1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Животен крстопат

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од NATALIJA89, 30 октомври 2011.

  1. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Најпрвин Здраво на сите вас,јас сум нова на форумот па се надевам дека ке се дружиме :) .Да почнам вака-Свршена сум со дечко ми со кој одевме 3 години,но поради мешање на родителите(поточно мајка ми и неговата мајка)и золвата :puke: ,таа свршувачка е неизвесна затоа што се вратив дома.Золва ми е несрекна жена,мажот и ја изневерува и поради таа љубомора се сврте против мене и својот брат и заедно со свекрва ми ме избркаа од станот.Е сега,мојот свршеник беше на операција и поради тоа веднаш не седнавме под кирија како што сакаме да направиме.Во последно време приметив дека тој е ладен кон мене,мене ме обвинува дека сум го мразела(му го реков еднаш тоа во нервоза)и не се замара со провлемот туку само ми вика дека ќе го решиме проблемот штом ќе оздрави.Од друга страна,мојата золва е и моја соседка(мажена за мој сосед)а за да биде уште полошо мојот бивши исто така ми е сосед но тој живее во странство ,ама проблемот е што тој сака да ми се врати ,овие неговите роднини ми се мешат во животот а золва ми дознала за него и го употреби тоа против мене и мојов стално ми префрлува за него ,како да сака да се извади чист од проблемот со неговите.Инаку бившиот ме изневери ;( и затоа прекинавме,имам некои чувства спрема него но не би сакала да се навракам на него .Прашањето ми е дали со оглед на тоа што ќе одам за Швајцарија (бившиот е блиску)самата судбина ме носи накај него :o ?Како да постапам ,дали да ја раскинам веридбата ?Многу ми е тешко затоа што моите се нервираат а мајка ми ликува победа затоа што испаѓала во право за тоа што ми велеше за него?Однапред ви благодарам за помошта
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    ЖИВОТЕН КРСТОПАТ

    Наталија, јас никаде не прочитав како ти се осеќаш и што мислиш дека е правилно?
    Го сакаш ли вереникот или си со него само колку да не си сама?!Мене ваков впечаток ми остави.
    Тој другиот не знам колку е сигурен.

    Најбитно е ти да си ги извагаш чувствата и да решиш, иако мене ако ме прашуваш треба еден период да бидеш сама и ниту со еден од наведените.
     
  3. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    ЖИВОТЕН КРСТОПАТ

    ФЕМИНА 90,пред се ти благодарам на мислењето.Секако дека го сакам свршеникот ,но после сиве овие проблеми се оладив и му го видов вистинското лице ;( .Јас сакам да видам дали ке останам со него,а бившиот е во Франција ,го немам видено 2години но тој преку роднините ми се меша и ова со золва ми шо го направи ме шокира :tmi: .Се надевам дека ме сфати иако ми е многу тешко да опишам како се чувствувам во моментов!
     
  4. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    наталија тој штом од сега е пикнат во гаките на мајкаму,ке биде пикнат секогаш,според мене тој не те цени воопшто,чуствата што ги имаш за бившиот се причина од тоа што вереникот те разочарал,некогаш судбината ни дава мн јасни знаци,јас сум сведок за тоа,мој совет е да си го слушаш срцето,да не се плашиш воопшто,биди силна,зивотот ги сака силните,сопред мене вереникот не е за тебе заслужуваш мн подобро од тоа да ти се мешаат некои си таму ... :) заслужваш подршка и убав живот,а со него не би го имала сепак ти си знаеш најдобро.срекно :)
     
  5. reddevill

    reddevill Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    21
    слушајго срцето што ти вели не разумот животот бара одлуки сам си го одредуваш својот правец исто и јас сум во една слична животна приказна приказна и затоа што незнаев да пресечам на време сега имам само дополнителни проблеми значи од еден сум направил два проблеми мој совет ти е сечи....
     
    На NATALIJA89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Daddys.princess i Red devil,многу би благодарам,искрено.И јас така заклучив,гледам на каде водат работите ,мојот свршеник е скршен од болка ,но сепак не ми понуди никакво решение :o .Најубаво ќе направам ,ќе си отидам за Швајцарија и нема извесно време со машки да се замарам.Поздрав до вас
     
  7. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    вложи си во самата себе,оддели си некое време само за тебе,да видиш што сакаш во животот,исполнисе самата себе зашо ти си најбитна :) ,позз и срекно :) :hai:
     
    На srcekrsacka и NATALIJA89 им се допаѓа ова.
  8. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Малу деликатна ситоација Наталија. Мој совет, оди по патот кон кој те води животот. Странство, странство. Оди, што можеш да изгубиш? И онака време ќе имаш да си размислиш. И онака не би сакала да влеташ во ситација каде под притисок би се смирила со вереникот и каде на секоја кавга он ќе ти префлра
    за нешто што ги направила во минатото и што воопшто нешто изумрено. Не би сакала некој мамин кој повеќе ќе почитува некој друг а не тебе. А за бившиот воопшто немој ни да мислиш, иако во вакви измешани наливи на емоции тоа е неизбежно. Јас велам, еднаш нешто што не успеало, зошто би успеало следен пат? Пак истите грешки и проблеми, пак истите измачувања. Оди по патот кој те води(како една песна звучи ама така е) и не мисли кој, што , како. Најди си некој мир во себе и само тогаш ќе ја донесиш правилната одлука.
    Ти посакувам мн мн среќа и одлучи мудро, зошто твојата среќа е во прашање. Дека ако нема почит, разбирање и никакво мешање, ништо ни од живот ни од среќа
     
    На NATALIJA89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Многу ти благодарам на советот,дефинитивно мора да се средам,ќе одам во странство ,а со вереникот најдобро да расчистам.Од една страна ми е жал за него,никој не го поддржува,само на мене се потпира ,но џабе е се штом не може да се спротивстави на неговото семејство, а и многу ми префрла,незнам како цели 3години сум била слепа :fubar:
     
  10. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    Многу ти благодарам на советот,дефинитивно мора да се средам,ќе одам во странство ,а со вереникот најдобро да расчистам.Од една страна ми е жал за него,никој не го поддржува,само на мене се потпира ,но џабе е се штом не може да се спротивстави на неговото семејство, а и многу ми префрла,незнам како цели 3години сум била слепа :fubar:[/quot
    не можеш ти да бидеш жртва за некој кој не знае да сси го брани својот став,кој нема свое јас,колку и да се трудиш и бориш не вредиии,верувај мн добро знамм
     
  11. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    не можеш ти да бидеш жртва за некој кој не знае да сси го брани својот став,кој нема свое јас,колку и да се трудиш и бориш не вредиии,верувај мн добро знамм[/quote]

    Да,во право си.Кога и да ја започнам темата на разговор,тој и од мене божем се брани :o .А не ме прашува како ми е мене,дека моите се нервираат и не можам рокови да му давам .Врв беше синоќа кога ми рече да сум отишла на гости кај него(а бев избркана брутално),седел со еден другар а мајка му не смеела да ми рече ништо :@ .Глупости :fubar: .
    Ти благодарам на сите совети daddys.princess ,ти верувам дека напред со него нема да тргне :hai:
     
    На daddys.princess му/ѝ се допаѓа ова.
  12. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    Да,во право си.Кога и да ја започнам темата на разговор,тој и од мене божем се брани :o .А не ме прашува како ми е мене,дека моите се нервираат и не можам рокови да му давам .Врв беше синоќа кога ми рече да сум отишла на гости кај него(а бев избркана брутално),седел со еден другар а мајка му не смеела да ми рече ништо :@ .Глупости :fubar: .
    Ти благодарам на сите совети daddys.princess ,ти верувам дека напред со него нема да тргне :hai:[/quote]
    јас го поминав истото и од своја кожа си знам дека све е чабе,колку и да се трудев чабе беше,ке ти каже вво право си и пак на старо,јас пресеков,и сега сум мнмнмн посрекна,и ослободена,зашо неко го носев ја како товар,ке бидес посекна верувај заслуќуваш боље :) :*
     
    На NATALIJA89 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    јас го поминав истото и од своја кожа си знам дека све е чабе,колку и да се трудев чабе беше,ке ти каже вво право си и пак на старо,јас пресеков,и сега сум мнмнмн посрекна,и ослободена,зашо неко го носев ја како товар,ке бидес посекна верувај заслуќуваш боље :) :*[/quote]
    Ти благодрам што го сподели твоето искуство со мене,се најубаво и голем поздрав :hai: :*
     
    На daddys.princess му/ѝ се допаѓа ова.
  14. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    Ти благодрам што го сподели твоето искуство со мене,се најубаво и голем поздрав :hai: :*[/quote]
    :* и тебе се најубаво и со срека во понатамошниот Mн поубав живот :* :)
     
  15. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.989
    Пол:
    Женски
    Ај само малку средувајте ги цитатите, се изгубив пробувајќи да дешифрирам која што кажала. :D


    Инаку, за било која врска треба веднаш да се зацрта дека вие, двајцата партнери, сте во врска и вие донесувате одлуки за вас, не мамичките од страна. Не сте во врска со мамичка, мајке ми.
    Најкрш нешто е на самостоен човек мамичка да донесува одлуки и кога на крај ке потпаднеш под нејзино влијание, да извојува победа со “Ти кажав јас“ фацата.
    Ако ви се мешаат, значи не ви мислат добро. Дефинитивно не.
    А за чувствата неможам да ти кажувам. Ти најубаво си знаеш што си чувствуваш и знаеш длабоко во себе која одлука е најправилна, ама се плашиш да ја спроведеш.
    Сепак...се` најдобро и направи онака како на тебе ке ти биде најубаво. Барем покажи дека навистина се чувствуваш убаво, кога веќе други ти се мешаат и наштетуваат мислејќи дека ти прават добро. :)
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  16. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Calliope,многу ти благодарам на мислењето.Е за жал,кај нас на Балканот е така,ако некој сака да ти растури врска лесно може.Мајка ми се вмеша многу,плус мајката на свршеникот,свесна сум дека јас и он многу им допуштивме а сите збрки се десија затоа што во станот на неговите родители има контрола сестра му,да си имавме наш простор по друго ќе беше.Јас му викав,ама он се уплаши ако се оделивме дале ќе се справевме финансиски.Не да се фалам ама пукаат од завист неговите оти одев на факултет,мислиш којзнае шо сум а никогаш баш никогаш не сум се занесувала како да сум повеќе од другите,но тоа ти прост народ силна држава :fubar: .Не сум јас виновна оти золва ми има несреќен брак и живот :x
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.963
    Пол:
    Женски
    Леле, колку ми е жал вакви работи кога слушам (читам во случајов)... Е сега, мое мислење: не те заслужуваат ниту вереникот, ниту бившиот. За бившиот твој не знам многу, но тоа што те изневерил е доволно да му го свртиш грбот до крајот на животот. Убаво вика еден мој роднина Ја волим тебе али више волим себе.

    За твојот свршеник знам нешто повеќе (повеќе имаш кажано) и можам само да ти кажам дека си имала голема среќа во несреќа што си им ги видела забите на сите пред да се мажиш со него и пред да оформиш семејство. Замисли што ќе се случело да те избркале откога ќе му станеше жена и ќе му родеше дете? Знам што значи да си брутално набркан од гнездото во кое и ти треба да имаш свое место, го имам преживеано на своја кожа и што и да се случи, моето срце никогаш нема вистински да прости (подетално за таа моја дешавка имам пишувано на др теми). И не е само бркањето, целата таа атмосфера на непочитување ми е толку ниска и подмолна, дури и ден денес се згрозувам од некои луѓе кога ќе се потсетам на некои работи.

    Јас никогаш не би простила. Сепак, тоа е твоја одлука, но ако решиш некогаш да се вратиш во таа куќа, постојано давај им до знаење дека ти си човек кој заслужува почитување и дека никогаш нема да го заборавиш она што ти го направиле, зашто знам од искуство дека е далеку од ситница. Траумите што си ги преживела тогаш, никој никогаш и со ништо не може да ти ги надомести. Не си најдена на улица па да можат така да постапуваат со тебе.

    На твое место, искрено би била пресреќна за шансата животот што ми ја пружа да одам во друга земја, како што некој рече погоре, да си посветам време на самата себе. На твое место би заминала, без да се осврнам ниту за секунда кон тоа семејство и би почнала врска со самата себе, односно би се запознала подобро самата себеси, што сакам, што не сакам и би вложила многу во себе и би се трудела да станам поуспешна во животот. Не би мислела ни на бившиот ни на маминиов син, главата би ми била високо крената и би продолжила напред.

    А љубовта, верувај, сама по себе ќе дојде. Во меѓувреме, ти препорачувам да не се замараш дали нешто е судбина или не; и јас верувам во судбина, не сакам погрешно да бидам сфатена, но таквите мисли можат да те одвлечкаат и да направат да не ги гледаш правилно можностите кои животот ти ги дава (и ова од лично искуство).

    Ти посакувам многу среќа и се надевам ќе го најдеш она што ти е потребно во животот.
     
    На enca.69 и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  18. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Tessie,како прво многу ти благодарам на советот и на споделувањето на личното искуство со мене.Не ни сонував дека ќе ме избркаат,секако ќе ја искористам шансата да одам во странство,а со мојот вереник уште сме заедно,знам дека животот продолжува,и верувај ми сега ми е мило што навреме видов со која фамилија си имам работа,и нема тероретски шанси да се вратам во тој стан ,а до душа никој ми се нема извинето :o .Золва ми оди со наведната глава,бега од мене и моето семејство како ѓавол од крст...Да не должам многу,уште еднаш големо благодарам :hai:
     
  19. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Драга Наталија ,навистина ми е жал што си се нашла во толку сурова ситуација без утеха и поддршка од оние кои треба да бидат покрај тебе и кога леташ и кога паѓаш.
    Според мене ,најдобро би било пред да заминеш да седнеш и да направиш еден вистински сериозен разговор со твојот свршеник ,да му кажеш колку ти е тешко и да му објасниш како се чувствуваш во врска со тие несакани промени на текот на настаните.
    Ако золва ти му ја има полнето главата за твојот бивш ,ќе му објанснеш дека тој за тебе е минато ( и навиостина така треба д остане ,бидејќи штом те изневерил - не те заслужува ,па златен нека е!) и дека сакаш да знаеш на што си.

    Па свршувачката и не е мала работа ,тоа ти е подготовка за животот кој следи со тој човек ,вечно лли ќе дозволува тој твој незрел свршеник неговата мајка да ви ја крои иднината?


    Дај Боже се да си дојде на своето место и да бидеш среќна како што заслужуваш :*
     
  20. NATALIJA89

    NATALIJA89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    43
    Ти благодарам на прекрасните зборови,и на советот.Секако дека направив сериозен муабет со свршеникот,му објаснувам за тој бивши од самиот почеток(долга приказна )ама машки инает и суета,се плаши да не ме преземе некој.Тој е зависен од своите,и мајка му си командува дома,најкриво ми е што неговите не се изјаснија пред да отидам да живеам таму.Јас ќе си отидам во странство ,мора да си продолжам со животот бидејќи мојот свршеник и онака зависи премногу од своите.А ако се одалечиме кога ќе заминам,тогаш нема што да се прави,неможам со сила да терам некого да преземе нешто.Инаку јас есента требаше да сум веќе замината,но тој ме спречи првин да сме се вериле,да не сум се преценила да си најдам некој друг таму,и ете што стана тотален хаос.Ти благодарам од се срце :hai: :*