1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Другите ми зборуваат дека не е за мене

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Sramezlivoto, 12 јуни 2011.

  1. Sramezlivoto

    Sramezlivoto Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    100
    Ми се свиѓа еден тип, пријател на моите другари. Тој е тотално мој тип спортист, плава коса, плави очи бла бла. Али јас вака срамежлива си чекам, не ми иде памет прва да пријдам али моментално тоа и не ми е важно. Ми коментираат дека бил "Селак", дека не сме биле ние за воа тоа друштво и ред други работи, пробувам да ги игнорирам поважно ми е да го запознаам неговиот карактер али ме нервира што ме напињаат од сите страни ми иде да вреснам.. Ме интересира како гледате вие на тоа? Бил ли некој во ваква ситуација?
     
  2. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Бил "Селак" !?

    Запознај го,па сама ќе си заклучиш дали е сељак или не...
     
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Бил "Селак" !?

    Сите луѓе се однесуваат различно во друштво и во врска, најдобро е запознај го, па сама ќе го видиш неговиот карактер и однесување, не оценувај го по мислењето на другите.
     
  4. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.303
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Бил "Селак" !?

    За нив е сељак, а за тебе може да биде најдобриот што си го запознала. Секако, ако му дадеш шанса и се приближиш до него повеќе.

    Тие муабети само можат да ти помогнат за да бидеш повеќе претпазлива во врска со него, ама не мораш ти да веруваш во истите и да го етикетираш како и останатите. Ако ти се допаѓа, оди, запознај се подобро со него, увиди сама дали муабетите се вистинити или не.

    Ништо не можеш да изгубиш, можеш само да добиеш, а ако ништо друго барем ќе стекнеш нов другар.

    Затоа, сврти им се нареден пат кога ќе кажат нешто за него и дај им јасно до знаење дека нема да дозволиш тие муабети да те спречат во намерата. Ќе престанат ако сфатат дека си сериозна и дека навистина сакаш да пробаш. Па и да испадне на крајот дека имале право, who cares?
    Важно знаеш дека си пробала.

    Со среќа. :)
     
    На Sramezlivoto му/ѝ се допаѓа ова.
  5. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Бил "Селак" !?

    Тие што многу слушаат други најчесто остануваат со прст во уста а некој друг им го зема дечкото/девојката.
     
  6. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Запознај го, пружи си шанса и нему и себе си повеќе да се запознаете. Луѓето некогаш донесуваат пребрзи заклучуци. Сум била во ситуација кога за некој сум имала сосема спротивно мислење кое на крај се погажало погрешно. Некој може да е за другите лош и никаков, но за тебе да е најдобар. Суди според твоите критериуми, не потпаѓај под туѓи сугестии за било што во животот, не мора да значи тоа само кога е во прашање некое момче.
     
  7. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Запознај го па процени каков е, другите можеби збруваат така од љубомора од кај знаеш
     
  8. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Убаво ти кажаа форумџиките над мене . Не ги слушај другите , тоа што мислиш дека е за тебе добро - тоа прави го . А да ти викаат супер е дечково а тебе не ти е ок , и не сакаш да го запознаваш нема да ги слушаш ти , нели ? :) Можеби во тие што ти викаат дека не е за тебе се наоѓа некој љубоморен , размисли убаво . :)
     
    На Sramezlivoto му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Devojche

    Devojche Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2010
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    36
    Запознај го ..сама утврди каков и дали можеш да имаш нешто со него..никого не слушај,сама донеси си одлуки..сите тие кои ти го кажуваат тоа,еден ден кога ке им се укаже шанса со некој,нема да рецкаат никој од страна,па така немој ни ти :) од искуство ти кажувам,прај си како те што ти одговара
     
  10. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    немој да ти биде гајле што зборат сељак бла бла ниедно машко не фали друго машко...запознај го па одлучи си ти дали е сељак или не...
     
    На something му/ѝ се допаѓа ова.
  11. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    И јас мислам како останатите,за да оцениш некоја личност каква е треба пред се лично да ја познаваш и да имаш со неа муабет,таквите банални работи од страна не ги земај здраво за готово.Полно можат да ти зборат од љубомора,луѓето денес се малце чудни...не се води од тоа што зборуваат другите никогаш.
    Дај си себеси шанса а и нему ако стварно ти се допаѓа,дружете се комуницирајте,и сама ќе оцениш дали е таква личност каква што ти посакуваш да имаш во твојот живот.Така да само опуштено,уживај,но секогаш биди претпазлива и се ќе биде во ред.Никогаш не носи оценка за некој од мислењата на другите,увиди сама каква е таа личност,ако некој мисли вака или онака за одредена особа не значи дека не е ок особата.Сите различно се однесуваме со различни особи,нормално дека немаме сите ист вкус и не можеме за сите да бидеме добри,или пак лоши.

    СЕ НАЈДОБРО.
     
  12. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Некогаш најблиските пробуваат да не заштитат. Арно ама, најблиските не секогаш ја гледаат целата слика и не секогаш го имаат правилниот впечаток за некоја личност.

    Нема да филозофирам, ама единствена причина заради која не треба слепо да се водиш по туѓото светло е дека ако се тргнеш од него, само ти ќе бидеш повредена, а не твоите најблиски. Никој никогаш не го зема тоа предвид.

    Ако тебе ти се чини правилно, можеби и е. Сега јебига, shit happens, ама никогаш нема да знаеш ако не се обидеш.
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.216
    Пол:
    Женски
    Да,сега ќе ти велат сељак е ваков,таков а ако можеби и се пушта на некоја од твоите другарки без размислување ќе се фати со него.Мој совет:не слушај ги другите.Оној што за нив е сељак за тебе можеби ќе е најслаткото момче кое си го запознала.А може ли ти да знаеш кои се нивните критериуми за еден човек да е сељак?за една моја другарка со која се дружев порано сељак беше оној кој премногу искажувал чувства,се интересирал за работи поврзани со школото итн..Запознај се и самата ќе видиш..важно ќе сама ќе сфатиш и утре задутре нема да ти е мака што и да се случи..за твои работи и чувства не оставај да решаваат други. ;) ;)
     
  14. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    739
    Допаѓања:
    1.216
    Пол:
    Женски
    Да,сега ќе ти велат сељак е ваков,таков а ако можеби и се пушта на некоја од твоите другарки без размислување ќе се фати со него.Мој совет:не слушај ги другите.Оној што за нив е сељак за тебе можеби ќе е најслаткото момче кое си го запознала.А може ли ти да знаеш кои се нивните критериуми за еден човек да е сељак?за една моја другарка со која се дружев порано сељак беше оној кој премногу искажувал чувства,се интересирал за работи поврзани со школото итн..Запознај се и самата ќе видиш..важно сама ќе сфатиш и утре задутре нема да ти е мака што и да се случи..за твои работи и чувства не оставај да решаваат други. ;) ;)
     
  15. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    Најдобро е да му пријдеш, да нправите муабет...и сама ќе процениш!
    Не треба другите да ти кажуваат што да правиш, мислам може совет да ти дадат но да те напињаат и такви работи не треба.... :)
     
  16. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Прво добро запознајте се, па после ќе можеш самата да процениш. Тоа што го зборуваат другите не е секогаш точно, но сепак неможеш да знаеш, може има и некоја вистина во тоа. Самата треба да си створиш мислење за него. :)
     
  17. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.511
    Допаѓања:
    144.239
    Најпрво запознај го- потоа суди. :)
    Излегувајте заедно, дружете се и сама ќе процениш дали е ''селак'' како што ти велат другите. Ако тебе ти е океј не се замарај со тоа што тие зборат, па ти ќе бидеш со него а не тие. ;)
     
  18. Diamond

    Diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    181
    јас мислам дека во тоа "сељак" има некоја мала доза на љубомора.
    Како и да е, никој не смее да одлучува на твое место
    И мене ми викаа ( за дечко ми), не започнувај ништо со него, он е ваков, таков.
    А еве со мене е прекрасен :inlove:

    Море дури не видам со свои очи дали е сељак или не, на жими мајка не одам.
    Кој шо сака нека кажува
     
  19. Monika1995

    Monika1995 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Не биди срамежлива и запознај се со него...Можеби и ти му се допаѓаш ! :)
     
  20. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Најдобро е сама да го запознаеш...па и самата ќе си заклучиш...... не слушај еден и друг шо зборуваат...