1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забрана од дечко...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Angelche07, 28 јуни 2011.

  1. Angelche07

    Angelche07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Па вака... Јас пушам цигари скоро две години, но кога се фатив со дечко ми он ми кажа не мрази цигари и дека не може да ги поднесе... Јас уште кога се фативме го сфигав многу зошто се мувавме месец и нешто и затоа решив да ги откажам. Му реков дека ми е тешко дека постепено ќе ги откажувам но дека пред него нема да запалам никогаш. Така палев по две три на ден и пак ми беше тешко и на крај си реков да пробам да не палам воопшто. Успеав една ипол недела да не запалам, но се се расипа кога искочив на кафе со другарки. Сите палеа и така запалив и јас :( . И кога се враќав од дома он ме изненади ме чекаше пред врата и тогаш знаев дека ќе ме открие. Само што се поздравиве ме праша дали пушев. Му признав и почна да ми збори како сум можела зарем цигарата била поважна од него. Најнормално дека не ми е му објаснував дека ми е тешко но не ми веруваше. Сакаше да раскинеме и едвај се смиривме но ми рече да не ме осетил другпат со цигара... Не знам што да правам... Ве молам за совет :worried:
     
  2. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    А дечко ти малоумен е или тренира? Ако сакаш да пушиш нема што он да ти брани. Не е он никој и ништо, нит те родил, нит те купил. И ако сака да раскинете бидејки пушиш пушти го. Тој треба да те прифати тебе со сите твои мани и навики. Ај ти забрани му нему да пие пиво или да гледа фудбал, или пак да користи компјутер. Бог да чува.
     
  3. MalataNena

    MalataNena Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    181
    види тоа што пушиш не е убаво,може му смета ама забрана??? не тоа е премногу,прајте муабет сериозно за тоа
     
  4. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Не пушам ни јас ни дечко ми па можеби и не размислувам правилно :?: Тоа е валда како да му забраниш ти да пие кафе , да престане да игра дота или да игра фудбал , нели ? Ок , тој не сака ти да пушиш . Ама твојот живот не застанува кога влага тој во истиот . Понуди му договор во фазон нема да пушам дур сум со тебе и пред тебе , ама кога сум дома или со другарките ако сакам - ќе пушам .
    Не е убаво , ама ако ти не го сфатиш тоа , нема да може он да ти го стави во глава :)
     
  5. brunete

    brunete Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    39
    Ја не сваќам како може да ти забрани да пушиш цигари :^) Разговарај со него убаво кажи му дека неќеш да ги откажеш,и неможе он да се споредува со 1 цигара и да ти вика цигарата ти е поважна !! Кажи му како ќе ти биде ја да ти забранам да седиш со другари,да јадеш,да пиеш?? ;)
     
  6. Angelche07

    Angelche07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Он и самиот ми вика јас не ти забранувам... ама ако пушиш нема да бидеме заедно... јас така го сфаќам тоа како забрана без разлика што збори он
     
  7. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    Toa што пушиш не е добро за самата тебе, но ти веќе спомна пушиш веќе 2 години така да не е тоа така лесно па да преку ноќ ги откажеш.И сметам дека треба да правиш муабет со дечко ти и да му го објасниш тоа. Тој неможе да бара од тебе да ги оставиш цигарите , ако тебе ти е убаво и несакаш. Сметам дека е сосема доволно што нема да запалуваш пред него, бидејќи навистина има луѓе кои не го поднесуваат мирисот на цигарите и тоа го кажувам од искуство бидејќи сум една од нив, и едноставно кога некој пуши во моја близина ми се лоши. И јас не би сакала да имам дечко пушач , но кога веќе би имала само би го замолила додека е со мене да не пуши бидејки ми смета , но да побарам да ги откаже или пак нешто повеќе да му забранам мислам дека не е правилно. Тоа си е негово право, во овој случај твое. ;)
     
  8. Asterion

    Asterion Популарен член

    Се зачлени на:
    12 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    5.622
    тоа не е забрана , тој ти поставува услов кој ако не го исполниш нема да бидете заедно .. :^)
     
  9. bones

    bones Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    значи дечко ти не ти забранува да пушиш, само не сака да биде со тебе ако не престанеш! и јас како не пушач никогаш не би се бакнувала со некој кој е пушач. (Сум го направила тоа и веќе никогаш!)
    Значи нема дискусија тука за забрана освен ако не ти рече НЕ СМЕЕШ ДА ПУШИШ ВЕЌЕ НИКОГАШ ИЛИ...
    Мислам дека бараш подршка да продолжиш да пушиш (може грешам, извини), тоа не е важно. Важно е што ти е поважно дечко ти или цигарите.
     
  10. Masnoli01

    Masnoli01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    218
    Ако имаш години колку што прочитав 20 мислам дека имаш проблем не со дчко ти него со себе..... Кога го читав ова добив впечаток дека е напишано од девојче од 12 години иреков леле колку млади пушат.....
    Смешен ти е постов и тоа дури и банален. Мислам.....немам шо совет да ти дадам освен да се освестиш.
     
  11. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Биди срекна што се грижи за тебе толку за да не пушеш цигари.Океј е тоа.Да е некој друг и тој би запалил цигара и ке ја тера девојката на полош пат.Вакви примери ги има многу.Ама не може мене никој да ми дава забрана да правам што сакам,не може.Мој е животот и ке живеам како јас сакам а не некој друг да ми вели да бира или цигарите или тој.Не не :xПреку глава ми е на поставување на услови
     
  12. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Дечко ти не е во право. Поголем антипушач и мразач на цигари од мене нема ако е за тоа, да можам сите би ги фрлила во оган, но јас не сум никоја и ништо да му кажувам на некој што да прави, без разлика колку и да е близок. Твој живот, ти си одлучуваш како ќе го живееш. Тој не смее така да те уценува, прво многу неубаво од него што не го цени тоа што ти си направила таква жртва (што е најдобар чекор за здравјето твое, верувај), туку ти бара преку леб погача. Објасни му дека си свесна каков лош ефект имаат цигарите и дека ќе ги откажиш, но за тоа треба време, волја и најмногу од се поддршка. Тој треба да биде тука покрај тебе и да ти помогне, а не само да те шлакне цигара или јас - тоа не е начин.

    Ако ти имаш желба, тоа е супер, си правиш за тебе добра услуга, но полека и сигурно и резултатот сам ќе си дојде. Не очајувај ако паднеш под искушение, со тек на време ќе чувствуваш се помала и помала зависност, но ако денес си пушач не може утре да не бидеш а да не те фати криза.

    А да знаеш, со тоа што ќе ги откажеш ќе си купиш карта за подобар живот.
     
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    1. цигарите се штетни за здравјето
    2. дечко ти е штетен не само по твоето здравје туку и за твојата душа

    Сега ти забранува тоа, утре нешто друго... девојко седни го и не да разговараш, туку кажи му дека нема да прифатиш условување!

    п.с. ако можеш да го откажеш цигарите, откажи ги заради себе, не заради тоа што дечкото така сака.

    хммм...па утре ќе биде што ти е поважно дечкото или другарките, па дечкото или кошулата со деколте, па дечкото или сукњата која е премногу кратка, па дечкото или работата... абе држете до себе и до своето јас !!!
     
    На eloves, srcekrsacka, GeorGinnA и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Хм, не кажа колку време сте заедно? :?:
     
  15. irena-10

    irena-10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    325
    Допаѓања:
    882
    Само дома татко ти и мајка ти смеат да ти забранат да пушиш, тој не. Тој како прво не смее ништо да ти забрани, не ти е ни маж. Смешно е и не смееш да дозволиш. А тоа дека нема да е со тебе, не ми се верува, ако те сака доволно нема да те остави зошто пушиш. Можете и договор да направите, кога си со него пример, помалцеда пушиш, или една-две да запалиш и мастика да не му пречи. А такви забрани и слично се живи глупости. Не дозволувај тој да ти кажува што ќе правиш за банални работи. Гуд лак.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Прашај го и ти :!:
    Што е поголемо :
    Љубовта кон тебе или омразата кон цигарите?!
     
    На srcekrsacka и duffi им се допаѓа ова.
  17. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.510
    Допаѓања:
    144.235
    Јас стваварно не ги разбирам забраните од старана на дечко/девојка.. :?:

    Па и дечко ми е пушач, а јас не пушам и треба да го оставам бидејќи пуши или да се заканувам? :!: Ако те сака и му значиш ќе те прифати со сите доблести и мани. Ние едноставно се договоривме , во мое присуство пушење нема, мастика во уста и готово!! Да не те родил па има право да ти брании...

    А ако го оставиш пушењето направи го тоа пред се за себе, за своето здравје, а не за некој друг...
     
  18. Dgirlll

    Dgirlll Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    953
    Допаѓања:
    7.286
    Пол:
    Женски
    Не е убаво од негова страна што ти забранува, многу детско понашање е тоа според мене.
    Ти треба да престанеш да пушиш за твое арно, а не поради тоа што тој ти забранува.
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Angelche07

    Angelche07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Еден ипол месец мување и скоро три месеци врска
     
  20. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Дечко ти малку се занел во доминација а ти си му дозволила да премине граници на пристојност. Изгледа знае дека многу го сакаш па си користи прилика.

    Јас сум непушач и би преферирал непушачка ама знам дека малку девојки не пушат така да е потребна толеранција и откажувањето треба да дојде спонтано и на обострано задоволство а не под присила на избор или јас или цигарите.

    Начинот како ти се обраќа не е во ред а ти впрочем веќе си направила многу со тоа што си се обврзала да не пушиш пред него и дека ќе ги откажеш цигарите ама секој нормален знае дека тоа не иде одма, дека е тешко а и не може секој.

    Ако те сака ќе ти помогне со љубов и подршка да ги откажеш постепено а ако продолжи да инсистира на моментален успех те чека сериозен муабет затоа што во иднина може и нешто друго да му засмета.
     
    На eloves, sesilija, easyyyyy и 1 друга личност им се допаѓа ова.