Ovaa esen mi nosi stres i cuvstvo na monotonija i dosadno sakam da se cuvstvuvam isto kako letovo ve molam kazete kako da ja nadminam esenskata depresija
Esen Повеќе дружење и искачање со другарки, прошетај се, сеа школото е почнато и вака и онака пола ден на школо ќе ти поминува. Учи (иако не ти се учи сигурна сум). Најди си некои активности дали тоа е спорт, пишување, цртање- тоа што најмногу те влече. Што друго да ти кажам незнам
Esen Исто.И јас за жал така се чувствувам. Сепак,и есен е годишно време исто како летото.Едноставно треба да се навикнеме,бидејки после лето доага есен и така е секоја година.Прави работи како што правиш во лето.Сигурно не можеш да праваш се така бидејки одиш на училиште,но некои работи можеш.Пример,за викенд можеш да одиш на кафе со друштвото,во пицерија,кино,театар,во слободно време читај книги,спортувај-се што те исполнува.
Esen Не ја сакам есента...Тажна е...не гледам ништо добро во врска со неа... И јас се чувствувам лошо...едноставно не можам да се навикнам...секоја есен ми е таква...
Баш сакав да отворам тема ДЕПРЕСИЈА. Но си реков ај прво да разгледам за да не се повторувам. Некако имам чувство на отсутност, незаинтересираност, да има како не би јадела. Средувам само тоа што е неопходно. Прв пат слушам за терминот ЕСЕНСКА ДЕПРЕСИЈА. Која е разликата меѓи депресија и есенска депресија. Си помислив прво дека нешто ми фали,дека имам депресија од медицински аспект. Ако некој знае повеќе нешто нека напише.Или сепак да отворам тема чисто ДЕПРЕСИЈА. Кои се симптомите на ДЕПРЕСИЈА, како да се препознае.
И мене секоја есен ми е иста. И се чувствувам многу депримирано. Не е ни до дружењето ни до луѓето туку општо атмосферата е тажна, меланхолична. Уште од дете не ја сакав есента, не го сакав ни дождот, ни правењето зимници, ни голите дрвја, ни ладното време. Секогаш кога ќе дојдеше време за тоа мене ми се одмилуваше се. И одев на училиште се дружев и се, ама џабе, мене есента ми буди неубави чувства. Јас сум летен тип. Мене Сонцето и топлината ми даваат енергија.
Помисли само колку се убави сликите од типот,опаднати жолти лисја се гледаат од прозорец а ти во дуксерка и со кебенце покриена читаш романтична книга и пиеш топло чајче. #priceless Или собиранките кога се прави ајвар.Ајвар,леб,сирење,летаат на сите страни,смеа,лапање. Или шеташ низ град по топла дебела дуксерка,а околу тебе секаде опаднати лисја,жолто е се.Ахх. Кај и да поминеш плус,мириса на ајвар. Дождот,многу убаво ми мириса мене.На некои плус романтичен им е. А како му одолеваш на вкусното бело грозје? Па тазе винце,ракија се пече... Се мириса на гроздобери,врие од народ по лозјата.Навали народе! Јади дур можеш Детскиот џагор во училишните дворови,и тоа те депримира и нервира? Излези,шеткај,облечи се топло. Заљуби се,ако веќе не си.
Ете тоа се убавите страни на есента Сепак и јас се чувствувам тажничко без причина Ама никогаш надвор од домот не покажувам знаци на тага, никогаш. Некако кога станам сабајле рано ми е тмурно, ладно е имам премногу за учење, кога си дојдам од школо пак е некако темно и кога е ден, ладно, тмурно, тишина, книгите и домашните се трупат
Обожавам есен, прв пат слушам дека некој во есен е депресивен. Тогаш се новите почетоци, тогаш с одморен да почнеш со активности, сите се дома, се враќа се на свое место...Чај со цимет и мирис на книга и се се решава.
Немав слушнато за есенска депресија, јас есента ја доживувам многу убаво, постојано зафатена со нешто, излегваш надвор, елегантно облечена, во палто, во раце со книгите и одиш покрај пожолтените лисја. После тоа идиш дома и гледаш мама и баба прават ајвар па си седнуваш и го јадиш со сирење и топол леб. Многу сум ја сакала есента. Целосно исто. Кога ќе се разбудам сабајле и кога веќе има врнато вечерта само седам на тераса и мирисам онака и викам: „Го пропуштив убото“ Патем има многу есенско овошје, најди кај комшијата некое дрво и вервај, никогаш не е касно да се навратиш малку назад ...
Каква есенска депресија бе, па јас есента ја обожавам. Преубавата есенска гардероба, палтенца, марами, чизмички, туники, џемпери... Прекрасно временце за шетање, ветре, а природата е преубава, да ти е мерак да си надвор цел ден во таа убавина. Кога ќе се прибериш дома ќе си направиш чај или какао да те стопли, уште да имаш некој за гушкање... Па кога ќе се завиткаш со ќебето гледајќи филм додека надвор врне... Абе прекрасно е, одвај чекам да дојде.
Мене повеќе летна депресија ме фаќа од што имам многу слободно време, кое го трошам безврска, а притоа секоја желба за летување ми пропаѓа. Есен сакам затоа што уживам во носење чизми, крзнени елеци, јакни, капути, марами.Уживам во читање книги кога врне, со мачкици во скут и топло какао. Како сакате кажете поубаво е наесен и во ладно кога се туткаш во прегратки на саканиот под ќебенце наместо лето кога се препотуваш. Ех уште имам кого да гушкам оваа есен...
Не дека ме фаќа некоја депресија, али есента најчесто не ја доживувам баш како годишно време кое носи исто толку убавини и како другите, туку како период за тргнување на училиште, и тоа ми е целата болка. Пример да зборувам конкретно за сега, ме фаќа блага депресија бидејки не ми се оди во училиште, не ми се учи, не сакам да се збогувам од летото бидејки ми беше прекрасно,ќе ми фалат секојдневните излегувања, вечерните излегувања, спиењето до доцна, гледањето филмови до касно секоја вечер, легнувањето во 5/6 сабајле кога ќе излезе сонцето.. Знам дека со почетокот на есента се ќе снема, и општо есента не ме поврзува со ништо убаво, не и се радувам едноставно.Ете зимата ме асоцира на нова година, Божиќ, празници, снег и празнично расположение.Пролетта ми го наговестува летото и тоа ми е најдоволно, додека пак есента ништо. Не ја сакам.
Веќе ме фаќа депресија. Кога ќе почнат за брзо време да досаѓаат и со прашања за нова година, празници. Немам многу пријатели, ми прави депресија ова време.
Не дека ме фаќа некоја есенска депресија, само таму во доцна есен кога на тоа ладно време во 6 сабајле кога е надвор уште темно треба да станам ми прави некое чудно неубаво расположение. Или стемнувањето во 16-17ч. Додека завршиш со задолжителните обврски темница дошло веќе, немаш време дневна енергија да искористиш.
Неделава е многу тешка за функционирање. Нема сонце, нема светлост, нема енергија. Одвратно и тешко ми е.