Ти тврдам од лично искуство дека колку и да ја убедувате, нема да сфати. Знаеш кога ќе сфати - или кога ќе и направи нешто големо/опасно или кога ќе ја присилат родителите. Затоа ти реков, најдобро е право кај родителите. Па нека ја затворат дома, нека олади малку од се. Јас би пријавила и во полиција, колку да го заплашат. А за болниот дечко, само игнорирање. Нека ѕвони, нека плаче, нека се колне, нема јавување. А ќе ја гњави прилично долго време. Знаеш, тој може не признава, вели дека не му треба, дека е ѓубре и дека не чини, но всушност самиот тој е позависен од неа отколку таа од него. Таа му е играчката, можноста да си ја докажува силата. Лечење комплекси би го нарекла тоа. По некое време ќе му здосади да ја бара и ќе си најде нова занимација. Само да одолее на искушението да не се јави или да не го види кога ќе ја побара. Па пиши ни што испаднало.
Пробај со разговор да и објасниш дека ако некој ја сака нема да ја тепа. Тоа не е начин на искажување љубов. Обиди се да ја убедиш да разговара со нејзините, но ако не сака тогаш ти стори го тоа. Ако навистина ја сакаш и ја цениш ќе им ја кажеш вистината. Таа не е свесна за тоа што и се случува, можеби дечкото на почетокот бил супер фин и културен, па сега таа не може да сфати дека тој се претворил во нешто друго. Таа мисли дека тој е се уште истиот оној во кој се заљубила и живее со таа негова слика во главата, а тоа и оневозможува да го види каков е всушност тој! Затоа, прво обиди се ти да и ја покажеш вистината која и копа очи додека има време, а потоа разговарајте со нејзините родители или пријавете во некоја од службите за помош! Не треба да има страв од родителите. Веројатно тие сфатиле каков е тој штом не го сакаат, па ако отворено им каже дека и таа сфаќа каков е, верувам дека тие ќе се тука за да помогнат. Ако и тие знаат за проблемот полесно ќе се изборите со него! Со среќа!
Се согласувам со коментарот на Дузи, така да не планирам да се повторувам. Само ти како верна другарка не знам зошто си чекала толку време за да се одлучиш да им кажеш на нејзините родители кога веќе гледам дека си свесна за погрешното однесување на другарка ти и на нејзиниот дечко. Но, не е моја работа никому да му судам, само ти направи го тоа што треба да го направиш од твоја страна, а другарка ти ако и покрај се' не сфати дека тоа го правиш за нејзино добро, доколку не ги разбере и пронајде сопствените грешки, и не се потруди да ги реши тогаш слободно нека си го уништи животот со таков неранимајко. Не е ниту прва, ниту последна. На крај и краеви што е должен друг да се секира и грижи за неа кога таа самата не се почитува. Многу ме револтираат вакви ситуации и наивни девојчиња (да не кажам глупави). Без разлика на се', во овој случај и таа не е толку виновна колку нејзините родители кои ги сметам за најголеми виновници бидејќи не успеале правилно да си ја одиграат улогата на родители и да си го воспитаат девојчето во една хармонична атмосфера со разбирање, искреност и доверба. Толкава повлеченост, затвореност, недоверба во сопствените родители потекнува токму од нивниот неправилен пристап кон неа. Меѓутоа, грешките секогаш може да се поправат доколку кога-тогаш се согледаат. Е сега, последици како последици ќе си ги трпи целото семејство, а најмногу девојката која очигледно е изгубена и во времето и во просторот. Се надевам набрзо ќе успее да го пронајде вистинскиот пат во животот и ќе сфати дека нејзината среќа не зависи од влијанието на друг (во овој случај, нејзиниот дечко. До душа и тоа ако е дечко, не знам што не е ).
Зборувајки одсите ние од страна е многу по лесно , но личностите кои се во такви проблеми имаат страв да го пријават и кажат тоа.Мој совет е да ја убедиш да им каже на нејзините родители ,без разлика колку се строги ,сепак тое нивно чедо и никој не сака да си го гледа детето како страда од личности без чуства .Ако не го каже ова ке биде осакатена до крајот на животот, колку побрзо се отргне од тој човек толку по добро
Ова што ќе ви го кажам е многу тешко за мене и многу се срам поради тоа не очекувам да ме сватите но мене ми е многу тешко.... Истиов проблем и јас го имам со дечко ми...... Не беше таков на по4етокот и многу се заљубив во него но сега почна да ме малтретира и психички и физички..... и да ви кажам тешко ки е да го пријавам а уште повеќе па да кажам дома моите не се строги но се чувстувам дека ги изневерив поради тоа што го трпам и се срамам да им кажам..... а како и да е ќе дознаат затоа што тој почна да има испади и на јавни места.... мене ми е многу тешко... и сакам да го оставам ама тој не ми дозволува уте полош станува кога ке речам дека е крај... а заради нго ја изгубив самодовербата и порати тоа што ми казува се и сешто се 4увствувам како да не вредам..... да не се другарките не знам што би направила.... но како да го остам.... кога тој не ми дозволува......
Зар си му робинка па не ти дозволува, го прашуваш ли и што ќе облечеш или јадеш? Како така размислуваш тоа е исто како да речеш не ми дава да му раскинам, тоа од тебе зависи а не од него. Ако не живеете заедно не му дигаш веќе телефон, не отвараш врата и ако стане насилен ќе го пријавиш а секако треба да им кажеш на твоите. Не знам од што се срамиш кога не е ништо за срамење туку за дејствување. Неверојатно е колку вие девојките трпите без да дигнете глас.
Кога читам некоја девојка дека го трпи насилството на дечкото се прашувам зошто воопшто се жали овде?Колку и да даваш совет да го напушти упорно останува со него надевајки се дека ке се промени. Па добро бе девојко кај ти е најпрвин самопчита на тебе?Кај си ја загубила?Зошто и покрај насилството на кукавицата продолжуваш да бидеш со него?се надеваш дека ке се промени?Ма неееееее,ако еднаш те удрил ке те удри и по втор а и по трет пат.А гледам дека тоа речиси и му е секојдневие.Зошто не го оставиш?Се плашиш да не ти стави пиштол во глава?не му се јавувај,не му отварај врата.Ма едноставно напушти го,готово е.Наместо да си живееш животот ти секој ден мора да плачеш заради некое копиле кое се изживува врз тебе.Кажи на своите,ке те подржат сигурно.И зошто се срамиш да кажеш?па тој е оној кој треба да се срами од своите постапки.
дечко ти не те поседува за да не те пушти! ако гледаш дека е таков, со повреме откачи го најбрзо што можеш, од оваа врска ваква ништо не бидува!! Ама, ако си спремна да трпиш и да бидиш малтретирана, (најверојатно уште повеќе во иднина), тогаш остани со него. Изборот е твој. а, на крајот на краиштата без разлика какви ти се родителите, тие сепак ти се родители, ако е потребно и не можеш да се избавиш сама од ситуацијата, кажи им, и побарај им помош. биди силна, преброди ја ситуацијава!!!!
Како тоа не можете да раскинете????? А ве боли тоа што ви го прави...Алоооо ме задржа само за раце и ми рече дека не ме пушта да си одам дома, јас си викнав полиција, а не па да ме удри. Една пријава, гасам телефон, или едноставно оставам да врти, а и бројчиња сега има за 200 денари. Ќе си земам нов број. Дома ќе кажам, колку и да се строги моите, сигурно не ми мислат лошо и не би дозволиле некој да ме малтретира. Значи се се може ако се сака. Ама буквално се!!! Нема тука никаква љубов. И тргнете се што побрзо од таквите.
Ве сфаќам сите што сакате да кажете но гледам дека вие мене не ме свативте.....сепак ви благодарам на подршката и не сакав да ви се жалам само морав да пишам за да ми биде полесно.......... Па ќе ви пишам пак кога ќе го решам проблемот.... Ви благодарам уште еднаш....
Ние те сфаќаме...Знаеме дека не е лесно. Но, ти збориме зошто не ти мислиме лошо. Тебе а и на сите останати кои се во ваква ситуација. Мораш да разбереш дека така не иде, не можеш постојано да се вадиш на тоа дека тој не ти дозволува, а ваму имап ставено тикер колку време сте заљубени.....Тешко е боли, но извини, вие не сте заљубени....Не ти судам, сепак ти си знаеш. Но, зар можеш да го трпиш тоа?? Уште колку долго???? Види, тука никој не те убедува, само ти дава искрени и реални совети, твое е да си одлучиш дали ќе си ги скратиш маките, или ќе дозволиш некој да се иживува со тебе.
да не се караме, ама ние не те сфативме???? е, во право беше PELIKUNA, прочитајте и ја првата реченица. Изгледа си заблудена во него, без ни малку самопочит и самодоверба. Проблемот ќе го решиш, така што ќе се решиш од дечко ти.
Изгледа и е страв да не ја скрши од ќотек ама па затоа се кажува прво на родители и на сите можни и неможни другари и како крајно се пријавува во полиција. Ако пак и тоа не е можно од одредена причина може да почне да му се понаша така (ама перфидно да не примети одма) што да му досади па тој самиот да изгуби интерес за неа ама се е подобро од пасивно чекање и тажење. Само немаат сите девојки борбен дух и ако е некоја со мирен и фин карактер јасно дека нема да знае што да прави, со други зборови за жалење е а не да ја осудуваме.
XMAN да ти кажам дека добро ме процени..... само што не можам да го пријавам или пак да кажам дома..... ке се обидам да го решам сама ако не успее тогаш но се надевам дека ќе ме остави на мира.... уште еднаш ви благодарам
Сама ке го средиш?како?Ке му речеш те молам не го прави тоа,јас те сакам бла бла?Зошто не го кажеш ???На некој близок нека биде ако не сакаш на твоите родители,брат,сестра братучед што знам ама ако така молчиш надевајки се дека сама ке го средиш проблемот грешка си ! Ти се заканува?Колку и да се заканува имај нешто на ум:Куче што лае-не каса.Тоа сама не можеш да го решеш,туку ти треба помош.Инаку некогаш ке те претепа па ке стигнеш до болница(не дај боже)и што си сторила тогаш?Aко не е тајна колку години имаш?
Имам 18 години...... и ова што ми се случува е голем шок за мене...... навистина сум збунета бидејќи на почетокот на врската тој беше ,,цвеќе за мирисање,, во секоја смисла ама сега...... стварно сум премногу збунета и исплашена ииииии...................
Извини,но ќе бидам груба. Што сакаш од нас? Да ти кажеме дека ќе се промени? Дека ќе се врати неговата добра страна? Епа не нејзе ја нема повеќе,те навредува и понижува те малтретира и психички и физички,како ќе го решиш тоа?! Јави се во полиција,за семејно насилство не знам,ти не можеш тоа да го решиш тој освен што те има повредено ти зависна си од него, зарем сакаш да те тепа?! И родителите нема да те избркаат е те подржат и ќе ти помогнат,не знам друго што можеш да направиш и никој не може да ти помогне ако самата не сакаш помош.
Па како нема да биде шок за тебе?одиш со тип кој најпрвин бил ангел а на крај самиот гавол.Бре бре бре,младина.Извини што ке те разочарам ама тој нема да се смени.Секој на почетокот е срце а подоцна му го гледаш вистинското лице.Премлада си,18 години имаш за да ги трпеш овие трауми.Разбуди се веке еднаш од сонот.Бајката е завршена,ти страдаш тој си го прчи.Океј го сакаш ама стави веке крај на тие малтретирања.До кога ке го трпиш?додека не те претепа до смрт?Е да си до мене сега како би те прошлакала по образ да се свестиш.Мојот веке екс ме навредуваше и јас не трпев и ставив крај,а камоли да крене рака на мене,е тогаш ке ме види каква сум јас. Мислам веке доволно си голема за да сватиш какви последици ке имаш и трауми понатаму.
па добро бе у кој век живееме дали знаете вие за да трпите насилство вие да не сте улави, не мие јасно како може да се сака некого кој цело време психички и физички ве малтретира. Отарасисе побрзо од него фала богу имаш родители кој ќе ти помогне во ваква ситуација освен нив
Извини вака ама не ни очекував тоа да го кажете, само сакав да си олеснам малку и да пишам тука но некои луѓе не ја сваќаат ваквата болка бидејќи никогаш немаа осете на свој грб ,,не дај боже некому да му се случи тоа,,..... сепак ви благодарам на сите.......