Дечко ми многу напнува

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од srcuff, 28 февруари 2011.

  1. srcuff

    srcuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    Мене ми е јасно дека во секоја врска треба да се има љубов, почит, доверва, разбирање, компромис и ред други работи што врската ја прават потполна.Проблемот е што мојава врска дечко ми со тоа претерува...ми вели дека премногу ме сака,дека премногу се грижи за мене, дека е спремен за мене да направи се и дека сака целото свое време да го поминува со мене...доколку не бидам со него...цитирам: ,,зашто отиде со другарките, не со мене, тие повеќе ти значат од мене'' или пак ,,зашто тогаш отиде со братучетка ти, ти повеќе сакаш времето да го поминуваш со неа, него ли со мене'' ...''како тоа со другарките ќе искачаш, сакам вечерва да сме заедно,, и слични вакви испади кои ме вадат од такт...поради тоа јас сум приморана да се оддалечам од нив и целото свое време да му го посветам нему...исто премногу се грижи за мене да не ми се деси нешто, или ако некаде отидам без него треба да му дадам детален извештај, а ако испуштам нешто ,а он оптосле дознае избива страшна караница зашто тоа не сум му го кажала...јас мислам дека нема потреба за тие караници...и откако ќе ги смириме работите му кажувам дека не е убаво тоа што го прави и дека претерува во неговата грижа, а тој ми вели дека тоа е од љубов...дека се чувствувал премногу заштитнички кон мене и дека тоа е така зашто премногу ме сака...јас искрено мислам во некоиситуации дека се понаша детски...како да му го докажам тоа? совет?
     
    На hristina321 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    291
    речи му дека и ти него го сакаш па пак му даваш да дише и немој да дозволиш да те одели од другарки роднини колку и да те сака и го сакаш не му дозволуви тоа...седни фино лепо со него и после на мирен начин разговарај кажи му дека имаш потреба да бидеш и со другарки-женски муабети дека не сакаш да се карате за глупости ако не те разбере на фин начин онда кази му дека те гуши
     
    На ki-ki-ch-ka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.507
    Колку години има дечко ти или е тајна?
    Ако е некаде приближно на твоја возраст си има некои детски бубачки - осамен ли е, па се држи за тебе како слеп за стап, нема ли толку другари, не се интересира за типично машки работи - фудбал, баскет, PS?
    Тука се наѕираат некои никулци на болна љубомора и опседнатост, ама пак ќе кажам, ако е колку тебе некаде, една добра воспитна и некоја клоца има да го превоспитаат преку ноќ.

    Е сега, ако е некое закоравено ергенче, на кое му гори под г'з да се жени (а има такви примерни домаќинчиња и тоа многу), тогаш спасот ќе дојде малку потешко.

    Ако продолжиш да му го дозволуваш ова, сметај дека - сега си наполу изгубена, а по некоја година сосем ќе те снема.
    Ќе немаш сопствен идентитет и свое јас
    јас - ќе стане НИЕ, ние бевме ваму, нам ни се свиѓа ова, ние го гледавме овој филм, ние ја мразиме оваа песна...

    Така започнува процесот инаку, со многу внимание, Љубов, нежност,
    ама јас те сакам само за себе
    нели сум ти побитен од другарките
    каде без мене
    зошто ми прати порака за добра ноќ со пет, наместо со три ѕвездички...

    а продолжува со
    таа сукња ти е многу кратка
    каде ма со тоа деколте
    ти мори нормална ли си - на свадба кај братучетка ти без мене???

    Трес, шлап, шлап!
    (не претерувам, ако е вистински таков - ќе падне некое шамарче и тоа како... од Љубов де)
    Ама душо, тоа дека прееееемногу те љубам...
    |( |( |(
    тра ла ла

    Не наседнувај на такви финти.
    Тебе сега ти ласка што некој наводно ја бакнува земјата по која газиш и додека твоите другарки не можат да си најдат простоен мувач, ти на твоите години имаш вистински пасиониран дечко, ама ќе се покаеш.

    Нема компромис, кажи му ЈАСНО И ГЛАСНО дека во твојот живот си ги сакаш сите - и роднините и другарките и другарите и рандом луѓе кои ги знаеш пет минутки само, па ако ти прдне да пиеш кафе со нив - нема да бараш ничија дозвола.
    Дај му го тоа на знаење и почекај што ќе се случи, т.е. дали ќе има промена.

    Во спротивно , мавни за збогум, имаш само 18 години, и најди си некој кој ќе те цени тебе и твојата слобода.
     
    На eminik, ask, mari-mari и 30 други им се допаѓа ова.
  4. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.819
    Допаѓања:
    1.667
    A и тој ли го минува времето само со тебе?нема друштво не оди по кладилници,на кафе ко сите младичи?значи тој моѓе а ти не :^)
    убав совет ти даде трендафилка да не се повторуваме,навистина така одат тие работи и јас одамна имав таков дечко и малку фалеше да ме удри,се тргнав, зошто му соопштив дека нова год ќе чекам со другарките а не со него :fubar:
    тој ме праша-јас или другарките-реков другрките ,и заврши таа драма фала му на господа.сега сум среќна со човекот на мојот живот :inlove:
    не велам другарките да се на прво место,пошто се знае денес другарството какво лицемерие е,ама ако не се забавувас и дружиш сега-кажи ми кога?
    затоа уживај и напрј го најдоброто за тебе :)
     
    На ki-ki-ch-ka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.753
    Допаѓања:
    63.440
    Пол:
    Женски
    Не знам колку време сте во врска, ама колку и да сте не ти треба. На твои години имав еден таков, со кој се влечев речиси две години и ми го зезна цел живот, среќа се одалечив од него. Може другарството не е тоа што некогаш било ама на тие години и те како ти е потребно друштво. Не дозволувај да те одалечи од луѓето, затоа што утре ден ќе созрееш и ќе сфатиш дека не сакаш да си со него, аќе немаш никој друг. Ако те сака ќе те сфати дека не е само тој.
     
  6. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.850
    Младоста е една девојко, ќе сакаш некогаш со другарки да се журкаш и лудо да си поминуваш ама сите ќе го имаат изживеано тоа на овие години и нема да се слободни. Тие ќе се замараат со тоа што сега ти се замараш. Има време кога на некој ќе му полагаш сметки и помалку од тоа што сега го правиш. Мислам во ред е некој да ме сака ама да ја има целата контрола врз мене фала ама НЕ! Колку и да го сакам животот така нема да ми го упропасти. Дај си малку слобода и покажи карактер. Тогаш тој ќе си го покаже своето право лице. Тогаш ќе знаеш што да правиш.
     
  7. macetoo

    macetoo Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    6
    predhornite devojki dobro ti kazaa se slozuvam so niv imas ti ljuboven zivot i toa e vremto koga si so nego no imas drugarki luge so koi ke mozes da izlezes bilo kade bilo koga nekad im trebas ti NA SAMO nekad oni na tebe ne se izolirtuvaj od drugarkite bidi samo svoja a mislam deka tipov e premn ljubomoren ne e toa ja te sakam mnnn tuku ljubomora samo sto neznae kako da si ja opise -devojce ili bidi so deckovo na nacin koj ke te pravi srekna i SVOJA ili ne vredi da se zalazuvas so nekoja ljubov kolku idete? ako e mal periodot ..... neznam dalie bas ljubov moj sovet ne zivej zivot samo so nego tuku zivot za koj utre nema da se kaes sto ne si go proziveala ;)
    [mod-kirilica:1mqfuhva][/mod-kirilica:1mqfuhva]
     
  8. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.154
    Допаѓања:
    4.923
    мислам дека дечко ти е љубоморен. па алооо отчет не сум давала на татко ми каде одам а не пак на некој дечко. секогаш треба да гледаш да имаш живот и надвор од врската, предсе мислам дека треба да му дадеш до знаење дека дечко е дечко, другарка е другарка, роднини се роднини. едно со друго не се мешаат а ти треба како здрава и интелегентна особа да бидеш на сите места. така да мој совет разговарај со него и кажи му или ќе ги разбере и разграничи тие работи или нема да си со него. Сметам дека за да се покаже љубовта спрема некој има поубав начин од проверување и давање отчет.
     
  9. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Многу пати имам пишувано по сличниве теми за мојата врска меѓутоа ке кажам и тука. И јас имав ваков дечко одевме мн долго и ги трпев сите негови испади и понижувања зошто се плашев дека ке останам сама. И тој не ми даваше да одам кај другарки, постепено дури и најдобрата другарка се одалечи од мене, луѓето ме гледаа со други очи, ме гледаа впрочем ко неговата глупачка. Изгубив идентитет станав нешто што не сум, а од секогаш важев за весела личност. Заради негова вина а најмногу заради своја, зошто го трпев ја изгубив цела ведрина и позитивна енергија. Ме исцрпуваше. Станав толку осамена, бевме само јас и тој и полека полека почна да ми се гади од него. Сега неможам да го смислам. Не сакам да го видам. Одма после нашето раскинување си продужив ко ништо да не било, ко да не бил никогаш и му одбивам на секоја глупост негова, упорен е и мисли дека има право на мене. Болен идиот. Како и да е, муабетот ми беше дека додека ти го читав постот најдов мн сличности во обвинувањата и обид да ти направи грижа на совест како кај мојот бивши... Таквите ко нив нема да се подобрат, напротив ке бидат се полоши. Најдобро што можеш да направиш за себе е да го откачиш зошто ваквите говеда најчесто знаат да имаат и насилни испади (верувај ми знам..!)
     
    На Johny му/ѝ се допаѓа ова.
  10. srcuff

    srcuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    4
    со постов буквално ми ја раскажа сторијата со мене и дечкото...
    и јас исто важев за позитивна и ведра личност, а со него и неговите испади ги изгубив сите ведри и позитивни доблести кои ги поседував...ако му раскинам страв ми е дека ќе останам сама бидејки од сите сум оддалечена баш од сите поради негова а највеќе и поради моја вина што го слушав...се надевав дека ќе се подобри и му го укажував тоа од ден на ден, но ко што напомена таквите ко нив нема да се подобрат, напротив ке бидат се полоши, ни јас кај него не гледам одредено подобрување...Фала ти на советот очигледно многу добро ме разбра
     
    На k.i.t.t.y му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Astrid

    Astrid Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    23
    Ако си со него само поради страв дека ќе останеш сама, нема каде да одиш и со кој да се дружиш, веднаш да му раскинеш! Како поминува времето сè повеќе се оддалечуваш од твоите другарки, а тој не се менува, твоите чувства се оладуваат...се гледа накај кај оди ова. :fubar: Ако си била позитивна личност, што ќе те спречи повторно да бидеш таква! Секогаш ќе има некој околу тебе, нема да останеш сама.. :!:
    Зошто поради незаслужена грижа на совеста да се измачуваш? Многу те сакал, не сакал да се гледаш со другарките.. Да, за тоа е, како да не :tmi:

    А ако многу го сакаш, разговарај со него. Ти сама ќе си видиш дали ќе има резултат од разговорот.
     
  12. Tashaa

    Tashaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    36
    се почесто слушам вакви приказни а мислев дека сум една од ретките на која и се случило токму ова..иако не сум таков карактер да подпаѓам под туѓо влијание сепак го направив тоа..несвесно..и исто се чувствував осамена бидејќи почнав да ги губам луѓето што највеќе ми значат заради некој што на крај испадна дека не вредел воопшто :puke: така да според мене прави муабет со дечкото и пробај да му го смениш тоа лошо однесување за да прекине со такви коментари и забрани ..а доколку не успееш стави и крај на врскава бидејќи не води никаде :|
     
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.685
    Допаѓања:
    103.066
    Со вакви дечковци,не напињање...џигерот ќе ти пукне.
    Овде решението ви е во два чекори.
    Собирање храброст,ама секундарно,па фино,лепо раскинување,после уживајте ги плодовите на слободата,а пријателите ако се потрудите и извините затоа што дефакто сте згрешиле,повторно ќе си се вратат,но никако и со нив да бидете понизни после тоа едно јасно и гласно извинување.А тој,ако сака нека рече и дека ќе се убие,не е веќе ваша грижа.
     
    На MarchelineAmaru, Neytiri, crazyinlove19 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. sara18

    sara18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    3
    е и јас имав ваква врска, добро мојов беше уште пострашно, заради него ги изгубив и другарките и се. среќа сега се опраив и му раскинав ама еден совет до тебе, дечкото наликува на оние психопатите кои очигледно немаат намера да се дружат со други, сакаат само да се залепат за една женска и да не ја пуштат. фала богу го откачив овој мојов навреме, еве сега е среќно заљубен во друга и се заедно и јака и душа на таа, пошто ни излегува ни ништо.
    од таквите само подалеку, тие не сакаат да те делат со никој, дури ни со твоите најблиски
     
  15. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.597
    тоа не е љубов тоа е болест!! мој совет што побрзо отараси се од таков човек, таков човек никогаш не се променува иако може да ти ветува дека ке се промени или слично..

    а и морам тебе да те окривам затоа што и ти му дозволуваш! од почеток за жал сама така си ги оставила работите да течат и така си му дозволила..

    Ако сега не прекинеш таква врска ке се каеш подоцна што не си прекинала порано.. ;)
     
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.705
    Мој совет-најотворено кажи му што ти пречи. Ако навистина толку те сака и му значиш, ќе даде се од себе за да се промени. Не верувам дека сакаш да продолжиш на овој начин со него, слободата ти е ограничена. Ако нема промена во неговото однесување, веднаш раскини му. Ќе видиш дека подобро ќе се чувствуваш.
    Зошто да му даваш постојано извештаи каде си, со кого си? Јас лично не би издржала така. Никако немој да си ги запоставуваш другарките заради него! Незнам со кое лице може да ти каже да не излегуваш со нив. |(
    Не дозволувај тој да те контролира...
     
  17. Marge

    Marge Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    205
    Ти си крива за тоа,ти и никој друг...ти си го дозволила тоа,ти си се одаличила од другарките...неможам да сватам како може да дозволиш цел живот да ти се смени затоа што си фатила дечко,да се одалечиш од сите,затоа што он така сакал...па што ми е гајле што он сака,јас си имам мој живот,мој круг на пријатели,луге што ги сакам и што ке бидат тука за мене секогаш и стварно е безобразно да ги заборавам поради некој дечко...никој неможе да те напнува,колку и да е напорен,ако знаеш што сакаш,ако му поставиш граници и му објасниш дека неможе таму да се меша...така да,сега веке нема да го смениш,памет за друг пат!
     
  18. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    859
    Допаѓања:
    1.849
    Пол:
    Женски
    Бев во ваква слична ситуација и тоа од самиот почеток беше вака. Ни една недела не издржав. Буквално ме гушеше. Зошто ова вака, па зошто тоа така, па ајде да се видиме, па ајде ова, па ајде она. Не ме оставаше на мира. Па и дома ми се јавуваше нон стоп, иако му велев дека многу ме нервира тоа и дека не сакам да го прави. Ама залудно беше.
    Врвот беше кога "требаше" да му објаснам зошто сум го избегавала. Не ме оставаше дома да одам, пред влезот го молев да ме пушти. Може пола саат ме влечкаше за рака и не ме оставаше да поминам. И после испадна дека јас сум правела филмови и дека се тоа го правел од што ме сакал. Абе ајде.

    Затоа би ти препорачала да го оставиш на време, не за друго, замисли понатаму како ќе се однесува спрема тебе. Разбирам што е љубов, баш тогаш треба да му е мило кога ќе излезеш со другарки, со братучедка ти или некој друг, не битно. Треба нему да му е убаво кога ти се чувстуваш задоволно. А не да ти забранува. Па не си излегла ти со некое машко па ајде сега да е љубоморен. Тоа е мој совет.
     
  19. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.259
    Допаѓања:
    7.803
    Пол:
    Женски
    И мојот е таков и е болно љубоморен, едноставно избегнувај секаков вид кавга со него и распореди си кога ќе се гледаш со другарките кога со него :) , а кога ќе ти пукне филмот ќе му кажешш се во лице зошто тоа понекогаш не се трпи :*
     
  20. Alondra

    Alondra Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.060
    Допаѓања:
    2.313
    Нивниот страв е толку голем дека ке го/ја изгубат и дека доколку се гледаш со било кој друг дека коваат некој заговор против нив. Доколку нешто заборавиш веднаш се пали црвена сијаличка во стилот аха кој знае што друго крие. Обично тоа се случува кога некој бил оставен без разлика дали е од дечко/девојка, непочитување на другари, исмејување или пак недостатот на родителска љубов. Според мене на овие дечковци/девојки им е падната самодовербата. Едиствен начин да се реши овој проблем е поголема социјализација на самите нив без вас, што сакам да кажам значи почесто гледање со други луге кога вие не сте таму, или наогање на работа нешто во тој стил, постојано фалење и издигнување на пиедестал, никако изолирање од другите бидејки тоа е налошо утре со родена мајка не ке можеш да се видиш.