Маријана, никој не смее да ти забрани да идеш и да се гледаш со другарки или братучедки. Да си 10 години, па да не ти даваат твоите, во ред, ама дечко... Тој нема никакво право на тоа. Ти си имала живот и пред него (другари и другарки), а што се однесува до роднините, тие се твои роднини до крајот на твојот живот. Дечко ти може ќе ти биде дечко еден месец, година, две, ама што се случува после тоа? Сигурно пак ќе ги побараш истите братучедки и другарки. Штом ти забранува да се гледаш со твои блиски, нешто нему му пречи кај нив. Подобро е отворено да разговараш ЗОШТО да не се дружиш со нив, отколку цела контрола да е кај него и психички да те притиска. Заканите не водат никаде. На крајот на краиштата, ако не можеш со него од старт да воспоставиш однос со разбирање и заемна поддршка, поарно не ни завлегувај во таква врска. Ако сега му допуштиш да ти кажува со кого да се дружиш, а со кого не, што ќе се случува понатаму? Се додека во врската се чувствуваш ко дежурен виновник, ти покажува како би можела натаму да се развива истата. Подобро е сега да раскрстиш, отколку да чекаш време, кога би можела и многу повредена да бидеш.
Додека ваквата тортура од врска не се пролонгирала на подолг рок,бегај од него. Искрено,не знам како го трпиш.
Toa е сериозна непочит кон тебе,како прво .Tој не те сака ,далеку од тоа.Cака да те манипулира и да се изживува да се докаже коклава моќ има ,и да си го билда егото.Cтрашно,а уште пострашно што ти немаш свое јас,извини што ќе ти кажам .Kога така те уценил ,требало да му речеш дека си имаш живот и пред него и дека не може и не смее да ти забранува.A зошто ти забранува да излегува,да погодам?Oти е несозреан искомплексиран,сигурно сака да шета без тебе ,да те изневерува а ти да немаш контакти да си зависна од него и да незнаеш што всушност прави зад твојот грб,да нема кој да ти каже.Aко го оставиш ,да бидеш осамена ,да немаш никој друг и тој да те врти на малото прсте . Kонечната одлука е твоја,а мој совет е да го плукнеш в лице и да го оставиш засекогаш!Hикој на шала не би рекол дека не те сака,знаеш како оди ова пола шала ,пола вистина,па сама прецени.
Можам да разберам зошто така се однесува кон тебе. А тоа е бидејќи ти така си му дозволила. Многу јасно. Немаш цврст карактер, а тоа тој го искористил во негативна, негова полза. Па види се само, дали само прочита што напиша- те контролира и ти го ограничува животот според негова рамка. Кратко и јасно. И каков совет бараш, да ти кажеме убаво седни и разговарај со него, божем да се потрудите нешто да смените. А бре иди одма стави крај и точка. За тоа време, дур си дошла на форумот и си го напишала текстот, се ќе си средила. Советот е имај повеќе самодоверба, стави си се на прво место, почитувај се себе си и изгради си крактер (свое јас).
Сите сме посебни индивидуи, со свое право на живот и избор и одлуки. Незнам каква е таа шала што тој ја користи, навистина. Незнам можеби хуморот му е таков, не го знам човекот па не можам да кажам. Зависи и во какви ситуации ти го кажал тоа, дали на шала, во карање. Како и да е,ти имаш свој живот и имаш право да се гледаш со братучетки и другарки. Штом не го разбира тоа тој тогаш најубаво да прекинеш, зошто подоцна во животот он уште повеќе ќе си земе за слобода, па кој знае уште што ќе му текне да ти забрани.
Сите сме посебни индивидуи, со свое право на живот и избор и одлуки. Незнам каква е таа шала што тој ја користи, навистина. Незнам можеби хуморот му е таков, не го знам човекот па не можам да кажам. Зависи и во какви ситуации ти го кажал тоа, дали на шала, во карање. Како и да е,ти имаш свој живот и имаш право да се гледаш со братучетки и другарки. Штом не го разбира тоа тој тогаш најубаво да прекинеш, зошто подоцна во животот он уште повеќе ќе си земе за слобода, па кој знае уште што ќе му текне да ти забрани.[/quote] Колку пати му имам кажано дека сакам да прекинеме му имам кажано дека неможе да ми забранува ништо а и му имам кажано ако не ме сака тогаш што е со мене а потоа тој целиот се менува како те сакам ја нашала така ти викам нема веќе да ти забранувам ова она.. И во право сте ќе го искористам советот што ми го давате
Нема да се смени, секогаш ќе е сѐ исто па дури и полошо. Мисли си со време, за да не се каеш еден ден. Знаеш како викаат, подобро е да се спречи отколку да се лечи.
Колку пати му имам кажано дека сакам да прекинеме му имам кажано дека неможе да ми забранува ништо а и му имам кажано ако не ме сака тогаш што е со мене а потоа тој целиот се менува како те сакам ја нашала така ти викам нема веќе да ти забранувам ова она.. И во право сте ќе го искористам советот што ми го давате [/quote] Тие промени обично траат- додека не се смириш. Нели? А инаку ако решиш да раскинеш, не му се јавувај, на никаков начин не комуницирај со него.
Кој е тој да ти забранувал толку?мене татко ми ми нема така речено,не пак некој онака што сум го сретнала во животот.и јас мислам дека полошо ќе биде.прекинија врската,единственото логично решение е тоа.
Тие промени обично траат- додека не се смириш. Нели? А инаку ако решиш да раскинеш, не му се јавувај, на никаков начин не комуницирај со него.[/quote] Решена сум нека звони колку сака не се јавувам
Фала за советот [/quote] Moлам,и тоа го кажувам за твое добро да знаеш .Mлада девојка си,нема потреба да се уништуваш заради едно машко,кој патем ако те сака нема да има против да се гледаш со братучедки и пријатели и другарки,и тој ќе ги сака оти ги сакаш.Tој што ти мисли добро нема да ја користи љубомората како изговор,туку ќе направи се за да бидеш среќна и задоволна .
Како го трпиш жити се ? Па дури и уште сте во врска ... единствен ли е ? Разбирам љубов го сакаш неможеш без него ,си викаш ај ќе се смени ама верувај од искуство ти кажувам таквиот човек не се менува... Какви се тие глупи забрани без никаква врска ? Зошто ? Уште сега ти забранува секакви ситници помисли на иднината а тогаш ќе биде бетер од сега верувај... со време тргај се од него не си свесна какво олеснување ќе осетиш ,сигурно заслужуваш некој што најпрво ќе те почитува а потоа се со ред
Вака имав решено да не коментирам, ама поминав низ нешто слично... Е сега, па уште не ми беше дечко, НИШТО не ми беше, на татко ми познаник и соработник(за работа мој не на татко ми ) и почна да ми кажува уште што не и така почна кога се работи да се збори не знам што(не е битна некако работа ама уметничка е и тука луѓето со отварање во поезија во слични ствари)... Почнав да се отворам емоционално и вака ми забрануваше све, ме убеди дека сум лош човек, ме напраи мизерна, партали и си замина и сеа после 3-4 дена збори како сум му фалела..... Некако немам живци посебно оти не го сакам на тој начин за ваквите....Посебно кога не се во право иритираат превише! И верувај барем мир ќе имаш ако не друго. Поарно ,,не среќна" без некои луѓе...отколку ,,среќна" со прогрешни... Ако ме сфати.... Баш ме интересира што ќе напраиш, ко истиов чоек да е....ахахахахах sorry! Само не се нервирај....
kazete mi devojki sto da pravam imav vrska so sakaniot 2 godini od koj raskinavme za glupost i sega 2 godini se gledame redovno so emocii kazete mi sto da napravam za da go zadrzam i povtorno da bide so mene vekje 4 godini eden bez drug nemozeme a pak ne mozeme eden so drug
Се пронајдов ќе го откачам што ќе ми е таков кој е тој да ми забранува да одам кај братучетки а да се нервирам нема
Искрено најубаво ќе ти биде да го откачиш верувај не ти треба а и таквите луѓе не се менуваат како што ти кажав... Напушти го без објаснување само кажи му дека несакаш да продолжите заедно па он нека се мисли зошто е тоа така ,а сигурно ќе знае Ти посакувам среќа па пиши што ќе направиш
Како мислиш, еден со друг неможете? Ако навистина се сакате јас не гледам причина да не сте заедно. Но знаеш ли кога ќе се смирите? КОГА ЌЕ ВИДИ ДЕКА МИ СЕ ЛИЗГАШ ОД РАЦЕ, КОГА НЕМА ДА ГО ПРИМЕТУВАШ, ЕТЕ ТОГАШ!! Се додека знае дека те има при рака ќе прави така. Добро, што им е на овие машкиве бре... И мојот направи така, ама го средив за 3 недели. Прво се видовме двапати, но кога престанав да му одговарам на повиците и да не му кажувам ЗДРАВО на патот, верувај ми, ПЛАЧЕЈЌИ И НА РАЦЕ МЕ ИЗВАДИ ОД ДИСКО!! Велат дека со нас жените не може да се излезе на крај, но тие пак не созреваат никогаш..... Грешка твоја што се гледате 2 години на црно....Мнооогу голема грешка. Кога ќе престанеш да му одговараш на повиците и кога ќе види дека и други машки има околу тебе и дека се забавуваш, верувај ми се ќе се смени. Се надевам дека ќе ме послушаш, ти зборувам од лично искуство, мила. И да не заборавиш да не известиш како ќе се одвиваат работите.
Да ве известам како помина разговорот Се видовме разговаравме му кажав дека сакам да прекинеме дека неможам да бидам со некој што ми забранува да одам кај роднини и со некој што ми вика дека не ме сака и се знае почна да ме моли да ми кажува дека ме сака дека нема повторно да ми забранува но јас бев цврсто решена а и во текот на разговорот сватив дека не го сакам .. Му реков да не ми звони повеќе секој по својот пат да оди и си заминав и да ви кажам супер се чуствувам