1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дискриминација и насилство врз жените во секојдневието

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од KateKane, 24 декември 2019.

  1. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    57.410
    Пол:
    Женски
    Сведоци сме на форумов колку членови доаѓаат разочарани, барајќи помош или утешен збор заради дискриминација, омаловажување или насилство. Секојдневно се среќаваме со мизогинија, одвратни зборови насочени кон нас, а постов беше инспирација да се отвори една ваква тема. Крајно време е секој што ќе си дозволи јавно да напише нешто вакво да си сноси последици, макар и само виртуелно да се одразат. @lovestoneddd им направи screenshot на одредени господа кои поддржуваа силување. Беше во СДК, па заради голем број на испишани страници би сакала да имаме тема во која полесно ќе можат да се наоѓаат ваквите работи.

    Темава не ми е планирана да биде само за јавно објавување на слики од вакви господа, слободно ќе може да се даде правен совет како што @FreeMind и даде на една членка која е жртва на семејно насилство. Доколку имате идеја како да се прошири и имате дополнителен предлог за правец во кој што би можела да се движи слободно пишете.

    Со темава имам една цел, а тоа е подигање на свест кај млади девојки да внимаваат со кого фаќаат работа, давање на правни совети од искусни членки тука и контра реплики на ужасната мизогинија која е инкорпорирана во социјалните мрежи. Ако веќе може некој да си дозволи јавно толку омраза да шири, можеме и ние да направиме нешто околу тоа.
     
    На theowndemon, Peperutce1115, CameliaMiller и 23 други им се допаѓа ова.
  2. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.124
    Пол:
    Женски
    За жал не верувам дека тука на ужасниов Балкан ќе се намали насилството врз жените,не сакам да бидам песимист but let's be real. Според мене тука на Балканот е највеќе застапено ,поголем процент од жените се жртви на насилство и дискриминација . Гледав едно видео за sexual harassment кое навистина ме изреволтира затоа што најголем број од жртвите се жени. Затоа сметам дека е потребен радикален феминизам.
    Летово ми се случи немил настан каде ретардирани копилиња ми свиреа и ми дофрлуваа непристојни зборови и кога му се пожали на мојот другар кој веќе не ми е другар неговиот коментар беше а ти како беше облечена. Премногу ме изреволтира тој коментар пример за чиста мизогинија пример дека жените се гледаат како сексуален објект . Најголем процент од жртвите на семејно насилство се жени и после некој мочко со синдром на мало куре ќе рече не е потребен феминизам.
     
    На Cold.E, Aribeth, Dessa и 20 други им се допаѓа ова.
  3. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Многу се изнервирав со ова што го прочитав во другата тема. Ај кажете кај се ставени коментарите на фејсбук од овие стокиве горе што јадат гомна за девојката во армија? Кај коментирале, на чив профил?
    Секој ден сме соочени со толку многу машки срања што некогаш тешко ни е да процениме дека тоа е погрешно, нормално ни стана. Имам кажано милион пати и пак ќе кажам.
    Жени жртви на семејно и било какво машко насилство. Пробувам да најдам емпатија во мене за вас ама не можам бре кога ќе кажете ама ме сака. Силата е во жените ама кој да знае. Сите копилиња вакви заслужуваат да скапаат сами. Не останувајте со нив, не ги оправдувајте! Кој да ви помогне ако вие не сакате! Ве сфаќам дека немате каде, немате работа, ви е страв ама нема друго чаре мора борба. Инаку не мрдаме од мртва точка.
     
    На pdb123, Peperutce1115, CameliaMiller и 13 други им се допаѓа ова.
  4. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Сите знаеме дека во вековите наназад жените немале никакви права и служеле само за мажите да си ги задоволат сексуалните потреби, да родат потомство и да се грижат за домот. Во некои држави сеуште постои ова.
    Насилството и дискриминацијата отсекогаш ги имало и за жал сеуште ќе ги има.
    Сега да смениме нешто нема да успееме одма, но може да превземеме нешто што нашите праправнуки ќе добијат поголема почит.
    Затоа имам апел до сегашните и идни мајки и татковци (бидејќи не се само жените кои воспитуваат): научете ги синчињата да ја почитуваат жената како што треба, а не да ја гледаат како предмет, а вашите ќерки научете ги да бидат силни и да се спротивстават на мажите кои ќе ги погледнат како предмет.
    Почнете од вас и вашите деца, за вашите идни поколенија да го имаат она што вие го немате.
     
    На Peperutce1115, theowndemon, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  5. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    57.410
    Пол:
    Женски
    На објава на некој сајт беше, ни зовре крвта кога прочитавме и репорт им стиснавме, ама нажалост не бевме доволно за да ги тргнат од фејсбук. Не заслужуваат ваквите пристап до интернет, затоа и сакав темава да стои, во СДК може некој да не види заради голем број на испишани страници.

    Како што е ѕидот на сообраќаен срам на фб, овде нека биде ѕид на мизогинистички срам, можеби така требаше да ја крстам темава.
     
    На Peperutce1115, CameliaMiller, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.073
    Пол:
    Женски
    Најголем ефект ќе има ако мајкичките што имаат синчиња кога лупетаат низ дома или на гости или кога маваат друго дете да не ги оправдуваат со зборовите машко дете што да му правиш
     
    На NEA, Peperutce1115, felisitas и 10 други им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    не ја сакам оваа тема...
    Знам шо треба, знам како треба..
    Знам колку е често, знам колку е безизлезна ситуацијата.. пречесто...

    Не можам..
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Воспитувањето е најважно. Мажите што ги третираат жените ко ѓубре, најчесто се воспитани така. Има и случаеви кога од дома таков пример не се дал, па ете пак.. Ама мора и жените да се воспитани убаво. Не зборам за однесување во јавност и облека. Туку за вреднување на самите себе. Ако ги учат од дома дека се жени и дека треба со првиот дечко да се земат за да не останат стари моми, да раѓаат и да му слугуваат по дома, ги осудуваат на несреќа.

    Треба да се пријавува секој случај на насилство. Исто и на дискриминација. Да се подигне свеста. Не сакам да кажам сами си се криви, ама има жени што одбиваат помош. Како јас да пријавам дека комшијата си ја тепа жената, ако таа на полицијата им каже дека не е точно. Да ги слушам како меѓусебе се колат, децата им плачат им рикаат, а никој ништо не прави.

    @Alisa22 не е на балканов најзастапено. Може од цела Европа да. Ама на Исток е далеку полошо од тука. Иако тоа не е причина да се ќути и трпи.
    Во врска со девојката од армија, јас имам од близок извор чуено дека дечкото само и се пуштал. Ама како и да е, без докази лошо е да се обвинува тој, а и да се обвинува девојката дека лаже. Уште полошо е да се зборува ко да е нормално некој некого да силува.

    Манијаците што свиркаат на улица, никогаш нема да ги снема. Тие ќе свиркаат и ќе даваат недолични коментари на секоја девојка што ќе им фати око (слаба, дебела, дотерана, по скафандер..). Сметам дека овие се и со психички проблеми.

    Ама ко што пишав на почетокот, од дома најчесто потекнуваат овие размислувања. Па и на форумов често кога се жалат од мажот, успат и од свекор/свекрва се жалат за истово. А, од дома не добиваат поддршка пошто во брак требало да се трпи и ќути.
    И најлошо е што стварно се со став дека треба да трпат.
    Па јас во таква ситуација, ем што дома ќе ме поддржат ем ако треба ќе побегнам најдалеку што можам за да се спасам себе и дете ако имам.

    Голем проблем е и тоа што многу жени се решени да седат дома и да живеат од парите на мажот, а за возврат домаќинки да се. Океј, си сакаат некои така. Ама како можеш да сакаш буквално да зависиш од некој. И после нема пари за да живее сама. Е нема.
     
    На NEA, PaLaVa, g8lQQk и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.500
    Допаѓања:
    33.310
    Ај пробајте да му вратите на муж дрско чим ве прцне, или нешо полошо, и одма ќе видите како курот му се враќа наназад у себе...

    Уште поинтересно е со рандом дебили на улица, вџашени се. А најинтересно па со муслиманиве ...

    Само треба некој да превзема нешто, а не само да кука. Па јеби га, не живееме у Иран или Ирак. И на крај, никад со култура, туку на нивно ниво.

    Нема на чему.
     
    На CameliaMiller, Lella, Feminka22 и 7 други им се допаѓа ова.
  10. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    57.410
    Пол:
    Женски
    Знам Вајлд, немој да мислиш дека мене лесно ми е кога ќе осетам немоќ. Ама не се откажувам и ќе продолжам јавно да критикувам и да зборувам против шовинизам, дури и на еден човек да влијаам за промена е успех.

    И јас имам една фигура во семејството што вака размислува. Да не беше интернетот и да не се заинтересирав малку повеќе за бракот како институција, за семејството и семејните вредности можеби и јас ќе се впуштев во таков сив свет каде е требаше да останам во многу лоша врска само за да задоволам туѓи усти и да не покренам 'оговарања'.
     
    На CameliaMiller, Nausicaa, Alisa22 и 3 други им се допаѓа ова.
  11. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    3.883
    Допаѓања:
    76.007
    Пол:
    Женски
    Еднаш насилник, засекогаш насилник. Бегајте подалеку од такви колку што ве држат нозете, само тоа можам да кажам. Човек што дикриминира, омаловажува, тепа не заслужува да има некој во животот.
     
    На CameliaMiller, Feminka22, PaLaVa и 5 други им се допаѓа ова.
  12. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.218
    Болна тема за многу жени, за жал.
    Но, колку и да е болна, корисно е што погласно да се зборува за неа. Да се крене гласот. И тоа треба да почне од некаде. Можеби и една "обична" тема на форум ќе биде поттик да се смени нечиј живот, нечија судбина. Со молчење не правиме ништо.

    Прво, се согласувам дека воспитувањето игра огромна (ако не и најголема) улога во тоа дали некој ќе стане насилник. Но и не мора да станува збор за директни насоки или совети што ги добива детето од родителите. Ако детето гледа од малечко како мајка му е малтретирана, како на неа се гледа како на робинка, слугинка што треба да ги собере и испере смрдливите чорапи што мажот ги фрла на земја додека ги крева нозете на маса и бара да му се донесат пиво и кикиритки додека гледа фудбал... (стереотипната слика што за жал е реалност во многу домови)
    Ако детето гледа како мајка му носи модрици со денови зашто нели, тато се налутил и бил во афект, па ете така од љубов ја удрил, не мислел така, еднаш било. А тоа еднаш се претвора во секојдневие.

    Или ако родителите ја учат ќерката дека не мора да се образува, не мора да работи, најважно е да се омажи со првиот сретнат за да не ја зборат комшиите. (па како стара мома да останеш, па без деца си себична итн итн)
    Да не се враќа многу касно од излегување, пак поради комшиите што "снимаат" од тераса. Ако ја учат дека не е ништо друго освен обична машина за раѓање што треба да му се потчини на мажот додека ја гази и и' го загорчува животот.

    Е оттаму најчесто произлегува проблемот.
    Но и самата слика во нашето општество за жената и мажот, за нивните улоги, за тоа кој е главен а кој треба да слуша и да молчи...
    Опширна е темава многу, и мене лично ми создава бес кога размислувам.
    Насилниците и простаците што дофрлуваат на улица, како што кажа @Gosh, и против нив треба да се преземе нешто. Не смее да се молчи, зашто пред таквите,ако покажеш немоќ, готово.

    И нема срам. Секоја жртва на насилство треба да се охрабри и да пријавува. Да не седи со надеж дека еден ден ќе се подобрат работите во домот, тој што навредил еднаш ќе навреди пак, тој што удрил еднаш ќе удри пак.

    Предолг испадна постов, можеби ќе се надоврзам подоцна.
    Да сумираме: Таму каде што има молчење, потчинување и предрасуди, ете таму "цвета" проблемов. Да не се пикаат ваквите проблеми под тепих, зашто тек тогаш станува претешко да се почне со расчистување на ситуацијата.
     
    На Peperutce1115, CameliaMiller, Amellie13 и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Keanu_R.Wick

    Keanu_R.Wick Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 септември 2019
    Пораки:
    576
    Допаѓања:
    1.231
    Пол:
    Машки
    Потребен е феминизам како не е потребен. Ама има едно нешто што е повеќе потребно од феминизам а тоа е познавање боречки вештини и тоа над ниво. За следниот силеџија освен по јајца да добие и по нос, заби, очи ископани, зглобови искршени. Нема веќе МВР нема веќе судство во оваа вукојебина.
     
    На supergirlmb му/ѝ се допаѓа ова.
  14. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Да, ама тогаш казна ќе добие жртвата, а насилникот (кога ќе оздрави) пак ќе шета и ќе најде нова жртва... На таквите не им доаѓа памет ако добие ќотек. Напротив тоа им дава поголема сила и омраза за понежниот пол. Претежно насилници стануваат оние кои израснале во таква средина.
    А и за МВР потполно се согласувам со тебе.
     
    На candy.cane и Keanu_R.Wick им се допаѓа ова.
  15. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Насилство врз жените ќе има се додека сериозно и макотрпно не почнат да се третинираат девојчиња боречки вештини од најрана возраст. Треба да се донесе закон за ова. Исто жените треба да научат да креваат тежини за да качат мускулна маса и бидат посилни при борба. Еднаквост и во физичка и во психичка смисла, па да им се стресат гаќите на ваквите малокурести копилиња како овој ненајаден кога девојка амазонка ќе го избоксира во некој тесен ќош.

    @Alisa22 Апсолутно да за радикален феминизам.
     
    На Gosh, prominent и Alisa22 им се допаѓа ова.
  16. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Муабетот: Девојче си, срамота е собата да ти е растурена. / Машко си, срамота е да плачеш. / Не личи девојче да пуши или пие/ Не смееш со таа маичка да излезеш, ти се гледаат рамениците/Покажи и кај и е местото, биди маж....
    Најлошо е кога мажот ќе ја удри жената, а таа така навикната, ја презема вината и го моли мажот, му се извинува и сл. Нормално е ваква ситуација да остави впечаток и кај машко и кај женско дете дека ова е љубов.
     
    На Peperutce1115, CameliaMiller, KateKane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.219
    Пол:
    Женски
    Дискриминација има почнувајќи од најситни работи, од глупи шеги на сметка на жените, ко прееска гледам демек смешна слика нешто со оженет човек и пред него стои змија, демек жена му е тоа, па од рандом однос од мажи уз муабет што не те земаат за сериозно бидејќи си "само" една жена, секојдневни мали ситуации што нервираат. Прееска слушам на вести колку се жените помалку платени од мажите. И понатаму со секакви гнасни коментари упатени кон жени на социјални мрежи, па се до мажи кои се изживуваат психички и физички врз жените. Има и тоа како дискриминација.
     
    На Aribeth, CameliaMiller, Amellie13 и 11 други им се допаѓа ова.
  18. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Јас шегите од луѓе со коишто сакам да се зезам, не ги гледам како навреда. Сме се шалеле и на сметка на мажи и на жени.
    Ама кога некој со којшто 2 реда муабет немам ќе се пошали со нешто такво, ми се крева косата.
    Исто ко што е различно дечко ми кога ќе ме плесне по задник и рандом типац во диско.

    Друг одвратен момент. Купувам кондоми. Мажот позади мене на каса ми се смешка, мислиш сум ги купила за да ги искористам со првиот маж. Жената пред мене ме гледа како да сум најголема мивка. Не знам машко што имало ваква ситуација. А лесно се засрамувам, од тогаш непријатно ми е да купувам.
     
    На CameliaMiller, S.W.A.G, christinnn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.634
    Пол:
    Женски
    Секако дека има уште и ден денес дискриминација, извинете вака ама ја 70 посто од жените стварно ги сметам за глупави иако сум жена. Тука пишувате дека не треба да е ова вака а да отворам македонски јавни фаци пишувате и оговарате само жени што облекла, курва била, како се нашминкала, во темата очекувања во бракот напаѓате оти има не и нас малкуте жени што пишуваме дека освен љубов треба жената да е самојстојна и да има кров над главата ама само нејзин и ме утепавте со коментари. Значи мажите не се криви за дискриминацијата ја повеке критики у живото на база жена си воа треба да праеш тоа да пиеш сум добивала од жени највеке.
     
    На felisitas, naturallmess и Gosh им се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.219
    Пол:
    Женски
    А најодвратно ми е кога човек со ќерки зборува против жените и ги деградира. Пффф жена брат, возачка ѝ дале.
    (facepalm)
    Ќерка му до него седи.
    Еднаш седиме во кафана, келнерот ги прашува мажите и им носи ракија, мене не ме ни погледна, ниту да не праша, дека жена нели. Страшно глупав пример, ама баш ме изнервира. Да не почнам за случки келнерка кога работев, милион и една. Уште многу имаме за напредување.
     
    На Peperutce1115, CameliaMiller, Ava.84 и 9 други им се допаѓа ова.