И сега не знаеш што да правиш? Пафни му еднаш во лице. Ти пушиш за себе, не за него. Ако сакаш да престаниш ќе престаниш за себе, не за него. Уствари ова значи дека и него цигарата му е поважна од тебе. Ако толку му сметаат цигарите, немој да палиш пред него и готово. Твој е животот,ако сама не сфатиш дека не е убаво да пушиш, со забрана сигурно нема.
Ова не е забрана, напротив, тој ти мисли добро. И ако ти самата не си го сакаш и си го труеш телото, како сакаш некој друг да го сака, сигурно така размислува и тој. Без разлика што зборуваш ти јас го сфаќам него. Многу е одвратно да бакнуваш некој што пуши, тие самите не се приметуваат но здивот им мириса гадно на дим. И јас не би можела да одам со некој што пуши и ако не престане ќе и ставам крај на таа врска. Сум пробала да пушам цигари и јас, среќа краток период траеше тоа лудило кај мене. Откако се фатив со дечко ми, престанав, знам дека не сакаше и тој но не сакав ниту јас да се трујам без потреба. Ова е мое мислење околу цигарите. И ова на проблем ли личи што ти треба помош на форум? Или ќе продолжиш или ќе престанеш да пушиш, трето нема.
Прочитав што си напишала и ги прочитав коментарите. За жал има некои прости луѓе. Се слушате ли некои од вас што зборите. Ангелце јас само ова ќе ти го кажам. Братучедка ми се омажи пред 9 години, има две деца 8 и 5 години. Маж и пушеше по 2 кутии на ден, пушеше цел живот, и никако да ги остави цигарите. На нејзе и сметаше тоа а кога се родија децата да не зборам. Пред 2 години маж и умре од рак на бели дробови, и ја остави сама со две деца. Каков совет да ти дадам? Опамети си не биди проста не за џабе пишува така на цигарите што предизвикуваат и не се за џабе сите тие забрани против цигари. Гледаш ракот коси насекаде а се оценува дека 90% од случаи на рак на белите дробови се добива од пушење. Не би рекла тоа што ти прави дечко ти е некаков вид на забрана туку напротив дечко ти сигурно е некој грижлив и добронамерен карактер што од моја гледана точка не би вредело да се изгуби поради таков проблем. Биди карактер и остави ги цигарите ради себе а не поради некој друг па каков и да е дечко ти. И за на крај опамети се, може некое кратко задоволство да те кошта многу повеќе понатаму во животот.
Мојот дечко не ми забрануваше да пушам него ме уценуваше со банални работи..како во стил ако запалиш ке станам ке си одам и такви слични ствари!! значи не смееш да дозволиш да му бидеш како кукла да прави со тебе што сака..значи ти си решила да пушиш и тоа ке го прифати..ако он тебе те сака ке те прифати таква каква што си и нема ништо да пробува да мења на тебе..!! пробај седни и направи му муабет таков..и не му спомнувај раскинувања пошто ке дојде до голема караница.. )
Леле истото и мене ми се случи како да читам за мене, вака сега јас одев со бившиот 3 и пол години, и тој не пушеше и ме натера да ги откажам буквално ме притискаше и ми забрануваше да пушам, да не пушам воопшто ми викаше, ме тераше да се колнам во најмило, ме мирисаше, ме следеше на факултет кога одев со колеги кога седев околу факлутет, и така година дена не ме сети но еднаш изненадно дојде на факултет и јас си пушев нормално кога ми се пуши и само нешто искоментира и си замина и јас прашалници цела и баш реков ми е галје што сака нека прави кога не ме цени и не ме прифаќа каква што сум, и тој по некој ден ме бараше и пак иста приказна заколни се ова заколни се она уффф е веќе неможев да издржам и му се скарав.Не само тоа што ми забрануваше, ми забрануваше да одам кафе да пијам со другарките, да одам да шетам со сестра ми и брат ми, ми забрануваше да носам сукњи, да носам деколте, уффффффф до утре не ќе можам да напишам што не ми забрануваше.
Јас не ги сфаќам ваквите машки. Ништи шти не ми го забранува законот, здравиот разум и моралот не може ни тој. тоа толку често му го кажував на сегашниот дечко на почетокот на врската што се реши да проба.И почна кога вака ми правиш ќе си идам, а јас му ја отворив вратата и му реков ајде оди си. После испадна дека само се шалел зашто секогаш викав дека не поднесувам такви машки, тој дури и купел ручек да ручаме заедно, а тргнал да искача само да си ги измие рацете, зошто директноие од работа дошол. Сега и да проба некогаш не му обраќам внимание затоа што знам дека се шали.
Неможам да разберам како може некој дечко да ми забрани нешто?!Ако уште сега на 3 месеци врска и мување почнал да те условува и забранува па што за понатаму? Сакаш ли ти да ги откажеш цигарите поради твое здравје?! Ако сакаш ондак откажи ги поради тебе, а не поради дечко кој е сега, утре може ќе е друг, нели? МилаСрна за да не го цитирам цел твој пост - молим те не биди толку екстремна. Дедо ми дете од село, кој дишел чист воздух, работел на нива и никогаш немал запалено цигара, почина од рак на бели дробови! Имам комшија кој има накај 90 години и дневно тегне по 2 кутии Вардар, па ене го бутур не му е. Овде се збори за тоа, дека никој нема право да ти забрани. Како сега на пример, јас имам некое кило плус и маж ми да ми забрани да јадам?! Гледај си девојко за себе, пак ќе кажам ако сакаш ти да се откажеш од цигарите откажи се, ако не кажи му јасно и гласно- Ќе ме прифатиш каква што сум- со мани и со доблести, па ако ти одговара биди со мене, ако не ЧАО, Пријатно
Сега за цигари ќе ти брани утре нешто друго...не иде тоа така врската не функционира со услови забрани и сл. секој си е свесен сам за своето здравје крај краева ти се труеш не тој! ако толку му смета направете договор дека кога си со него нема да пушиш ама без него пали си цигара ич не се замарај
Јас сум екстремна или ти си екстремна? Споредуваш цигари со храна што значи споредуваш зависност од отрови со најосновна човечка потреба покрај вода. Потоа ги даваш најбизарните примери со најмала веројатност да се случат. Јас си кажав најреална случка. Нема некој човек на планетава кој не бил погоден со смрт од рак на некој близок. Убаво кажав и користев научно верифицирани факти дека 90% од рак на бели дробови се добива од пушење. Ама ти мораше да го ископаш твојот комшија и дедо ти од село оти нели јас сум екстремна а ти не си. Повели прочитај малку статистика и дај те молам не биди ТИ толку екстремна ................ http://www.quit-smoking-stop.com/lung-cancer.html Key Facts About Lung Cancer Primary carcinoma of the lung is the leading cause of cancer deaths in both men and women. It accounts for approximately 32% of cancer deaths in men and 25% in women. Current or former cigarette smokers make up approximately 90% of patients with lung cancer. Men who smoke one pack a day increase their risk 10 times compared with non-smokers. Men who smoke two packs a day increase their risk more than 25 times compared with non-smokers. The more you smoke and the longer you smoke, the greater your risk. Of the 180,000 people diagnosed in the United States alone each year, 86% will die within 5 years of diagnosis. Chemicals and compounds in tobacco smoke make it cancerous and the cause of other harmful health effects of smoking............ 1/3 од мажи кои умираат од рак и 1/4 од жени кои умираат од рак, умираат од рак на бели дробови 90% од нив се моментални или бивши пушачи итн итн итн Ама ти сигурно пушиш цигари и вакви муабети не ти одговараат. Ме напна и морав да ти реплицирам простакушо ни една.
^^ Кај со тој памет? Какви се тие навреди? Како прво и прво во темава не се работи дали некој умрел, преживеал или нешто такво, туку за забрани од дечковци... Како второ и второ секој може да каже што сака но не и да навредува, никој не те напнал тебе па така да се понашаш со убаво ти е речено, а ти ако немаш живци да дискутираш по форуми зошто се зачленуваш?
Ќе морам и јас тебе да те наречам проста. Ако го прочиташ поубаво проблемот ќе видиш дека не се работи за добронамерен совет туку за чиста уцена и забрана!!! Ако таа сака да ги остави цигарите- во ред е. Но не и да биде уценувана дека поради нив ќе остане без ''фраерот''. А со штетноста на цигарите сите сме запознаени, така да, од твоите долги говори фајде нема.
Toj ФРАЕРОТ воопшто не ја уценува него си стои на неговите ставови кои тој ги имаше и пред да бидат заедно и јасно и ги кажа неа уште првиот ден дека ако таа пуши не можат да бидат заедно па така да ако таа не сакала да ги остави цигарите заошто воопшто започнувала врска со него???
^^ Ако не може да ги откаже неможе и готово...тоа не е причина за тој да ја уценува. Инаку ФРАЕРОТ ја уценува со тоа што ја тера да "бира" помеѓу него и цигарите....дај молим те
А тој пак јакиот принципиелен Мистер Принципе не знаел претходно дека таа пуши? Кога толку му сметало,требало навреме да си бара девојка - непушач, а не да држи проповеди за тоа дали тој е побитен или цигарите...! Мој совет да си пушиш цигари и да си бараш нов дечко,кој нема да ти поставува забрани и лимити во животот, тој ако те сака ,верувај,нема да му сметаат ни цигари ни ниеден друг порок или маана кај тебе ! Од мое гледиште,тој е размазан и недораснат , а не карактер , како што се изјасни некоја форумџика погоре . А такви мамини мази не се потребни меѓу човечкоив род. Се изнервирав!
Па тој усте на почеток и кажал дека не можат да бидат заедно ако таа не престане да пуши а таа прифатила да биди со него под услов дека ке престани.
Хроничен алкохоличар и пушач исто ли е бре? Не прави такви споредби... А и да...ако е непушач требал и таква девојка да си бара...а не да ја напнува!
Абе како со некој не можи да поднеси хроничен алкохоличар друг неможи да поднеси хроничен пушач.Споредбата е иста секој различни мислења има и за цигарите и за алкохолот.А тоа дека треба да си бара непушач тоа тој си кажал на почеток па таа сакала да биди со него и покрај цената да ги откажи цигарите па затоа тој и дал шанса.
Леле МилаСрна се згазив од смеење на твојов пост. Простакушо ни една?! Ххахаххаааааааааааа ало девојче само ова кажува за тебе многу!! Јас екстремна? Алоооо моилим ти се прочитај со го постот, па после реплицирај ми. Ај оди прво преиспитај се па дели совети миличка