1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Другарка ми е жртва на насилство

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Nymphadora, 7 јули 2011.

  1. Nymphadora

    Nymphadora Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Здраво, се регистрирав на форумов бидејќи навистина ми е потребна ваша помош.

    Мојата најверна другарка е жртва на насилство од страна на нејзиниот дечко. Навистина не знам од каде да почнам и како на кратко да ви кажам за се што се случува за да ми дадете некој совет како би и помогнала на мојата најверна другарка.

    Нејзиниот дечко ја тепа за секаква ситница, на пример: зошто излегла на стадион да трча, зошто излегла без да му каже, зошто отишла кај другарка без да го праша, зошто оди кај роднини, зошто излегува со мајка и и уште ред други работи кои според мене се глупости за некој да ја малтретира на таков начин. Тепањето не е единствениот проблем. Во секоја можна прилика ја навредува, понижува, уценува, типот едноставно целиот свој бес го истура врз неа. За да биде уште полошо она мисли дека можеби тој тоа го прави затоа што премногу ја сака и не знае како да искаже милост. :(

    Нејзините родители не знаат за сето ова, они воопшто не го ни сакаат. Она се плаши дека ако дознаат ќе ја избркаат од дома бидејќи се многу строги. Ве молам помогнете ми, не можам да седам со скрстени раце и да гледам како другарка ми се уништува!
     
  2. Elena.Ridl

    Elena.Ridl Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
  3. lovely-girl

    lovely-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2010
    Пораки:
    617
    Допаѓања:
    653
    Пол:
    Женски
    Хах, ама искажување на љѕбов, хелоооѕѕ , другаркати добра е со паметов !?!?!??!?!?! Да ме тепа да ме малтретира на секој можен начин , и јас да сум уште со него и да велам :- Затоа што ме сака ми прави така !?!?!?
    Во никој случај не би дозволила да го прави тоа, ќе го пријавам па што сака нека биде. Дали е размислила таа какок живот би ивеела со него, ако некогаш стапат во брак :!: нема шанси ке се покае тогаш што се рподила ако сега не преземе мерки .
    Оваа нека го пријави, може на дечкото му фали нешто, може нее во ред, незнам што да кажам. А тебе мила моја ти препорачувам да не и се мешаш премногу затоа што на крај ти можеш да испаднеш крива.
    Си ја посоветувала ли другаркати да го пријави, си и рекла ли дека тоа нее врска која таа треба да ја доживее !?!?!??!
    немој на крај да си сфатена погрешно, а ти сакаш само да и помогнеш.
    И за крај ако веќе толку многу ти е грижа, ако таа не пријави, а дечко и продолжи да ја малтретира, тогаш ТИ земи си за право и оди пријави го, и змаоли се да остане тајно кој пријавил . Се надевам дека овој проблем ке го решиш.
    Од се срце ти го пишувам оваа, бидејќи сум против насилството, без разлика дали е семејно или е од дечко, или нешто слч ...
    Поздрав
     
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    таа е зртва и на психичко и на физичко насилство, и би требало да се опамети дека тој тоа не го прави од љубов, да собере храброст и да го пријави во полиција и да покрене кривична пријава против него, или пак да се обрати во Шелтер центар-(би требало на Гугл да има нешто повеке за овие центри и тел. број за конкакт)зависи од кој град е таа имаат скриени локации па така да тој не ке мозе да ја пронајде :!:
     
  5. Margaux

    Margaux Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    34
    Криво ми е за другарка ти и за тоа што го преживува, но мора да има малку повеќе самопочитување и самодоверба за да можеш ти или некој да и помогне. Со самото тоа што викаш дека она мисли дека он така ја искажува љубовта ми е јасно дека она не е ниту свесна што е тоа љубов. Претпоставувам дека е на твоја возраст, што значи не е мала, и треба да е свесна дека не треба да му дозволи на некој така да се однесува со неа. Мој совет е да поработиш на нејзината самодоверба и да ја убедиш дека она вреди многу, а добива малку. Немој никако да го критикуваш дечкото (ако можеш и не го ни спомнувај) туку фокусирај се на нејзините добри страни и на тоа колку би и било поубаво без него. Поминувај повеќе време со неа, излегувајте заедно, пробај да и покажеш дека заслужува поубав третман и однесување и на убав начин ќе ја одалечиш од него.
     
  6. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.028
    Допаѓања:
    4.534
    Пол:
    Женски
    Убава е твојата желба да и помогнеш на другарката ама мислам оти само таа може да си помогне. Твое е да и дадесш совет како другарка ама подобро да не се мешаш многу тој деген може и тебе да ти наштети. Нека каже на нејзините ПОД ХИТНО или во полиција дирек да го пријави. После првата пријава законски нема да смее да и се доближува.

    Ако и понатаму таа сака да биде со него тогаш нејзе ја сметам за уште поголем деген (извини вака ама така е).
     
  7. strelecF

    strelecF Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    14
    според мене нема помош за неа се додека сама не увиди дека навистина не може да функционира со него и дека љубов не е тепање,туку почит пред се.
    ти можеш се и сешто да направиш,да бараш помош од институции, да им кажеш дури и на нејзините, меѓутоа сето тоа би било залудно се додека она не свати дека навистина греши и сама не побара помош!
    затоа мој совет би било да ја убедуваш дека љубов тоа не е,таа заслужува подобар итн (во тој стил)
     
    На sesilija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nymphadora

    Nymphadora Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    фала ви на сите за искрените одговори... навистина ми е многу грдо што сум со врзани раце.. и реков да го пријавиме, дури се понудив да соберам луѓе и да го намлатат добро.. ама она не сака да чуе за такво нешто.
    Лошо е тоа што он постојано и зборува дека она како него нема да најде друг дечко, дека никој така нема да ја сака, дека она е зависна од него и дека он може да најде многу како нејзе курви... а девојката е премногу повлечена и освен мене нема некој на кого би се доверила :worried:
    Дали некој знае во тие центри кај што се пријавува за насилство како работат ??
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.107
    Допаѓања:
    155.767
    Другарка ти...ај благо ќе кажам,е прилично наивна што мисли дека нејзините родители би ја избркале ако го дознаат тоа,а со право,веројатно некоја родителска интуиција не го ни сакаат.Зарем се луди да ја избркаат и да ја остаат на милост и немилост на тој лудак?!
    Прво треба да им каже на своите родители,на своето семејство,а потоа заеднички да се обратат до одредени институции.А ти ко загрижена другарка,јас не знам шо чекаш и не преземеш чекор ти да им кажеш.Да,тоа е работа за која треба да се вмешаш.
     
    На srcekrsacka и sesilija им се допаѓа ова.
  10. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.580
    Допаѓања:
    40.007
    Пол:
    Женски
    Ќе ја избркаат зошто некое неизживеано говедо ја тепа нивната ќерка?
    Нека им каже, нека му раскине и ако има брат или некој појак братучед нека му го прати да го претепа за цел живот, односно константно да го тепа! Или нека го пријави во полиција иако мислам дека тоа нема да има некој голем ефект барем не во нашава земја!

    Мразам такви луѓе што се изживуваат врз своите девојки без причина, за вакви глупости!
     
    На Nymphadora му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    тепање од милост? или модрици од милост? :fubar:
    немам слушнато до сега за ваква слатка милост :wasntme:
    абе другарка ти колку години има 12-13 па размислува така? море и на дете од 10 години ке му текне дека тоа не е во ред!
    потхитно пријава!
    нека размисли малку ако ја тепа сега кога и е само деЧко, што би и правел кога би и бил маж?
    сигурно ке е цела во плава или евентуално лилјакова боја. :x
     
  12. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Само дома кажување е спасот. Очигледно другарка ти нема намера да го направи тоа, па ако навистина ја сакаш ќе го направиш ти тоа. Верувај дека така е најдобро за неа. Понатаму нејзините родители се тие кои ќе направат се за да ја спасат од лудаков.
     
  13. Nymphadora

    Nymphadora Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    девојката има 22 години... али она е повлечена во себе, не е свесна за тоа што го има и затоа мисли дека не вреди многу. И оставив време од 2 недели за да му најде причина и да му раскине(иако не верувам многу во тоа).. ако не го направи тоа.. ќе морам да им кажам на нејзините па макар со тоа да ја доведам до ситуација да биде казнета да не испаѓа од дома :worried:
     
  14. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Абе што му ја мисли нека му раскине и готовооо!
     
  15. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Ако она е повлечена и се плаши тука си ти да и помогнеш а тоа ќе го направиш единствено со тоа што ќе им кажеш на родителите!! за вакви работи не се ќути на крај да не дојде до големата!! реагирај,посоветувај да се тргне од дечко и дека никој на светов не заслужува да биде тепан и малтретиран особено од сигурно според описот исфрустриран искомплексиран и болен дечко! Колку и да се плаши таа и да те одвраќа од намерата да го пријавиш било каде стори го тоа затоа што само така ќе помогнеш а верувај тој никогаш нема да се промени! чим стално ја тепа тој ќе продужи! зато стави му крај на пеколот на другарката ќе ти биде благодарна еден ден!
     
  16. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    Дефинитивно мораш да кажеш на нејзините. Мoжеби ке биде казнета,можеби дури и ќе те мрази некое време,ама верувај дека после тоа ке ти биде многу благодарна,зашто никој не сака животот да му помине така како што и поминува на неа.А верувам дека нејзините нема да ја остават на милост и немилост,и дека ќе направат се за да ја заштитат. Ако стварно си загрижена за неа,кога веке таа не размислува трезвено, ти мораш да бидеш поцврста и да и помогнеш.И мислам дека нема потреба да чекате 2 недели.
    Уфф,колку мразам такви искомплексирани створења :@
    Најискрено се надевам дека ќе се реши овој проблем во најскоро време. Пиши што сте направиле.
     
  17. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    види подобро да биде казнета да не излегува од дома еден месец, отколку да биде казнета со него цел живот.
     
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Абе луѓе, не сфаќате дека најчесто, во вакви ситуации, девојката не гледа тоа што е пред неа. Немојте да мислите дека таа е заљубена во него, тоа никако. Таа е заљубена во личноста што си ја идеализира во својата глава, во овој случај насилниот дечко.

    Да не се лажеме, комплексна е ситуацијата и иако решението ни изгледа едноставно на сите, не е така лесно да се пресече. Претпоставувам дека ова и е прв дечко, можеби и затоа е толку приврзана кон него. Доколку немала друг дечко, таа мисли дека ова е правилно, со забрани, љубомори итн итн. Свесно е девојчето дека не е во ред да ја тепа, ама ете, ви кажувам дека не гледа што има пред неа.

    За да и помогнеш, мој совет ти е најпрво да им кажеш на родителите. Ама се, најискрено, од А до Ш, без лажење и ублажување на вистината. Нека сфатат со каков лудак си имаат работа. Обично, таквите се само кукавици и бараат начин да ја изразат силата, едно заплашување и опомена од полиција, нема да му текне да ја бара. АМАААА, повторно АМА, можеби овој не е таков. Нека бидат подготвени дека болниот ум можеби ќе сака да се одмазди некако, па да го спречат тоа.

    Лично јас сметам дека човечкиот организам сам од себе се брани во овие ситуации. Па тоа е тоа, исконското, не тера да се браниме од непријателот. Не може пријател да ти биде некој што така постапува со тебе. Психата и стравот од последиците, резултат на модерното општество и секојдневното размислување за нив, се оние кои ја кочат да се одбрани. Додека самата таа не сфати дека тоа е штетно, ништо од бизнисот, сите зборови пропаѓаат во вода.

    Слободно дај и да прочита некој пост од овде, нека ни пише и ЛП преку твојот профил ако е толку срамежлива... Јас би да и помогнам ако можам. Никој не заслужува насилство! :!:
     
    На WildMk, The.Crab и Nymphadora им се допаѓа ова.
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    на овој тепачов, да му се соберат двајца тројца некои така посилни мази, и да му го дотераат паметот да видиш после дали некогаш ке му текне на девојчево, ке бега од неа на 100 километри :!: :D
    ваквите мачо типови се кукавици во душа, па ја нашол девојкава повлечена па си лечи фрустрации на неа :fubar:
     
  20. Nymphadora

    Nymphadora Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    морам да ти признаам.. многу добро ја процени ситуацијава каква е.. и секоја чест за тоа. Се обидувам деновиве јас заедно со мојот дечко да ја убедиме.. да чуе и од машка страна дека тоа не е во ред и дека тоа не е љубов, дека сме покрај неа и дека нема да ја оставиме без разлика што и да се деси. Ако со тоа не успееме.. дефинитивно одам кај нејзините.. колку и да се незгодни на карактер ја мислам дека си ја сакаат ќерката.