Добро бре девојче ти нафта пиеш? Како можеш вакво понижување да прифаќаш? Буквално гази врз тебе како да си чергиче за пред врата.
Ни со стари ни со нови другарки вака не се однесува некој ако не му се допаѓа. Ти кажал дека му е убава, постојано и пишува си ги фатила во "интимен момент". Бегај нека не те прави глупава ти да беше на негово место и да правеше вака со твој другар, оддамна ќе беше бивша.
Не пробувај да ја спасиш врската. Ова не е другарство по ситуациите кои ги опиша и толку. Не вложувај повеќе во оваа врска. Не те заслужува и доста е молење, не е ни прв ни последен а безобразно е така да те залажува, нека му служи на чест, срамота.
Девојки здраво, Во последно време ми се случува нешто што не знам ни јас да си го објаснам.. Работам во голема фирма но последниов месец се зближив со едно момче, постојано сме на паузи заедно, он иде до моето работно место јас до неговото.. Физички не е мој тип но толку ме привлекува карактерно, постојано мислам на него, обожавам да му го слушам гласот.. Но јас сум во брак и детенце имам и рековме дека ќе сме само пријатели но ме загрижува да не веќе ова наше не личи само на пријателство..
Се' беше во ред додека не ја прочитав последната реченица. Не е забрането да имаш другарства кога си во брак, секако, ама кога нешто гледаш дека преминува граница на нормално другарство, закочи. И повлечи се малку, прибери се, намали со време и внимание на него посветено.