Бебе не може да има ред со цицање! Нив цицањето им е и за храна и за течност и за гушкање и утеха. Значи ред нема, ќе даваш града кога бебе сака А инаку секогаш давај една града да исцица убаво бебе па ќе го следиш и ќе видиш, ако гледаш дека сака уште ќе ја понудиш и друата. Мојата е месец ипол и некогаш цица од една града некогаш од двете. Некогаш цица на саат некогаш на три, некогаш на пола саат. Пробиотик се дава до 3 месеци, така да давај слободно. Е само пази со вајата, се жалат тука мајки дека запек им прави. Јас давам био гаја и супер задоволна сум, а и другите мајки тука го фалат
За доење сите препорачуваат кога сака и колку сака бебето. Некогаш цица повеќе, некогаш помалце, не ќе го држиш бебето гладно. Незнам зошто така те советувале, ама не постои такво правило. Од една града или од две, исто ќе го следиш бебето. Јас на почеток дури да се среди, имав многу млеко. Го доев од една града на подој и плус ја одмолзував малце, да не ми тежи. Ред немаме ние за времето на доење и колку ќе стои на града, 2 месеци има. Си цица колку сака и кога сака. Пробиотик давам јас Биогаја. Прво давав ваја ама тешко какаше. Пробиотик можиш и да смениш, да видиш што му одговара на твоето бебе.
Доено бебе цица кога сака и колку сака. На 3 30 135 мин тоа си бира тепмо. Некогаш ке цицне некогаш ке мези некогаш ке се прејаде. Нудиш една страна, цица, ако пушти самото нудиш и друга странна на ист подој. Ако не сака џначи не е гладно. Нареден подој ја нудиш онаа на кој завршил претходен подој. Јас доев од една града на подој ама синко влечеше одлично и имав млеко на претек.
Освен ако не ствара грчеви, секоја храна е океј. Мислам дека само екстремно луто не е препорачливо. Кај мене десната е поголема и поомилена. При крај е со доење и се гледа разлика и од претходно десната ми беше поголема.
Тој период отприлика ми цицаше на сат ипол ред некогаш имаше некогаш не, со грчевите знаеше и почесто да сака да цица така да кога сака колку сака,мојата е три месеци па сеуште ја дојам од едната града само а следниот подој од другата и супер е за сега така ,пробај и ти така зошто што подолго цица од една града доаѓа поквалитетно млеко пробиотик и давав до сега до три месеци и толку тоа по препорака од педијатар,инаку дури ни сега ред немаме на топлово некогаш цица повеќе пати некогаш помалку
Незнам кај да го поставам прашањето, ама пошто е поврзано со доење тука ќе прашам. Има ли некоја доилка која е вакцинирана со Фајзер и дали сте имале некоја реакција и кај вас и кај бебе? Имам можност да се вакцинирам сега, беба уште недела дена ќе биде 3м и некакооо сум на два ума
Jas se vakcinirav, bebe niso ne i bese,kaj mene normalno kako kaj poveketo bolna raka,omalaksanost,glavobolka,bolki po celo telo ama toa den dva niso strasno se prezivuva
Ти благодарам многу му давам јас колку што сака ама дека денес така ми рече па реков да не не правам како што треба. Баш сега само што му дадов ваја, да знаев ќе земев такви. Некако кратко ми цица 5 мин и заспива
Ако не плаче значи убаво се нацицува. Времето не е мерило колку јаде. Има бебиња за 5 минути исцицуваат 50мл има бебиња за 20 минути. Исто секоја жена има различни гради и рефлексот на испуштање млеко е различен кај сите, кај некои полесно тече кај некои не. Значи не се води по тоа колку минути цица. Исто некогаш може да цица 5 минути некогаш 30, и тоа е ок. А додека цица пробај да правиш рачни компресии на градата за да му држиш внимание да цица да не спие
Може ли да се меша млеко од два различни денови? Претходно оладено во фрижидер на иста температура ако биде?
Како бе 24ч? Нели 4 дена? Јас вчера бев излезена и оставив млеко од завчера, беа поминати околу 30ч и синче го испи. Едит: друшке точна сум, до 4 дена во обичен фрижидер може да стои млекото, така вели Јасна. https://zdravobebe.mk/doenje/chuvanje-na-majchinoto-mleko/#
Може до 4 дена ама да е оставено најдалеку од вратата на фрижидерот за да не се менува температурата со секое отварање на фрижидерот. Сум давала од два дена последователни, денес од вчера и завчера.
Мајки како ги одвикнавте вашите деца од доење? Тргнувам на работа за 1 месец па се мислам што да правам.