1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дознав дека има дете

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од son, 18 август 2010.

  1. son

    son Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    5
    Vaka,odam so decko mi skoro mesec dena...denes doznav edna vest koja mnogu me sokira :( doznav deka pred dve godini bil vo brak i ima kerka....inace decko mi ima 24 godini...sega sum tolku mnogu zbuneta i neznam so da pravam...dali da go ostavam ili da prodolzam so nego????????do sega bese se ok,mi nema nisto zgreseno se e besprekorno........ve molam pomagajte :( :(
     
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Дете е една огромна обврска и секако многу ги менува работите. Ако мислиш дека можеш да го сносиш "товарот" и си подготвена за таков предизвик и обврски, а дечкото ти значи и мислиш дека имате сериозна иднина, тогаш вреди да се потрудиш.
    Ако не, не залажувај го и него, а и себеси, и онака сте многу малку време заедно, еден месец, побрзо ќе се преболите и двајцата.
    Секое добро. ;)
     
  3. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Јас па поинаку размислувам. Што ако има дете, ако ти е тебе убаво со него тогаш што е проблемот?
    Разведен е.
    Инаку она што мене ми падна во очи од твојов пост е тоа што ти преќутел за детето и бракот.
    Сепак за месец дена требал да најде време да ти каже. Лошо е ако дознаеш од некој друг , а не од него.
     
  4. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Ако е разведен, нема зошто да го оставиш ако ви е убаво на вас. Ама проблемот е тоа што требало да ти каже уште пред да започнете врска, а не вака како гром од ведро небо да дознаеш од друг.
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nenuska

    nenuska Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2010
    Пораки:
    623
    Допаѓања:
    461
    се согласувам со вери
     
  6. flawless

    flawless Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    5
    Ако сте среќни заедно, детето не е никаков проблем. Лошото е тоа што не ти кажал за детето. Сепак, тоа е дете, голема обврска и ако не мислиш дека си спремна за тоа - подобро е да не бидете заедно.
    Среќно. :*
     
  7. son

    son Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    5
    fala vi mnogu na site.....ne sakam da go ostavam zatoa sto go sakam i stvarno mi e mnogu ubavo so nego....praevme preeska malce muabet so kako,pa odlucivme da prodolzime vecer oci vo oci....znam deka trebalo da mi kaze porano,i jas mu go kazav toa a toj mi rece deka go cekal vistinskiot moment i deka ne sakal da krie nisto od mene....ajde ke vidam vecer so kako,pa ke vi pisam ;)
     
  8. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    ако го сакаш да остани со него. само треба да бидеш свесна дека имаш обврски, треба да го гледаш тоа дете и така натака. инаку воопшто ништо страшно. јас имам пријатели кој што девојката имаше дете сега со вториов имаат уште едно супер функционираат. ова што и е од првиот маш си го гладаат и она и правиот татко, тој исто си има девојка. се гледаат во парови сите значи треба да бидеш пред се толерантна и свесна дека тие двајца заради детето треба да комуницираат да ја запознаепш и така натака. во ваква врска треба многу доверба, толеранција и разбирање. ако не си спремна за сето ова ако сметаш дека имаш притисок и нема понатака да го издржиш сето тоа или ќе те осудуваат од дома. тргни се уште на време. тој бара озбилна девојка која утре ќе се грижи за тоа дете ќе му биде како мајка. разговарајте и доколку би биле заедно дали би сакал дете од тебе. не си ја скратувај можноста да бидеш мајка. ех стварно не ти е лесно. али само ти знаеш што е добро за тебе. јас ќе ти кажам двапати мери еднаш сечи некој одлуки во животот просто не се лесни да се донесат.
     
  9. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    може ќе звучи малку себично и глупаво од моја старна, ама јас ова воопшто не го одобрувам од проста причина што ти имаш само 19 години како што видов, ако продолжиш со дечко ти, да речеме да правете свадба на 25 детето ќе биде второ оделение не е мала шала, дете тоа е огромна обврска, тоа сака леб, сака алишта, сака школо... планираш да учиш да илзегуваш или дете да чуваш (мислам ако е кај него) освен ако не го чува мајка му. не го разбрав тој дел најдобро!! сепак да сум на твое место ќе го оставам не сте кој знае колку долку заедно и да го сакам мислам дека ќе најдам начин да го заборавам. друго што ќе ми олесни за да прекинам, ќе биде тоа што не ти кажал одма, ако толку е прекрасно во врската и има љубов тоа требало да се каже уште на почеток па тек тогаш да се почне да се игра со отворени карти.. ова е мое мислење, се ставив на твое место. размисли и на тоа како ќе изреагираат твоите родители на ова.. позз и се најдобро
     
  10. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    237
    Исто мислам и јас, да не повторувам два пати.
     
  11. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.390
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски
    Може ли да ни ја подобјасниш ситуацијата што довела тие (дечко ти и бившата) да се разведат со мало дете?
    Мој коментар сега за сега е дека е доста себично од негова страна што го сокрил тоа од тебе, а и греота за малото, го крие како да се срами од него... :(
    Запрашај се малку што се крие во тој твој дечко :^)
     
  12. son

    son Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    5
    vaka...tie dvajca bile vo brak pred dve godini...toj samo sto zavrsil so studiranje,a taa imala use malce(ucela vo bugarija)....odkoga staple vo brak,situacijata epten se izmenila..pred toa se bilo sovrseno,a od koga se vencale devojkata se izmenila premnogu..se i sesto i smetalo,bila mnogu ljubomorna,od se pravela kavga....se slucuvalo decko mi da stane vo 3 sabajle i nea i bebeto da gi nema(taa si odela kaj majka i)..mu ja zaklucuvala vratata,ne go pustala doma..odela za bugarija bez on da znae zaedno so bebeto i ne se vrakala po deset dena doma....edna den koga toj se vrakal od rabota si gi nasol spakuvani negovite raboti i taa mu kazala da si zamine a ako ne ke mu gi frlala rabotite edna po edna niz terasa....posle nekoe vreme se razvedile,sudot go dodelilo deteto kaj majkata...a on smeel da go gleda samo ednas nedeleno po saat ipol....arno ama majkata go uci deteto da ne go saka tatko mu,da go tepa a nego mu e krivo koga e toj so nea taa celo vreme placela i pak go nosi kaj majka mu....jas se go sfakam i razbiram,toa bilo negovoto minato...samo krivo mi e so ne mi kaza vednas...go rascistivme i toa,praevme muabet i jas sum so nego i mu ja davam celata moja podrska...
     
  13. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    И јас имам дечко со дете.И воопшто не се согласувам со коментрите од типот дека си млада и треба да студираш,а сега ќе имаш оврска да го чуваш дете!
    Прво тоа дете си има мајка и поголем дел од времето е со неа.
    Второ кога е кај таткото тој си го чува а и не е преголема одговорност ако поминеш со тоа мало детенце 2часа во денот (давам пример бидејќи не знам како се гледаат)
    Трето девојчето не е виновно ама баш за ништо и ако таа си го сака дечкото ќе сака се што е негово и се што тој носи со себе.
    И нормално кога некогаш ќе сака повеќе време да помине со детето а тебе баш те нема во тој план пред се ти е потребна толеранција и разбирање.Само на тој начин ќе успееш инаку се ке отиде во аут!
     
  14. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    205
    Баш како што вели Chika, потребна е толеранција и разбирање. Само тоа ретко кој може да го постигне.

    Многу жени мислеле дека можат да го прифатат тоа дете...со тек на време почнува да им смета нивниот сопруг да дава пари од дома за друго дете, особено во услови на беспарица да двои од устата на нивните деца за да даде на другото, да оди да се гледа со бившата жена кога ќе треба да го земе детето...Комплицирано е.

    Мислам дека си многу млада и дека треба да си изградиш една чиста врска со друг човек. Мојот сопруг е разведен, ама немал деца, па со тоа и нема никакви обврски спрема бившата (исто како дечко и девојка кога ке раскинат). Да имал деца, немаше да ми биде сеедно и мислам дека немаше да го прифатам.

    Нека разумот ти преовлада над љубовта. Тоа што не играл со отворени карти спрема тебе е причина повеќе да размислиш колку би бил тој искрен со тебе во иднина. Кратко сте заедно и не го познаваш доволно. И дали тоа што ти го кажал како причина заразвод е вистина. Тој барал цура да се заљуби во него, па после да и каже. А кога на човек му е вжештена главата, се разбира и поинаку размислува и се залетува.
     
  15. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.300
    Пол:
    Женски
    Мое мислење : Остави го!!! Не може да е до толку дојдено за да не можеш да го преболиш. Во врска сте само 1 месец... претходно сигурно малку сте се знаеле (со оглед на тоа што не го знаеш неговото минато), не верувам дека е голема љубов во прашање.
    Не се закачувај за него ко тој да е единствениот, млада си, имаш живот пред тебе, со него само ти претстојат безброј пречки наместо уживање. Сигурна сум дека и твоите дома не би ти одобриле...
    Друго... ти ја знаеш приказната само од негов аспект, како можеш да бидеш сигурна дека тоа е вистината???
    Твое е да размислиш и да одлучиш пред да биде доцна...
     
  16. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Дали е разведен? Дали се разведува? Провери ги сите можни опции. Се сакате? Убаво ви е? Па зошто го осудуваш, зар тебе не може да ти се случи тоа, да имаш дете и да се разведеш, зар следниот ќе треба да т еостави ради тоа. Ако сакам некого, не ми е битно неговото минато. гледам да ми е убаво со него. Она што било, поминало останува таму во минатото.
     
  17. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    Потполно се согласувам со тебе!
    А ти девојко што направи?Немаш ли некои познати кои го познаваат и него за да ја разбереш ситуацијата поубаво?
     
  18. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    немојте да ми се лутите тие кои се во ваква врска,ама јас не можела да издрзам таква врска,можеби и те лажи :?: распрашај се,види како ви оди врската,па ке дознаеш каков тип е,затоа што има такви кои лажат :!:
     
  19. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    205
    Тоа минато не може да остане позади нив заради детето...Нека е здраво и живо, ама тоа дете не може да биде минато, а со тоа и мајка му која што го чува.

    Девојче, запрашај се само колку си млада...Немој да влегуваш в комплицирана врска. А што ако тоа дете еден ден дојде да живее кај него...дали можеш да замислиш таква иднина? Па мене глава ме боли од моите две деца, а не тек и мм ако има дете од претходен брак да му го чувам.

    Или пак ситуација...детето дигнало температура 40 степени, па бившава му се јавува да го носат на доктор, вие сте излезени и тој мора да те остави и да трча ка нив. Верувај ми, ќе се чувствуваш како покакан гулаб (без навреда).

    Не си го комплицирај животот, со твоите години можеш да си најдеш човек кој 100% ќе ти се посвети тебе.

    Многу кратко време се знаете и тука нема место за љубов, ти си заљубена, а тоа е нешто друго...ти си магепсана и понесен во чувствата. Најверојатно и имаш чуство дека правиш добро дело што прифаќаш таков човек. Тој од старт не бил искрен со тебе...запамти го тоа.
     
  20. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    98
    Да Инола е во право.
    Еве јас сум чист пример.Детето беше кај него и беше болно.Тогаш не бевме излезени заедно тој остана со него.Додуша се трудам да имам големо разбирање и јас самата да му велам седи со него не мора да излегуваш....Инаку никогаш не сум се почувствувала запоставена од негова страна.
    Затоа кажав дека мора да се има толеранција и тоа голема