Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Друштво VS Дечко

Дискусија во 'Врски' започната од ludacaa, 4 јули 2010.

  1. Lover.Girl

    Lover.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    0
    Мене ми се случува токму ова. Мојата најдобра другарка воопшто не го сака дечко ми а јас постојано се трудам да постигнам баланс. Кога ќе излеземе заедно тие двајца цело време за нешто си префрлаат и јас се чувствувам доста лошо. Затоа се трудам веќе да не излегуваме заедно сите туку добро да испланирам кога ќе бидам со другарките а кога со дечкото. Доста е тешко... :(
     
  2. annnni

    annnni Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2010
    Пораки:
    3.025
    Допаѓања:
    648
    јас би одбрала дечко,доста ми е од друштво и лицемерие.....секој си гледа на него да му биде добро |( и на твојта среќа ти љубомори :^)
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.004
    Другарка ти иума некоја причина што не го поднесува дечко ти или онака не и се допаѓа? Ако има некоја причина во ред, можеби ти мисли добро. А ако е ради карактер тогаш строго не ја оправдувам. Затоа што пред се како другарка ќе направи се за да ти биде убаво и да те поддржи, а не со самата нејзина појава меѓу тебе и дечко ти да ствара тензија. Размисли си. Ако нема некоја причина што не го поднесува разговарај со неа и кажи и дека не чини така.Дека сепак ти е дечко и дека несакаш да ствара тензии меѓу вас двајца. Ако ти е вистинска другарка ќе те сфати. Ако не, гледаЈ си го дечкото и не се замарај со други.
     
  4. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    125
    зависно од ситуацијата но најчесто на 1 место ми биле другарките од причина што они секогаш ми биле рамо за плачење и постоеле во мојот живот и пред да се појави дечко ми.може не се гледам толку често со другарките секоја со свои обврски но еднаш во неделата обавезно наоѓаме време да се видиме и да трачариме :D
    ми се случило и тоа дечко ми да ми каже каква е некоја другарка а јас во мој филм стаена е како не ти ќе ми кажеш каква е јас поубаво си ја знам и на крај испаднало како што ми кажал дечко ми.
    имав и такви другарки кои немаа дечковци и не сваќаа дека покрај обврските кои ти се секој дневие имаш и + ,,обвска,,дечко ми е такви другарки не ми требаат во животов кои гледаа да ми расипат врска.
     
  5. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    и ова ми се случи 3 пати (не баш вака да си префрлаат)...секогаш јас бев во средина и единствено дечко ми ме сваќаше и сакаше да ја поправиме работата а "другарките" ми ја ставаа вината индиректно... и што е потрагично не им текнуваше да кажат да седнеме да расчистиме...затоа јас преземав иницијатива и веќе не се во топ 10 на мојата листа него многу подоле :lol:
     
  6. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    немам некој проблем околку ова, дечко ми и неговото друштво се на некој начин споени со моето друштво, па сите излегуваме заедно. Инаку имам другарка,која ми беше како сестра буквално, од кога си фато дечко не ми се јавила, не излгла со мене, не покажува ниту интерес да ме види. Многу ме разочара.
    Доколку би била во ситуација да бирам, би морала да направам некаква рамнотежа. Зависи дали друштвото е трајно, дали се темели на доверба и на искреност. Доколку тоа не е така, нема причина зошто да го изберам друштвото.
    Јас лично, со моето друштво сум цел живот и не би ставила дечко пред нив.
     
  7. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Нас пробаа да не скараат неколку личности почнувајќи од братуцетка му и другарка ми. А пак една друга другарка цело време нешто индиректно ми вика раскинете раскинете и фатив се откачив само дечко ми си го задржав :inlove: . Зашто знаев дека тој е оној што ми треба во животот. Ако се вистински другарки ке те подржат и нема да мораш да бираш ама кога се сите себични и лицемерни Ciao bella не ми требаат такви другарки. I :l: мy boy :*
     
  8. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.090
    Пол:
    Женски
    не гледам баланс ..битката дефинитивно ја доби дечко ми ..заслужи !!!
    слободното време ми е ограничено како и неговото и сметам дека таквата врска заслужува внимание и посветеност бидејќи очигледно има светла иднина за која вреди да се трудиш
    не ми е жал што сум ги изгубила трач-другарчињата и кафе седенките не велам дека не ми фалат понекогаш ми е криво што не живеам типичен тинјџерски живот што не сум била во ноќен клуб ни на кафе со месеци ...но моменти подоцна си спомнувам само колку ми е убаво вака ..тоа е нема златна средина :?: :x
     
  9. fensy

    fensy Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2010
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    10
    abe kako vikaat drugarot drzi go mnogu podaleku od tebe a neprijatelot poblisku. jas upadnav u neubavo drustvo . u smisla da mu odes po gz ne bea site takvi samo edna bese .. a kako taa ke svirne taka igraaat ite .. si fativ decko ne im se svigase ovakov bil onakov bil golem bil i red dr raboti ... site mi velea da se trgnam od niv .. i deckomi toa mi go kaza deka ne mi mislat dobro . se odaleciv ne mu idev po gz i po nekolku vreme ne vredam jas za niv . pominaa nekolku dena me moleea .. ama ne . drugar te podrzuva u se a ne da ti steti . denes nema veren drugar site se so tebe dodeka im ides po gz i od korist . poishe vredi decko nego li drugar . barem znaes deka vistinski te saka i deka te podrzuva u se :)) i sea svakam kolku sum bila glupa site ovie godini so sum gi trpela . sega si imam krug na prijatelcinja i mi e bash super :) pozz zenski <3
     
  10. CutieDoll

    CutieDoll Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    6
    fensy...bas da te prasam..imam drugarki sto koi sum po nekolku godini..so edna 1o so druga 5 so treta 7...da mnogupati bile ramo za plakanje i bile tuka za mene...no toa bese odamna...pocnav da ne im se dopagam so moite razmisluvanja..bidejki imam postara sestra postari bratucetki..i toa sto oni sakat da go pravat jas ne go sakam..siimam decko so koj odam 7 meseci...i mnogu me saka..za mene ostavi se...EDNOSTAVNO se smeni..stana drug covek..porano bese olosh...megjutoa ponekogas ume da me potceni...da mi se iznavika za nisto i da me vregja...i sega jas neznam sto da izbera,, balans nikakov ne moze da se postigne..a drugarkite mnogupati me izneverile ...ljubovni-problemi/problemi-so-deckoto-i-prijatelkite-t2472/10.html#p124481 procitaj tuka ako ne te mrazi..zasto mnogu mi se dopaga kako razmisluvas..i mislam deka dobro ke me sovetuvas..te molaaam :* pozz :*
     
  11. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.391
    Допаѓања:
    1.115
    Пол:
    Женски

    Иако само Фенси ја повика да ти даде совет, како членка на форумот и јас ќе си земам за право да ти одговорам. Да би ме прашала мене би ти рекла дека не мора воопшто да бираш помеѓу дечкото и другарките. Повеќе време ќе му посветуваш нему, а сепак ќе наоѓаш време да излезеш со друштво, зошто и без пријатели не се може. Разговарај со нив кажи им да не ти се мешаат во врската, дека ти си таа која ќе избереш со кого да одиш и невкусните мислења за него нека си ги задржат за себе. Ако ти се навистина пријателки ќе те разберат и нема повеќе да коментираат. Тоа што не им се допаѓаш со твоите размислувања што има врска-секој си има право на свое мислење.
    Значи не мора да направиш избор за едното да отпадне. Зашто никогаш не знаеш што ќе се случи утре. Еве на пример моја другарка пред некое време раскина 7 годишна врска, и еве ја сега нема со кого да излезе.
     
  12. CutieDoll

    CutieDoll Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    6
    Unfaithful18...izvini sto samo taka se obrativ...gledajki ja nea po postot..zatoa taka napisav..inaku ti blagodaram mnogu...pa jas probuvam da im go objasnam toa..ti nenee ti ne treba da pravis taka..ti ova ti ona...i nikako ne biva:worried:
     
  13. AngelGirl

    AngelGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    78
    Секогаш `другарките` ми беа на прво место , но само поради една причина воопшто не умеам добро да ги проценам лугето и големи грешки правам при формирањето на мислењето за некои особи. Сега кога си фатив дечко , одиме веке 8 месеци тој уште на прв поглед можеше да ми каже кој што ми мисли и тамо воопшто не правеше грешки. Секогаш гледам да има некој компромис помегу него и другарките се трудам да одвојам време за сите .....но сега гледам дека не сум ја таа која што ги зенемари туку тие се одалечија од мене , едноставно тие се сингал и не им и одговара што јас сега имам дечко ниту на мене пак ми одговара оти гледам некако и леткаат малку, секој ден со различни муачи , секој ден се опиваат ... едноставно на мене тоа ми се изживеани работи :^) ......но бидејки имам многу другарки има и некои кои што воопшто не ме забораввија бидејки сите се во различни друштва многу е тешко да одвоеш време за сите , но сепак некако успевам ....... со едни на кафе, со други на излегување, во некоја кафеана на пиење, со трети на диско итн ..... се трудам на сите да погодам но сега гледам дека баш тие што ми беа најблиски сеа тие не можат да одвојат ни 5 ден порака да пишат ниту пак на едно кафе да дојдат за разлика од некој што баш сега ме подражуваат во се и ја ценат секоја минутка одвоена за нив.Сега гледам дека најмногу вреди мојто време да го посветам на дечкоми воедно ми е и најдобрар другар и уште некоја другарка па за тоа сега гледам кој успева за мене да одвои време и јас успевам. Иаку има време за се но само ако се сака ;)
     
  14. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    друштво
    :D :D :D :D
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    :D :D :D :D
     
  16. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    Премногу се пронајдов во ова...До пред да фатам дечко другарките ми беа на прво место и душа давав за нив..Кога си фатив дечко, јас ги барав, нив ги немаше. Не се интересираа ни каде сум ни ништо. Сфатив дека цело време било така. Никогаш за ништо не ме ислушале, иако сум се обидувала кога ми било тешко да им се отворам. А дечко ми секогаш знае да ме ислуша и да ме советува. Дефинитивно дечко, тој ми е на прво место.
     
  17. CutieDoll

    CutieDoll Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    6
    и мене некогаш другарките ми беа на прво место ..но кога фатив дечко почнав да се одалечувам од нив..бидејки се дружеа со многу машки (покрај кој и мојот бивши 0 и секако на мојот дечко тоа не му одговараше..меѓутоа тој полал да дознва за моите другарки некои работи..го следи нивното однесување,м прачувал многу други за нив..и сега тој за нив има мислење дека се курви...а не е така..тие само едноставно така сакаат да живеат..но не сите само неколку од нив..значи да се напијат,да запознаваат машки,да смуваат што повеке...и сега дечко ми ме тераше да изберам меѓу нив и него..него повеќе го сакам..и сакав некако да ги уклопам о нов тука..ако не повеке барем 3пати во неделата да седнам и да испијам кафе со нив..но тој тоа никако не го дозволува..а мене ми етешко и едноставно не сакам скроз да ги избубам..оно веке не сум ни излегла со нив 3месеци и повеке,,не сум ги видела 2 недели..не знам што им се случува што прават..меѓутоа не можам да ги заборавам..сепак јас во тоа друштво бев 9години...не дека секогаш ми излегле во пресрет и ми биле другарки ..мно едноставно се тие..јас ако пијам кафе со нив тие нема да ми наштетат ..меѓутоа дечко ми тоа никако не го сфака..вели тие или јас..и раскинавме...сега јас сум на никаде...нити него да го одберам..нити нив..ве молам за помош
     
  18. ChocoladeGirl

    ChocoladeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    2
    и двете не можам да одберам
     
  19. CutieDoll

    CutieDoll Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    6
    па ни јас неможам да одберам..затоа барам совет како да го убедам дечко ми да останам во пријателски односи со нив..едноставно само понекогаш да се видам со нив..??
     
  20. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Ма нема ти ни што да го прашуваш, нити да го убедуваш дечко ти дали можеш да излезеш на кафе со нив. Ако ти се излегува, излези си....... Нема што тој да одлучува за тебе. Колку ме нервираат такви машки што се дрзнуваат да им наредуваат на девојките ко да им се родители, а уште па повеќе девојките кои им го дозволуваат тоа. Какви се тие забрани и ултиматуми, или јас или тие. Пфф.
    Девојко, ако уште сега му дозволиш да ти наредува, подоцна ќе му прерасне во навика... ќе те управува како тој што сака. Мене дечко ми во животот ми нема ништо забрането, а и да проба нема да му дозволам. Имај свое јас, а не да потклекнуваш на неговите зборови. :hai:
     
    На srcekrsacka и BrokenString им се допаѓа ова.