1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Забрана од дечко...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од Angelche07, 28 јуни 2011.

  1. Hellen

    Hellen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    Annie,
    Не сме ние тука да те осудуваме злато. Само не моѓеме ни многу да ти помогнеме. Само ти си знаеш со какви стравови се соочуваш при помислата на овој тој бивши дечко. Немој да дозволиш да те плаши тоа што ќе каже тој, нека кажува што сака. Ти гледај да се заштитиш да не те повреди тебе. Мораш да им кажеш на твоите родители искрено се, што било и како било. Заедно ќе го решите проблемот, сама не смееш. Си отишла со човек од друга вер- си отишла, се случило сега, секој греши...Верата не секогаш има врска со карактерот. Верувам дека ќе најдете решение ти мама и тато заедно. Со среча сонце и со ум за друг пат.
     
  2. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Annie, не си ти виновна. Ете и јас сум таква - прифаќам секакви вери и националности, па сите сме луѓе нели. Сигурна сум дека си во тешка ситуација, сепак си му верувала и излегува ваков. Би ти препорачала исто како и другите феминки, едноставно исчезни. Ако можеш и смени го бројот кога ќе се вратиш од одмор. Ако повиците продолжат, најдобро е да им се довериш на родителите. ти си им дете, и секогаш ќе застанат во твоја одбрана, колку и да си постапила погрешно. Ајде смири се колку можеш, и пиши ни ако треба уште нешто :)
     
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Не смее дечкото да ти забранува дали ти смееш или не смееш да пушиш, ако те сака ќе те прифати со сите твои доблести и маани. Ете си пробала не можеш толку лесно речи му разбери ме се трудам но не можам.... нема сфати човекот :D
     
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Annie ни јас не те осудувам, ама ова нека ти биде една лекција за друг пат. Таквите врски обично не успеваат, секако има и исклучоци, но ретки се.

    Јас би те советувала да го смениш бројот, не е ништо комплицирано, и на тие што треба ќе им го кажеш новиот. Добро е тоа што ќе патуваш некаде, па ќе се оттргнеш од ова и нема да си ги оптоваруваш мислите. Ако ситуацијата не се смири, сепак ќе мораш да им кажеш на твоите.
     
  5. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    срце
    го разбирам твојот проблем тотално и тие од др.вера (несакам да вреѓам)обично се учени така само да ги решаваат работите едноставно такво му е воспитувањето и така се навикнати и плус све сакаат по нивно да е и тие како што ќе кажат е неможе така
    мн.разумно од тебе што си знаеш дека немате иднина и што си ја прекинала врската никој не те осудува и сите прават грешки важно тие грешки да бидат навреме исправени :clap: бравос за тебе
    куче што лае не каса добро што досега не се случило ништо посериозно меѓу вас
    како што ти рекоа девојките за почеток смениго бројот и понашајсисе најприродно што може потоа ако не се смири работата биди храбра и превземи мерки нека знае со кого си фатил работа
    со среќа :*
     
  6. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Ани, како прво смири се душо, никој тука нема да те осудува. Односно ќе се најдат такви ама за таквите нема белким да се припотресуваш нели? :)
    Мислам дека премногу ја нагласи реченицата - не ме осудувајте. Затоа што самата не си била поистоветена и сосема ок со врскава, затоа и мислам дека за тебе најголемата закана е да дознаат твоите, нели?

    Епа за жал не ти се погодил човекот, си идела со идиот кој без разлика на својата вера е воспитан како што е воспитан, или растел во таква околина и ете, на друг начин не знае да постапува со жените :worried: За жал вакви машки ги има на куп...пред неодамна се сеќавам исто една цура беше исплашена затоа што идеше со еден сличен, додуше беше Македонец ама исто и се закануваше и таа беше преплашена.
    И мене ми се погоди еднаш идиот од еден македонски град да не го именуем, додуше сите ме предупредуваа однапред со предрасуди дека сите луѓе без исклучок од таму се малку скренати, ама не ги слушав, се смешкав и излезе дека не само што е скренат, туку бетер, ама нејсе, што да се прави. И потоа ми велеа - ти реков дека ништо асално од таму не искача?!
    А јас ролав со очиве.
    Сите учиме од сопствените грешки а јас сеуште не сакам никогаш да генерализирам. Ех колку жабурки треба да бакнеме за да го најдеме принцот.

    Така да тебе моментално нема да ти помогне ако ти кажеме сите - ете, со муслиман си идела, така ти е - бу бу! |(
    Сите правиме грешки. Среќаваме во животов поголеми или помали идиоти, и фураме даље. Тоа е тоа.
    Обиди се да зборуваш со твоите и да размислите што би правеле понатаму доколку работите ескалираат, не дај Боже, белким важи и за него законот како и за сите други :worried:

    Ти држам среќа и што побргу да те заборави овој ради кој не можеш да имаш моментално мирен сон.

    Ах бре, јајцата би им ги цвикнала на овие мажи. Без пардон! Таквите што им се силат на девојчиња се нули! Бљак! Добро бе што прават овие невладини организации кои се борат везден против некакви насилства и што ти јас знам што? Или само си го ладат по семинари и конференции?!

    Жими све во вакви моменти почнувам сериозно да се нервирам.
     
    На mims-89 и najubava2010 им се допаѓа ова.
  7. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Ани, за се има решение. Познато ми е ова однесување, другарка ми имаше бивши што откако раскинаа и се закануваше со ќотек, дека ќе ја убиел и не знам ти што.

    Другарката фино лепо му рече дека двајцата се полнолетни, двајцата си одговараат на постапките, дека доколку ја пипне со тие модрици што ќе и излезат ќе си отиде во полиција, па од таму тие да превземат. Му рече, удри ме, па после ќе видиш колку ТЕБЕ ќе ти се влоши животот а не мене. Потоа му рече нашето беше, убаво беше дури траеше, сега е готово, крај, продолжи понтаму јас ќе си продолжам понатаму. Машкото не ја побара повеќе воопшто.

    Не излегувај никако сама, ако живееш поодалечено од другите речи му на некој другар да те испраќа секоја вечер или оди си со такси. Смени број, или јави се и прашај како можеш да го блокираш неговиот број.

    А за тоа ќе раскажел дека сте во врска, па што ако? Немаш 10 години, 19 имаш, многу нормално е дека ќе си имаш дечко, па дури и односи да сте имале, што? Едноставно покажи цврст став, затоа што тој колку повеќе гледа дека се плашиш тоа му дава повеќе сила. Излези си, не го приметувај, не му зборувај, ќе видиш сам ќе се оддалечи.
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    И зошто напиша толкаво мислење? Проблемот е во тоа што таа неможе да им каже на нејзините токму поради причината што тој е муслиман. Да не беше муслиман, ваљда немаше да бара овде совет туку ќе им кажеше на нејзините.
     
  9. HmmHmm

    HmmHmm Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    здраво девојки....имам врска 7години...како што 
    можам да видам мислам дека и се ближи крајот
    :( ...незнам дали проблемот е во мене или во него...
    ѕначи да ви го опишам него.он е многу добар,
    несебичен,сака на секој да му помогне и сите 
    тоа го користат и он пак не се лути и пак би 
    им помогнал со еден ѕбор сите го користат....
    а со мене е многи нервоѕен му смета секое 
    прашање од моја страна....се нервира коа 
    ке го прашам кога стана,кога си легна,шо 
    правиш...итн итн ѕначи нормални прашања
    друга работа е што неможам да го дефинирам 
    дали ми води инат или нешто крие...пример ке 
    го ѕемам фејсбук      он полудува кога само ке 
    го спомнам а не па да речам да го отвори или 
    нешто слично пред мене,ѕа фејсбук например 
    се караме последнава година,имало вакви ситуации 
    некогаш ке скренам од нервоѕа оти си мислам 
    сигурно има нешто шо он ѕа жива глава не го 
    отвара...и ке го отвори тогаш и ке видам дека 
    нема ништо...тогаш свакам дека ѕа инат не го 
    отварал а не дека криел нешто...и вчера конечно 
    од чиста мира фати го иѕбриша профилот,и ми вика 
    заради мене го избришал оти немал живци он знаел 
    дека ми смета и оти несакал да ми го отвара...и ај 
    сеа ....да полудиш
    друго е тоа шо за се значи за се се дери ако речам 
    по втор пат ...пример му викам ај да испаднеме и 
    вика не и јас ако продолжам да речам ајде бе те 
    молам и он веке е скренат
    ке полудам ако верувате ... ѕнам дека ме сака и јас 
    го сакам него не можам да замислам да не бидеме 
    заедно плус не би поднела оти знам дека се сакаме 
    шо се однесува за мене јас многу многу не му верувам ... 
    ама се трудам со сите сили се трудам сама пошто он не 
    ми помага во тоа,да ја вратам довербата кај него....он 
    само со ми тера инат јас уште толку си праам филмови 
    оти треба да има причина по мое некој за нешто толку да 
    е тврд....
    и вчера скрена ми се дереше коо незнам шо вика ако не 
    сум сакала да стаел крај на врската да сум се сменела да 
    сум кулирала да сум уживала...јас не знам шо треба да 
    сменам не знам со треба да направам за да не се караме
     ве молам дајте ми совет оти ке полудам 
     
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    А? А зошто да не напишам? Да не требаше некого да прашам за дозвола? Ич не ти ја разбирам забелешката :D

    Си напишав тоа што сакав да си напишав, не те разбирам зошто тебе те засега тоа и зошто ми се мешаш.
    Да не треба да земе сега да се отепа девојчево затоа што е „крај на светот - идела со муслиман“, и не смее да каже? Има и полоши работи, јас тука и давам поддршка за да се обрати на некој кој може најмногу да и помогне а да и кажев - епа што си зготвила, тоа сркај си па и баш не е некаков совет не мислиш?
    Такви работи уште повеќе иритираат. Верувај знам, нешто сум постара, и имам троа повеќе искуство.
    не сум родена што се вика - вчера.

    Хмм, причината зошто тој така се однесува не можеме да ја знаеме но изгледа нешто го иритира во врската или бидејќи е врската долга па е нервозен, или не води никаде, не знам. Јас имав скоро волку долга врска и при крај навистина како што велиш се каравме за најмали глупости и избувнувавме и двајцата. Потоа фер се договоривме дека ова нема повеќе смисла и дека не можеш да градиш иднина со некој со кој веќе не знаеш два збора да прозбориш без да се нервираш :(
    Не мора да значи, ама мене ми мириса на крај.
     
  11. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    ХммХмм. Јас мислам не е за инат дека не ти е давал да видиш профил. Туку за приватност. Негов профил, негова работа, што има ти да гледаш ако он не е дете а ти не си му мајка па да го пазиш што прави на интернет? И ти покажал еднаш за да те затрае, немало ништо, и ти пак филмови правиш. Зашто? Верувам дека го е избришал профилот за тебе, за да престанеш да го гњавиш дека не ти дава целосна контрола и пристап до него. Значи крив е ако има профил и крив е ако нема профил воопшто. Може е нервозен со тебе оти се осеќа под контрола или испит, со стално прашања од типот на каде си и што правиш секои пет минути, оти верувам му ги поставуваш затоа што како што рече многу многу не му веруваш.
    Што знам ама мене ми се чини дека тотално ја имаш промашено темата оти тој ништо не ти брани тебе, туку размисли ти што му браниш нему? Дека тој не помага за довербата, како може да помогне? Со тоа што нон стоп треба да ти покажува и докажува дека нема зошто да не му веруваш за ти да му веруваш. Остави таа работа, ако е тоа случајот тогаш на врската и се гледа крајот.

    Светот е точно таков, олади, дај му простор на дишење, слобода, намали со контролирањето, и ако стварно се сакате- уживај. Сите сакаме да имаме свое приватно време, свое приватно катче, па и ако сакаме фејсбук профил, без да мораме да го делиме со партнер. Не дозволувај без некоја озбилна причина да пропадне нешто што се гледа колку многу ти значи.
     
  12. HmmHmm

    HmmHmm Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
     
  13. HmmHmm

    HmmHmm Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    одпосле видов каде сум го пишала постов ама нема врска ...од срце ке се тудам ако е до мене проблемот да се променам...дајбоже да е до мене  :(
     
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Па види вака, нема што да се плашиш, се случуваат секакви работи во животот и не е најстрашно да раскинеш со некој за вистинската причина, јас би рекла пострашно е да останеш во врска која никаде не води - што во случајов би била лошата причина за останување во истата.

    Кога некој сака - знае и може. Тоа секогаш сум го тврдела. Земи седни со него, направете муабет, онака смирено. Кажи - вака и вака се одвиваат работите, самиот гледаш дека си нервозен, дека реагираш претерано, дека не ни е идеална врската, сакам да останам со тебе но направи и ти нешто.
    Немој да се доведеш до ситуација ти да бидеш единствената која ќе работи на случајот а тој да не направи ништо. Знаеш дека за се се потребни двајца.

    Еве од лично искуство јас ти викам - ние седнавме со дечко ми, пред се затоа што живеевме заедно и зборевме најсмирено, самиот ми рече дека одеднаш почнало се да го нервира кај мене, и истото беше и со мене. Реагиравме на тривијалности несоодветно. За пола година од муабетот, раскинавме затоа што она што се случуваше секојдневно беше мачење.

    Сега сме блиски другари, после 4 години. Значи никогаш не можеш да знаеш што ќе ти донесе животот, а јас би ти препорачала само искрен муабет и друго ништо нема да ја среди ситуацијата. Само вие двајцата ;)
     
  15. HmmHmm

    HmmHmm Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    прво од срце фала ти ѕа советот  .... најмогу на свотот би сакала да седнеме и убаво да направиме муабет и да решиме вака и вака и стварно да биде така....неможам  како да објаснам каков е он ...  како да се плаши да прави таков муабет...сме почнале да и тоа не еднаш и он свака одма дека јас  сакам да се карам дека почнувам кавга и само ке рече..срце ај не ми се кара сеа....или со сакаш  мисли тоа е твое право.... никогаш немаме зрел муабет ако почнам така да му зборувам сериозно  се чуствувам како да го напнуам оти го гледам дека не му се ни зборуе а и колку ме регистрира незнам ... 
    сега ке остаам на муабетот од вчера .. ке пробам да не го напнувам како што ми писа имелда па ако  бил до мене проблемот би требало се да е ок а ако е друго работата е тогаш јас веке не  можам ништо  тука 
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Тука не е до искуството, девојчето убаво објасни дека неможе да им каже на нејзините поради причината што тој е муслиман. Ти овде изнапиша пак истото дека и да бил македонец можеби така ќе и правел. Ама да бил македонец ќе им кажела на нејзините и ќе наидела на поддршка во секој случај. Од каде знаеш дали нејзините нема да ја казнат или бог знае што ќе и направат зашто идела со муслиман? Можеби се строги и нема да ја сфатат. Не е тука проблемот дека не и се погодил, неа не и треба утеха, и треба решение за проблемот, а јас никаде не ја осудив, само го кажав заклучокот. Не ти треба дозвола што сакаш да напишеш, ама не се задржуваш на темата, и суптилно буцкаш, не си давам на значење ама приметувам и си кажувам и немој да кажеш дека не е така оти читам меѓу редови и тоа многу убаво,не само овде, туку и на повеќе места.
     
  17. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    ХммХмм, не го земај мојот совет здраво за готово. Јас така те посоветував од тоа малку што го прочитав за проблемот, и како мене ми се гледаше од него. Ама вие сте заедно цели 7 години, и се знаете најубаво, немало е да сте толку време заедно ако не се сакате. Тоа што е вака во последно време, и што те тебе тера да го притискаш, а ако те става на игнор за некои прашања и ништо чудно да неговото однесување тебе те натерало да бидеш сумлива кон неговото расположение, луѓе сме и не можеме да останеме рамнодушни.
    Ако работата е дојдена до тој степен да или ти или тој се мислите дека врската ќе се скине ако работите не се подобрат, тогаш е време за муабет. Не сте правиле таков, ама сигурно не е имало потреба порано. А ако нему не му се прави озбилен муабет, тогаш ти сама не можеш да го решиш проблемот, без разлика што е, и најважно ако не му е до тој муабет душо, толку му е и до врската.

    Ако тој мисли дека има проблем со твоето однесување само тој може да ти каже што му смета и да работите на тоа, а не да те остава да мислиш да нагаѓаш што му фали или смета. Во исто време ти ќе имаш шанса да му кажеш како те прави да се чувствуваш кога е нервозен. Само пробај да не е на кавга. Размисли убаво како би го прашала, со убаво, мирно, воздржи се овој пат ако имаш навика да се возбудиш и повишеш глас, или да се расплачеш, оти машките претежно не знаат како да реагираат така и веднаш се бранат од далеку, и толку муабет.
    Се надевам е само фаза на недоразбирање која ќе ја поминете :*
     
  18. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Абе ова глуми лудило неко. Ако му пречат, едноставно нема пред него да пушиш, а ако му пречи што воопшто пушиш ич да не ти е гајле! Твој живот - твоја ствар!
    А тоа шо ти викал, ке ти раскинам ако те осетам уште еднаш, ма дај, за’ржи му малку! Што е ова, ко мало дете е.
    Ако не те прифаќа таква каква што си, не ти треба. Нели гледа пред него не пушиш, се трудиш да ги откажеш, не иде тоа така преку ноќ, значи пробуваш да се смениш за него! НЕ ЦЕНИ! Ма нека фати магла!
    А после нека се запраша што губи со неговиот памет ! :fubar:
     
  19. Marijana93

    Marijana93 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    6.607
    Па вака иам дечко идеме година дена во почетокот се беше во ред но пред неколку месеци тотално се смени .. Ми забранува да одам кај братучеки да одам на кафе со другари и другари а порано тоа не му сметаше еднаш дури морав да го излажам дека сум кај братучетками затоа што знаев како ке реагира (а и ми забранува фб да иам :^) ) и коа дозна дека бев кај братучетками ме напраи партал ми вика како смееш ти мене да ме лажеш ова она .. Затоа два месеци нема да се глеаме и еден месец нема да се слушаме (па исклучува телефон ако за нешто му речам не) и ја му реков ок а потоа ми звонеше па како ај да смириме не мислев ја така ова она не му е прв пат така да праи ( дури повеќе пати ми има речено дека не ме сака а потоа вика дека се шалел ...може забегав од темата малце извинете) По некое време му реков дека пак ќе одам кај братучетками ми рече што сакаш прави таа ти е побитна ова она.. Еднаш му реков дека сакам да прекинеме дека несакам да бидам со некој што ќе ми забранува се и сешто но тој беше упорен дека ме сака дека нема така да продолжи нема да ми забранува да одам кај братучетки ама пак исто ве молам за совет .. Вашите совети многу ми значат :)
     
  20. misel23

    misel23 Активен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2013
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    10
    Зборувај со него прашај го која е причината за таквото однесување мора да има причина... Пошто е несфатливо што му смета дури и да испиеш кафе со братучетка каков план има да седиш дома затворена и само со него да излегуваш да се исклучиш од се...
     
    На Marijana93 му/ѝ се допаѓа ова.