Да ме лаже и да си ќутам, да се правам овца? Ма одма чао пријатно, нема што повеќе да сум со таков човек.. Ама ете има и такви што ќутат, знам и пример од една познаничка што заедно со дечкото се може 7 години и ја суши ја лаже, ја вара, оваа знае и си ќути. Дури и неколку пати проба да и раскине она 300 чуда правеше за да го задржи, дури и со бајачки со магии пробуваше да го задржи под перница катанци си чуваше.. Абе бог да чува пу пу, со сила да се правам луда како само еден маж да има на светов ц ц
Се додека ми е убаво со него, и се дур можам да го истрпам тој однос, додека си ги знам границите е во ред. Потоа, извини Пинокио али чаос.. Сум во таква некоја ситуација, ама знам на што сум си сега за сега. И вака ми е ок. Но, знам дека ако ми пукне филм тоа ќе биде засекогаш. Едноставно си давам време за да ја оценам ситуацијата. А за лажење, ах колку ми стануваат тие машки лаги слатки. Па толку се трудат да им веруваме. Уживај и кулирај бе срценце, ќе те откријам јас и без да лажеш. А тоа дека не се криви они, па не се де, туку толку им сече..немаат храброст да признаат пораз, па вака е полесно, еј абе ја лажев како сакав.
Некои мажи едноставно знаат убаво да лажат, ти го даваат цел свет. Тоа не прави нас жените збунети. Мојот лажго откако го фатив, душата му ја извадив и остана со мене. Навистина милсам друг не би го поднел тоа што му го правев за да наплатам. Многу пати ми докажа дека ме сака. Е сега, тоа што му простив? Тоа е љубовта, нема тука принципи, не сме ни свесни колку наши принципи газиме поради љубов. Едноставно, љубовта и гордоста не одат заедно, некогаш мора да се попушти. Но секако тоа не значи да дозволиме бесконечно да прават будали од нас. Ако нешто вреди му се дава шанса, а ако претера, тогаш решението е збогум.
На лагата и се кратки нозете . Мислам дека тоа повеќе е во прашање женската наивност. Да, точно е дека понекогаш сите лажеме во одредени ситуации. Ама наоѓање на компромис, НЗС и заеднички јазик во кревет е едно за одреден проблем, а друго е лажењето. Со тоа се губи довербата во една врска и сама по себе влече др проблеми. Мислам дека колку и да е болно, тешко и сл. искреноста пред се на прво место од една страна а решавање на проблемот на др страна
Нешто во врска со темава... Жените лажат за да направат некој да се чувствува подобро, а мажите лажат за нив да им биде подобро(од себични причини).
Ту бе Џули што убаво кажано.....ама да си признаеме и некои жени знаат да бидат Кучки (со големо К),јас би рекла повеќе дека сепак си е до човекот,т.е. до неговиот карактер.
Абе сите лажеме..нема везе дали е машко или женско!!!Според мене ко женско што може да те лаже да те мафта, машко неможе ни да помисли на такви работи хахахахах
Ништо и никогаш !!! Никогаш не ги газам личните принципи и никогаш не прогледувам низ прсти. Си знам колку вредам и нема што да трпам нечии лаги и гупости. А за ставање крај сум професионалец За тоа знам дека ме бива во животов .. Лично јас на втора грешка ставам крај (ако уште на првата не е шутнат). Ако некој е вистински воопшто нема да дозволи да се борам за врска !!
Герогина браво за темата! Јас се мував така со еден и ми рече дека е само со мене. На дело го фатив како во паркот шета гушнат со една ку**а. Му пуштив порака дека ми беше убаво со него сега си оди сега со новата..... и ме молеше две недели секој ден да правиме во живо муабет и излеговме по противењето да ме бакне успеа и ми рече ТЕ САКАМ. Му реков нема да ти простам никогаш и секој нареден пат од кога се фативме и се каравме му префрлав за тоа. Јас сум крива што излегов уште тогаш со него.... но му вратив јас убаво малце ли му е што му го хакнав мсн и фб хахахахах идиот !!!!!!!! :geek:
ЕЕЕ баш убаво си му вратила Си му го хакнала и мснто и ФБ вауууу. Се извинувам за ваквиот коментар, ама морав. Па што ако те излажал кога само се мувал со тебе, не е дека сте биле во врска па те лажел. А од кај знаеш дека девојката е курва? Зошто ние девојките сами си лепиме етикети па после крив ни е Цацко коа не навредуваат машките. И сигурно многу те сакал, тоа да знаеш и тоа уште од првиот ден кога те видел. Љубов било во прашање. Несакам да сум зајадлива или погрешно сфатена, но едноставно не се согласувам со начинот на кој гледаш на работите. И од кога му врати, среќна беше???
Знам многу вакви примери, од другарки и познанички... Не можат да издржат да бидат без дечко, а дозволуваат да ги лажат и да им раскажуваат приказни, а најстрашното е тоа што девојкиве свесно дозволуваат да си играат мајтап со нив, само и само за да не бидат сингл. Наивни се едноставно, им прогледуваат низ прсти, во еден момент се жалат од нив а потоа кажуваат дека им е убаво. Оди па разбери ги. А тоа дека сите лажеме-точно е. Никој не е безгрешен, ама некој упорно да преминува преку неправди, да слуша и да трпи нечии лаги, е тоа нема да можам да го разберам никогаш. Имам некои принципи во животот, и за ниедно машко не би ги погазила.
ЦЦцц морам ова да го пишаам,ама на дечко да му хакниш мсн и фејсбук еее веке големааа работаа..абе шо..хахаха детска радост.. да не бидам офф топик ретко мочам,паа неможам да се водржам ако сумљам дека ме лажи уффф чу га патошем фино лепо..ВРАКАМ ПОЛОШО !!
Јас го имав истиот проблем со Пинокио хаха али собрав сили и го избришав од мојот живот али сега имам друг проблем со тоа што не можам да имам доверба во никој и да не ме лаже некој мувач или дечко јас не можам да му верувам мислам дека прави филмови стварно не знам како да стекнам доверба пак во некој али арно кажуваат кој се изгорел дува и на матеницата
Моето мислење можеби вака навидум ќе се разликува од останатите. Зошто тој некој ако ме сака, ако ме познава доволно да ме лаже???? Тој знае дека јас би изреагирала лошо па за да се спаси од долгите и досадни префлања подобро му е да излаже. Што повеќе вие мрчите толку повеќе тој зема замав со лажењето. Јас велам, лажи ме. Но на крајот ти ќе изгубиш не јас. Ти ќе бидеш губитник зошто јас сум дознала за лагата и сум те напуштила. јас немам потреба да лажам. Зошто? Ништо ама баш ништо не ми е забрането, јас сум си онаа која бев и предходно. Моето минато е само мое, не го интересира, се додека е само во минатото. Истово е и обратно. Ако тој ми каже дека излага со друштво и јас на тоа одговорам убаво поминиси, наместо да промрчам, тој знае дека нема потреба да ме излаже со кој се бил, исто ми е. Знам дека секого може да сретне, сигурно нема да замижи и заобиколи. Ако задоцнил, па задоцнил и што....Ако јас кажам нешто и се бунам, тој нареден пат ке осане уште подоцна а ќе ме излаже дека е дома и спие. Е сега доколку не се разботи за вакви примери и слично, сигурно тој некој е патолошки лажго и веројатно никогаш нема да се смени.
хохооооо, на мојот некогаш и Пинокио не му е рамен. Што е најтрагично не ме лаже за нешто сериозно туку за ситници и глупости за кои не би се налутила или пак да направам драма. Ама ајде де, што да направам сум го фатила како ме лаже, знаете оние типични машки лаги.. не си легнал во 2 туку во 3, другар му го викнал на кафе не бил тој иницијатор, не му недостига фејсбук.. глупости. Затоа фино лепо веке кога ме лаже не се замарам, не му пререкувам ништо, само си се смешкам, само тој нека си мисли дека верувам мене битно не ми пречи се додека не дознаам дека ме излажал за нешто што навистина ми пречи. Е тогаш е веке друга приказна. Не сум јас зависна од него па да трпам лаги за да не останам сингл. Едноставно сеушто не е направил ништо со што би ми стапнал на нерви. Всушност 24/7 е со мене и се лути ако помине еден ден и не се видеме, за разлика од некои..