Секогаш викав другарка си е другарка никој не може да ја замени, дечко си е дечко.. Од мои моши искуства, во пријателства кои вложував многу па дури и самата ги расипував односите со дечковци само ради другарки, би избрала дечко.
Тоа е така бидејќи си дозволила секој да ти биде пријател. Макар и по години да сте другарки, не си ја видела вистинската страна од нејзиното лице.
@buba4e89 не знам навистина... другарка ми е откога знам за себе..но последната година ја запознав вистински, кога почнав да живеам со нејзе..
Каде што има вистинско пријателство од едната страна и вистинска љубов од другата страна, нема место за вакви ситуации. Случка од пред 7-8 год Имам пријателка, како сестра ми е.. Одеше со дечко кој што ја изневери со друга. Дечкото нејзин и мојот тогашен најдобри другари. Кога го фатив сосема случајно, раскина со временава и му реков ако не и каже на другарка ми, јас ќе и кажам.. И призна и им се оладија односите на некое време. Тој ме обвинуваше за ситуацијата, избија кавги, меѓу мене и него, меѓу мене и тогашниот дечко, дојде и до тепачки.. Од комшија мој набавуваше марихуана и го видов една вечер и за тоа му се с'снав.. партал го направив. Ме удри! Се дрзна да ме удри. Следниот ден ќе ми го расипеше ѕвончето од ѕвонење, чист беше, дојде да се извини. Го седнав и муабет правевме отворено како никогаш до тогаш.. Ми побара помош, поддршка. Иако беше кретен, иако бевме искарани, му подадов рака, му помогнав. После 4-5 месеци се смирија со мојата другарка. Работевме на "случајот" .. јас никогаш не заборавам лоши зборови, ама за воља за вистината, за доброто на другите преминувам преку тоа. Денес се во брак, имаат детенце. Јас раскинав со тогашниот од сосема други причини, но во ниту еден момент не беа доведени во прашање ниту мојата врска, ниту моето пријателство.. Вистинските пријатели и вистинскиот партнер никогаш нема да те натераат да бираш помеѓу тие 2 значајни личности во твојот живот..
Зависи од ситуацијата. Никоја другарка збор лош не рекла за дм, ниту пак се дрзанала да помисли нешто такво да каже. Можеби затоа што на време се раатисав од „другарките“ што би можеле да направат некаква глупост. Имав другарка која беше малку психич (мојата најдобра другарка ја бркаше со нож), немаше тема на дискусија. Само ме посоветува да се тргнам од неа, пред да дознаеме каква мустра е. Полека се тргав од неа и буквално исчезнав. Никогаш не се најдов во ситуација или-или. Ниту пак него сум го ставила во таа ситуација. Апсурдно е! Тоа не е кока-кола или фанта. За живи луѓе станува збор. За се постои рзговор и решение!
Порано како тинејџерка се трудев да најдам некој баланс да е биде запоставен ниту дечкото, ниту другарките иако реално од тогаш гледна точка барем за нијанса поважни ми беа другарките. Ама како минува времето, годините, растеме, созреваме размислувањата нормално ми се менуваат сфатив дека оние за кои сум мислела дека му се другарки, кај нив не постои ни д од другарство. Сметам дека никогаш не е касно, затоа со тек на време си се повлеков. Пиеме кафе, си го имаме муабетот ама блискоста како порано-никогаш. Јас сум таков карактер што мразам да се инаета, убедувам, расправам па доста често пошуштам само за се да биде океј, а од друга страна кога имам некој проблем ако не се искажам на некого не можам да го држам тоа во себе мислам ќе пукнам. Имаше период кога минував низ навистина тешки момонти имав мимлиони проблеми, љубовни, финансиски, семејни буквлано од се по нешто ме јадеше. Девојчето за кое мислев дека ми е другарка ја знам повеќе од половина живот и дали порано сум била наивна или слепа навистина не знам, ама буквално се што ќе и се пожалев таа го зборуваше пред други само во испревртена и доизмислена форма. Инаку не сум замарала никого, таа сама се нудеше и интересираше да ме сослуша, после ми стана јасно и зошто. Јас нормално дознав затоа то и тие други имаа усти и тие зборуваа па контактите со неа и сличните на неа ги сведов на минимум. И зборувам ама општи муабети како си, што има, надвор времето топло/ладно, како на факултет/работа и толку. И ден денес ми пишува дека сум ја игнорирала, избегнувала, не сум ја дружела или не знам што. еднаш месечно може да се напиеме кафе и нема потреба од повеќе. Имало периоди кога тоа нејзино лицемерие толку ме нервирало што ми идело да и плеснам се во лице ама сепак не сакам да паѓам на толку ниско ниво, таа со нејзиниот карактер ја остави и дечко и со образложение дека не знаела да се понаша и во право е. А од денешна гледна точка искрено би сакала да имам партнер кој ќе ми биде и дечко и другар и поддршка и рамно за плачење, буквално се. Има моменти кога си викам дека не сум спремна за сериозна врска ама некогаш ми треба некој на кого би можела да се потпрам. Кога би запознала некој таков секако би го ставила во прв план.
Одлична тема. Не би сакала да зборувам или коментирам одредени примери. Но, би сакала да дадам свое мислење. Дефинитиво во секоја девојка има борец кој треба да се бори и да го заштити тоа што и е должност и одговорност. Денес е врска, утре е дете. Секоја најпрво треба да го обезбеди својот опстанок, а паралелно и опстанокот на својот сакан. Нормално гледајќи да не наштетува околу неа. Факт е дека не треба да се занемаруваат пријателите. Сепак тие биле и се дел од нашиот живот и имаат свое место и значење. Често пати, забележувам дека правиме грешки, особено во разбирањето на некои поими, како на пример: вистински пријатели. Би сакала малку тука да се задржам. Не се вистински пријатели само тие кои што се добри кон нас, кои не подржуваат. И тие кои се непријатни се вистински сами по себе. Бидејќи не ги кријаат непријатностите. Или пак можеби ги кријаат. Наше е да забележиме тоа што се случува пред нашите очи. Значи треба да се направи јасна граница и да се внимава на два изрази непријатни-лажни и непријатни-вистински. Оној кој истапува и се обидува да разговара за тоа што се случува, сметам дека во најголем број примери се обидува да пронајде излез и тоа не само за себе, туку во интерес на двете страни, и се поставува во позиција да се менува за доброто на пријателството. Но и не мора да значи. Секоја врска: љубовна или пријателска си носи сама по себе одговорност и различен пристап. Со луѓето требало повнимателно да се постапува. Како и да е. Секогаш кога се бориш за чесност и пристапуваш со намера никој да не повредиш и си во константна позиција да се браниш, ќе знаеш и кога пред да ти наштетат да нападниш. Треба да внимаваме како постапуваме: ако е лошо за тебе, а добро за некој друг, значи не е во ред ни за тебе, ни за втората страна. Ако е добро за тебе, а лошо за некој друг, не е добро ниту за тебе ниту за втората страна. Ако постапката е доволно добра за тебе, како и за втората страна, во тој случај е во ред и за тебе и за другиот/ата. Нормално горенаведеното паѓа во вода ако си имаш работа со кретен/ка. Во основа треба да си тераш по патот...Заштити го тоа што го сметаш за свое и тој/таа кој треба да е покрај тебе ќе биде. #љубизадаразбереш#убавитезборовинесесекогашвистинскиавистинскитезборовинесесекогашубави
Никогаш до сега не сум била доведена до ситуација да бирам а се надевам нема ни да бидам,имено дм и мојата најдобра другарка се луѓето без кој неможам животот да си го замислам ,а доколку би морала да бирам би отбрала тој што не ме ставил во ситуација да бирам.
Дечко, бидејќи исто така ми е најдобар другар и подругар испаднал од другарките. Едно време имав добиено коментари како: "не се залетувај многу со дечко ти оти кога ќе раскинеш ќе ги бараш другарките". Sorry not gonna happen.
го одбрав дечкото затоа што се покажаа лицата на " другарките " колку се уствари другарки а сега сите си имаат посебен живот со Нивните дочковци и мажи
Зависи ако е некоја другарка што ми е ептен блиска тогаш она.Ама не би дозволила да дојдам во ситуација да бирам меѓу луѓе.Обично кај мене отпаѓа тој што ми го поставил ултиматумот да бирам, бидејќи се дрзнал да ме стави во таква положба.Ако одам пример со некој повеќе месеци и ни е топ и се покажал типацот пред мене во најдобро светло тогаш него би го избрала.
Зависи од околностите. Мислам дека вистинска другарка или нормален дечко никогаш нема да те тера да бираш измеѓу, некако детски ми е и крајно кретенски. Прилагодување треба. Имав другарка лепотица, се залета по едно сељачиште кој во никој поглед не и одговараше, тешка сељачана по изглед и однесување,згора на се и ја искористуваше, ама она не го гледаше тоа. Јас со него не се поднесував органски, и она тоа го знаеше. Никогаш не ни помислив да и поставам ултиматум, туку седнавме и реков се што мислам за него, дека еден ден ќе и текне на моите зборови, едноставно само барав кога е со сељачиштето мене да не ме бара, пошто не сакам да минувам време со такви особи. И така теравме. После кратко време му раскина,он и направи триста проблеми, и ми велеше во право си,кај и бил паметот. Муабетот ми е, дека заљубен човек е слеп човек и понекогаш треба да се чуе мислењето од најблиските другарки, за кои си сигурен дека лошо не ти мислат и дека за арно ти зборат.
Оној/онаа што не те тера да бираш меѓу себе и друга важна личност во твојот живот, без разлика во која улога е.