и јас сум во 7 годишна врска. Ние кризата ја имавме пред две години пред да почнеме да живееме заедно, мислевме дека веќе ништо не чувствуваме еден кон друг, се разделивме на некое време ( 6 месеци , со повремено видување, 3-4 пати за тоа време). Јас да бидам искрена , во меѓувреме излегував се дружев ( не знам што правел тој), имав друг на кратко, и тогаш сфатив дека уствари цело време сум го сакала само него, дека ми треба и заедно се согласивме дека не можеме еден без друг, продолживме по старо. Не се распрашувавме меѓусебно што сме правеле во тој период, ама во секој случај ни годеше и на двајцата. Сега две години живееме заедно и не дека нешто интензивно имаме секс или сум луда по него, сфатив дека заљубувањето трае година две и пеперутките во стомакот исто, ама тоа не значи дека секогаш мора да бараме нов партнер. Ќе бидеме во брак некогаш, треба да почитуваме и други вредности. Мислам дека најполезно за двајцата ќе биде да се разделите на некое време, за да увидите што сакате од врската понатаму.
     
    На Inatulj и didija им се допаѓа ова.
  13. barbiegirl

    barbiegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    49
    Еднаш и јас бев во слична ситуација. Разликата беше во временскиот период. Мојата врска траеше 2 години и некако ми се чини дека е полесно да се донесе одлука кога е во прашање помал период.
    Единствен заклучок од мојата постапка што се ослободив себеси од него (а сигурно и обратно) е дека постапив многу правилно. Моментално сум сингл и сфаќам дека не мора да си во врска за да бидеш задоволна. Секако дека има моменти кога ми недостига некоја блискост (не конкретно со бившиот) но и тоа побрзо се надминува отколку постојаната `осаменост` кога бев со него.
     
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.785
    Допаѓања:
    50.218
    Пол:
    Женски
    Ella, може да е до периодот и да ја надминете кризата, но штом се гледате толку ретко и пак не те привлекува, јас мислам дека нешто не е во ред. Ако не чувствуваш дека го сакаш, ако не те привлекува веќе подолго време, тогаш навистина е тоа губење време.
    Пробај да го најдеш одговорот во себе, тој е тука, само ти изгледа не сакаш да го прифатиш, иако од постовите гледам дека и самата знаеш што е најдобро.
     
  15. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    622
    Навика или љубов?
    За да биде љубов потребно е големо вложување во таа врска! Љубовта сама од себе не опстанува, потребно е нејзино негување, потребно е будење на чувствата кога спласнале, потребно е кавгичка и разбивање на монотонијата! Многу одамна падна во вода теоријата ,,љубов на прв поглед,, или ,,вечна љубов,, бидејќи научиме дека љубовта е повеќе од поглед и ништо не е вечно!
    Затоа Ellaa не избрзувај со одлуките, најверојатно сте се запоставиле емотивно со твојот партнер, помалце сте се гледале и на некој начин сте се раздалечиле како партнери! Чест проблем е односот помеѓу дечко и девојка да се сведе на пријателско комуницирање, пријателски разговори, негрижа за физичкиот изглед, поретко романтика и сето тоа предизвикува да се почувствуваме помалце заинтересирани за партнерот, стануваме презаситени од него!
    Твојата врска е долга што значи дека многу работи сте ги изживеале но тоа не значи и дека не се сакате! Проблемот го гледам во тоа што врската ви е монотона, а и каква може да биде врска што се одвива преку телефон и интернет???? Се разбира дека ќе биде помалце интересна и токму од таму ти се наметнува прашањето дали го сакаш! А најверојатно го сакаш, но потребно е да се освежи врската и да се надмине монотонијата!
     
  16. Night.Star

    Night.Star Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2010
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    115
    Го прочитав постот и можам да заклучам едно нешто - навиката си го направила своето.
    Се уште сакаш да си со него, ти доаѓа да се расплачеш на самата помисла да ги оставиш, убаво ти е да си во негово друштво...но од друга страна ја нема сексуалната енергија, не те привлекува и кога те допира ти е сеедно и едвај чекаш сексуалниот чин да заврши.
    Ова беше малце и од мое искуство, со него ја имав најдолгата врска и плус беше од Србија, кога си ја сфатив ситуацијата му објаснив како стојат работите и ставив крај на тоа. Се покажа дека е вистинска одлука.
    Се надевам дека и ти ќе ја донесеш вистинската одлука.поз. :hai:
     
    На Inatulj му/ѝ се допаѓа ова.
  17. baby.bibi

    baby.bibi Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ги читам вашите коментари,во дел од некои се пронаогам и јас.Имам нешто сличен проблем.Со мојот дечко сум во врска 3 години,многу ми е мил,интерсно ми е со него,ама на моменти се сомневам дека го сакам.Не знам што ме тера да мислам така,дали тие нечии размислувања дека поеле 3 години ,љубовта ја снемува,дели тоа толку озбилно си го имам сфатено :) ,ама толку многу се измачувам со тие мисли што не можам да ви опишам.Сексуалниот живот не ни е нешто посебно богат,ама никогаш не ми е преставувало проблем,ама последниот пат не можев воопшто да уживам(во последно време ми се случува воопшто да немам желба за секс).Ве молам помогнете ми со некој совет.Не сакам да го изгубам,тој е толку мил со мене,ме сака со сите мои доблести и маани.Помошшш
     
  18. Inatulj

    Inatulj Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Го пронајдов решението и стимулот за понатака од твоите зборови .. Благодарм
     
  19. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.998
    ЕЕеее убаво јас еднаш начнав ваква тема,што се случува кога ке помине подолг период и иде едноставно време кога настапува монотонијата.Драга моја,имам кажано неколлку пати ама еве уште еднаш во оваа прилика...Љубовта не е навика!Ти можеш да му се јавуваш по навика,да се гледаш со него по навика,но не и да го сакаш по навика,зашто ако разумот знае што е навика срцето не знае!
    Што да ти кажам кога се е очигледно,мислам дека не го сакаш повеќе и повеќе ти е бројката од 7 години заедно,како причина да продолжите да бидете заедно,ама јас лично мислам дека ќе направиш грешка...
    ти така се чувствуваш подолг период значи не е некоја криза во прашање што ке помине за кратко,кај тебе таа ситуација траееее....затоа млада дамо земај конците во свои раце и под итно еден здрав муабет со момакот!
    Разделете се,дајте си шанса да проживеете и други нешта кои нема да ве поврзуваат,дајте си слобода на срцето,ако требало да бидете заедно сигурно дека патиштата ќе ви се спојат и вашите срца ќе се најдат!
     
    На najubo му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Ellaa

    Ellaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 октомври 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Mina dolg period otkako ne sum ve obavestila shto se sluci. No nishto posebno. Pak smena istoto pak sum so nego i pak mi e monotono i dosadno i sum bez strast i sum besna samata na sebe zatoa shto ne znam shto sakam. I se prasuvam uste kolku? Uste kolku ke trae ovaa agonija od vrska? Bevem razedelni veruvajte samo 3 dena. Razgovoramvem dojdeovem do zakluchok deka ne mozam jas vaka(bidjeki toj celo vrem nastojuvase da sme zaedno, ke uspee, me saka i.t.n.) i shto s elsuci toe 3 dena me boluvase so pateticni poraki, so telefonsi javuvanja... I samos e zborese kolku me sakal, kolku ke se trudel, kolku mu bilo sreseno srceto... A jas ne znam dali zatoa shto prosto go sozaliv, ili navistina go sakam a ne osoznavam zato ashto toj me pristiska celo vreme, ili ne znam shto vekje, mu se vrativ i pak istoto ....... Zatoa shto mi veli dobro ke se radelime no zaj ja ske te sakam , jas nemoam d anajdam druga, jas ke te cekam zasekogasi i mi place,. Pa dobro to anormalno li e masko da e poveke zaljuben od zensko? Da si ja izkaczuva poveke ljubovta od devojnicnjata? Jas sum kriva zatoa shto ne znam shto sakam ili pak prosto mi e stra deka ako go ostavam i ako posle nekoe vreme svatam deka sakam da usm so nego deka toj e toj, mozebi toj nema da me saka porkaj nego i shto togash? Vo eden moment si velam epa seaga mora da se rizikuva, avo drug si velam imas prekarsno momce sedi si mirna, a pak vo drug moment si velam epa dobro ako ne sedi, so nego, dosaduvajte si i cekaj da se ozenite, da odite na rabota, da si imate deca i pak ke vi e dosadno i ke si umres vo dosada .... :) Preteravm mlaku, ama stvarno mi e machno i tesko, dali samo mene me maci ova go sakam ili ne? Ako go ostavam i ako ne najdam drug i ako mu se vratam a toj neme saka poveke shto togash? I vredi li da se rizikuva i zivee kako sekoj den da e posleden ili da se sedi i dosaduva i da si mislis za idninata?
    Zbuneta sum, ocajana veke, i mislam deka najdboro e toj mene d ame otavi barem enma da cuvstuvam griz aan sovesta deka covek ke bvid epovreden od mene , mislam deka najdobro e toa, zatoa shto jas nemozam da go ostavam.
    Vi blagodaram mnogu an site shto mi isprativte mislenje, mnogi mi znachea vasite mislenje, i seushte mi znachat :) :*
    [mod-kirilica:2kfe667y][/mod-kirilica:2kfe667y]