Девојки, ајде да споделиме некои смешни зборчиња од нашиот дијалект. Ако темава е за во друга категорија или дупла нека иде в канта. Еве неколку гевгелискиЧ патати - компири, и на грчки е вака. ма аресе - ми се допаѓа (од грчкиот глагол мареси со исто значење) шопке - шепнува бкр - бакар зорља - хахаа, незнам ни јас што значи точно, но се употребува во оваа смисла - Зорља са праве наудран) Наудран - незасегнат џолј - нешто како долина Ќе допишам и други. Ајде споделете и вие!
лафум - зборувам, говорам тинтре - тинтра џутке- се турка. Темава да не е за образование, може корисна таму да биде, можеби ќе му притреба на некој нешто. Ајде, модераторите ќе средат, благодарам.
Дали темата "да зборуваме на дијалект" е можеби слична? Или тука е нешто како речник, повеќе прецизно? Па ќе споделам од баба ми прво, Крушево. Џаде - улица Од кастил - нарочно Еве и нешто Битолско подолу. Чупе - девојче Џам - прозорец Сат - часовник Шо - што, и да скокнам тука малку, се си кратиме ние, по буква- две (ко- како; чеј- чекај и сл.) Добро кога пишам фмќ со лез ми иди дијалектов, вака не ми текнува. Некој следен пат повеќе.
Па не е баш иста темата, таму сигурно цели реченици се зборат на дијалект, овде се некои зборчиња, да се забавуваме!
Па, прилично е слична. Инаку, за дијалекти ги има следниве теми: Да зборуваме на дијалект во Кафе-муабети, Најчудна фраза или збор на некој македонски дијалект во Насмевка и На дијалект во Форумски игри. Не се сомневам дека ќе се пронајдеш во некоја од нив.