1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечко ми е болен

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Fallen.Star12, 4 февруари 2011.

  1. Fallen.Star12

    Fallen.Star12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Живеам во мал град,не би сакала да откривам кој е тој град.
    Би сакала да ви побарам совет иако знам дека ќе ме критикувате што толку долго оставив да ме малтретира и да ме понижува.
    Токму така,дечко ми е болен.
    Заедно бевме речиси две години,а после 3-4 месец од нашата врска почна да покажува знаци на сериозна љубомора,не смеев да застанам со ниту едно машко,не смеев да имам пријатели...Со никого не правев муабет,а со него бев само затоа што искрено го засакав и не можев без него.Од другарките ме оддалечи,но сепак се гледав со нив ама ретко.Во градот само со него излегувам,а со другарките се гледав само на школо или ако отидам еднаш во двата месеци кај некоја.Јас не сакав да ги запоставам туку тој не ми даваше поточно се лутеше ако сакав да отидам негде.Претера...Имав фејсбук,прво ме натера да ги избришам сите машки пријатели,потоа и самиот фејсбук да го избришам.Потоа ми ги избриша сите машки контакти од телефонот,ми рече дека не смеам да кревам кога ми ѕвони телефонот,само на броеви кои ми се запишани смеам,а на скриени или обични броеви,не.
    Секој ден се каравме,секој ден плачев и го молев да не ми го прави тоа,да не ни ја уништува врската,дека сакам да биде се како што треба,а тој простак ништо не ми одговараше на муабетите,само ми даваше лажни ветувања дека ќе се потруди и потоа пак по старо.
    Сакав да раскинам веќе конечно,последната недела имавме многу проблеми и многу се каравме.
    Вчера се враќав од школо,се ослободив еден час пошто ми беше многу лошо,а се враќав со еден школски што всушност ми е и втор братучед,и тој се ослободи.Него одма му јавиле дека сум со некое машко и тој ме виде,ми се јави и ме викна кај една уличка да се најдеме.Таму почна да ми се дере како ненормален дека тој кога поставувал правила јас сум морала да ги почитувам,ми ја извади капата од главата и почна да ме мава со неа по лицето,ми го зеде мојот мобилен и ми го даде неговиот.Ми рече дека кај него ќе стои се додека тој така сакал.Јас му врзав шамар и истрчав дома.Кога дојдов дома ми се јави дека било крај и дека ќе дошол да си го земе мобилниот.Кога ги разменивме мобилните јас плачев,а тој си замина како ништо да не било,со насмевка.А ми викаше дека ме сака...Му верував,за жал...
    Мислев дека ќе го преболам,почнав да живеам се додека денес не ми се јави да ми рече дека ако ме видел излезена некаде во градот на цел град ќе му зборувал за нашата интима и за се` што се случило меѓу нас,дека ќе ме тепал каде и да ме види низ градот...
    Избезумена сум,не знам што да правам...
     
  2. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Најискрено по се‘ што си опишала за однесувањето на дечко ти не успевам да го сврстам во никоја нормала.Нема оправдување за таква посесивност и љубоморни испади од најлош вид.Па тој ти го модифицирал цел зивот по свое,бришејќи ги твоите познати реални и виртуелни имал една цел да те направи зависна само од неговото присуство.Ама,гледам веќе и сама си увидела со каков човек си,па да не ти дотурам сол на раната.
    Значи што подалеку од него,ако ти прави проблеми те малтретира психички или физички те нападне,довери им се на родителите најпрво,не знам до каде би одел фриков релано колку би ги реализирал заканите,ама полиција се контактира во краен случај,ама се надевам нема да дојде дотаму.
     
  3. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Читам и неможам да си поверувам на очите..
    Стварно жално..
    Немој да си викаш дека не можеш да го преболиш,МОЖЕШ!
    Избегнувај секакви контакти со него и секако довери се на некого(родители,брат,братучеди)и обезбеди си сигурност.
    Неможеш да продолжиш вака да живееш и да се асоцијализираш заради него..
    Немој да преќутуваш со надеж дека се ќе биде подобро или дека ќе прекине со ова.
    Ако ти се укаже прилика да се смирите во никој случај немој да го правиш тоа.
    Битно е да свртиш нов лист и на никој во иднина да не му дозволиш да те малтретира.
    Со среќа :)
     
    На macimaci93 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.184
    Допаѓања:
    23.865
    Ова е типичен пример на човек кој применува психичко насилство, и кој во иднина (и веке почнал) ке применува физичко насилство (односно ке те тепа).

    Мој совет е, подалеку, и НИКАКО не смееш да му веруваш , без разлика што ти кажува. Што се однесува до заканите, мој совет е да им кажеш на родителите дека ти се заканува, дека кренал рака на тебе. Тие сигурно ке те заштитат. Нема зошто да се плашиш. Застани и спротистави се. Кажи му дека ке го пријавиш ако продолжи да ти се заканува и дека имаш подршка од родителите.

    И веке, не му се јавувај, не го поздравувај, едноставно избриши го од животот
     
  5. Fallen.Star12

    Fallen.Star12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Нон-стоп ме бара,ми вика дека не смеам да излегувам,ако не сме биле веќе во врска,тој не сакал да ме гледа по градот,ќе ме тепал каде и да ме види.
    Вие не разбирате,уплав имам од него добиено.Што и да направам морам да се консултирам прво со него.Страв ми е да не шлапа низ цел град што и како имаме правено заедно,а да не му каже и на родителите.Не сакам да дознаат дека сум била интимна со него,едноставно не сакам!
    Се јавив кај сестра му,таа се чуди на неговата болест,нон-стоп му ѕвони,а тој не и крева,а после тоа мене ми се јавува и ми се дере дека не сум имала право да и ѕвонам нејзе...
    Уплав имам од него,не сакам ни да излегувам ни ништо,до толку сум уплашена.
     
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Побитно ти е да ја добиеш сигурноста и заштитата од блиските,или поради стравот да не дознаат за твојата интимност да останеш лесен плен во неговите очи?
    Родителите ќе направат се‘ за да те заштитат,ќе ти простат и за интимноста,верувај!
    Ако си парализирана од страв и не преземеш ништо,ќе биде полошо.Таквите како него наоѓаат плодна почва кај што ќе намирисаат страв и достапност за малтретирање.Избегнувај го,но сепак разговарај со некого,обиди се со мајка ти,преземи нешто,зално ми е на оваа возраст да се соочуваш со ваков проблем :( .
     
  7. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.087
    Па ќе им раскажеш се на твоите родители,а за тоа дека сте биле интимни ќе се извлечеш некако,ќе има кажеш дека измислува и слично,само за да те омаловажува..
    Не смееш да продолжиш со ова затоа што ќе станува се полошо..
    Мораш во најбрзо време да разговараш со твоите..
    И не му се јавувај,не му дигај кога ѕвони...
    Го сфаќам твојот страв,не викам дека мора веднаш да излезеш од дома и да се однесуваш како ништо да не било,напротив полека,но сигурно ќе прекинеш да се плашиш од него..Кога ќе виде дека не ти може ништо..се надевам дека ќе прекине..
    Најбитно е пак ќе напоменам,да ги известиш родителите.
     
    На Hellowkitty.01 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Баш вчера во Американсото Катче во библиотеката Брака Миладиновци имаше презентација на која што присуствував и јас а за жртвите на ваков вид на насилство постојат и шелтер центри и ги има низ цела Македонија мислам да се обратиш таму а воедно тие соработуваат и со полицијата и со други невладини организации се вика НАДЕЖ центарот и им се скриени засолништата а бројот е 15315 јави се и објасни им за сето ова тие навистина можат да ти помогнат.

    а тоа дека не треба да комуницираш со него и сама знаеш , а за да не ти е толку стра , доколку си во можност купи си куче-заштитник чувар и многу љубов

    не се плаши и не паничи но мислам дека е време да дејствуваш
     
    На slatkichKa123 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.704
    Пол:
    Женски
    Значи после читањето на постов можам слободно да кажам дека денеска е еден од оние денови кога ги МРАЗАМ машкиве најмногу!!!!! :@ :@ :@

    Девојче ако нема он докази (слики,видеа и сл.) дека сте биле интимни, тогаш не се секирај, не ти може ништо! Едноставно ќе одрекуваш - твојот збор против неговиот и крај!
    И дај не се плаши, таквите џубриња стравот ги храни и ги прави посилни.
     
  10. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Јас би те посоветувала еден период воопшто да не излегуваш, малку да одмориш. И мене ме фати страв од него, а не пак тебе. Исто така, многу ке биде убаво да кажеш на мајкати дома, какви такви најубаво ни мислат, никогаш сами нема да не остават во таква ситуација. Нека те подзаборави, после ке си излегуваш и ке правиш што сакаш. И нека си зборува, од кај знаат другите дека е вистина? Сторено е не можеш назад, глава горе, посоветувај се со некој дома во случај да му текне за нешто физички да те нападне, а тоа ако си зборува, нека си кажува. Знам дека безизилезно ти е, но ке се среди се пополека. Биди трпелива и паметна, и никкако да не помислуваш да му се вратиш, па и последен маж на светот да е.
     
    На maca993 и marama им се допаѓа ова.
  11. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Леле страшно е дечкоти стварно е болен. Дали имаш брат или некој постар братучед што може да те заштити и да му го докара мозокот на место. Па од кај тој право да те вреѓа и психичи малтеретира. Дали твоите родители знаат дек имаш дечко? Доколку знаат советувај се со нив надобро можат да ти помигнат, а за тоа што сте биле интимни ама ич да не ти е гајле па не одите малку време. Преземи било што, но во твоја корист
     
  12. Heidi

    Heidi Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2010
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    168
    Прво девојче ГЛАВАТА ГОРЕ! Вредиш милион пати повеке од тоа говедо. Излегувај си нормално и не се плаши. Можеш да излегуваш со друштво ако толку ти е страв, ама верувај не смее ништо да ти направи. Па и ако се осмели да те допре пријави го во полиција. Моја другарка ја тепаше дечко и, не успеа да извлече оштета ама дечкото имаше забрана за приближување. Ако ти се јави и ти се заканува, снимај го тоа! И јас ти препорачувам да им кажеш на родителите, никој не може подобро да те заштити.
    Ако почне да кашува наоколу за вашата интима, можеш да одрекуваш, но не се секирај, сите ние имаме интима со дечковците, никој нема да те осуди, баш напротив, него ќе го осудат-само селјак шири такви информации.
     
  13. pocetna

    pocetna Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    138
    со сите веке написани постови се согласувам, и усте би те советувала стом одис сеусте на уцилисте никако сама :!: секогас нека те придрузува некој (за секој слуцај) и главата горе од ова ке излезес посилна од било кога и со едно големо искуство кое многу ке ти користи :*
     
  14. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.297
    Допаѓања:
    37.950
    Пол:
    Женски
    Многу ми е жал што поминуваш низ ова. Ова се случува многу често во последно време барем јас знам за повеќе вакви случаи. Јас исто ќе те советувам да се довериш на некој што може да те заштити и да не контактираш со него или уште подобро да снимиш некој разговор на мобилниот, ќе имаш докази дека те малтретираи дека ти се заканува. И немој премногу да му се плашиш за тоа што ќе зборува бидејќи него нема апсолутно никој да го поддржи , ти не си згрешила ништо и да си згрешила никој нема право така да се однесува кон тебе. Јас обично имам мислење за таквите машки дека се големи страшливци и најверојатно нема да направи ништо, но за секој случај немој да излегуваш сама некој период . Лесно му е тебе да ти наредува и да ти се заканува се чувстува маж затоа така прави. Со среќа , се надевам за брзо ќе се реши ова :*
     
  15. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Разговарај дома душо. За почеток можеш со мајка ти ако си блиска па таа нека го запознае татко ти. Мислам дека е потребно да бидат запознаени со ова што се случува.Како друго кажи му дека ги имаш снимено неговите закани и ќе го пријавиш ако продолжи со ова. Каков идиот не ми се верува. За интимните нешта ич да не ти е гајле што сака нека зборува, ако нема доказ кој ќе му верува.А НИКАКВО ВРАЌАЊЕ ни под точка разно со него!! Очигледно дечково има сериозен психички проблем.
     
  16. NotInLove88

    NotInLove88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    77
    Тој е опсесивно љубоморен,а јас веќе повеќе од 4 години страдам од анксиозност и депресија заради еден таков...Не му дозволувај да ти го уништи животот некој кој не те заслужува....Пробај прво оддалечисе и никаков контакт немај ни со него ни со блиски на него ,доколку можеш довери се на некој близок,јас не го направив тоа се криев ,се плашев и ете до кај стигнав .Ми го контролираше животот,пријателките,излегувањата,заради него пропуштив многу добри можности во животот а и си нанесов огромна душевна болка...не се затворај во себе ,труди се да го заборавиш таквите луѓе незнаат да сакаат верувај ми ...Имало моменти кога ми врзувал шамар пред сите ,кога намерно ме вадел од час на среде настава,ме туркал од кола ми се заканувал ....јас од страв не превзедов ништо и ете до кај стигнав ....Немој злато не си го прави и ти тоа на себе ,верувај ми ако дозволиш да се плашиш од него ,психата ќе те здроби ,ќе се изгубиш во тој лавиринт и крајот на тао е тежок да се најде....Подобро послушај некој од искуство што ти кажува и интимноста не треба да ја споменуваш ако само заради тоа се плашиш ,кажи ослободи се од стравот..ќе видиш колку е подобро кога знаеш дека имаш поткрепа и заштита од некого околу тебе ....поздрав и борисе за себе заслужуваш да бидеш среќна како и секоја друга и за нареден пат...очи широко отворени..не верувај на секоја будала....
     
  17. Scarlet88

    Scarlet88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    328
    1. Кажи му на родителите!
    2. Не се плаши да излегуваш, покажи дека си силна, тој само те заплашува така, куче што лае не каса! А ако проба да направи нешто, тогаш викни му полиција нека види идиотот!
    3. Заборави го на начин што ќе си даваш автосугестија дека тој е лош и дека ти има направено многу злобни работи! сигурна сум дека таков створ одма ќе го заборавиш......
    Поздрав и со среќа, ич не плаши се, собери храброст, а ако треба да се тепаш земај се што ќе ти дојде при рака .... ;)
     
  18. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Мене повеќето денови од годината ми се вакви,а денес некако посебно им се напнав ]:)
    Од една страна може само напразно се заканува,а може и да не е така.Како и да е сега е моментот кога треба да му се спротиставиш.Не треба му дадеш до знаење дека се плашиш.Разговарај со најблиските (родителите) верувај тие најубаво ќе те разберат.Доколку се влоши ситуацијата пријави го и ич да не ти биде гајле,кога тогаш мора да плати за тоа што ти го правел. :fubar:
    Среќно!!!
     
  19. Marge

    Marge Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    2.746
    Не треба да се плашиш,спротистави му се...секаде тоа го читам....како бе луѓе,девојчево е преплашено и неможе да се спротистави...имав слична ситуација со сестра ми и некој сељак што и се заканувал дека ке збори за неа,ке каже на моите и знам колку беше исплашена...еве ти мој совет-најди некој братучед,комшија,сестра,било кој,постар од тебе,некој во кој имаш доверба,раскажи му ја цела ситуација и побарај од него отворено да му се закани,тој(бившиот твој) најверојатно мисли дека немаш никој да те заштити и затоа ти го прави тоа...и тој на сестра ми мислеше дека нема никој да ја заштити,ама гадно се зезна...не му текна уште еднаш да и го спомне името...немој да се грижиш,се ке помине...позз
     
  20. Sanji4ka21

    Sanji4ka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2010
    Пораки:
    428
    Допаѓања:
    88
    Се согласувам со постот над мене,еве имаш добар пример.На некој братучет или другар раскажи му што како се се сличило па тој нека го здрма малце да види тој дали е убаво насилството,па ке видиш после дали ке му текне да ти се заканува,нема да смее да те погледне,а не па да ти рече нешто.