Дечко ми има проблем...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од strumicanka21, 24 јануари 2010.

  1. strumicanka21

    strumicanka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    3
    Имам еден проблем, не е од сега од поодамна е ... сакам некој да ми даде совет, зошто некогаш стварно незнам што да правам и што да мислам ;( :| ;(
    Дечко ми (со кој идам 9 месеци) има проблеми со здравјето, поточно со желудникот. :| Често неможе да земе здив се гуши и ждрига, му се лоши и мора да одмара... има посетено многу лекари но никој не кажува што е проблемот ;(
    И... не сме излегувале незнам од кога по кафичи и дискотеки затоа што неможе да издржи во гужва , се гуши и му е лошо. Се гледаме така што јас идам кај него... седиме, јадеме, гледаме филм, тв... :|
    Не дека сум млада па сакам да излегувам и да се журкам... туку некогаш мислам на 100 глупости зошто не излегуваме ( иако знам дека има проблеми со здравјето, и заедно сме биле по лекари) незнам зошто се јавуваат такви мисли... некогаш се срамам од тоа што го мислам :oops: зошто знам дека ме сака и се би направил за мене... :(
    Но на сешто мислам... "Тој не сака да ме покажува во јавноста"... "Тој не сака ништо сериозно со мене, затоа сме само дома" иако знам дека не е така.... :| МОже некој совет, нешто??? Зошто стварно незнам како да ги победам овие мисли и се срамам од нив???
     
  2. Karma

    Karma Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    10
    Ama zosto ti se vrtat takvi misli koga i samata znaes deka ne e taka?? A i nemora celo vreme doma da sedite, mozete da otidete negde na prosetka za promena, na svez vozduh, nemora vo zatvorena ili zagusliva prostorija...
     
  3. Augustina

    Augustina Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    31
    Go spodeluvam ova milenje i moram da napomenam deka nie zenskite imame problem koi sto maskite go nemaat, premnogu ramilsuvame za odereni raboti koi sto voopsto nemaat vrska so realnosta, nie sami si gi izmilsuvame, a potoa rezirame celi filmovi vo glavite, a rezultat od toa e samo glavobolka koi samite si ja stvarame i toa najcesto bez potreba:)
     
  4. strumicanka21

    strumicanka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    3
    Ни јас незнам зошто мислам на сето тоа... и многу се нервирам :|
    А и кај ќе шеташ сега на ова студено време? :roll:
    Незнам...... :(
     
  5. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.694
    па ако времето е сончево и не дува ветар една денска прошетка супер ќе ви дојде. Шалот, капутот и надвор! :D :D
     
  6. LaRagazza

    LaRagazza Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    106
    Во кафичите веќе не е загушливо,заради законов.Земи го под рака еден ден и однеси го во кубански ресторан или кај сакаш на друго место.Кажи му ај ке те носам да пробаме некој специјалитет,не верувам дека ке те одбие :)
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.046
    Нека оди да си го испита желудникот да не има присуство на тн хелио бактерија.Друго,може да му е се од психичка природа и да е еден од начините за манифестација,не значи дека ако ти незабележуваш дека не пати од анксиозни-депресивни нарушувања кои ете и физички знаат да се манифестираат.
     
  8. strumicanka21

    strumicanka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    3
    Незнам стварно, го има испитано желудникот .. нема никаква бактерија само воздух премногу околу органите за варење... а јас се чуствувам ептен глупаво :roll:
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.046
    Тоа е од нервоза и напнатост,ма да хелио бактеријата тешко се открива и потребни се специфични испитувања,а му доаѓа нешто како хпв вирусот кој предизвикува рак на матката,само што оваа е бактерија,а не вирус.Може да предизвика не дај боже рак во желудник ако не се третира.
    А ти нема што глупаво да се осеќаш направи си муабет отворено,нема само по негови ноти и желби,ти личност си или не?
     
  10. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски
    значи целосно ист проблем само разликата што дечко ми е здрав но е уморен од работа така да постојано сме дома или кај него или кај мене исто значи јадеме, седиме, гледаме филм, ТВ и што е најлошо заспива од умора.Јас пред да бидам со него излегував нон стоп сега незнам што е проблемот неколку пати го имам отворено тоа прашање но залудно се вика дека ќе се поправи но оди на полошо истите прашања му ги имам поставено да не се срамиш од мене да не не сакаш во јавност да ме покажуваш одговорот е ако било така тој немало да се фати со мене и дека колку толку пак сме биле излезени а на прсти се брои тоа и тогаш кога ќе излеземе на почетокот одевме одвоено типот неможел да се навикни гушнати или за рака до тогаш со никоја женска не одел така општо се срамел не бил навикнат така но тоа го искоренивме полека па сега навикнат е но незнам што е причината не е само домашните да знаат дека се сакаме и места за состаноци да ни бидат домовите треба и да излегуваме и да шетаме ниеден другар негов нема женска ни па другарка моја дечко сами немало да не личи да излегуваме глупости ама јас сум очајна за ова решение неможам да најдам за да разговарам ве молам за совет :(
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    6.729
    Допаѓања:
    75.046
    Их а замисли еден ден се земете...па од дома нема да те изнесе...ќе готвиш,переш,ќе чуваш деца,освен што ќе одиш на работа и бел свет нема да видиш.
    И вакви работи се гледаат кога се заљубуваш...дал го бива ил не го бива,ако не те прави среќна,ондак она љубов и те сакам е само декларативно...не фала!
     
  12. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    550
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    90 посто сигурна сум дека е анксиозен и дека има проблем од психичка природа ,познавам еден баш таков случај дечкото е ок згоден фин комуникативен едноставно го мачи ваков тип на проблем пие антидепресиви избегнува гужва по секоја цена инаку е топ супер дечкото но ете си има мака.Е сега можеби наоѓаш и ти за кусо кога веќе гледаш дека има проблем но не се срами од тие мисли нормално е да се појават ,чинам сите сме помалку себични на овој или оној начин и таа мала доза на себичност твоите потреби ти ги предизвикала тие мисли.Ти најубаво си знаеш но мислам дека дечко ти има само проблем кој нема врска со тебе позз
     
  13. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    3.871
    како првин сама си свесна дека дечко ти има стварно здраствен проблем кој и не е така едноставен. ако вистински го сакаш тогаш мора да го прифатиш таков каков што е. треба да бидеш свесна и дека ако се земеш со него цел живот ќе треба да се бориш со тоа. срамота е да мислиш дека не те сака или не те покажува, а во принцип што сме ние девојките роба за продавање па да не покажуваат. ако сакате да си поминете убаво шетајте сами вие во природа, мислам и дека ќе му годи добро чист воздух
     
  14. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3.545
    Допаѓања:
    3.871
    искрено и јас го имав истиот проблем но треба да најдете заеднички јазик. еве јас како делумно но добро го решив проблемот. седнав и направив еден разговор со него и му кажав дека мене ми е мака по цел ден сум дома и кога ќе се видам со него пак сум дома, ќе му објасниш дека ти треба воздух, сакаш да прошеташ, па идите негде во близина сврете крикче околу населба, пијте кафе во најблискиот кафич, но никако не со зборовите ти не ме сакаш, и не ме покажуваш. тоа се чисти глупости. а пред се треба да му дадеш до знаење дека го разбираш дека е уморен од работа, треба и тоа да го почитуваш, меѓутоа и тој треба да те разбере дека ти треба малку шетање. во најлош случај гледајте се поретко а шеткај со другарките. искрено мојот ме разбра и сеа си шеткаме одвреме на време низ грат ама и кај другари. па срекно и на тебе
     
  15. milicka19

    milicka19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2010
    Пораки:
    396
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Женски

    дај боже и мене да ме разбере истата приказна се повторува повеќе пати ај и јас имав за учење дека сум студентка неможев да шетам ми рече заврши со учењето ќе шетаме завршив со тоа па абер нема навистина дома ми се здосади јас по цел ден сум дома и пак дома не сум мажена и врзана за домот а јас си шеткав колку толку ко бев слободна важно не седев дома а со другарките што ги имав не стојам баш најдобро онака само од пуста љубомора па и не се некој нај нај другарки само да можат да ти расипат во врска такви не ми требаат по други патчиња се тие некако многу се променија ама тоа е друга тема да не гњавам со тоа ќе пробам вака како што ми викаш па ќе видиме до каде ќе оди сето тоа се надевам ќе функционира или друго што ме нервира кога другарите ќе го викнат знае дека не сакам со нив да одиме и после ќе ми префрла тие многу ми згрешија во врска со него и јас неможам да ги сакам и да бидам на иста маса со нив и незнам до кога вака фала за советот се надевам на подобро ќе се смени нешто