Ако е ова вистина, типов е скроз забеган. Мене би ме фатило и страв од овој најискрено. Побарај помош од некои блиски, раскажи им за ова и одкачи се под итно од него. Ситуацијава не е за зезање, тој штом би му направил нешто во знак на одмазда на твојот бивши значи дека нема да му биде проблем и тебе да ти направи и на било кој друг. Па и згора на се ти вели не се надевај на иднина, нема долго да сте живееле...Ноу комент!
Секакви психопати иам видено така да не ме чуди дека и приказнава со 17 лажни профили дека може да е вистина, а не тролање. Бегај со време, типов е психо, којзнае шо филмови го трипаат.
Мене ме интересира дали бившиот ќе се посомнева кога ќе види дека одеднаш го блокирале од фб и атрактивната плавуша, и планинарот од Белгија, и овчарот од Кавадаречко, и средношколката од Корчагин, и разведената милфица, и депресивниот тинејџер, и мигрантот во Струшко и уште други 10 профили Но мора да му симнеме капа за креативноста на дечкото... Е овој да си го чуваш лепотице.
Има две опции дефинитивно.. типот е сериозно психички болен и му треба ако не хоспитализација, терапија под итно и втората опција.. имаме тролче со пехар за најбујна фантазија евр на форумов.
Ако ова е вистина, наместо да прашуваш по форуми си требала да го откачиш манијакот. Не ми се верува какви работи прашувате...
Дури почнал да го слика дечко ти?! Тука е до заклучок дека нешто не е во ред се задлабочил нема контрола ова да се каже да психолог ќе каже дека е психо(без навреда ама тој самиот си го прави тоа).
Кај си го нашла Мене после ова би ми било страв да го сретнам, а не пак под ист покрив со него. Ако е ова вистина, бегај дури те држат нозе, чунки овој е апла за во институција. Правац Бардовци во "Весели Цветови" нека одмара. Што се нема да прочита човек.
Го црта ? Му прави портрети ? Извини ама овој не е нормален. И ти што чекаше до сега ? Требало да психијатар да го однесеш. Ако вака прави за бившиот твој, можам да замислам што ќе прави ако ти му раскинеш... Девојко бегај најдалеку што можеш, овој нема да те остави на мира.
Јас читајќи постов како да добив флешбек од некој зезнато добар психолошки трилер. Моооожда ќе поверував али сестро/брате ја оплеска со тоа причата за самоубиство. Трол е деЌки, да не се палиме многу и наместо да советувате, проверете му IP адреса на профилов, да не случајно има уште 16 други профили од истата на форумов. Заладе, досадно ви е знам...
Јас мислам дека некој си користи викенд-партија тролање дури не почнале испрашувањата за спуштање оценки на тромесечие. Ако е ова вистина (иако се сомневам), јас не знам што чекала девојката досега и зошто не го оставила. Со таков психопат не се живее. И да се заканува, па дури и да замара со жалопојки или уцени, постои полиција. Или да му стегне некоја тужба, па чао-пријатно.
Не верувам дека девојка од 25 години би била со ваков во уште пораздлабочено сценарио. И не верувам дека исказот е веродостоен, премногу е површно.
После приказнава страв да ти биде дечко да фатиш и да се опуштиш. Девојко јас да сум на твое место мењам скроз идентитет и на мене и на моите (ако ги познава) и бегам најдалеку што можам.