1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Ех мој Пинокио,не си ти крив!!

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од GeorGinnA, 22 октомври 2010.

  1. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    ...Овој проблем верувам дека го имаат или имале многу девојки,затоа сакав да споделиме мислења ,искуства...

    Ако сте во врска,или можеби само се "мувате" некое извесно време а ти веке си зацапана до даске.И тоа е се убаво ако го немаш тој проблем...во неколку ситуации си фатила како те лаже,не си сигурна дали е само со тебе и кога и да ја почнеш таа дискусија со него секогаш завршува со тоа неговото Ајде бе сонце не си замислувај глупости,знаеш дека те сакам:)

    А ти не си глупава свакаш дека за некои работи и Пинокио не му е рамен,ама пусто женско срце се топи кога ке те погледне и попушта по не знам кој пат.

    Прашањето е: Што е тоа што си дозволуваш да погазиш некои свои принципи?Зошто секогаш мораш да прогледуваш низ прсти?Како да собереш сила и да ставиш крај? Треба ли да продолжиш да пшодголтнуваш некои работи за да остане покрај тебе па со тек на време да се средат нештата?(барем така ти си мислиш дека ке биде)
    Драги мои феминки ве очекувам...
     
    На ekshy му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Тоа си е до човекот.
    Има девојки кои се малку лабилни и на некој начин зависни од дечко.
    Лично ми признале неколку мои другарки дека не можат да се замислат сингл.
    Па по секоја цена, голтаат секакви неинтелигентно сервирани лаги и приказни за мали дечиња, си се тешат со розеви очила и секое мало зрнце внимание од дотичниот за нив е планета љубов и надеж дека ете - ќе се смени и ја сака и ќе биде подобро.

    Нема да се смени, не ја сака, тоа не е љубов, она си е наивна и не се цени себеси, а он го искористува тоа и ја гази уште толку.

    Ќе си одговорам за себе, имам силна интуиција, не трпам лаги, барем не сељачки и неинтелигентни лаги.
    Ако забележам дека нешто не штима во приказните, ќе си истражам, Шерлок Холмсот во мене ќе трага по докази, и ако дознаам дека ме лажел, соодветно ќе му биде вратено, плус камата.
    После само кажувам збогум и со нималку горчина си одам.

    Не сме мали деца па да дозволиме некое машко да не лаже , ден за ден... Ма немој.
    Не ги сфаќам девојките кои знаат дека дечковците им мутат нешто и упорно си ќутат, трпат и се смешкаат... Секоја чест, јас не можам, жива ќе се изедам попрво... :devil:
     
    На Rock-a-Fella, Shila89, LadyN и 5 други им се допаѓа ова.
  3. sugarplum

    sugarplum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    тоа што те тера да си газиш врз принципите е баш неговиот пинокио синдром. да не речам дека те фаќа инат (условно кажано) и сакаш да го смениш иако длабоко во себе знаеш дека не можеш. мислам дека во моментот кога тоа од забава ќе прерасне во нешто по сериозно од твоја страна треба да прекратиш. во никој случај да не останеш со него со надеж дека работите ќе се сменат, пошто за жал.... нема да се смени ништо. само ти ќе заглавуваш се подлабоко, ќе ти биде се потешко да излезеш, а него ќе му биде супер дека ти си тука до нега, ама он пак си го тера неговиот филм.
    ако стварно тука има нешто и од негова страна, кога тебе ќе те снема, он ќе те побара, ама треба и тогаш да се погрижиш да се потруди малку повеќе околу тебе ;)
    ако не те побара....јебига...не е за тебе.
     
    На GeorGinnA му/ѝ се допаѓа ова.
  4. zenska

    zenska Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    339
    и јас се пронајдов тука..ама ете како што викаш ти доста време сите гледаме низ прсти зошто од една причина најверојатно, сите се надеваме дека нешто ќе се промени..а колку попустав само јас си знам..Ама јас си собрав сили и си кажав крај од една причина, знам дека можам да најдам подобар, некој кој нема да дозволи да се нервирам за него. Така да совет за сите: Ако нешто не иде како што треба,прекинете со време !!!!!!!
     
    На slobodka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    А кој не лаже??Сите помалку или повеќе машко,женско лажат поради различни причини.Има куп примери кога врската била полна со лаги ама после повеќе проблеми,прекини и сл. парот завршува заедно.И ова кажувам од конкретни примери лично што ги знам.Плус и од искуство има така добри дволични луѓе што и не можеш да познаеш дека лажат.Значи може да ти докажува толку многу дека те сака и дека планира со тебе сериозно...тоа толку делува вистинско што само во еден момент може да ти го сруши цел свет.И да излезе дека цело време криел работи што ни на крај памет не можеле да ти паднат на памет затоа што опасно добро прикривал.А има и такви кои подлажуваат за ситници или не кажуваат се или пак ветуваат ама одложуваат и ја губат довербата кај тебе...после и да бидат искрени, најискрени цело време не им веруваш иако ја кажуваат вистината.Е сега прагот на толеранција е различен кај сите.Има девојки па и момци кои едноставно тоа им е зацртано како цел дека врската е таа која ја посакуваат за цел живот и прифаќаат се па и успеваат, а има такви кои и при најмала прикриена вистина или ако сакате лага веќе се откажуваат.Затоа имам еднаш кажано секој си е различен,различно гледа на работите и различно ги прифаќа...никој не е совршен или најдобар и најискрен...животот приредува такви моменти што ни сам човек не може да се изначуди што го снашло...Затоа не судете,не критикувајте...не знаете што ќе ви се случи и ќе ви дојде на глава.Отидов малку во поопшто размислување ама мислам дека е во склоп на темата. :)
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647

    Јуле јас сум еден од тие примери Има куп примери кога врската била полна со лаги ама после повеќе проблеми,прекини и сл. парот завршува заедно. и сега си живееме среќно и убаво.

    п.С Мојот Пинокио сега се претвори во вистиски заљубен маж :inlove: . Но јас бев издржлива се борев за стабилана врска но крајот испадна брак :D
     
    На sweety90 и Squirrels им се допаѓа ова.
  7. sugarplum

    sugarplum Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    2
    не знам колку време сте во брак, ама се надевам дека си среќна како на почетокот :)
     
  8. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647

    Веќе сум две години во брак и сум многу многу среќна и заљубена :$
     
    На sugarplum му/ѝ се допаѓа ова.
  9. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Баш ми е мило што читам и за искуства со позитивен исход.Јас ке се надополнам дека секој заслужува втора шанса,ама да остане на тоа,таа шанса да не се дава по трет или не дај боже четврти пат.Кој знае можеби на крај ке се исплати и тоа,но зарем ке вредат сите твои нервози и солзи додека се достигне тоа,кога тоа време можеш да го подариш на некој кој искрено ке те сака без лаги,искрено ке биде само твој.Впрочем и колку пати во споменарите сме пишувале дека тој кој те сака нема да те натера да плачеш или како и да беше таа поговорка,ама ние сме жени де,срцето е секогаш на прво место:)

    Како и да е,мислам дека ние сите помалку или повеке сме биле во некоја таква ситуација,ако не сега кога сме пораснале и искуствата не научиле на претпазливост,тогаш сигурно во тие тинејџерски луди денови:)
     
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Па тоа и сакав да кажам...и покрај се некој е упорен,трпелив и ќе ја оствари зацртаната цел...без разлика на се.
    Ти посакувам прекрасен брак исполнет со повеќе искреност,вистина...љубов...И да си останете заедно засекогаш.
    П.С. Џули е не Јуле :)
     
  11. Squirrels

    Squirrels Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    23
    Би сакала да прокоментирам на она што го напиша ТРЕНДАФИЛКА

    Блазеси му на оние кои се со карактер како неа,СВОИ! Јас како што ќе кажам така е и нема преправање!
    Јас прва не сум таква! Би згазила и на себе и на својот збор ради љубов!

    Ова моево и на таквите како мене навистина не чини!
    Ама пак и толку многу да си горделив мислам не многу убаво!!
    ЗА СЕ ТЕРБА ДА СЕ ИМА ГРАНИЦА!!
    ТАКА И ЛАГИТЕ! ЛАЖИ АМА СО ГРАНИЦА!
    А КОЈ НИКОГА НЕ ИЗЛАЖАЛ??
     
    На milaSS му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Дали Carrie Bradshaw пристигна на форумов?
    ИИИ да не бидам оффтопик втора шанса секој заслужува секој Пинокио :) ако не ја искористи убаво не вреди понатаму да се поминуваат границите од чиста самопочит.
     
    На Queen.S и Mer4e им се допаѓа ова.
  13. Mer4e

    Mer4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    30
    ех бреее пусто женско ... родени сме да веруваме на туѓи лаги, да замижиме кога се сомневаме дека не се само со нас и слични сра*а ... јас решив да не ставам крај и за последен пат му дадов шанса... ама синдромот пинокио во него се разбуди и пак мојата шанса заврши на улица како и безброј шанси претходниве 4 год... да го смениш нема да успееш... батали го дури е посовреме оти после тој ќе те батали и ќе си се прашуваш зш му прости ... докажи му и покажи му дека можеш без него за да свати дека ќе те изгуби, а не секогаш да му си како на дугме исклучи уклучи ... Имај свое јас и дај му до знаење дека играта е завршена и дека ти си победник ... само храбро... (лесно е да му кажам совет на друг ама како да го применам јас?)
     
    На D.D и GeorGinnA им се допаѓа ова.
  14. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Значи нешто најмногу што мразам е да ме лажат, најмногу... можам да сватам многу работи, ама не и да ме лажат.Зашто имам јака интуиција и способности на детектив, скоро стално препознавам кога ме лажат. Многу држам до своето ЈАС, и премногу сум горделива... штоо не значи дека ми е плус, туку обратно.Таквите упикливи и што трпат многу, се прават малоумни паааа од мое искуство поубаво минат, а јас сум многу строга личност... дури другарките ме караат и ми викаат дека сум била како командант.. но мојата особина е скоро секогаш да мислам со ладна глава, па колку и да сум заљубена :lol:
    Јас сум за да се даде втора шанса,па ајде преку сила и трета и тоа стално го практикувам, ама ако гледам дека не ме цени и ме прави будала во очи - решението е КРАЈ.
     
  15. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    1во-кога станува збор за мување, немам право јас него да му се мешам тој дали се мува уште со 10000 други! па само мување е во прашање, тоа ти е како врска без обврска! која сум јас да му пререкувам ако му стигнала смс од друга, или некоја на фб му ставила лике! :lol: да ги раздвоиме мувањето и врската! сега вие што сте се заљубиле, па сте се надевале на нешто, тука пинокио ама ич не ви е крив! треба секогаш да имаш резерва кога станува збор за мување! и според мојата теорија, не можеш да се заљубиш на мување, можеби да си загреана по него да, ама љубов на 5то видување не станува! а сега доколку станува збор за дооолго мување а вие имате чувства спрема него, јас вината ја гледам во вас! па мачка ли ви го изела јазикот, после 1 година мување , не знаете да прашате- еј абе што воопшто правиме ние??? и мувањето го делам во 2 категории- 1та е мување фор фун, без чувства, надежи, поволност за серозна врска, пеперутки во стомакот, а 2та категорија обратно! епа, драга голтни гордост, прашај си убаво на што си, ако веќе гледаш дека се заљубуваш, а не после машките се криви... ееее додека има овци, ќе има и волна! а богами и млекце!

    а за врска :D :^) да се мува со друга???? и уште јас да му преќутам? молам? па со тоа само ќе му покажам колку јас не се почитувам себеси, па тој уште толку ќе земе замав и ќе ме гази! ако не сум му доволна јас, чао пријатно, нека си оди, ехе, нема да плачам јас, уште многу многу мажиња ќе дојдат и ке си одат! па нема само тој к*р мајке му :D
     
    На GeorGinnA му/ѝ се допаѓа ова.
  16. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007

    ...:)))....Carrie Bradshaw?????...НЕ,не пристигнала Carrie,јас сум само нормална девојка која поминала некои ситуации во врските како и многу други девојки и ги споделува мислењата,искуствата токму со нив,зашто како што напишав во една прилика повеке глави се поумни од една.Јас си имам свој стил на пишување на некој му се допаѓа,на некој не и јас ги почитувам сите реакции,но сепак ова е форум така?Тука сме да отвараме теми,да дискутираме и заеднички да делиме мислења,идеи на некој начин да си помогнеме.Така да не го свакам баш твојот зајадлив коментар,но во секој случај фала ти...пак ке кажам тука сме баш поради тоа да делиме мислења! Поздрав
     
  17. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    :D Ох, мила ГеорГинна
    Мојот зајадлив коментар можеш да го сфатиш како мала забелешка за насловите, бидејки имаше отворено слична тема, Од грдото пајче до нешто.. а напишаното внатре немаше врска со насловот :)
    Во секој случај, слободно искажи се на форумов, па доколку нешто не е во ред ке ти избришат тема или непто слично. Поздрав :)
     
  18. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.007
    Ти благодарам за забелешките,како нов член на форумов ке се потрудам да си ги корегирам грешките,како и да е сепак оваа дискусија ке ја завршам со тоа дека ако не се согласуваш со нечие мислење барем испочитувај го :) Поздрав
     
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Е не си ти крив Пинокио, ама ме интересира до која мерка ги буцка носот некои девојки кога знаат да преќутат големи лаги?! :^)
    Има лаги и ЛАГИ. А кои сте подготвени да ги толерирате? Јас се испржив, тие што ме читаат веројатно имаат забележано дека во повеќе наврати имам кажано или спомнато. Нејсе. Сега дувам не на јогурт, на смрзнато мохито дувам! И не поднесувам најмали лаги. Шерлок Холмс не ми е рамен.
    Ама женско сум, и знам какви сме ние жените, а поготово кога сме заљубени. И не можам да кажам дека повторно не би налетала на некакви слатки лаги. Сега викам не, а можеби повторно на некоја несвесно ќе налетам.
    Мажите кои се навикнати на тоа да ја носат маската, не лажат или лажуцкаат некои, а ние за се знаеме да си најдеме одлично оправдување во име на тоа да си ја храниме илузијата колку ни е убаво во врската. БИП од овца е работава! Гледам во моја околина, девојки во мои години кога веќе па и не ти се останува баш сама и очекуваш дека дечкото кој ќе го најдеш ќе ти биде за „си живееле сите среќно додека не умреле“, абре сами си се убедуваат дека барабите со кои се во врска, и со кои секојдневно се нервираат се најдобрите мажи на планетава земја. Ееее илјада кафиња имам испиено со девојки, кои се способни саат време да ми зборат за тоа колку се они всушност среќни, колку им е прекрасно, додуше дечкото кој го нашле е 4ти пат разведен, има деца кај што стигнал да ги направи, и во суштина и нема толку многу време за девојката своја бидејќи се нешто е зафатен, ама она е убедена дека ќе го смени и со нејзе ќе му биде убаво. Секоја чест. Има и такви случаи. За доброто на моите другарки и за нивна среќа би сакала да верувам дека е така, ама....Ама се прашувам која е потребата од гласно самоубедување - дека се е во ред. Кога би било, зарем би имале потреба девојкиве да зборуваат за тоа?
    Пак ќе речам - секој по свое. Секој си ја крои својата судбина. И секој нека си одлучи дали сака да верува на лагите кои му се сервирани на тацна. Јас врвам по друг пат.
     
    На GeorGinnA му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Уфффф, нема нешто што повеќе на светот мразам од лага! Да ме лаже и да знам и да си ги затворам очите и ушите, за да се направаме дека ништо не сум видела ни чула, е тоа мил мој мал пинокио нече мочи!

    Не знам зошто по секоја цена да останеме заедно... Јас знам дека ме лаже, тој знае дека ме лаже и во неговите очи сум будала на годината... Јас го сакам, ама зошто? Затоа што ме прави среќна неговото лажење? Не знам што би ме држело во врска со таков човек? Љубовта сигурно не... Таа ќе си замине уште на првата лага...

    Така да, лично јас, во лага не би сакала да живеам, кој сака нека повели! Малку ми е светов полн со лажговци и манипулатори на секој чекор, па уште и во љубовното катче да се борам со лагите од саканиот... Не благодарам :lol:
     
    На senza.parole, GeorGinnA и Phyramide им се допаѓа ова.