Не ми се верува што се` ќе прочитам..како бе дозволувате дечковците да ве условуваат и уценуваат. Кога имав некои 17год., имаше еден дечко со кој ај да речам си се свиѓавме, излеговме 2-3 пати и ми кажа дека многу му пречи тоа што пушам и буквално од разговорот си заклучив дека ме тера да бирам меѓу него и цигарите. Ај погодете кого избрав. Не може никој да ви наметне влијание барем не со уцени...ако те видам уште еднаш со цигари-готово е меѓу нас...работава како Кери и Ејдан од Сексот и Градот...ако добро се сеќавате Кери си продолжи да пуши. Ако сакам да престанам да пушам тоа ќе биде затоа што јас така сакам, а не мојот партнер. Еве мм е непушач, т.е. ги остави цигарите пред 2-3 год., неколку пати ми викаше-колку е убаво без цигари, или правеше фаци и коментираше-ме отру со цигарите...еден ден ми скисна и му реков да престане да ме замара и коментарите да си ги задржи за себе, дека немам намера да се откажам и да не тупи веќе. Сега дури и кога сме излезени секогаш гледа да седнеме надвор за да можам да си запалам цигара. Ако дечковците уште од сега ви поставуваат банални услови, што ќе биде понатаму во врската...сега му пречат цигарите, утре другарките, задутре деколтето, кратката сукња или тесните фармерки...врска не се гради и не се базира на услови и уцени. Нормално се` си има граници, ама ова веќе се глупости.
добро бе дали за секоја ситница мора да се отвара тема мислам не ми е јасно која е поентата на темата незнам дали да плачам или да се смеам боже мој дека запалила цигара дечкото ај да раскинеме оф леле ретардо бе извини тој нормален или дефек е нешто?мислам поглупо нешто немам слушнато па што не му рече ај бе раскинуваме и готово тој тебе ќе те чека ќе те проверва дали си испушила една цигара чудото светско големо што се напрај па речиму сакав со кафето и толку што се тука драмите големи?ама ти така бе девојко му си дозволила
хехе што се човек не ќе слушни просто да се чудиш какви се не луѓе постојат. Некој да ми забранува да пушам цигари свашта кој не сака не мора али да уценува за д абидеш со него е тоа е претеризам .....
Тука мислам дека проблемот е што таа му рекла дека ќе ги остави или дека веќе ги оставила, значи се согласила на неговото барање, а она уствари си пуши со другарки, и нормално дечкото се чуствува излажан...Уцена или не, него му сметаат, си кажал гласно и јасно, па ти види...ако чуствуваш дека и за други работи е таков-остави го, но ако е се ок а само цигарите се проблем, пробај остави ги нив-сепак без нив е многу подобро, како бивш пушач го знам тоа... Спојлер Кери ги одбра цигарите затоа што беа во комбинација со Ејдан. Да беше Зверката во прашање ич немаше да му ја мисли
Ха нема шанси ако некогаш сакам да ги оставам цигарите ке ги оставам за мене,не велам дека не се штетни ама јас си знам,а да ме уценува нека се гони слободно ич не ме инересира,женски некогаш многу попуштате и затоа мажте си земаат сила да зборуваат така и да бараат и да уценуваат,ако некој ме сака ке ме сака каква што сум и нема трето тука
А бе никој на никого не треба нешто да му забранува или уценува. А тој дечко ако мисли дека цигарите и штетат на девојката и го кажува тоа за нејзино добро не треба да уценува со ИЛИ ИЛИ. Треба да се направи компромис како со тек на време да ги намалиш цигарите. За почеток договорете се да не пушиш само кога си во негово друштво.
Мое мислење батали ги цигарите секако ти штетат. Во право е дечкоти. Дали си размислила дека тој ова го прави за твое добро ? ))) За секоја навика има и одвика девојко .
Не се согласувам. Ако таа сака, ќе си пуши... и што може тој? Кој е тој да и кажува што да прави. Денес ќе бидат цигарите, утре ќе и рече не можеш да излезеш облечена вака, задутре ќе и рече дека не може да седи со другар на иста маса, а после тоа ќе и забрани и да излегува со другарките. Ако ја сака ќе ја прифати таква каква што е, нема да се обидува да ја промени.
Во секоја врска треба да се најде компромис. Неможе туку-така некој да се уценува, ако неможе да ги остави цигарите , но може да ги намали или да не пуши додека е со него.
Денес ти забранил да пушиш цигари, утре ќе ти забрани да се облекуваш како што сакаш, за една недела ќе ти забрани да искачаш со другарките.... И додека да се свестиш што се дешава одеднаш ќе се најдеш заробена во неговите каприци, ќе седиш дома сама и ќе го чекаш неговиот повик, за ако е расположен да те изведе да прошетате... Не иде тоа така душо...океј е ако му сметаат цигарите да проба да најде некој компромис, да се договорите да не пушиш кога искачаш со него или слично, ама да те уценува и да ти поставува ултиматуми... хммм не ми се допаѓа тоа. Не ми личи на темел од кој би можела да се развие здрава врска. Тоа е мое мислење.
Драги феминки, Долго се мислев дали воопшто да го пишам мојот проблем, не сакав да отварам нова тема, па еве решив да пишам во оваа "Забрана од дечко".. Можеби не е најсоодветна тема но океј.. Се започна пред две години, токму на лето.. Се запознав со еден дечко кој не криеше која вера е уште од првото наше запознавање. Беше се океј, броеви не си разменивме, но да речам "случајно" се сретнувавме. Потоа започнавме да излегуваме, но само онака другарски, никогаш не сум имала против од која вера или националности ми се другарите или другарките, сепак сите сме луѓе од крв и месо.. Помина цела година што се гледавме само така, но лани летото се случи и нашиот прв бакнеж.. Бакнеж по бакнеж прерасна во врска..За таа наша врска, која беше донекаде тајна, знаеа само мојата најдобра другарка и неговите братучеди, ми го донесе најголемото разочарување во животот.. Идевме да речам цела година, се до понеделникот. Он беше во Анталија јас во Дубровник, решив врската да ја прекинам.. Од тогаш типот ме следи, ми се заканува и ред други работи !.. Додека бев во врска со него, се беше океј, одевме кај што ќе посакав, се заљубив, и он мене ме сака, но немаме иднина.. Кога тогаш ќе моравме да прекинеме.. Он тоа не го сфаќа.. Знам дека многу од вас ќе ме осудуваат, и точно имате право крива сум Се заколна дека ќе дојде и на сите ќе раскаже дека сме биле во врска, направивме многу работи заедно, сепак му благодарам на Бога што не дозволив да имаме односи.. Среќа што претходно сум немала, па затоа не сакав првиот пат да ми биде со некој од друга вера.. Уште еднаш ќе ве замолам да не ме осудувате за врскава, туку да пробате да ми дадете некој совет, секако ќе биде добредојден.. И уште нешто он е многу избувлив и нешто кога ќе науми тоа и го прави, со мирен разговор мислам дека и ништо нема да се среди.. Вечерва ми ја упорпасти цела, ме виде, ми рече имаш среќа што си со другарките инаку тука на лице место ќе те убиев......
Нема да те осудам, само ќе го напишам заклучокот, дека ретко кои се цивилизирани. Кога рече од друга вера ми стана јасно дека е муслиман, друга вера ретко може кај нас да има. Ете колку се цивилизирани, препрочитајте си ги мислењата сите оние кои напишавте дека се исти како нас и ретки биле оние агресивните. Совет незнам, едино да ги потготвиш твоите дома, да им речеш дека постои еден манијак кој ти се заканува дека ако не си со него ќе кажува лаги за тебе. Мораш да излажеш за да се спасиш. Речи им дека е подготвен да им тресе глупости дека сте биле во врска и.т.н. И потоа пријави го во полиција нема да смее да писне.
Офи малку глупа приказна ми е тоа манијак лево десно кога е колку мене Тоа прво, а во врска со полицијата нема шанси.. Цела фамилија им е поврзана многу со сите нив.. До пред пола година немаше возачка, а возевме зашто кој и да го запреше кажува име презиме и веднаш го пуштаа.. Од јака фамилија доаѓа...
Најдобро да разговараш со твоите. Мораш. Сама ништо не можеш да направиш. И памет во глава друг пат, не е ова играчка, како што можеш и сама да видиш.
Не знам како би им кажала, се срамам од самата себе.. Памет на другите девојки, мене веќе НИКОГАШ нема да ми текне да се плеткам со такви......
Епа чим така, тогаш менувај број, блокирај го од секаде и некое време не излегувај од дома, додека да му помине тоа лудилото. Потоа ќе заборави, ќе си најде нова занимација. Ова во случај да несакаш да им кажеш на твоите. Изолирај се малку, таман ќе си ги средиш мислите, или оди ако имаш баба во некое село, поседи таму... Едноставно нека те снема од неговиот живот, воопшто избегни контакт со него како знаеш и ќе му помине. И друг пат како што кажа Виножитка, пази што правиш, се што лета не се јаде.
Да да Офи, во понеделник заминувам од тука.. До крај на август нема да си дојдам, од фб го блокирав, на повици нема да одговарам, не знам како да го блокирам неговиот број да не ми ѕвони.. Морам да исчезнам на некое време...
Да речеме дека ќе те подзаборави за тоа време, можеби ќе најде друга "занимација", па така ќе се ослободиш од него.
Уф јас се надевам дека ќе биде така, дека нема да се разлути уште повеќе..Другарка ми ми вика да разговарам со него, но не знам колку е паметно тоа, се плашам да сум во негова близина...
Не не никако разговор со него, смени го бројот, како што кажа веќе одиш негде настрана.За блокирање на број може на некои од телефоните самсунг има опција.Не се замарај ништо не ти може, а ако се запне ситуацијава кажи на некој од дома.позз