јас мислам дури си ја олеснуваш душичката тука да превземиш нешто и да се разделиш од тој насилник друго чаре нема, мислам дека нема шанси да се смени затоа бегај побрзо
Многу девојки трпат насилство, па дури и мислат дека е нормално и го заслужуваат, затоа што дома го гледале истото, израснале во семејство каде што таткото ја сака мајката мавајќи ја и навредувајќи ја. Се надевам не станува збор за таков случај тука.
Не, не далеку од тоа......... никогаш немам гледано насилство меѓу блиските нити па го сметам тоа за нормално, а стварно некои луѓе не ме сфаќаат....
Jaс не сум бидена жртва на насилство, се надевам и нема да бидам,но без разлика на се, ти тоа не си го заслужила никој не го заслужил тоа. Ти како сакаш олесни си,но ако веќе отвараш тема можеш да очекуваш различни рекации и одговори,ти прави како сакаш,но сигурна сум дека ќе дојде ден кога ќе престане тоа(се надевам) и ќе си речиш зошто не пријавив,зошто си ги истрошив најдобрите години вака кога можев да се заштитам...
Темата и воопшто не е за љубовни проблеми,туку за сериозни проблеми,опасни по живот.Навистина. Ако на почетокот бил добар дечко ти,сега станал насилен,можеш ли да замислиш каков би бил во иднина? Девојки,немате што да барате со насилници,малку ли ви се црните хроники кои секојдневно опишуваат колку далеку можат да одат вакви луѓе кои ги малтретираат жените?Не е шега,има многу други мажи на светот,па на крај и подобро сама отколку во лоша врска.
Толку глупости немам одамна прочитано... Кај бе ќе и' поможите на некоја со тоа што уште толку ќе ја нападнете??? Малку и' е што трпи од него, па и уште од 'експерти' на форум. Ваква била- онаква била.. Вие многу арни сте сите... Да! И ова вашево е еден вид насилство! Подајте рака да му се сневиди, не одма шамарници! п.с. знам дека е стара темава, ама се изнервирав
Ова и ден-денес е актуелно нажалост..познавам девојчиња кои беа жртви на насилство од дечковците. Момците се тешки психопати.Едната се спаси од него одвај, јас ја притискав и поддржував да го откачам колку можам и среќа се спаси.За другата не знам. Мизерно ми е ова мене многу.За мене машко не е маж ако крене рака на девојче.За жал кај нас ова е табу тема и голем дел од девојчињата кои се жртви на вакво насилство се плашат да превземат нешто. Можда сум јас исчукана ама мене еднаш да ми крене дечко рака, ем нема да ми е дечко ем ќе се кае за стореното.Вашите не ве створиле и израснале за некој копиљ да си ги лечи фрустрациите со вас.Не си ја газете гордоста, откачете го не ви треба таков.Убаво пишала некоја членка пред мене, ако крене рака еднаш може и уште еднаш.