Не ми се верува до каде отиде светот. па уште и прашуваш за одговор.Зарем треба уште и да размислуваш за оваа ситуација. извини ама не ми доликуваш на 25 годишна зрела девојка
Не мислам дека е трол девојкава, постојат секакви лудаци по светов така да се може да се очекува. И од машки и од женски. Само што маживе во последно време малце повеќе забегаа од што треба. Јас не би живеела со овој човек-нечовек ни секунда! Пакувај парталите и бегај! Или ако е твој станот мењај брава. Документирај се што има пишувано, копирај и прати му ги на бившиот нека очекува нешто од зад грб во секое време. И под најитно раскинувај со дечково, ако ти прави проблеми (а ќе ти прави) пријави во полиција постојано биди со некој од твоите. Не ми се верува, маж од 30 години со вакви работи да се занимава. Да не знаеш на каков ќе накапеш, Боже ми опрости.
Психопат! Мислам дека и тебе нема да те остава на мир а и може да ти се заканува.. Како што преценив таков е, злобен..Нешто повеќе од љубомораима во него, полн со злоба и гнев А згора на се велиш возрасен бил , а се понаша како 10годишно дете. Има тука нешто, тој не е нешто добар со психата
Во целата приказна мене нелогично ми е (што ме наведува дека девојкава само трола) како нејзиниот бивши не се посомневал во профилите па дури и реферати си пишувале.
Девојче дечково твој ко геј ми делува , само не сака да си признае абе што има он да се замара со бившите мој јас не се замарам , он ќе се замара уште ова немав прочитано Целава работа ми е сомнителна некој лаже овде
А што ако дечкото дознал дека пишала овде, па сега ја чува во подрум заврзана? Може треба да реагираме и да ја известиме полицијата.
Јас можам да кажам само тоа дека доколку мојата девојка имала бивши дечко, јас по секоја цена ќе сакам да разговарам со него. Убаво е да се слушне другата страна со кој бил човекот порано со кој сте сега вие. Ни машките сме заинтересирани да разговараме со бившиот на нашата моментална врска. Секогаш може нешто да се дознае дали позитивно или негативно за човекот со кој сте моментално во врска. Позади секоја неуспешна врска постои некој кривец. Убаво е да се слушне од двете страни.
Боже Господе, какво детско размислување. Ај јас со твојата бивша да разговарам зашто си и раскинал и кои се твоите негативни страни, абе кафе има да испијам и да се утепаме од оговарање. Чак и да ми раскаже детали за вашите интимни средби во кревет. Богами од ваков веднаш би бегала.
И што ако бившиот нејзин бил кретен па го откачила и од инает ти изнакаже триста глупости и лаги за девојката? Ќе и раскинеш? Да дознаам мој дечко дека дискутирал со бившиот за мене, нема веќе очи да ми види оти ќе помислам дека е забеган и не би имало смисол да бидам со некој таков ... Јас мислам сите вие кое делите слично размислување да си барате некое неискусно девојче на кое ќе и бидете прв па да нема потреба да си ја мачите душата со нејзиното минато. Мислам дека полесна опција е ова отоколку да правите потера по бившите и да договарате средби со нив...
Најубаво е да не се знае за бившата врска, но доколку машкото е во можност да го запознае бившиот на сегашната му девојка , тој радо би сакал да поразговара со него. Ти како поедниец тоа не го оправдуваш, но посекако не би дознала дали дечко ти разговарал со твојот бивши.
Доколку бившиот изнакажува триста глупости за неговата бивша, повеќе од очигледно е зошто и кој има раскинато на кого. Само еден разговор помеѓу две машки за некоја девојка, златни врати отвара.
Не верувам дека некој радо би сакал да поразговара со бившиот на девојката, затоа што нема апсолутно никаква потреба. Тоа е можеби твое мислење, ама неможеш да тврдиш дека секој би. И секако дека не е за оправдување. Ваљда си доволно способен да процениш каква девојка имаш покрај себе, така да не гледам причина да се распрашуваш.. Јас да ти сум девојка, и да дознаам дека си го барал бившиот за ТОЈ да ти каже каква сум, под итно има да ти раскинам
А што доколку бившиот ме побара мене во врска со тебе, да му кажам дека сум недостапен? Јас сепак девојки, генерализирав. Машката љубопитност секогаш ќе ја има и ќе постои како и што било во предходната врска со девојка му. Не велам дека треба да се побара бившиот по секоја цена , туку велам дека сегашниот ваш дечко, нема да одбие разговор со вашиот бивш дечко.
Така е зборот за триста глупости де, доволно е да те убеди само во една единствена добро исфилувана лага со која ќе ти создаде сомнеж и ќе ти го расипе филмот. Самиот би требало да умееш да ги процениш девојките со кои почнуваш врска. А се зависи и од човекот, може некоја со бившиот да се однесувала многу лошо од некоја причина а со тебе да биде сосема поинаква.