Живеење заедно

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Strelec27, 2 јануари 2015.

  1. Strelec27

    Strelec27 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Споделете по некое искуство.. процесот на навикнување на карактери и правење ваков чекор во врската не е секогаш лесен..:) Мислам гледам од себе.. кога бевме секој на своја страна имавме речиси перфектна врска, а сега караници се појавуваат од нигде никаде.. До кој степен на толеранција се оди?
     
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.428
    Допаѓања:
    54.761
    Пол:
    Женски
    Кога си во врска обично е така , нема големи кавги , не се гледаш често и нема за што да се караш , арно ама ова живеењето пред брак колку што е лошо толку е и добро , ја знаеш онаа поговорка ако сакаш да дознаеш каков е навистина некој човек одете заедно на планина сами , е тогаш ќе се издаде каков е без глума , така и живеењето заедно , ќе му ги видиш навиките , дали е спремен за жена или уште зависи и пати од галењето на мамичка,остави настрана што ќе оговарат дека не сте во брачна заедница а живеете заедно , добро е во смисла што пред да официјализирате се , едноставно се ставате на тест , е сега до кој степен на толеранција се оди , си знаеш ти самата најдобро според карактерот на партнерот , индивидуално е кај секого , никаде не е совршено да си знаеш , ама обидете се да се навикнете еден на друг и нормално еден мора да попушта малку повеќе , да се има некој баланс , ако се појават на пример големи препукувања , или да те малтретира физички тоа не е за толерирање боље спречити него лечити, Не живеам заедно со партнер , може не бев соодветна во помошта , ама горе долу ова ми е од секојдневната пракса на познавање , ми падна жал долго никој ти немаше одговорено .