1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дечко ми многу напнува

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од srcuff, 28 февруари 2011.

  1. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Леле и јас сум била во оваа ситуација. Те сфаќам потполно. Мислам и дека без разлика на возраста повеќето мажи кога се заљубени се доста да кажам посесивни. Порано ке дојде другарка ми на кафе, тој ке ми се јави ке ме гњави на телефон пола саат и на крај ке дојде. Па кога ке кажам сакаме да идеме некаде само женски тој одма па што ке правите, па зашто да не искочиме друштво итн. Еднаш искрено индиректно го избркав од дома :D . Дојде на кафе и седевме надвор несакаше внатре ручек време било, а надвор топло 200 степени. И му викам некако од околу леле топло ми ова она тој чекај еве уште една цигара па чекај уште една и на крај му реков ај молимте стани и оди си на глава ми се качи, ме напна до бескрај, значи стварно немаш осет. Секако ми се налути ама па што да правам бе па ми дојде преку глава. Грдо е што живееме во иста населба на 5 минути и нема што да прави и ај тури кафе само се научил. Јас му кажав дека почнува да ме гуши и дека имам свој живот но го сакам него во мојот живот. Мислам дека конечно сфати и сега не умара и напиња толку. Мислам дека најубаво ти е индирекно да му кажеш дека во врската треба и малку дистанца затоа што ке стане монотона и ке се претвори во навика. Се гледа дека те сака штом викаш се грижи за тебе ама пробај да му објасниш дека се што е претерано многу не води на арно. Барем јас така мислам. Поздрав и секое добро! :)
     
  2. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    1.Побарај му простор НЕ време...
    2.Покажи му како може да биде убаво и без заедно 24/7
    3.Остварете МНОГУ близок контакт еден со друг (водење љубов НЕ СЕКС)-ова ти го кажувам бидејќи мислам дека со тоа ќе добие на знаење дека си 100% негова... :)
     
  3. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    ти дише у врат и тоа те нервира океј јасно..
    пробај речи му дека некој период нејкеш да се глеате не дека раскинуваш него малце на дистанца..
    ако размисли убаво ке сфати и ке се прибере малце изглеа :)
     
  4. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    и мене дечкоми ми дише у врат многу,толку што не можам никаде сама да отидам,нигде нигде
     
  5. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Се се сведува на љубомора. Нема зошто некој да го прави тоа колку и да те сака. Па зар ние другите не се сакаме.
    Во ред е да си кажете кој каде бил и што правел, но не мора да е така, на некој буквално да поднесувате извештај.
    Еве како е еден раговор помеѓу мене и дечко ми:
    Јас- ее срце шо праиш
    тој- еве ме со тој и тој низ центар ти?
    Јас- кажувам тоа што правам
    Тој како си бла бла и се што иде уз тоа
    јас- одговарам и му велам ок срце ајде шеткај да не ви пречам ќе се чуеме после
    тој важи срце бацки ајде чао.
    Нема сега нешто посебни најави кој каде ќе иде. Секоја вечер сме заедно, освен ако учи или игра фудбал, ама па затоа во текот на денот секој си се посветува на својот живот. И не е никаков проблем доколку некој изјави сам со друштво да излезе.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Уфф , јас би бегала од него да сум на твое место. Денеска така , утре нешто друго ке поЧне да му смета.
    Помлада си и од мене , не бери гајле машки има на секој Чекор. Ке се најде некој кој ке ти биде покомпатибилен. :)
     
  7. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    ја давам потплен извештај што правам што гледам што јадам и тн,а кога станува збор за негде иденје,нема шанса у маркет е проблем па не негде друго
     
  8. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    ^^^
    Веројатно, ваквата посесивност сега ја толкувате како знак на огромна љубов. Меѓутоа, ваквото однесување поточно контролирање е застрашувачко и ќе се зголемува, сега може уште го сметате за шармантно, но ќе дојде ден кога и тоа како ќе ви смета. Секој човек си ја цени својата независност и врска или брак се формира на прав начин меѓу две личности кои се слободни да функционираат и еден без друг, но слободно избираат да се заедно, но никој нема право да врши толкав упад и контрола во нечиј живот ни оној кој ни дарил живот камо ли една потенцијално остварлива или пак не во поглед на трајност улога како дечко. Или со време ослободете се од ваквите стеги, не сугерирам раскинување, туку вратете си ја автономијата на вашата личност додека сеуште ја имате и не ви е моделирана. Ова е најдобронамерен совет, кој е оставен на совест и апсолутно и не мора да го послушате.
     
    На Marilyn-Monroe, srcekrsacka, MarchelineAmaru и 2 други им се допаѓа ова.
  9. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343

    Да се надоврзам на разговоров.
    Сум имала и јас една ваква измачувачка врска ,која за жал траеше 2 ипол години.
    Имав 15 години кога Идиотот ме освои со неговиот шарм ,со манирите ,со смислата за хумор и воопшто ,со тоа што се издвојуваше од останатите.
    Тој имаше 17 ,видел повеќе и искусил повеќе од мене ,се разбира. Во тоа време разлика од две години беше многу ,во поглед на искуство.

    Убавината траеше точно два месеци ,за тоа време мислев дека сум го нашла вистинскиот и дека ништо поубаво не можеше да ми се случи ,дотолку бев затрескана и заслепена...

    После тоа ,се се смени.
    Прво почнаа љубоморите за тоа зошто сум му дала совет на негов несреќен ,сунгл другар кој сакаше да се фати со мојата најверна другарка. Јас со сета добронамерност му објаснував на неговиот другар дека таа е мала за него (таа 15 тој 22) и дека сака друг ,т.е. да си најди девојка спроти себе ,а Идиотот си помислил дека јас всушност сум имала за цел да се мувам со неговиот другар.

    Помина тоа.
    Си мислев дека беше само обичен испад кој нема да се повтори.

    По две -три недели од настанот ,тренерот ми соопшти дека нема да одам на Европско во грција ,бидејќи тоа важело за над 16 години. Видно изнервирана ,му се јавувам на Идиотот и со растреперен глас му кажувам колку сум несреќна ,дека сиот труд ми отишол бестрага.
    Од другата страна на слушалката чув гласна и искрена смеа и изјава од типот "А ти да не мислеше дека ќе те пуштев да одиш ,покрај толку машки?"

    Ми бранеше да одам кај тетка ми (тогаш живеевме на нецела минута оддалеченост) ,на тренинг идеше со мене ,дури и се запиша во истот клуб ,за да внимава на мене. Ми забрани да се дружам со најверната другарка ,да разговарам со машки ,морав да му титкам по 34985778435678678134 пати во текот на денот ,дури и додека бев на час...

    Ми бранеше да се дотерувам (да не се загледувале другите машки во мене ,алоооооо јас и во партали да прошетам ако му се допаднам на некој ќе му се допаднам! ) ,требало да се носам во тренерки широки ,тесно никако ,сукни ич!


    Еден ден ми пукна филмот и му изнареков се.
    Резултат - човекот вените си ги пресече и се наклука со Лексилиум!
    Ми ѕвони сестра му од болница и јас ваква целата :o ,во истиот момент се створив таму ,дури со грижа на совеста ,ееееј! :headbang:


    После тоа доста му попуштив,ми беше жал.
    Жал ми беше и за тоа што од 6 години останал сираче без мајка ,и тоа по вина на татко му (одвратно копиле кое секогаш ќе го мразам во животов ,да даде Господ в раце да ми падне!) ,па ми доаѓаше како во мене да ја бара неа...


    После тоа почна да претерува ,му се скарав ,6 месеци бевме разделени и во тие 6 месеци живото ми го направи уште поголем пекол.
    Ме следеше на секој чекор ,се тепаше со секое машко што ќе се најдеше во моја близина и се изгубив,се!

    Ми преостана да му се вратам ,зашто го сакав и го мразев ,ми беше и се и ништо...


    Бидна. Се сменив јас ,се смени и тој,јас на полошо кон него ,тој на подобро кон мене.

    Па се пресели во Охрид ,по наредба на татко му ,да го оддалечел од мене ,оти сум го избезумувала синчето му негово.

    И Идиотот замина ,се гледавме еднаш месечно и тоа траеше година дена ,после која раскинавме за навек.


    Уште наредни 9 месеци ме малтретираше психички ,идеше во Прилеп многу почесто отколку кога бевме заедно се со цел да му се вратам ,но тој пат не попуштив.
    Го сакав ,го сожалував ,го мразев....Но сметав дека заслужувам многу повеќе од неговата патолошка љубов.
    Сакав човек кој че има доверба во мене ,а не некој кој ме испитува сомничаво и му верува повеќе на расипаните муабети од некои случајни познаници ,отколку мене.


    И на крај се ожени.
    Јас се исправив и застанав цврсто на тлото.
    Ми ги скрати крилјата да не можам повеќе да летам , но донекаде и му благодарам.
    Повеќе не го ни мразам ,го снајде мојата клетва и нека си ја шетка низ чаршија и нека му раѓа деца.

    Полна ми е душата зашто после сите маки со него ,го најдов човекот кој го сакам,му верувам и ситото ми е возвратено.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  10. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    :o :o

    ...Абе ти шега биеш со нас?
    Не мораш!
    Не девојче, НАВИСТИНА не мораш!
    Значи под точка разно, не мораш да му го посветуваш целото време на некој, а најмалку поради фактот дека е под дејство на психоделични фрустрации!!!


    Јас не знам само како не ви се здосадува таквото опседнување и како не му збуцате една клоца и си продолжите да дишете слободно и среќно.
    Па не е само он еден и единствен мажјак останат на планетава за репродукција.

    Жално е навистина ако си дозволиш поради некоја твоја наводна заслепеност, за неколку години да шеташ со модро око, мантили и шалвари на + 40 степена и без никаков грам достоинство во себе.
    Мислам излишно е да ти кажувам што е најправилно да правиш, кога мислам дека и сама си свесна и ќе го направиш....само треба разумот на прво место! ;)
     
    На MarchelineAmaru и EleMental им се допаѓа ова.
  11. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    човекот вените си ги пресече и се наклука со Лексилиум!
    само нестабилни и нервно растроени личности го прават ова :!:
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  12. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Сиротиот ,изгубен беше во времето и просторот ,па јас паметна правец ќе му давав во животот. :fubar:
     
  13. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Абе сите ние сме имале грешки во живеачкава....Ама битно е да ни дојде памет и веќе да си немаме работа со такви. Не еден, двајца такви имав, да не смее деколте, да не смее роднини , една другарка е доволна, колеги факс, пријатели, па и некој пар ако е..тоа избриши. Мсн, фејсбук, и такви ствари само за него...и на факс ме носеше и зимаше...Болест...е после моли и коли...епа цвичи бе гајле ми е, јас тоа така не!
    Е сега само можат сите такви да ми завидат. Ако сакам да изварам, ке изварам и во мантија да сум, и со него дома да седам!
    Или лапсус на векот: ЗОШТО ЈА САКАШ ПЕСНАВА НА НЕКОЈ БИВШИ ТЕ ПОТСЕТУВА???? И одма со навреди за една песна. Алоо песна.
    А во оваа врска...ништо од овие проблеми нема. А не знаете колку ми беше страв, да не случајно сега јас го правам она што мене ми го правеле. Нормално, зошто коа биле љубоморни и јас сум била, од инает.
    Немав храброст да почнам врска баш од овие причини. Среќа, не сум ни приближно таква.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Разговарај со него, укажу му ја ситуацијата во која се наоѓаш и прашај го дали тој би сакал ти така да му правиш, да го оделуваш од сите и на некој начин да го затвараш во четири ѕида. Ако те сака ќе сфати дека ти си човек на кој му е потребно и парнер, но и пријатели и роднини.
     
  15. sleepingbeauty

    sleepingbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    615
    Пол:
    Женски
    Се додека ти јасно и гласно не му кажеш дека те гуши и дека не си должна да го трпиш тоа он ќе се понаша така со тебе. дури и полошо ќе биде со тек на време зашто така ќе си мисли дека ти у се потшинуваш. имаш право да имаш свое друштво исто како и он а ако е таков тогаш он е длабока NESIGURNA OSOBA која не верува во сбее и веројатно си мисли дека ќе го изневериш со подобар од него, дури и као тој некој ти е само познаник. ако ти сама не се потрудиш да направиш да ти биде добро, тогаш не очекувај од другите да го направат тоа за тебе . поздрав :)
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    И што бидна, поминаа неколку месеци. Дечкото се уште многу напнува??? Се уште не кака квалитетно :?:
     
  17. bestrasnost123

    bestrasnost123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    28
    ваквите луѓе не се менуваат остануваат такви за цел живот ги жалам само оние кои се со нив ццц
     
  18. Missbutterfly

    Missbutterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    19
    Значи никогаш нема да разберам што им е филмот на некои дечковци на безвезен начин да ги оддалечуваат своите девојки од другарките...Можеби ги плаши помислата дека ќе запознае некој подобар или ствар е на докажување кој е доминантен во врската...Навистина никогаш нема да го разберам ова.
     
  19. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.096
    Пол:
    Женски
    Сум се нашла во слична ситуација и јас!
    И покрај тие две години психичко малтретирање и разни тортури од негова страна, едноставно го отсакав!
    Гаден ми стана, ми се повраќаше, буквално, кога ќе го видев! Кога ќе дојдеше да се бакнеме, се тргав и се правдав како сум пушела цигара, да не му биде гадно (ахм! да! -тој не беше пушач).
    Едноставно, одвратен ми беше! :puke: Цело време одржававме врска на далечина, јас во Битола, тој Охрид и секој вторник за мене беше пекол! Тогаш се студентските во Битола и тој ме напнуваше како јас сум излегувала, а тоа врска немаше. Баш напротив!-Тој беше тој што не пропушти ниту една студентска во среда, а јас сето тоа го научив откако му раскинав! Направил тој цел план како на факултет ќе се запишел во Битола, па постдипломски во Скопје (јас требше да се запишам во Скопје на факултет), а бе се’ смислено, само јас да не му избегам! Јас не бев личност за него, јас бев предмет! Играчка!
    И кога му раскинав, значи дури воздухот го вдишував на некој посебен начин! :lol: Онака длабоко, од се’ срце! Жими се! ...смешно е ова ама ептен бев напната, немав простор од него!
    Се’ ќе разберев ако имав негде згрешено во врската, ако го имав изневерено или нешто излажано, ама на никаква основа дечкото ми дојде преку глава! Го мразам значи!
     
  20. ask

    ask Активен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    ама баш истата приказна...истатаа од А до Ш...