Еј ама девојка, заглавила во проблеми со психопат и се повеќе и повеќе се заглавува во нив. Па нели гледаш колку убави совети имаш овде, тоа со снимањето е најдоброто понудено решение а ти сеуште не знаеш што да правиш. Па покажи малку сила, цврстина и карактер, не само да цвилиш. Така ништо нема да постигнеш. Добри совети ти се дадени јас нема што да те советувам (се согласувам со сите девојки) и така ниеден нема да послушаш туку ќе си тераш по свое и секој ден ќе живееш од страв додека тој своите закани не си ги реализира а после ти ќе бидеш исмејувана од целиот град. Е тогаш нема да излезеш од дома.
Fallen Star 12 да сум на твое место би: би покажала заби , и би подвикнала сменила број ПОТХИТНОООООО би побарала помош психолог, психијатар, не е срамота воопшто би разговарала со моите дома, и би им објаснила се помош би побарала од брат, братуцед(покрупни луге) би си купила куче за да ме чува ако продолжи да ме замара, ке покренам кривична пријава во полиција и последна варијанта е да побараш помош во Шелтер Сентар (се надевам дека има и во твојот град) информирај се на 15315 за подетални информации, засолништата им се скришни дејствувај побрзо и слушај совети, поздравче па пиши што се случува
За вакви психопати како овој, најдобро е да му се собере една машка екипа од татко, брат, братучеди и сл. и да го ‘посетат‘ па да види тој како е да си тепан и малтретиран . Уф што мразам такви сељаци мажи што удираат жена. Да сум била јас на твое место би му направила вака, па да видиме дали после ќе збори за нашата интима - без заби кога ќе биде. Само немој да му се плашиш на овој гомн** и од страв да се затвориш дома и да си го уништиш социјалниот живот, ќе ти наредува некој мајмун дали ќе имаш фејсбук и пријатели, и дали ќе излезеш во град Се надевам дека манијаков нема твои компромитирачки слики и видео клипови со кои може да те уценува!
Според мене-веднаш преземај мерки, додека не настрадал некој! Тие психопати се непредвидливи и непресметливи, тешко дека можеш да очекуваш разум од него. Ама затоа ти постапи разумно, оти стравот го блокира човекот и помислува дека нема излез. А има. Ако е толку сериозно, кажи им на твоите. На двајцата или прво на оној со кој си поблиска, без разлика мајка ти или татко ти. Јас како мајка можам да ти кажам да очекуваш и твоите да те „подберат“ малку. Јас би и се налутила на ќерка ми, ама не заради врската, туку затоа што трпела малтретирање, а немала доверба во мене да побара помош. Ама искрено, подобро твоите да ти се подналутат, отколку тој манијак да те малтретира и да те има под нозе (и буквално и фигуративно). Него покажи му заби! Не му молчи, не гледај во земја, ама не се карај. Мирно, најладно што можеш откачувај го. Ако те бара на телефон- игнорирај. Не го гледај ако го сретнеш некаде. Ако ти пријде, не покажувај страв-тој се храни со твојот страв од него. Колку повеќе гледа дека се плашиш, повеќе сила добива. Не му се правдај, не му објаснувај. И немој да мислиш дека неговата опсесија значи љубов! Никако! Тоа е опсесивно однесување на болен човек, а не израз на љубов.
Девојки не можам повеќе...Пробав да ги послушам вашите совети затоа почнувам веќе ненормално да се плашам од него... Секој ден ми ѕвони и кога му одбивам ѕвони на домашниот зашто знае дека сум сама дома од 1 до 5... Денес ми се јавува на домашен и ми вика дека не сум смеела од дома да мрднам,ќе ме убиел,ќе ме избодел.Му реков дека ако уште еднаш ми се закани ќе го снимам или ќе го пуштам на звучник за татко ми да чуе и дека ќе го пријавам во полиција...Ми вика сум имала лажен фејсбук каде што сум го изневерувала па сега сум го деактивирала.Јас му исклучив,се јавив кај сестра му и таа ми рече дека куче што лае не каса,дека нема шанси да направи ништо против мене,дека ќе го каже на татко му веднаш штом си дојде од факултет во петок. Манијак невиден...Ми вика во 5 да излезеш пред зграда па да видиш ти што е тепање,ваква си таква си...На фејсбук на ѕид ќе напишел што се ми правел,за сите да виделе.Моментално татко ми беше дома па му реков дека уште еднаш ми се закани ќе пуштам звучник за да чуе татко ми и тој ми вика дај ми го татко ти да му кажам како те е*ев па да видиш ти го*но ниедно растурено,користољубиво...Не сакам татко ми така да дознае,не знам на кој веќе да кажам...Братучеди поголеми немам,во никој немам комплетна доверба,ниту пак другари,заради него се` изгубив... Со мајка ми не сум толку блиска...Не знам што да правам со овој психопат веќе!!!
Девојче, ама зошто не зборуваш со твоите за ова? Јас навистина не те разбирам. Кажи му на татко ти. Па ако ти каже некој нареден пат, дека ќе му обелоденел нешто за вас да видиме тато твој што ќе му каже. Како прво, типов не верувам дека ќе се осмели нешто да каже. Како второ, ќе видиш тато твој како ќе го спука и што ќе направи во одбрана на својата ќерка И ти уште и на фејсбук го имаш и не си го блокирала до сега?! Имаш можност да блокираш билокој нешто да ти пишува на ѕид, не само него. Крај краева, деактивирај го профилот на некое време, ако ти е до фејсбукот. Немам зборови. Како не можеш да се налутиш не ми е јасно? Солзи нема да те спасат верувај. Значи во билокој момент од животот мој, кога ми била нанесена неправда, не ме спасиле солзи и цмиздрење. Ме спасила лутината. Самоувереното настапување. You gotta fight for your rights! Ме разбираш Абре да сум на твое место до сега вампирски заби ќе пуштев! Со вакви луѓе само тоа помага. Каква култура, какви бакрачи. Со ваквите се стеснуваат границите на културното настапување.
Девојче, очигледно е дека си многу млада и дека оваа ситуација е премногу за тебе, впрочем за сите би била меѓутоа тука имаш многу убави совети и најпаметно што можеш да направиш е да ги послушаш девојките од тука... Кажи им на твоите, тоа е првенствено што мораш да го направиш, зошто најголема помош можеш да добиеш од нив. Снимај го, ако продолжи да те малтретира веднаш до го пријавиш во полиција и воопшто да не му се плашиш зошто под тој манијак и психопат се крие една обична кукавица. Среќно и извести не што си направила.
Епа штом е толку јак, збори со твоите, навистина снимај го и трк во полиција.Па да го видиме тогаш колку е силен.Бог да чува.
ама девојко ти во целост не ги послуша нашите совети кога детето воопшто не се разбира од ништо до сега кажиму на твоите дома зошто да не дознат зошто да не дознај таткоти?таткоти каков и да е човек верувај дека секогаш би те штител и би стоел позади тебе ако ти не му ги кажуваш проблемите дома на твоето семејство и заедно да ги решите на кого ќе му ги кажеш и кој во животот ќе ти помогне незнам зошто вака размислуваш како ќе ги решаваш понатаму другите проблеми во животот со затворање дома со плашење со криење тка неможе и самата знаеш ако не сакаш да му кажеш на таткоти кажиму на мајкати на твојата сестра спомна дека имаш бидете сложни заедно решете го проблемот или кашиму на твои брачеди ајде верувам дека имаш некој близок кој ќе сака да ти помогни и ти не покажувај страв пред тој психопатот кажиму 2 3 муабети викни покажи став ако не се разбира пак од ништо абе девојче земај некој под рака и право во полиција па што се плашиш и ти толку оди пријавиго си има надлежни луѓе да се расправаат со него ќе му појдат дома па ќе го видиме колкав маж е тој луглото кога ќе ја види полицијата и на кој цид на фб ќе пиши тој лиглото а и неговото семејство да се застрами како го воспитале алав да му е ајде превземи нешто не се треси и кријај само мораш да бидеш храбра
А да те прашам зошто дигаш телефон кога знаеш дека звони тој? Очигледно е дека тој се наоѓа во безизлезна ситуација кога гледа да те губи не веројатно е премногу голем фраер за да те моли, или со убаво да се потруди да те врати па вака се обидува да манипулира со тебе. Па што ако каже дека сте биле интимни, па ти со него си била 2 години и си го сакала и на никој нема да му е чудно тоа што си била интимна со него, туку тој ќе покаже на сите колку голем глупак е ако почне да труби насекаде. Ако веќе си решена дека не сакаш ништо со него смени си го бројот и крај. Нема ништо да ти направи.
Не ми е јасно, спомна дека типот е на факултет, значи го нема во градот, па како ќе зборува тогаш за вашата интима? И додека тој е на студии и си ужива, си зема за право на тебе да ти кажува да не излегуваш од дома?? Бог да чува Мене ова ми личи на трол, но во случај да не е: НЕ СЕ ИНАЕТИ, КАЖИ МУ НА ТАТКО ТИ!! Кажи му и дека си била интимна со него, не е срамота, а не си ни мала за тоа. Кажи му се како ти се заканува. На татко ти нема ни да му биде гајле дали си била интимна со него или не. Побитно му е да си ја заштити ќерката и ќе преземе се што е најдобро да те заштити. Не знам што си запнала со тоа да не дознаат твоите дека си била интимна, па фала богу ни тебе штркот не те донел. Преземај акции и послушај ги советите на сите тука. Нападот е најдобра одбрана! Edit: И стварно, зошто му креваш на телефон, кога знаеш дека се јавува он?? Што добиваш со тоа што ќе му кренеш? Ништо, само повеќе нервози и страв. Извини на изразот, ама стварно си наивна... море не, глупава.
леле фален стар 12 јас навистина тебе не те свакам да сум на твое место леле леле .... што ке правев можеби оти веке имам искуство со такви психопати БИДИ ХРАБРА, БИДИ ОДЛУЧНА,ДЕЈСТВУВАЈ ПОТХИТНО!!!!! јас да сум сега на твое место ке касав навистина ти велам ПОКАЖИ ЗАБИ ке видиш дека нема веке да те вознемирува блокирај го на ф.б. смени си го бројот, а на фиксен не му одговарај бе исклучи го ОДИ ВО ПОЛИЦИЈА И ПРИЈАВИ ГО!!!! НЕ ДОЗВОЛУВАЈ ДА БИДЕШ ЖРТВА НА НАСИЛСТВО!!!! патем колку години има дечко ти ако не е тајна?
Зошто воопшто му креваш на телефон???? Зосто не смениш број на мобилен???? А и на крај краеви зошто вистински не го снимиш и да одиш да го пријавиш???
Стварно не сфаќам што чекаш??? Идиотот гледа дека се плашиш од него и уште толку се сили.Кога ти кажал дај ми го татко ти за да му кажел тоа што планирал... си требала да му го дадеш,од страв ќе спуштеше.Не треба да се плашиш од него он е ретардирана будала што нема попаметна работа.Уште да седиш дома ради него? Не ти е татко нити пак мајка за да ти наредува Ајде реагирај некако....толку совети а ни еден да не употребиш Ајде ојачај се малце
не знам досега зш не си го сменила бројот од мобилниот.. обавезно треба да им кажеш на родителите, вакви сериозни работи не треба да се кријат од најблиските... а можеш слободно да го пријавиш во полиција, со полициски налог од компанијата од која го користиш мобилниот може да се добијат сите разговори и сите пораки што тој ти ги има пратено..
Свесна си дека ова ги преминува сите можни граници... Се согалсувам со сите постови, но најмногу со тоа што ТВОИТЕ МОРА ЗА ОВА ДА ЗНААТ, зарем тоа што не си многу блиска со мајка ти не и дава за право да знае што се случува со нејзината ќерка? Зарем не би те заштитила? Кога не би знаеле тие и кога немаш некој друг како можеш сама да се извлечеш од оваа ситуација? Не те осудувам во никој случај, само сакам да ти укажам во фактот дека иако немаш доверба во никој твоите со сигурност ќе те заштитат. Биди храбра, зарем не станува збор за тебе..? Има ли некој право така строго да те контролира? Тоа си ти, верувај во себе, биди истрајна во тоа. Нема никој право да го контролира твојот живот а најмалку некој психопат. ЗНачи мора да превземеш нешто, а не само да му креваш слушалка и да слушаш грозни работи.. Соочи се со тоа и погледни ја вистината во очи, крени си ја својата самодоверба и цени го тоа што го имаш..
Прво и најосновно тој нема да им каже на твоите дека сте биле интимни. Тоа го вели само за да те заплаши. Замисли само доаѓа и му вика на татко ти: Хеј ја е*ев ќерка ти. И во моментот нормално е татко ти да му ја учука една бидејќи ќе дејствува импулсивно. Второ, сигурно твоите ќе покажат разбирање во случај да дознаат (од него не ми се верува) затоа што не сте биле малку време заедно и многу нормално е дека ќе имаш односи, сигурно не се чуваш за прва брачна ноќ. Трето, под итно да одиш да го пријавиш! Јас ќе ти кажам другарка ми како помина со таков психопат. Сакаше да крие девојчето од нејзините, пошто волот и должеше пари, а таа нејќеше да дознаат нејзините а овој несакаше да и ги врати иако раскинаа. Другарка ми се плашеше да признае дома пошто нели, долга врска... Кога пукна знаеш што се деси?! Ја начукал зад зграда и ја трескал главата од земја, ја помодрел, а предходно ја подлажал да дојде кај него демек парите да и ги врати. Знаеш што се десило таму?! Обид за силување. Другарка ми сакала - нејќела фино лепо го пријави во полиција пошто и беше страв да излегува од дома да не ја начека и натепа. Од тогаш не и се приближи повеќе ниту пак писна збор за неа. Друг пример сум јас. Исто еден бивши ми се закануваше дека дома на моите се ќе им изнакажел за мене и не смеев да писнам против ниеден негов збор. Морав да се согласам и да не мислам така, затоа што веднаш ми се закануваше. Што се случи? - Раскинавме, а пред да пукне ги подготвив моите дека овој не е со сите и дека свашта може да треска од што е болен и психопат. Многу нормално дека мене ми поверуваа. Тој се јави кај моите, арно ама јас веќе ги имав спремено и џабе му беше. После тоа цинички преку телефон му се изнасмеав. Колку да знае дека нема зезање со мене. Наравоучение! Со такви психопати нема играње, пошто ќе го јадеш дебелиот крај на којзнае каков грозоморен начин. Па ти сега бирај, дали ќе го пријавиш и живееш мирно, или нема да го пријавиш а ќе живееш под стрес и страв да не те начека и натепа некаде. Во таков случај има сведоци, може да го тужи и да и плаќа оштета.
навистинља не ја сваќам твојата ситуација. во ред има идиоти и се шокирав од ова што ти го прави. но зошто толку страв, зар ти немаш родители кој би застанале до тебе. ех не си ни свесна што се може да направи еден родител за своето дете. море ќе го задават со голи раце. само ти фали храброст да ги седнеш и тоа двајцата да си ја преголташ гордоста и да се поклонеш и почнеш. се од а-ш нека дознаат твојте родители и кавгите и заканите па и до тоа дека имате односи заедно. ништо страшно само можат да те заштитат твојте да разговараат следен пат кога ќе ти звони со него. проблемот ќе биде решен, ако стварно до толку е чуки ќе ти обезбедат и полициска заштита да не смее толку и толку км. да ти се доближи. а впрочен не разбирам одкаде знае дека ти си излезена што му креваш кога си излезена на мобилен што воопште му даваш рапорт кога не сте заедно... ајде главата горе и подржката од домашните ќе те извади од калта и памет друг пат со кога и како идеш. понекогаш кога ќе ти кажат не е за тебе не удирај со глава во ѕид
Падната ѕвездо, за да можеш да блеснеш со сиот твој сјај како порано,... прво исправи се! :up: Потполно, најпотполно те сфаќам во која ситуација си,... и јас преживував со еден таков заради кој уште имам трауми и голема недоверба во машкиот род... заради него станав пребирлива, пребирлива,.. ама подобро сама отколку во таква неквалитетна и психички штетна врска... моја најголема грешка е ШТО НЕ ИМ КАЖАВ НА МОИТЕ.... мислев дека можам сама да се справам со него,... на крај краева, и се справив.... ама се ќе беше полесно ако имав некој зад мене... Како го баталив глупакот ?! како прво, мораш да сфатиш дека ТИ си своја личност, со свои права, свои интереси и свои ставови! НИКОЈ, ама баш НИКОЈ на овој свет нема право да ти кажува ШТО да правиш, КОГА да правиш, со КОГО да правиш и КАКО да правиш.... ти одлучуваш за себе, а некојси идиот, кој се кладам... е прилично неписмен и нема прочитано барем една книга ( мојот беше таков случај,... зошто јас толку образована, описменета, на многу повисоко ниво на интелект од неговото,... да дозволам да се однесува со мене ?? па имам и јас своја глава на крај краева ) Се надевам оти разбра, дека не е важно што ќе рече ТОЈ,... што ќе направи тој.... ВАЖНА СИ ТИ и НИКОЈ друг! биди себична, биди егоист, биди кучка.... само така ќе успееш во своите намери... Второ, ИГНОРИРАЈ го.... мојот никаквец стигна до степен да ме следи каде и да одам.... се криеше во грмушки и чекаше да ме фати со некој друг... ( не знам што чекаше, со ниедно нешто не му дадов повод за такво нешто ) арно ама, додека типот ме чекаше по грмушки, јас му направив едно БУ! Тој очекуваше дека јас ќе плачам ( а плачев година и пол ), ќе го молам да се смириме... па прво ми праќаше пораки, од најдолното подоле ме симнуваше, па ваква си наква си.... ама јас го ИГНОРИРАВ... потоа почна да ми плаче на телефон, јас само ќе се јавев и слушалката отворена.. он си плаче... на крај, сфати дека нема шанси и се откажа.... ми праќаше потоа застрашувачки пораки,... ама јас го игнорирав... по месец - два,... комплетно престана и се откажа! Јас те разбирам дека нема да постапиш вака додека ТИ самата не се одлучиш... ти знаеш дека не треба така, дека тој е лош... ама не знаеш како би живеела без него.... драга моја, јас сум му благодарна нему затоа што ако не беше тој, јас немаше да бидам тоа што сум - СИЛНА и САМОУВЕРЕНА девојка... која ги знае своите КВАЛИТЕТИ... верувај, и ти ќе бидеш ваква.... само смогни ја таа сила и храброст.... Можеби испишав доооооооооооолг пост, ама се зависи од самата тебе.... не мораш да не послушаш,... ама те молам прекини додека не е предоцна....
Ova jas bi go narekla seriozen problem,moj sovet ignoriraj go,pobaraj pomos prvin od tvoite roditeli a ako ima potreba i od nadlezni organi, a neka zboruva sto saka utre nekoj drug ke te pocituva poradi toa sto si ti smata a ne poradi nekoi muabeti od bolen i nepresmetliv covek Ti posakuvam se najubavo [mod-kirilica:27ym97f3][/mod-kirilica:27ym97f3]