1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забрана од дечко...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Angelche07, 28 јуни 2011.

  1. Anely

    Anely Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    225
    А бива таква врска со условување?
    Мислам дека не!
    Ако му сметаат ептен цигарите, нека ти помага постепено и полека да ги откажеш, а не нагло и одеднаш.
    А доколку веќе не можеш, тогаш објасни му дека нема да палиш цигари кога си со него туку само кога си сама или со друштво.
    На крај краева твој живот твоја работа е дали ќе пушиш или не.
     
    На lola-86 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.752
    Допаѓања:
    65.215
    Пол:
    Женски
    Хммм, го сфаќам донекаде. Кога си непушач навистина сметаат цигарите, ептен се осеќаат. Сум имала дечковци што пушеле, ама сепак не сум стигнала до овој чекор да ги условувам. Токму така, те условува, а твое е да решиш што и како ќе правиш. Иако кога знаел дека пушиш, знаел во што се впушта и ако толку му сметало немало ништо ни да почнува со тебе. Твое е да решиш. Иако уште сега ако почнал вака, што останува за понатаму? Се што му смета ќе ти забранува? Убаво размисли си, додека е тазе :)
     
  3. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    637
    Уфффф...паметен тој твојот сакан, демек не ти забранувам бре јас, само те уценувам...или јас или цигарите :o ! ТВоите напори за да ги оставиш тој ги злоупотребува, наместо подршка тој ти става забрана за пушење, и тоа на подмолен начин! Демек не ти забранува тој тебе но ако не биде по негово нема да биде ни по твое! :!:
    Мој совет, речи му дека не си ни прва ни последна која пробува да ги остави цигарите и кажи му дека засега пред него нема цигара да запалиш (тоа обавезно да го исполниш) и вети му дека ќе се потрудиш и пред други да не пушиш!
    Тој те запознал тебе како пушач и не може да очекува таа навика без проблем да се искорени од тебе, потребно е упорност од твоја страна но и трпеливост од негова страна! Ако сакаш да останеш со него не можеш да очекуваш дека тој никогаш нема да побара нешто да смениш кај себе, во сите врски се прават отстапувања од себе си и се барат промени кај другиот со цел да успее врската и да се сочува љубовта! Затоа да не те изненадува тоа што дечко ти го бара од тебе, но не го подржувам што истото го прави со забрани...уствари со уцени... |(
    Ете и мојот дечко е пушач а јас не сум! На почетокот дечко ми во никој случај цигара не палеше пред мене,сметаше дека тоа мене ужасно ми смета иако никогаш не бев му рекла дека мора да ги откаже цигарите! По некое време поразговараме на таа тема! Го прифатив како пушач а тој пак самиот е свесен и дури заборава да запали цигара кога сме сами двајцата (а секоја вечер сме заедно сами двајцата) Покажав јас разбирање и го прифатив таков каков што го запознав (па цигарите и не се некој порок кој би ја нарушел нашата врска :angel: ) а тој пак покажа чувствителност и избегнува пред мене да пуши! Мојот случај ти го раскажав за да ти кажам како јас го надминав истиот ,,проблем,, во мојата врска...со малце толернација и вие ќе го надминете!
     
    На duffi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Јас ќе зборувам за моето искуство јас бев пред неколку години не многу страстен пушач што во превод значи истата кутија цигари ми траеше и по недела дена.
    Кога почнавме врска со бившиот сега веќе дечко кој никогаш не пушел јас почувствував дека му пречи и без да го изрази тоа и САМА одлучив да ги оставам цигарите сметајќи дека тоа е добра одлука не само за нашата врска туку и за мене самата и здравствено и финансиски и секако, :) . Факт е дека за непушачот е многу полошо, но сме го прифатиле како таков и откажувањето треба да е по негов сопствен избор и желба, а ултиматуми од било кој тип не градат врска, туку ја уриваат, :!: . Не знам за тебе но мене реченица од типот „или јас или што и да е во продолжение„ ме вади толку од такт што ја сметам да дирекна негација на личноста кон која е упатена, ама ако некој има потреба од субординација и нечија доминација, не е мое да се мешам, :wasntme: .
    Во врска со откажувањето јас тоа го направив со изричито прекинување и мислам дека постепеното намалување не пали т.е. е еден вид залажување и никој барем од оние кои ги познавам не се откажал на овој начин, туку цврсто одлучување од утре веќе нема да запалам цигара никогаш повеќе и никако не отстапување од тоа.
     
    На Victorya му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Цигарите можиш да ги оставиш..зошто ти така сакаш..а не зошто ти наредил дечкото...глупи се таквите наредби...тоа е штетно по твое здравје и ти како сакаш така ќе си правиш
     
  6. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    никако неможам да сватам како бе некои фраерчиња си дозволуват до толку одма некои забрани уценување бла бла...па ако му сметат цигарите и ако те уценува зошто започнал врска со тебе? Значи он знаел дека пушиш,знаел дека неможеш преку нок да кажеш готово не пушам и пак забрани?И јас бев пушач и секогаш зборев ке оставам цигари кога доктор ке ми каже дека сум бремена...така и бидна (но сепак јас одлучив а не дечко ми)

    Ако уште сега си зима слобода да ти дава наредби стави прст на чело и размисли што ке биде после година две...
     
  7. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.490
    Допаѓања:
    2.078
    5 години, никаква забрана...зошто - затоа што сме си ја заслужиле меѓусебната доверба.
     
  8. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.924
    Не треба толку да си дозволува и да сте во брак , ама чим уште од сега ти поставува ултиматуми .. Ако сакаш да бидеш со него сопри го ова дур е време , дур може . Зошто ти ете ќе ги откажеш цигарите , дали за твое добро дали ради него не е битно ама ќе ги откажеш - на ти прст .. тој после цела рака .. Сакам да кажам ќе се опушти и премногу .
     
  9. Little.Monster

    Little.Monster Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Да се откаже нешто што го правиш веќе 2 години мислам дека нема да успееш.можеби на краток период..ама дечкото да ти забранува..и да ти поставува услови мислам дека тој си има проблем.Исто како да му забраниш да не прави нешто што 3-4 пати во неделата го прави..нема смисла.Треба да седнете и да направите муабет ако те прифати таква каква што си океј,ако не,не е тој што ќе ти поствува услови на тебе.Не си дете од 5 години да ти кажуваат што треба да правиш ;)
     
  10. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.761
    И мене ми сметаат цигари, ги мразам, а дечко ми пуши. Никогаш на ова не сум гледала како проблем. Уште на почеток му кажав дека ми сметаат и толку беше разговорот, си сфати тој, нема никакви забрани. Не го остави цигарите, не ни сакам така да влијаам, ако реши да ги остави нека биде ради него, не ради мене....не е мал и сам знае колку се штетни па јас да треба да го убедувам.
    Кога е со мене излегува надвор и пали цигара, ако сме по дома само на тераса и нема проблем. Точно дека се осеќа во здивот, ама не е тоа ништо страшно и неиздржливо

    Немој да му дозволуваш од старт вака да те контролира. Сосема океј е да бара да не пушиш кога си со него, ама дури и кога не сте заедно нема потреба. Мене повеќе ми изгледа ко некој фрик контрол
    Кратка врска - рана фаза
     
  11. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Кажи му дека не смее да пие алкохол, дека кога ќе го бакнеш после една голтка пиво ти се :puke:
    Прашај го и што уште има на списокот за забрани.
    Ти наредува и те уценува |( |( |( .
    Извини вака, ама дечко ти е многу патетичен.
    Ако ти се пуши - пуши си, па не е единствен на светов. И да ти раскине - само услуга ќе ти направи ;)
     
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.921
    :o На мененикој е може да ми поставува услови. Ако не ме сака каква што сум може да си оди. Ако вистински ме сака ќе ги прифати моите мани. Никој не е совршен, па не е ни тој... ако почнете да си забранувате такви работи до каде ќе стигнете?
     
  13. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.665
    Пол:
    Женски
    пробај и ти врати му со иста мера па да свати дали смее или несмее да ти забранува, не дека е убаво тоа што пушиш но ти сама знаеш што и како треба да правиш со твојот живот, не дозволувај да ти поставува услови или ВРАТИ МУ СО НЕШТО СЛИЧНО!
     
  14. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    508
    Не ме судете сите одма, но јас мислам дека тоа ти го вика мислејќи на тебе, за твое добро, а не мислејќи на него. Ако не му било гајле за тебе, дали ќе пушиш или не, дали ќе бидеш здрава или не, туку само му сметаат цигарите и затоа не сака да пушиш, би ти рекол да не пушиш кога си со него, а кога си сама и со другарки да правиш што сакаш.
    Како и да е, и јас би постапила исто на негово место. :)
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Дечко ти би можел само да ти даде совет да ги оставиш цигарите, ако веќе мисли на тебе, нели за твое добро.
    Но да ти забранува неможе! Неможе да те уценува, да ти поставува услови и слично. Тоа за мене е неприфатливо, а верувам дека и ти не сакаш некој да ти забранува нешто. Ок е да не пушиш пред него, можеби навистина му сметаат цигарите, но зошто да не кога си со другарки? Никаде не се стигнува со забрани.
     
  16. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    се сложувам и јас би играла така :$ ;) ;) ;)
     
  17. MrsH

    MrsH Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    133
    E па вака сега.Јас сум страствен пушач,сум пробвала да ги откажам цигарите ама не оди еве и по втор пат бремена сум и уште пушам што е мнооогу лошо.Сфаќам колку е тешко да се откажат цигарите кога јас не сум успеала да го сторам тоа во бременост а остај за дечко.Ама тој уште на самиот почеток ти кажал дека ги мрази цигарите и не можи да ги поднесе (не можи тебе да те поднеси кога му мирисаш на цигари) и јас мислам дека секој има право да сака или да мрази нешто,Тој барем бил искрен уште на почетокот па ако не си била спремна на таква жртва подобро воопшто да не почнуваш,зашто можеби навистина му се допаѓаш па тој гледа и во подалечна иднина со тебе ама ако не си спремна да ги откажиш цигарите тој не сака да живее со цигари.А да би била само пролазна не ми се верува дека така ќе ти речел можел само да ти речи не пуши кога си со мене и готово.Значи тој бил искрен уште од почеток и бара искреност и од тебе.Мене на пример мнооогу ми смета ако тој пие било каков алкохол и на сегашниот тоа му го кажав уште во почеток.Тој си пиеше секој ден ама му кажав можам да толерирам 3-4 пива недлно па сега тој ниту толку не пие.
     
    На Victorya му/ѝ се допаѓа ова.
  18. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    15.113
    Допаѓања:
    100.246
    Пол:
    Женски
    Јас се сложувам со дечкото. Бидејки не сум пушач страшно ми смета дечко ми да е пушач, зашто кога ќе го бацам исто ми е како да сум лижела пепељара полна со пепел :puke: . Плус порано пушев, но ги оставив и еве веќе 7 години цигара немам запалено. Пробав ама ми се лоши сега од цигари. Така да девојче ако мислиш да си со него, откажи ги ако не си спремна на тој чекор, раскини. Не можам да ти објаснам колку е одвратно и гадно да се бакнеш со некој кој пушел цигари пред тоа. А бе црева ми се креваат.
     
    На Victorya му/ѝ се допаѓа ова.
  19. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ако навистина сакаш да си со него направи некоја жртва ама нека има реципроцитет.
     
  20. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Прашај го дали е голман, ако не е, кажи му дека не е во ред да ти брани нешто цело време.

    Абе јас антипушач, сфаќам, мразам цигари, кашлам кога некој пуши до мене. Ама па некој да ми поставува услови, јас веднаш чао пријатно од таа врска. Прво затоа што мразам кога некој ми кажува што да правам. Да, ти будала си и не знаеш дека цигарите се штетни, па се нашол сега тој да те просветли. Ако не се лажам, живееме во слободна држава, секој има право да прави што сака, кога сака и каде сака. Второ, кога сега почнал нешто да ти кажува, тек три месеци заедно, можам да замислам сценарио по три години, ти во кафез, тој го има клучот. Малку метафорично да се изразам.

    Можеш да го испочитуваш барањето да не пушиш кога си со него, тоа е пристојно и нормално од негова, а и од твоја страна. Ама се друго е претеризам. Твојата маана е дека си пушач, кога сме со некого заедно ги прифаќаме сите негови добри, но и лоши страни.

    Тоа ти е како некој да дојде и да ми рече - Немој да јадеш пред мене, дебела си. И земи ослаби, за една недела минимум 15кг да видам да нема од тебе! :geek: