Другари или...???

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Vaznichka, 29 ноември 2009.

  1. Vaznichka

    Vaznichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Значи ова е приказната... Се запознавме летово во Јули на кејот возејќи велосипед. Станавме супер другари муабет и сето тоа. Е сега финтата е што ја го знаев и пред тоа и ми беше малку симпатичени сега кога се запознавме ми стана уште посимпатичен бидејќи сфатив уствари колку супер личност е а мене карактерот ми е доста важен и навистина скоро се вљубив во него...Плус секој ден на МСН си правиме муабет се зезаме... и јас се решив да му кажам дека ми се допаѓа!!! И тој ми рече дека демек не сме се познавале доволно она ова... И ја сфатив колку е сат и реков ок нема везе. И поспе тоа како ништто да не се случило ние сме пријатели и све тоа и секој ама баш секој ден правиме муабет на мсн и си пуштаме сигнали и пораки пишуваме а ја правам се сшто можам да не мислам на тоа дека тој ми се допаѓа и дека го сакам и све... А со него правам муабет за се ама баш за се. А најтрагично е што тој ми раскажува на пример кое девојче му се допаѓа и како излегувале па... дека другарка ми е баш згодна таман за него... Такви зезанции. А финтата е дека секогаш јас ја спомнувам таа тема за тоа која нему му се допаѓа и го зафркавам затоа што секогаш ми е страв да не се издадам дека сеуште ми се допаѓа. А веќе стварно неможам да издржам. Другарка ми ми вели да ги оладам односите со него само така ке можам да го заборавам ама јас не сакам да го загубам како пријател затоа што тој навистина е посебен и многу ретки се таквите машки денес..... Вие што бими кажале ??? :|
    Инаку....јас имам 16 а тој 19 години :)
     
    На edinstvena06 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Vaznichka

    Vaznichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    И патем.... Никот ми е Важничка зашто он така ме вика лелеле :(

    МОДЕРАТОР: Ве молиме користете го копчето „Редактирај“ наместо да испраќате две мислења едно по друго.
     
  3. kiki-riki

    kiki-riki Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    101
    важничка а зошто не му сервираш некоја приказна од типот *леле ама добар тип ми се пушта ме покани да излеземе, мислам дека ми се допаќа, се влјубив* ако има некакви чувства ќе се обиде да бидете заедно, ако нема чувства кон тебе нема да реагира- па ќе знаеш на што си
     
  4. zkjb

    zkjb Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    41
    Dusicke tolku si mlada sto sega se ti se lici idealno.Nesakam da te razocaruvam ama kako postara so deset god brak mozam da te posovetuvam nesto,pominav niz nekoi losi iskustva so mojot maz i rab gi gledam globalno i vo tencina.Moe mislenje e deka ti nego go interesiras samo kako preijatel ako si mu se dopagjala na tvojata izjava deka ti se dopagja ke odgovorel i toj pozitivno,a toa deka toj za tebe e idealen srecicke veruvaj mi nema idealno masko ,nedozvoluvaj da si mislis taka ,ne mu serviraj sekogas sto saka da cue, bidi ladna a zavodliva malku obrni deka tebe dr ti se dopagja deka si interesantna za drug ama komentiraj pred nego ,ti mu go davas toa sto toj go saka ,toa sto toj saka da go cue a ti samo ostanuvas so nadez mlada si ima uste mnogu pred tebe bidi pogolemo masko od nego stoj pravo i so dignata glava pokazi gordost ne go idealiziraj ne mu go pokazuvaj toa tie toa go sakaat pokazi malku nezainteresiranost pa ako nesto cuvstvuva za tebe togas toj ke pokaze sam .Pozdrav i so sreca ;)
     
  5. Vaznichka

    Vaznichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Ама јас му сервирав таква приказна...згора на сето тоа тој секој ден ми наоѓа на фб некој супер дечко за мене .. ми го мести неговиот другар блабла... Мислам се зезаме се тоа но сме дошле до муабет дека јас му се допаѓам на некој друг и сето тоа...
    И јас не велам дека е Идеален маж, ама јас секогаш досега во многу машки сум се разочарала, на љубовен план и уште пострашно пријателски а тој во секоја ситуација знае како да постапи па и ако се скараме тој ке направи шега од сето тоа и колку и да сум лута ке ми помине :D . Јас отсекогаш сум сакала машко за добар пријател и еве го имам само што сум заљубена во него... :x А знам дека не му се допаѓам тоа ми е одамна јасно но не знам што да направам да не го сакам повеќе (а пробав веќе скоро се) туку само да си бидеме пријатели како што сега навидум сме!?! Пробав и да ми се засвиѓа некој друг ама....не оди :( :( :( Инаку фала на советите позз ;)
     
  6. TheAngel

    TheAngel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    105
    Пол:
    Женски
    Хмм.. ова ме потсеќа на еден филм со наслов He's just not that into you.. Најубаво ќе ти биде да се помириш со тоа дека тој не е за тебе и да продолжиш понатаму.. Не си ги троши времето и малдоста на луѓе кои не те заслужуваат. Ти си направила се што си можела.. Нема резултати.. идеш даље.. Има уште многу риби во морето..
    Знам дека е тешко да заборавиш.. Меѓутоа сите сме го поминале тоа.. :mrgreen: .. Сепак времето лечи се..
    :P
     
  7. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    600
    Vaznichka sum bila vo takva situacija i sum imala rabota so t.n."drugari".

    Za razlika od site ostanati lazni ,jas za sreca imav i se uste imam VISTINSKI drugar so koj se druzam od prvo oddelenie ,ama so nego e sosema dr.rabota.Tuka nema svidjanje.Od deca sme zaedno i sega i jas i toj imame svoi familii i kontaktirame kolku ke ni dozvoli vremeto.
    Medjutoa,jas za tebe imam drug sovet.
    Jas bi ti rekla da probas da go zavedes.
    Posto vikas deka ti se svidja (a sigurno imas vreme i nemas popametna rabota :lol: )probaj da go kjaris,pa i samata ke vidis kolku vistina ti se svidja.
    Prva taktika e ,kako sto veke nekoj ti kaza,da glumis deka imas nekoj i privremeno da isceznes od negoviot zivot.Ama skroz.Da te nema na tel.fb,skype i na dr.na sto komunicirate edno 2-3 dena od prilika.
    Posle diskretno pojavi se nekade i koga TOJ PRV ke te iskontaktira,prvo izraduvaj se ,a posle izgledaj deka vnimaniteo ti e na dr.strana i so dr.licnost.
    Ako dojdes do ovaa tocka ,postojat simpatii.
    Podgrevaj go taka se duri ne mu pukne film i da ti kaze deka saka da se vidite ,kao drugarski i da pravite nesto drugarsko :lol:
    Togas : Najdobro svetlo.Najseksi garderoba (bez minici i sl) ednostavno nesto sto e senzualno sexy.Ponasanje zavodnicko top.(sto ke rece trepkanje so oci i sl)i (neznam kolku godini imas ,ama AKO SI POLNOLETNA ,A I TOJ ) dodaj ALKOHOL i ke vidis.....
    Ludjeto pod odredeno dejstvo na alkohol se opustaat i si go pravat ona sto nemaat hrabrost da go napravat na trezno.
    Spored moe mislenje i iskustvo,se raboti za t.n drugar koj ne e siguren sto saka i ne e na cisto so svoite emocii ,no na koj definitivno mu godi da bide vo tvoe prisustvo.
    Posto si ti zagreana ,MORA da postoi hemija i od negova strana.
    Probaj so ovoj"EKSPERIMENT" i pisi sto si napravila.
    Sekako sovetite prilagodi gi na nastanatata situacija vo momentot.
    Ti drzam sreca.
    :twisted:
     
  8. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    600
    Ups..... ne vidov kolku godini imate....TOGAS ZABORAVI GO ALKOHOLOT! :oops:
     
  9. Vaznichka

    Vaznichka Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    хехехехехеххехехе Фала за експериментов..Вид ние веќе три пати се договараме да излеземе другарски ама се нешто ни искрснува и не можеме да го реализираме тоа :? Друга работа е што веќе се случувало на пример да немам интернет и така нешто и тој веднаш ке пише па каде си те снема такви работи.... И секој ден ми пушта сигнали ...за алкохолот нема шанси :lol: а јас знам дека не му се допаѓам воопшто или можеби сум дошла во погрешно време бидејќи кога јаси тој се запиознавме тој веќе се шмекаше со едно друго девојче со кое и ден денес сеуште се шмекаат само уште не се официјално заедно. Јас и сама не знам како трпам тој скоро секој ден да ми раскажува за неа што како :o ама ете...издржувам

    Е сега мојата дилема и проблем не е како да го освојам бидејќи сфаќам дека нема фајде од тоа кога не му се допаѓам како девојка... проблемот е како да го умрам чувството дека го сакам за да можеме да бидеме пријатели на раат а не јас вака да се гушам секојпат кога зборуваме за НЕА.... Затоа што навистина сакам да сме пријатели бидејќи такво машко денес ретко се наоѓа. :roll:
    Инаку фала за сите совети :mrgreen:
     
  10. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    600
    Pa taka sto ke go kjaris ke ti pomine merakot i poveke nema tolku da mislis na nego.
    Ne mi se veruva deka nema sansi d ago fatis...mislam deka mozes!
    ;)
     
  11. stefanija-m

    stefanija-m Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    26
    Vaznicka znaes kako vikaat nadezta posledna umira... ili pak krugot se vrti ;)
     
  12. Miss.Fabulous

    Miss.Fabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Искрено јас мислам дека не можеш ништо да преземеш тука бидејќи момчето кое ти е другар не е ни свесен за неговите чуства кон тебе и едноставно мисли дека те гледа како другарка.Не можеш ништо да превземеш за ова и едноставно остави да помине време можеби ќе се освести некој ден.За тоа време ти игнорирај го малце или пак најди си нова симпатија(не мора ни да ти се допаѓа мн туку само како да ти е занимација да си ги отргнеш мислете од него) и поминувај повеќе време со другарките и избегнувај го колку можеш.Дури јас би ти претпорачала да си најдеш нов дечко верувај ми нема да е рамнодушен на тоа :) а и никогаш не се знае можеби и ќе се заљубиш :)
    Е сега гледам дека си мн сигурна во тоа дека не му се допаѓаш и затоа прво ти го напишав советот за после ти објаснам зошто мислам дека грешиш.Очигледно е дека ужива да го поминува времето со тебе и речиси сум сигурна дека му се допаѓаш само тој не е ни свесен за тоа.Еве ќе ти дадам еден пример.Јас имам најдобар другар кој ми е другар уште од забавалиште и никогаш не е имало нешто повеќе од другарство ниту пак се јавиле некакви чуства повеќе од другарство.Едноставно знае се за мене, а и јас за него.И искрено ќе ти кажам дека некогаш се е случило да не се слушнеме или читнеме на нет и по месец време заради обврски и слично.Но никогаш не ми е текнало го нема еден ден на нет и ќе му пишам кај си се изгуби или зошто не си онлине.Не дека не сакам да го слушнам баш напротив туку едноставно нема ни да забележам.Е тој забележува кога не си онлине или кога се губиш.А тоа го прават сите кога и се допаѓа некој.Еве и ти го правиш сигурно (знаеш кога е онлине кога не е што има на ѕид :D :D ).Тоа ти е човечка особина.Затоа игнорирај го малце со време ќе се освести.Ако не здравје не е ни прв ни последен :)
    Поздрав ти посакувам многу среќа и се да се среди
     
  13. poetesa.95

    poetesa.95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    1
    Би сакала ова да го споделам со вас, па доколку имате некој совет или слично искуство можете да учествувате :)
    Оваа година во Март,преку училиште бевме на екскурзија-крстарење низ Европа.На таа екскурзија запознав едно момче кое на прв поглед ми се допадна.Тој е шармантен, убав,висок,преееееезгоден и убаво и културно васпитан.Баш затоа ми се и допадна.
    Таму се запознавме и со тек на време станавме многу добри пријатели.Тој незнаеше дека ми се допаѓа веќе некое време.Ова е осмиот месец како ми се допаѓа и пред неколку недели,моите другари неможеа да издржат па долгочуваната тајна беше откриена.Кога му соопштиле, тој изреагирал:-Ха, па јас тоа го знам одамна.Само ние сме добри пријатели и не би сакал заради една врска да го уништам сето тоа,бидејќи од пријателство може да израсне љубов но од љубовта никогаш пријтелство.А и многу женски ми се пуштаат мене, сакам да ги гушкам,дружам,возам, и да излегувам со нив не би сакал тоа да ја повредува неа.Шансите се 50-50 но сепак мислам дека ќе се одлучам само за пријателство.
    Значи го разбирам потполно, нема ништо лошо кажано или нешто што би ме повредило, но сепак .....незнам. Се чувствувам така некако, откачено, осамено.
    Сега не би можеле да бидеме ни пријатели, бидејќи го сакам од овде до Плутон во потполна смисла,и како би седела со него и би го гледала во очи а да останам рамнодушна?Или пак да го слушам тој да ми раскажува за свои љубовни тајни и врски, како што прават другарите?
    Хех, оваа љубов...чудна болест. :shake:
     
  14. Ivah

    Ivah Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    203
    Допаѓања:
    196
    здраво поетеса, хмм што да ти каЖам типиЧена машкост, мила оди понатаму со Животот, пробај да не го мислиш, излегувај си со другарките, најди си некое хоби кое би те исполнувало, прави работи што ги сакаш, смеј се биди срекна, колку што моЖеш не го мисли зацели си го Животот кон други работи, па мила тој тебе не те заслуЖува, тој тврди дека си му само пријателка и нема никакви симпатии кон тебе за Жал, малку глупаво и од негова страна што се изјаснил баш така , а не требало доколу ти си му вистинска другарка, но сепак бори се, обиди се да го заборавиш, со тек на време и самата ке сватиш дека не вредело да се нервираш и Чуствуваш така свакаш?
    што биднало, биднало, времто леЧи се, ке дојде и тој тип, кој ке те сака, и љубовта ке ти биде возвратена, поЧекај секоја работа има свое одредено време..
    е тогаш верувај ми би се смеела за денешниов ден.. ти посакувам многу среќа ;)
     
    На poetesa.95 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Volinos

    Volinos Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Критикувајте ме колку сакате,знам дека ова е погрешно што ќе ви го кажам..но стварно незнам што да правам ..Па на мојата другарка и се свиѓа едно дете,и сеа пред некој ден бевме сите на кафе кај мене дома и се зезавме и се.. а типот мене ми се пушташе цело време,и што е најтрагично и мене он ми се свиѓа..но неможам ништо да направам..жал ми е за другарка ми сепак она е поважна од едно машко,но стварно незнам што да правам,кога знам дека он неа не ја свиѓа.. помагајтее!! :worried:
     
  16. edinstvena06

    edinstvena06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2011
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Не си единствената на која и се свиѓал другар. Го имам искушено тоа чувство така да би знаела како да ти помогнам. и јас имав другар тој беше моја возраст заедно учевме до основно па и сега во средно, исто така и тој ми кажуваше се за тие што му се свиѓале и слично. Но сепак добро размислив и решив да не го ставам во мисли и да го заборавам. Тој ми рече да му местам една другарка, но јас и го направив тоа се покажав паш другарски. Но сепак што другарками се правеше важна и сакаат да ја молат по 100 пати, па му удри корпа. По некое извесно време и јас на мсн му кажав дека ми се свиѓа, но и се смував со него, со ова сакам да ти кажам дека потешко е кога си имала нешто со него отколку ништо. Јас самата колку и да ми беше тешко го откачив иако он се приврза за мене. Јас си фатив дечко и тотално го заборавив. Иако сега не сме ни во контакт ретко да направам муабет со него, ама муабетот ми беше дека не сме сеа толку блиски не сме пријатели поради тоа што сме имале нешто. и поради тоа што сме имале сме се испокарале и сме се изгубиле за другари.Пробај и ти со некој ти кажувам дека за брзо време ќе го заборавиш и по извесно време ќе ти се засвиѓа
    тој со кој си пробала да го заборавиш него. :)