Девојко слушај сега што ке ти кажам... Ко за почеток љубомората е лоша болест,јас порано бев многу љубоморна на пријателот кој го сакав и ан секоја девојка која му пишуваше нему ама сфатив дека сето тоа е ебз причина и успеав да го откорнам тоа,и верувај лошо е кога си љубоморен а тоа не се контролора. Е сега претераната љубомора на него е крајно недозволена...бидејки иако ти е дечко нема право да командува со твојот живот.Најдобро разговарај со твоите родители и кажи им како стојат работите,кажи им се што се случувало во вашата врска,верувај дека тие би те советувале подобро отколку ние овде. Друга работа,зошто да не излегуваш бре?кој е тој да ти каже што да правиш со кого да излегуваш и со кого да се дружиш?па тој е мој живот и нема да дозволам некој да управува така со мене,и на крај и да каже па што?ако нема докази како што напомена некој претходно на темава не ти може ништо,не рекле за џабе куче што лае не каса.И да ти не живееш за другите и за тоа што ке кажат кога тој се ке каже,ти си живееш за себе. Те разбирам дека си уплашена,секој би бил да се наога во таква ситуација...Разговарај со твоите родители најбрзо колку што можеш да не дојде до полоша ситуациија без излез.
Боже мили... Па во какво општество живееме? Не си требала да продолжуваш со него уште коа си приметила дека има таков порблем... Но сега е касно да се збори за тоа што требало да направиш така да најубаво е да разговараш со твоите, а и полицијата е тука за заканите, па така да треба без страв да испадниш на улица бидејки само така ќе продолжиш понатаму и ќе можеш пред се на себе да си покажеш и докажеш дека си доволно силна и храбра персона, па на крај и на него... И најдобро би било и за двајцата да соопштиш на полицијата за неговите закани и за психичкото мачење...
Има многу вакви не само машки и девојки превише љубоморни и посесивни...ако ги насетите уште од старт откачете,тие не се мењаат тие се болни и треба да се лечат...импулсот на њубомора и посесивност кај нив е посилен од се,поилен од те сакам ,извини,нема повеќе...ќе се сменам,пошто најверојатно после неговиот -нејзииниот испад ова го слушате....баталете и љубов и се каква љубов гледајте животот да не го упропастите,дечко се наоѓа ,ама животот е еден... у случајот кога си ги познала знаците негови-со бришење броеви,фб,итн...не си смеела да допуштиш ад отиде предалеку,зар немаш свое јас? пушти го и шо сака нека збори а ако продужи трк во полиција неможеш да спречиш да збори и измислува приказни бар не во мал град-тоа е јасно,тој може си помислил дека на таква провокација -со изнесување на интимни детаљи ќе те погоди па ќе му се вратиш,у никој случај не потклекнувај збори со твоите,но на другарки не се доверувај превише седни со кој си поблиска од твоите и убаво кажи им,кој ќе те заштити ако не тие? GOOD LUCK
ЕПА не си ми јасна гледај да се спасиш а не шо ќе кажел на твоите за интимните односи речи дека лаже пошто е болен,ама ти уште го сакаш изгледа и ние џабе се трудиме да ти помогнеме ако ти самата не речеш доста и не одлучиш ТИ самата да си помогнеш нема врска дали си блиск или не со твоите-ваков проблем мора да им кажеш,,,девојче немој ад ти направи нешто ,те молам убаво размисли и збори со нив,се убаво објасни шо ти праел,сама ко што гледаш нема шанса да се справиш потребен ти е некој да те заштити сфати
пријави го во полиција. кажи на твоите. не пијат навта дека не си имала нешто со него а и да знаат не е страшно. Ова е болест неговото. А и сестра му за советот е за на лечење. Подалеку од него. А ако му го дадеш на татко ти верувај нема да има храброст да збори зашто тие се силат само на послаби. Кога ќе се соочат со појак од нив плашливци се. И кога пак ќе ти рече дека на сред кафич ќе те тепа речи му ајде бујрум те чекам. И викни другар или замоли некој од дечките во кафичот да се тука. Покажи му дека не ти може ништо. Будало девојче од страв од малограѓанштина што ќе зборела. Море нека се носат. Крени си глава и само храбро. А јас да сум идам одма во полиција. и советувај се што да направиш. Ако се плашиш да не те препознаат јави се на 192 и прачај за совет. За тоа се тука. САмо храбро и заборави го овој кошмар.
Низ истото поминуваше и една моја другарка,аман веќе од тие изроди!! Те молам пррестани да се малтретирас самата себе си. Со тоа што одолговлекуваш да го пријавиш и криеш од твоите родители, ти само уште повеќе му даваш за право на тој насилник уште да владее со тебе. Не чекај веќе кажи му на твоите одете во полиција така нема да си помогните само на самите себе туку и на сите во градот,оти после тебе сигурно ќе има некоја нова жртва. Наместо да се тресиш и се измачуваш криејќи за се ,ни еден совет на овој форум нема да ти користи, ако не бидиш похрабра и да си го собериш умот и да превземиш нешто и да си го вратиш ТВОЈОТ живот назад во спротивно и со идните дечковци ќе имаш слични проблеми ако не научиш на грешките и исто се поставиш кон него.Ова не љубов. Тој не те сака. Заборај го! Ти сигурно заслуваш подобар дечко, и време е да се отргниш од него и да си ги вратиш другарките. Ако не го напрајш тоа што е мпжно поскоро и не го ПРИЈАВИШ ИЛИ НЕ МУ КАЖИШ НА ТАТКО ТИ можеби еден ден многу да се каеш, да биде веќе доцна.Се може да се очекува од такви насилници и болни персони. И ако навистина толку го сакаш, најдобро е да ги превземиш горенаведените решенија и потоа да му биде пружен соодветен медицински третман на твојот насилени дечко. сепак имај секогаш на ум вистинскиот маж , без разлика дали ја ска жената или не НИКОГАШ АМА БАШ НИКОГАШ не крева рака на неа и не ја ограничува нејзината слобода. сетоа ова ти го кажувам најдобронамерно оти и мојата некогашна најверна другарка имаше многу поголеми проблеми од твоите баш заради тоа чекање. најискрено се надевам дека во набрзо време ќе превземиш нешто и ќе се реши твојот навистина голем проблем.
лелеееееееееееееееее психопатттттттт девојче многу многу многу мило што сте раскинале , нема повеќе да те малтретира , сега си СЛОБОДНА можеш да излегуваш кого сакаш и со кого сакаш , тој не е за тебе ќе си најдеш милион пати подобар дечко од него
Позната ситуација,само што типот и беше дечко на моја другарка.Врската им беше супер,се до моментот кога другаркава дозна дека ја варал и му раскина.Тогаш започна со заканувачки пораки во стилот: Ќе те чекам пред школо и ќе те тепам пред сите,кај и да те видам ќе те тепам и.т.н И другаркава се плашеше да не каже нешто што не треба,ама веќе кога си имаш работа со психопат...Кажа на нејзините и едно време не искачаше.После дечкото почна и пари да и бара,зошто виде дека му се плаши,се до моментот кога еден другар не го истепа Сеа кога ќе ја види несмее да ја погледне.Од секоја будала има поголема.Ако немаш ти некој кој може да те заштити,секогаш е тука полицијата у краен случај.Среќно
Добро јас не сфаќам или ти сакаш само сожалување овде? 100 совети ниеден не си послушала. Што сакаш повеќе??? Тој на татко ти тоа нема да го каже, нити ќе дојде пред цел кафич да те истепа. Не биди глупава. Сама си влегла у овој проблем кога си дозволила да те тера против своја волја да бришеш фејсбук, контакти и слично. И зашто по ѓаволите не смениш број?! Јас мислам дека тебе не ти смета толку како што цимолиш овде!! Да сакаше до сега психопатов више немаше да те замара. Не знам која ти е целта? Искрено стварно не знам. Јас него го сфаќам дека е болен, ама тебе не можам.
Да е болен болен е.... Да не немаш расчистено ти и со него и со себе немаш девојко Си добила 1001 совет а како што гледам само кукаш извини вака ама најкрива си ти што си дозволила да дојде до овој степен а не си ни за жалење штом си тераш стара приказна не би ме зачудило ни да прочитам дека сте се смириле знаеш и сама што треба да сториш јасно ко ден ама ..... Ти дале и преку доволно совети ама како да не ти се потребни чинам ?
За проблеми со тие болно љубоморните, решение е само што подалеку од нив, друга опција(позитивна )ми се чини дека нема, дајбоже да се лажам П.С. Луѓе дајте нека се смени насловот на темата зошто вака ептен преплашува, мислам "Дечко ми е болен" асоцира на нешто многу пострашно, подобро е да биде "Дечко ми е болно љубоморен"
П.С. Луѓе дајте нека се смени насловот на темата зошто вака ептен преплашува, мислам "Дечко ми е болен" асоцира на нешто многу пострашно, подобро е да биде "Дечко ми е болно љубоморен"[/quote] Се согласувам
се согласувам,прво што помислив е недај боже некоја неизлечлива болест мада и љубомората е тоа али сепак не е исто
Девојче немој да му се плашиш како што викаат куче што лае не каса.Една моја другарка раскина со дечкото и после тоа закани од него демек ја снимал кога биле интимни и ке ја показел на сите и свашта.Јас знаев дека ја лаже за само да ја врати назад и и казав како да постапи.му пиша дека ги чува пораките во кои се заканува и дека кажала се дома на нејзините и дека ке одат во полиција или пак нејзините ке разговараат со неговите.Дечкото се исплаши и призна дека нема ништо од тоа.Мене ми беше смешно сето тоа,ама овоа твоето е веке сериозно.Под итно да му се заканеш дека ке го пријавиш и дека си го кажала на твоите зашто така ја знае твојата слабост и нема да те остави на мира.Во право се девојките не ти може нисто се додека си со некој имаш сведоци.Др пат ако ти звони не се јавувај и не си прави повеке проблеми.Смени го бројот.Ама не покажувај слабост ако сакаш да успееш.позз
Добро бе дечки што толку го нападнавте девојчето,гледам и не можам да поверувам.Лесно ви е вам од столчето дома да пишувате совети,ај ставите се на нејзино место малку.Многу од вас што пишале овде не почувствувале на себе болна љубомора и затоа лесно им е да кажат не се плаши. Од кај знаете за колкав психопат се работи во случајот,не го знаете па да кажете дали ќе ја натепа или не.Се гледа дека и е страв на девојката. Верувам дека досега кажала дома,изгледа преконзервативни се нејзините и затоа и беше страв.Јас ја разбирам и сфаќам како и било и сигурно уште и е.
Девојко, чекај малце...да се консултираш со него???????? И чекај што ако дознаат , мислиш веќе не знаат. Биди убедена дека чим е таков тогаш и раскажувал. И види...сега е такво време во кое се знае дека и ако некој подолго се мува има секс а не па во врска. Едноставно, мораш да го пријавиш во полиција. Мораш и немаш избор. Кој е он за ти да не смееш од дома да излезеш. Јас една врска завршив со полиција. Среќе што ја бев само вербално малтретирана, освен последниот ден коа ме фати за раце и не ме пушташе да си одам, тогаш и се јавив во полиција. И верувај наидов на супер луѓе кои во моментот беа спремни да пратат екипа, земаа и адреса и се, само ова пи*ево се упрпа па се лигаве по телефон и мораше да ме пушти да си одам. Ако не се заштитиш сама никој нема. Ќе си кажеш се, за сите закани за се што ти направил, да да ќе кажеш дека се заканувал дека ќе раскаже и за интима..ама буквално за секој збор. И ако добиеш било каква порака од тој тип, закани пцовки ќе ги приложиш како доказ. И тоа да го напраиш уште утре. Пошто знам низ која тортура поминуваш. И чекаме да ни кажеш што било
Мој совет..немој да му покажуваш страв. Кој е он тебе да те тепа. Следен пат спротистави му се (мушки ) Со такви машки само оштро треба. Тие што глумат големи фраери, уствари се највечи лигуши. Како он со тебе, така и ти со него. Мислам дека прочитав погоре, си пишала неможеш да го заборавиш. Бред Пит да беше ( пошо сигурно не го сакаш од што има топ карактер), да се понаша вака, одма добива клоца у гз. Кој фактор ти е он у животот па да ти ја ограничува слободата. И обавезно на твоите да кажеш, они најголема подршка можат да ти пружат во ситуацијава. Ееееј колку се нервирам кога ќе слушнам за вакви случаи.....
Леле со каков психопат си имала работа само не му покажувај слабост и биди нон стоп во друштво а ако ти е срам да им кажеш на твоите , зборувај само со мајка ти таа сигурно ке те сфати и ќе ти помогне за овој проблем и никогаш не покажувај слабост пред машко зашто повеќе ќе те гази.
зар мислиш дека ќе му каже на татко ти?? Немој да бидеш наивна! Треба баш тогаш да му го дадеш татко ти на телефон... Тој знае дека ти се плашиш од тоа и никогаш нема да му дадеш да разговара со татко ти, затоа така вели. знаеш што ми велеше мене бившиот? “АЈде речи дека е крај!!! Ајде раскини да те видам!“ и јас нормално, ќе се исплашев и ќе премолчев. и последниот пат му реков “КРАЈ Е!“ И престанав да одговарам на неговите повици, да видиш како идеше на врата да плаче ама Оззи му ја трескаше вратата пред нос. Е нема така веќе слабост покажување, што послаба пред него, тој се појак ќе биде. Машките се кукавици, врати му уште посилно од него, нека дојде на сред кафуле викни го! па да видиме нека крене рака, да видиш како после ќе дреми во полициска. Немој молим те да размислуваш детски. Најмалку што треба да те загрижува се муабетите што може да ги раскаже.
Често се случува да ги помешаме чувствата во вакви околности,но сигурна сум дека ти не го сакаш него. Можеби ти е страв или едноставно си многу повредена. Единствено што може да ти помогне да си ја повратиш самодовербата и да заборавиш на тоа што се случило. Ти девојче си жртва на емотивен вампир, мораш да се ослободиш од него. ИТНО!