Емотивно неисполнета

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од lifecreator, 5 ноември 2017.

  1. lifecreator

    lifecreator Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Верувам дека сите знаеме како е барем еднаш да изгубиш желба за љубов. Или јас станав сурова или сите останати не се фер кон мене. Животот овој пат ми ја залепи најсилната шлаканица до сега... Не им оставам простор на момците околу мене, да се претстават, да ме запознаат и сите тие работи. Секој пат кога ми се доближува тип, ми треперат рацете кога ќе се сетам што гледам дома секој ден... тоа се мајка ми и татко ми... не можам ни гласно да изговорам,едвај имам храброст да го напишам: мајка ми има друг...јас и сестра ми знаеме, но татко ми е толку добра личност што немам храброст тоа да го изустам пред себеси да го признаам, а не па нему да му кажам. Поентата на муабетот, ми беше да ви ја доловам оваа емотивна празнина во мене. Од ова што го видов последниве месеци, ми се згади од љубов, од врски, од се околу мене што навидум изгледа среќно. Не знам како да ја вратам во мене желбата за понатамошно емотивно созревање, или сепак во тоа во иднина би требало да се појави некој што ќе ми докаже дека вистинска љубов постои. Се извинувам ако утнав нешто, нова сум тука, па простено нека ми е.. сакав ова да го споделам со вас добри луѓе.
     
    На Anushka555, Tanjamm и PogbaPol им се допаѓа ова.
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.716
    Допаѓања:
    18.810
    Пол:
    Женски
    Ти посакувам топло добредојде на форумот :)
    Колку време мајка ти има друг ? Не знам што би те советувала , бидејќи и јас сум во слична ситуација , само што мајка ми не признава , т.е не убедува мене и сестра ми дека нема никој , а и освен допишувања на вибер , до сега нема никакви докази дека има нешто помеѓу неа и човекот .. ќе речеш ништо страшно не е допишување , не ќе беше страшно ако не беше допишување со стикери како I♡U и слични на него .. она ги брише пораките , но неколку пати има стигнато додека ми бил во раце нејзиниот телефон ( не намерно , туку сама ми го даде да и го " средам " , чепнала некаде па го блокирала скроз ) и несакајќи отворив ..
    Исто татко ми е многу добар и многу наивен дури .. Мислам дека и да ја види со свои очи нема да верува дека е она ..
     
    На lifecreator и Justicija им се допаѓа ова.
  3. Justicija

    Justicija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    3.572
    Допаѓања:
    14.092
    Пол:
    Женски
    Ехеее моја другарка ја фати лично мајка и швалерот во спална и никому и ништо све нај нај ....

    Значи остави ги возрасните , тие се доволно возрасни за самите да си одлучуваат во животот и самкте да си ги сносат последиците .
    Очигледно е дека мајкати нема време да те мотивира низ животот , мораш самата да си набиеш самодоверба , цврсто да газиш на земја , да најдеш начин да се опуштиш , ете кажа дека имаш сестра гледај со неа почесто да излегувате , да се дружите со другарки/другари и итн.
    Треба само поинаку да ги свакаш работите низ животот , животот знае да биде суров , затоа биди силна за све што те очекува .
     
    На Anushka555 и lifecreator им се допаѓа ова.
  4. lifecreator

    lifecreator Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    И јас би рекла дека сме во скоро иста ситуација, и мојава си пишува на вибер, повици во телефонот бриши...јас го знам човекот што е најлошо, ќерка му ја гледам на училиште, па ја сожалувам и неа. Мајка ми го користи посетите на дедо ми како изговор, носење нему храна и слични глупости. А, почна да пуши и цигари (не ја осудувам, возрасна е, но криеше од мене и татко ми, сестра ми знаеше).

    Проблемот е во тоа што при секој обид да бидам среќна, ми текнува на овие гадни работи. Отсекогаш ми била пример мајка ми, а сега е се што не сакам да бидам во иднина. Не ја оправдувам, но мислам дека во секој брак има период кога меѓу партнерите нема силни искри и страсти, па трагаат по авантури, само некој се препушта на моментот, а некој го прифаќа и поднесува тоа само како "пролазна фаза".
     
    Последна измена од модератор: 6 ноември 2017
  5. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    6.048
    Пол:
    Женски
    Не знам колку години имаш, но не треба да ти биде тоа пречка. Секој си е приказна за себе. НЕ може ти да се затвориш во себе. Во секој брак има проблеми, има кавги. Не знам колк си блиска со мајка ти ,но ако си можеш да зборуваш со неа, приказната сигрно има две страни. Не оправдувам неверство во брак, но може меѓу нив љубов одамна нема. И ако е така подобро да се разведат отколку така да пукне некој срам. Кажи и дека знаеш, дека не ти е убаво , сепак мајка е ќе сфати.
     
    На mira.mira и lifecreator им се допаѓа ова.
  6. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.742
    Пол:
    Женски
    Претпоставувам сеуште си во средно, па ги имаш оние стандардни (и сосема нормални), очекувања за љубов и како таа идеално би требало да изгледа. И да не си била срамежлива во машко присуство, пак ќе си почуствувала некој вид на разочарување. Некогаш, премногу се оптеретуваме со нашите постапки, иако заборавме на спротивната реакција. Со тоа доаѓа до идеализирање на некоја желба, потсвесно.

    За аферата на мајка ти.
    Малечка си и сеуште не ги разбираш во потполност машко-женските релации. Светот на возрасните, функционира на таков начин што некогаш за да ги потиснат сите фрустрации и секојдневниот стрес, бараат нешто на страна. Не е дека ова јас го оправдувам, ама до некаде и можам да го сфатам. Замисли хипотетичка ситуација, каде мајка ти не би имала вентил каде да канализира негативни емоции, па секој ден, после работа би доаѓала полна со хистерија, притоа обвинувајќи ги сите членови за нејзините проблеми. Замисли го ова, да мораш да го толерираш со години. Дури по години да сфатиш дека личноста имала биполарно растројство. А имала, затоа што била незадоволна од секој животен аспект, па си барала жртва.

    За самодовербата.
    Долго време, сум живеела во заблуда дека хармонично семејство, ја прави индивидуата среќна и задоволна, спремна да се бори во животот. Нема никаква врска! Се тоа зависи од нас, колку ние работиме на себе. Сфаќам дека мајка ти не ти дала пример и насока во животот. И во мој случај било така, ама барем знаеме како не треба и тоа е нешто.
    Години по ова, откако ќе созрееш и стекнеш самодоверба (или набилдаш его), ќе сфатиш што и се случувало на мајка ти и дури ќе ја сожалиш. :)

    И не се брзај толку за љубовта, можеби е и подобро да немаш ништо, отколку да имаш искуство ама негативно.
     
    На mira.mira, Jas!, Justicija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. lifecreator

    lifecreator Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Навистина добро ја прокоментира мојата ситуација. И, да средно сум и во овие години кога најмногу ми треба мајка, не можам да и се доближам. Уште како мала, памтам дека мајка ми си доаѓаше од работа и најдуваше мани истата таа минута преминувајќи го прагот зошто чевлите биле растурени, зошто сме ги оставиле алиштата на столица... прво ручекот, па перфектна хигиена во домот, а меѓусебниот однос што сакав да го изградам не знам кај остана. Можам да кажам дека и јас ја разбирам, најверојатно и требало нешто што повторно ќе ја врати во "младоста", некоја авантура која ќе ја разбие цела монотонија. Но, ако било за момент, ќе се случело еднаш, ова трае веќе две години, а јас и сестра ми дознавме последниве месеци. Според мене е грев да се лаже човек како татко ми, искрено мислам дека, ако ништо друго заслужува барем и тој да си ја пронајде среќата некаде.
     
    На PogbaPol и Aquamarine93 им се допаѓа ова.
  8. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.742
    Пол:
    Женски
    Знаеш, ако трае две години, можно е и татко ти да знае или барем се сомнева. Можеби му е важно да опстои семејството какво-такво, па затоа не презема други мерки. Знам дека ти е тешко и мене ми било, сум имала слична ситуација, во истиот период. Единствен совет кој можам да ти го дадам е да ги оставиш возрасните да ги решаваат проблемите. Колку и да мислиш на тоа, нема ништо да постигнеш, ќе има само негативен импакт на тебе. Пробај да го ставиш својот живот, како главен приоритет. Наравите на блиските, никад нема да ги смениме, колку и да го сакаме тоа. И не се преокупирај со тоа како им е на другите, каков однос имаат тие кон родителите. Никаде не е совршено, само се ставаат добри маски.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lifecreator

    lifecreator Активен член

    Се зачлени на:
    26 август 2017
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Не верувам да знае татко ми, можеби постои сомнеж. Не се осмелува да погледне колку е часот во туѓ телефон, а не па да чепка. Се двоумам дали да се обидам да поразговарам со мајка ми... правев планови да ја уловам кога не очекува, но тоа е детски и глупаво. Во мај наполнив 16, сеуште сум мала, но сепак доволно возрасна да разговарам со неа.
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.742
    Пол:
    Женски
    Јас кога сум се обидувала да ги изнесам на површина сите проблеми, обично завршувало со тешка расправија. Патем, твојот случај е малку покомлициран. Не знам каков карактер има мајка ти, ама не очекувај дека пријатен разговор ќе те очекува.
    Кога би се вратила назад да поправам работи, никогаш не би идела по таа аналогија, затоа што ја знам принципиелноста на личноста и нејзината непроменливост.
    Во секој случај, одлуката е твоја. :)
    Ти посакувам среќа. :l:
     
    На mira.mira и lifecreator им се допаѓа ова.
  11. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    5.441
    Razgovor so majkata e potreben. No ne treba da se osuduvaat vozrasnite.Sepak tie si znaat i se razbiraat na niven nachin. Ne veruvam deka tatkoto ne se somneva no mozebi gi tolerira rabotite za da uspee semejstvoto. Sekoja svesna majka ke go prifati razgovorot i ke zboruva otvoreno.No sepak intimata na vozrasnite e nivna intima. Sigurna sum deka obata roditeli se trudat da semejstvoto ne trpi , decata da se postedeni od realnosta koja podolgo trae. I da mu kazes na tatkoto moze da negira (iako mozebi ja znae vistinata).Decata treba da si gi gledaat svoite raboti. Vozrasnite ne se idealni i tie se zbuneti vo nekoi situacii koi gi nosi zivotot.
     
    На lifecreator му/ѝ се допаѓа ова.