1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечко ми е болен

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Fallen.Star12, 4 февруари 2011.

  1. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    За тоа дека ќе каже за вашата интимност не треба да се секираш ама ич . Зошто ?
    Затоа што едноставно дечкото нема докази . Ако каже на некој ќе речеш скроз полудел па измислува за некоја си интимност . Кога ќе искочиш од дома иди кај што има повеќе гужва , не оди по темни улички , за секој случај . А ако веќе мораш оди со некое машко , со друштво .
    А пак ако знаеш некои поголеми , испрати му двајца батки да му кажат на дечкото да не се закача ;)
     
    На Sanji4ka21 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Ннаредниот пат кога ќе се јави ладно и дрско кажи му дека последните два пати кога ти се заканувал си го снимала, снимката ја имаат и твоите и наредниот пат кога ќе те побара, ќе ти се јави или ќе ти пријде, ќе ја дадеш снимката во полиција...и кажи му, слободно да си шири какви муабети сака за тебе затоа што не те интересира, и дека ако претера ти снимката ќе ја пуштиш на јутјуб (и смеј се додека му го кажуваш ова, ќе полуди и ќе почне пак да се заканува, речи му и ова се снима)....а и да зборува што ти е гајле, ќе дојдат сите да те проверат дали си имала односи или не, може некој и да не е така од чиста мира да си зборува, што ќе му направиш???нека зборува, а ти кажи му дека на сите ќе им кажеш дека така зборува затоа што си го откачила, и затоа што секој ден те моли и плаче да се смирите а ти несакаш....не му се плаши...дечково очигледно на друго место несмее па со тебе си го храни егото, дека некој му се плаши, прави како што ќе му каже и слично, овие личности најчесто дома несмеат глас да пуштат, а се кладам и дека не е некое тепачиште, туку страшшливец кој со никого никогаш се нема степано, од што му прпа, и сеа начека ти се плашиш и удри тука...се храбри сам себе....само цинично, дрско и храбро со овој, за 3 дена ќе го снема.............
     
    На baguf4e, LightOFF, ChocolateStrawberry и 6 други им се допаѓа ова.
  3. hiphopgirl

    hiphopgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    190
    enca.69 ми се допаѓа твојот совет :)
     
  4. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Јас ќе речам, нашол па зашол |(

    Од такви чеченци како дотичниов, просто ми се оптеретува дигестивниот систем :puke:

    Ами добро бре девојче ти на патот сигутно не си најдена, сигурно имаш некој на кој можеш да му се довериш и искрено да ти помогне, значи на дело а не само со совети.Дечкото очигледно пати од синдром наречен „Сељак ала Чак Норис“ , и треба некој да му покаже кај му е местото :x

    Имаш 18 год., си имала врска од 2 години и сигурно дека истите луѓе од кои се плашиш да не разберат за твојата интима, не мислат дека за тие две години сте си гледале Покахонтас,Пепелашка и Златно славејче со момчето :^) Сексот е нормална појава побогу, не си спремала никаква завера ами си правела нешто што сме го правеле сите (на кои им соодветстува да го прават). :)

    Разговарај со некој пак ќе речам што може да ти помогне и реши го проблемот, нема потреба од криење, од седење дома и сл. Единствено што ќе добиеш со тоа е раскрилување на неговите паунски пердуви и дополнителни нервози.

    Покажи ми дека со тебе нема лабаво, и тоа да биде твојот последен збор кој ќе го почитуваш, а не да му трчаш у загрљај ако ти затрепка со очите :wasntme: Гуд лак ;)
     
    На Krisi, sesilija и beached им се допаѓа ова.
  5. Fallen.Star12

    Fallen.Star12 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Фала девојки...

    Моите дома мислат дека со нас се` е во ред,јас така им кажував за да ми дозволат да бидам со него.Имав надеж до пред некое време дека ќе се смени.Не можам туку така да им кажам бум на моите,ќе знаат дека досега сум ги лажела дека се е во ред.Знаеја дека е љубоморен ама не до таа мера.
    Еве конкретно денес што ми направи...Моите дознаа дека веќе не сме заедно.На гости ни беа на мајка ми пријателка и ќерка и.Седевме така и мама предложи јас и ќерката на пријателката да сме излезеле до градот на кафе да сме земеле воздух.Ако речев не мама ќе ме искараше дека заради него седам дома така што се согласив.Само што излеговме мене ми се јави тој,почна да ми се дере и да ми вика дека сум требала да кажам пред да излегувам и ми рече за пола саат да сум била дома и да сум му се јавела од фиксен,ако не сум си отишла ќе дошол во кафичот и пред сите ќе ме натепал.Ме праша каде ќе одам,му кажав..Таму каде што отидовме немаше место,па седнавме во друг кафич.Почна да ми ѕвони нон-стоп,да ме малтретира за да сум си одела за две минути дома,незгодно ептен ми падна пред девојчево,ја молев да не и кажува на мама дека нон-стоп ми ѕвони.
    Ми се закануваше дека ако не му заѕвонам од фиксен за 5 минути дека ќе дошол пред сите ќе ме натепал.Јас не го послушав,поседив уште малку но од нервоза ми се слоши и си станавме и си отидовме.Кога стигнав дома пак ми се јави да праша дали сум стигнала и ми рече дека без негово прашање не смеам да излезам нигде.Ми рече дека вечерва не сум смеела да излегувам од дома,а тој ќе одел негде во друг град да се шета и ми се спушти...
    Му реков дека ако уште еднаш ми се закани ќе го кажам на тато,а тој само ми рече слободно,кажи ме...Ќе дознае и тој какво ѓубре и коза си ти...
    Ќе умрам девојки...Психопат е...Така и му реков на телефон и ми спушти. ;(
     
  6. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.449
    Девојче зошто бараш совет ако не не слушаш????????????ти ррков да му речеш дека во полиција ќе го пријавиш и дека сите ќе дознаат што ѓубре е он а не ти затоа што го имаш снимено како ти се заканува....речи ќе дознаат сите што маж си на девојче вака што се закануваш....прочитај убаво што ти пишав, направи така, храбро ако не престане јас....енца да не се викам :lol: ....најсериозно ти кажувам....примени го тоа што ти го кажав и храбро зборувај со него, дрско и смеј се речи ај ќе видиме кој ќе победи, ако нејќеш тогаш ние не можеме ништо друго...ќе си патиш а тој ќе се лечи на тебе....
     
  7. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.567
    Пол:
    Женски
    Зарем ти навистина мислиш дека ќе дојде во кафуле и ќе те истепа? Тогаш ти ќе имаш сведоци за да го пријавиш во полиција. Девојко тргај се од него. Тој дека ќе ти направи нешто нема, освен ако не дозволиш ти. На твоите сигурно полошо ќе им биде ако си отидеш дома некој ден со модрици, отколку да дознаат дека си ги лажела, дека ти е супер во врската. Јас само незнам како си трпела толку време, е од таа љубов ништо не гледаме. Само уште нешто колку и да го сакаш него, тебе треба повеќе да се сакаш. И кажи им на твоите.
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Направи му како на оној Кај ми е сонцето што му направија. Нека му се смее цела Македонија. Јас во таков момент би се чувствувала неверојатно моќно и убаво! :devil:
     
    На OzzyAngel, Strumfeta93 и wolf4e им се допаѓа ова.
  9. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    добро девојко мора да бидам вака настроена
    дај бе мајкому стара покажи малку женска кучкинска храброст и земи покажи карактер и заби постависе пред него нека види и нека слушни дека имаш другарки брачеди семејство сестра све луѓе кој седат позади тебе кој те сакаат и ќе те одбранат
    макар што искрено не верувам дека би имал тој лиглото мадиња да ти направи нешто(простете на издразот ама неможев да се воздржам) :D пес што само лае не каса ќе те тепал каде што ќе те најдел море море како да не
    избегнувај секаков контакт со него смениго бројот извесен период биди со дрштво каде што ќе излегуваш колку чисто малку да се спушти топката на улица да го сретнеш ако одите на иста страна преминија улицата маниго тотално на игнор ваков не ти треба ни чевлите да си ги чистиш од него
    ајде биди храбра кога веќе бараш совет од нас послушај ги овие совети не се грижи ништо нема да се случи но за секој случај биди претпазлива извесен период ајде ;)
     
    На slatkichKa123 и alison им се допаѓа ова.
  10. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.207
    Допаѓања:
    23.984
    Ми се јавува пред некое време братучетками која има 15 и плаче по телефон дека некој тип и се заканува дека ке ја тепа (му мавнала корпа). Фино лепо, му пратив две три пораки во кои му објаснив дека ке го пријавам за закани и за заведување на малолетно лице (полнолетен беше, 18 години) и така фино почна да се извинува.
    Затоа, како и што ти кажаа девојките претходно. Кажи на некого , кажи му дека го снимаш, дека ке го пријавиш и само цврсто. Ке исчезне без глас.
     
  11. NellPam

    NellPam Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2010
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    2
    Што толку чекаш што си сеуште со него? Добро ти рекоа девојките во постовите погоре, покажи ја јаката женска страна, што чекаш незнам се уште.... да ми се заканува и се уште да се мислам што да правам???? Леле.... Знам дека не е лесно воопшто, али оваа да го трпиш треба и ти малку да размислиш.... и јас мислам дека не треба да криеш од твоите дома, туку кажи им нека знаат и тие.

    Поздрав и ти посакувам се најдобро.

    Нелл
     
  12. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Да сум на твое место,не само што ќе им кажам на моите родители,туку ќе го кажам каков психопат е и на неговите.Па ќе видиш како ќе си го преваспитаат! :swear: Не му се плаши.Се додека покажуваш страв он ќе се сили.И што ако збори низ градот за вашата интима?! Ти имаш уста? Имаш,ќе кажеш дека така збори зошто си го откачила и крај.Послушај барем некој совет од овие овде,сите се добро намерни.И што поскоро извести ги твоите.Верувај никој друг неможе да ти помогне и да ти даде заштита освен тие!! Ти посакувам среќа што побрзо да се ослободиш од него. :*
     
    На NellPam му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Leea...22

    Leea...22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    110
    ај божеее која исфрустрирана личност,на дечково му е потребно психијатар по итна постапка а тебе сигурност за да можеш да излегуваш не можеш и не смееш да седеш дома,прими ги советите на девојките и никаде не оди сама па макар и до веце тој манијак го има на секаде опседнат е со тебе следејќи те може и од шоља да ти испадне биди нон стоп во друштво и излегувај излегувај девојко,во случај ако повторно те задене кажи му само мирно нека те остави на мира или нареден пат ќе си има работа со полиција.Пренеси ја оваа ситуација на твоите и тие ќе превземат мерки сепак се родители....Ослободи се не му покажавај слабост ако те виде дека си таква кревка уште повеќе ќе те малтертира ц ц ц :tmi:плус нека зборува што сака за твојата интима ти па за возврат удри го во машката гордост зборувај по градот дека сето тоа е лага и само се фали за да се прикрие дека е инпотентен...сиротиот тој....ќе видиш како ќе му се дигне адреналинот веднаш!!! ;)
     
  14. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Колку години имаш? Ако си доволно возрасна исели се од твојот град, барем за кратко...Ако ти е време за на факултет, уште подобро. А ако не, можеш да отидеш во друг град и да работиш таму, нешто, било што, се додека твојот психо- дечко не олади малку.

    И не можам а да не кажам дека кога првпат го прочитав насловот на темава, мислев дека дечкото е болен физички :lol:
     
  15. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Кај смее да дојде во кафич и пред луѓе ама ајде батали тоа пред мајка ти значи да те натепа . Замисли да крене рака на тебе , па мајка ти има под нозе да го стави . Тогаш он натепан ќе биде . Закани му се следен пат кога ќе ти се јави , или дај на машко некое да збори демек татко ти е .
     
  16. TennisBabe

    TennisBabe Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    591
    Допаѓања:
    364
    Добро ти кажаа девојките погоре, се надевам дека ке не послушаш.
    Мораш да кажеш на твоите, тоа што ке дознаат во врска со вашата интима е помалку важно отколку проблемот кој го имаш.Како смее да те понижува така манијак еден, он ке ти забранува да излегуваш, на кого да вртиш, дали ке имаш машки пријатели :fubar: .Значи прво кажи на твоите, игнорирај го, ако ти врти не се јавувај може ке се смири глупердата.А сигурна сум дека ако некој од твоите (татко,брат,братучед)му каже два три збора нема да смее.Ако после тоа пак прави проблеми пријави на полиција, да го натепаат таму убаво па после дали ке ти пријде ..
    Уф како се изнервирав, не ми се верува дека вакви будали сеуште постојат :|
    Поздрав и се ти посакувам се најдобро :*
     
  17. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Леле навистина те жалам :( Но ти мораш да му покажеш дека не се плашиш од него,пробај биди силна и ти закани му се. Како што имаа напишано девојкиве побарај совет и помош од некој близок,нека му покаже некој каде му е местото. Тој сега сака да те малтретира, со тоа што постојано ти се заканува,те плаши. Бидејќи доволно долго време сте биле заедно тој го знае твојот карактер,можеби претпоставува како ќе реагираш,знае дека имаш страв од него и сл.и тој си тера како што сака. Па не ми е јасно како може да бара од тебе да му кажуваш каде одиш,за 5мин.да се вратиш дома кога веќе ти рекол крај. Те молам подалеку од него,не дозволувај да управува со твојот живот како што му текнало нему, не се дроби за некоја будала :devil:
    Ти посакувам што поскоро да го решиш ова ;)
     
  18. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    192
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е јасно како можеш да го сакаш, искрено па по се што ти направил зарем вакво суштество може да се сака? Мораш да го преболиш, со тоа што ти раскинал ти направил само услуга ама ич не ти треба некој ваков..
    Кој е тој да ти забранува да се гледаш со другарки, да ти забранува да имаш другари, да ти брише фејсбук, контакти во мобилен и што е најлошо да крене рака на тебе? Зарем тој те чува, тој те гледал!?
    Не знам како си можела толку долго да го трпиш ова, па колку и да сакам ова е претеризам.. Откачи го и не се замарај, овој човек не вреди ништо тоа му се гледа по тоа што ти се заканувал цел град ќе дознае за вашата интима.. КАДЕ СО ТОЈ ПАМЕТ???
    Ако имаш постар брат или братучед па и другар на кој можеш да му се довериш за ова што ни го кажа нам довери му се и побарај помош малку да му се закани и да го заплаши тој дечко ти за да се остави на мир.. зашто многу ти е лоша ситуацијата дури и жална.
    Среќно :)
     
    На NellPam му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.024
    Допаѓања:
    199.002
    Пол:
    Женски
    Девојче, твојот страв е она што му дава сила. Во суштина типов е кукавица, само подвикни му, веднаш ќе си ја свитка опашката, ќе го снема. Тоа што ти му се плашиш, го прави него уште посилен. Затоа, под итно да разговараш дома со твоите, и заедно да го пријавите во полиција. Не се плаши да им кажеш на твоите, родители ти се и сигурно не би дозволиле некој така да ти се заканува. А тоа што зборува тој, нека зборува - ич уво да не те боли. И Енца убав совет ти даде, послушај. Најважно е да го победиш стравот. Нормално е дека си уплашена, ама треба да сфатиш дека тој е вистинска кукавица кој не може со ништо да се справи, па те нашол тебе да те контролира.
    Не може ништо да ти се случи верувај, штом ќе разговараш со твоите и ќе го пријавиш ситуацијата ќе се среди. Само, побрзо одлучувај што ќе правиш.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Дечково е болен, колку што ти му дозволуваш да е болен. Ќе ти се издерава до таа мерка до која што ти ќе му дозволиш. Не викам не, има секакви лудаци. И такви од кои што навистина треба да се плашиш ама тука ми е повеќе од очигледно дека дечково си игра со тебе како сака. Нашол овца за стрижење што би се рекло. Гледа дека се плашиш и премногу си дозволува.
    Како прво, зошто му креваш телефон? Јас на таков не му дигам па на глава да се качи. Крај краева - смени број!
    Како второ - зошто на родителите дома не им кажеш? Ти демек сакаш со ваков некој да останеш? Да се смриш? Не знам која е поентата тука? И искрено малку ти се чудам и на тебе. Или има некоја друга причина заради која не сакаш да им кажеш на родителите каква е ситуацијата :^)

    Значи би те советувала како прво да размислиш навистина што сакаш ти всушност. Сакаш да си со ваков човек? Тогаш не барај совети, зошто очигледно дека ние тука колку и да те анализираме ти сепак ќе постапиш по свое и секако ќе треба да му ги трпиш сите тие испади на агресија и идиотско однесување.
    Не сакаш да си со него? Преземи мерки. Не му кревај, смени број, кажи им на твоите. Ако отидат работите и подалеку од ова епа свикај му! Речи му дека секој разговор ќе го снимаш и ќе употребиш законски мерки против тоа малтретирање. Покажи му дека не му се плашиш! Викни бре, покажи дека не си ти некоја негова играчка со која може да си прави што сака! Кој е па он тебе да ти забранува нешто и да ти се заканува?!
    Ако ти се закани повторно со тоа дека ќе ја открие вашата интима - речи му дека цел град ќе дознае колку е импотентен и колку му е мал, па да видиме колку ќе биде фраер после! Заземи самоуверен, цврст став и ќе видиш како ќе се повлече.

    Ајде, храбро напред и главата горе ;)
     
    На LightOFF, Neytiri, Butterfly-itgirl4s и 6 други им се допаѓа ова.