1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Зависност од храна

Дискусија во 'Психологија' започната од Lana98, 18 април 2021.

  1. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.020
    Вака не, ок? :)
    Не гледај на слабеењето како на спринт, туку на маратон.
    Имаш проблем и ќе го решиш, но не може да не живееш до тогаш.
    Ти седиш дома и чекаш нешто да се смени, а во меѓувреме времето и животот поминуваат покрај тебе.

    Сега доаѓа топло време и вишокот килограми најлесно се покриваат со комбинација сукња и маица. Отиди во некоја продавница каде има избор на поголеми бројчиња (Ваикики на пример, ако си од Ск) и избери две подолги сукњи кои нема да ти ги отцртуваат облините и три, четири црни маички со пошироки ракавчиња. Маичките ќе ги ставиш во сукњите но ќе оставиш малку лабаво да висат над работ од сукњата. Можеш да купиш и некој убав каиш за со сукњите. Ова нема да те чини повеќе од 3000 денари, веројатно и помалку а ќе ја покриеш целата наредна сезона.

    Никако не смееш да се затвориш дома и да се самосожалуваш. Ќе ослабиш но за тоа треба време а дотогаш треба да живееш.
     
    На gjoker4e, Need for Speed, SnowWhite8 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    За подебелите треба повеќе вода. :D
    Некои пијат и по 4,5-6 L на ден.
    Тоа е надвор од нормала, ама ете - билдерите го прават тоа и оние кои имаат напорни тежински тренинзи.

    Како и да е, да не забегувам сега во крајности.

    Поентата е таа.
    Pattern постои, но истиот не мора секогаш да е обусловен од некој настан со мрачна психолошка позадина или резултат/последица на нешто лошо. Едноставно, луѓе ствараат зависност на мрсна храна затоа што е истата достапна, вкусна, полна адитиви и ја има на секој трет чекор. Нека ги преформулираат менијата во сервисите за брза храна, или редефинираат во здрави, и ќе видите како кај дебелите ќе падне BMI.

    Не дека сме земја со страшен коморбидитет во споредба со Запад, ама сепак, многу поздраво би живееле на пример доколку во маркетите, дисконтите, продавниците на дофат би била здрава и шарена храна за око. На пример - нешто како фит салатите во Гранап.

    Или кога би имале систем како во Кина или Азија.
    Таму скоро и да нема дебели девојчиња.
    Зошто? Бидејќи нивната исхрана е сиромашна со лоши масти, ограничена со јаглени хидрати и богата со морски плодови. Ужинка тие не знаат што е. Ако каснат нешто меѓу оброци, тоа е овошје или зеленчук. За нив овошна салата е десерт. :)

    Плус, уште од мали ги учат за односот кон храната. Буквално имаат часови по исхрана, и
    затоа нивниот народ нема copying mechanism со прејадување како девојкава која ја отворила темата и бројни други млади луѓе кои мака мачат со 30+ кг.
     
    Последна измена: 22 април 2021
    На gjoker4e, Angie1432 и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  3. ane.bella

    ane.bella Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јуни 2011
    Пораки:
    3.194
    Допаѓања:
    25.599
    Пол:
    Женски
    Нон стоп, без престан, прекумерено :)
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lana98

    Lana98 Нов член

    Се зачлени на:
    18 април 2021
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    16
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите.
    Пред се сакам да ви се заблагодарам за одвоеното време и дадените совети кои ми беа премногу од корист. Гледам дека мојата тема и проблем наидоа на доста внимание иако искрено не очекував.
    Ми требаше навистина премногу време додека да се одлучам да проговорам за мојот проблем, затоа и намерно темата е ставена во психологија а не во диета, зошто сметам дека проблемот ми е психолошки.
    Пишав дека сум имала премногу проблеми кои сум ги решавала со храна. Под проблеми мислев на секојдневни проблеми но и некои семејни кризи, пропаднат брак, смрт на родител и сл.
    Сите ние се соочуваме со проблеми, но секој си наоѓа утеха во нешто. Како што алхоколичарот е зависен од храна, наркоманот од дрога и сл. примери ете така и јас со тек на време станав зависна од брзата храна.
    Се случуваше дома да си јадам нешто готвено да излезам во град и по 1 саат пак да јадам бурек, хамбургер и сл. Или до доцна во ноќта да јадам цели кесиња чипсови, смоки, разни нездрави грицки.
    Читав и се едуцирав многу и сакам да кажам дека не сакам да држам никакви диети зошто верувајте сум се обидела милион пати со разно-разни диети. И таман ќе симнам некој кг. едноставно се чуствував прегладнета и пак ќе почнам со прејадување и пак разочарување и се одново. Ун диетата е можеби добра но мене рано ми почнува денот, дури си дојдам и зготвам не се издржува на една овошка со саати, сум пробала и не оди, сум припаѓала за јадење и не слабеев туку цели 15 дена стоев во место со килажата.
    И хроно ја пробав, ми делува но не сум некој обожавател на месо и искрено скапо ми е.
    Глупости како хербалајф и сличните ми се гола вода и не ми паѓа на крај памет да порачувам.
    Не е работата да држам некоја диета 2/3 месеци и да се изгладнувам зошто знам дека кога ќе дојдам до посакуваната тежина ако почнам пак да си се хранам по старо килограмите како бумеранг ќе си ги вратам.
    Решив сама да си направам некој план зошто мене ми треба трајна промена, да си најдам некоја средина во јадењето и со тоа темпо да си терам понатаму.
    Од понеделникот почнав вака: појадокот овесни снегулки, ѓеврече, овошна салата, смутиња и сл. Ако ми се пријаде пак гледам ужинката да ми е некоја овошка. Ручек она што има дома манџи, ориз, компир некое месо и сл. Вечера пуканки(домашни без сол или масло), свежи салати, варени јајца и сл. значи нешто полесно. Пржената храна и тестенини никако, во краен случај ретко еднаш во десет дена. Белиот леб го заменив со тонус читав дека тоа е најздрава варијанта.
    Од пијалоци само вода обична колку што можам да испијам повеќе. Сега за сега се држам добро иако искрено повеќе ми се јаде благо отколку грицки. Ќе бидам искрена и ќе си кажам дека си дозволувам по малку благо во текот на денот, црни чоколади со 70% какао, читав дека се ок варијанта.
    Се трудам денот да ми почне порано за и порано да си легнам. Дома не купувам никакви грицки и ништо што е нездрАво, за во случај на криза да не посегнам по тоа. Гледам времето да ми е максимално исполнето, почнав да работам на себе сакам да читам книги, да гледам филмови или да работам нешто по дома за да не мислам на јадење. Сакам да почнам да вежбам нешто или да пешачам. Ова го правам лично заради себе зошто знам дек ќе се чуствувам подобро, не заради другите.
    Не сакам да претерувам или да форсирам ништо, само постепено и умерено верувам дека ќе се средам. Со тоа што ќе си ја средам исхраната ќе ми се намали и килажата.
     
    На gjoker4e, Cosmic Girl, SkarletOHara и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Се убаво имаш средено и скоцкано, имаш добар план, но едно нешто ти фали, најважното, посета на психолог, разговор која е клучна во случајов. Никакви диети, се е тоа краткотрајно, тајната е во балансот, промена на животниот стил и навики кои ќе бидат трајни.
     
    На gjoker4e и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.787
    Допаѓања:
    131.401
    @Lana98 само терај упорно. Делуваш решително, тоа е веќе добар старт.

    Мене кога ме фаќа криза, се трудам да се сетам дека ако се откажам сега, ќе ги изгубам претходните резултати. И анализирам што ми е тригер и како можам да го избегнам. На пример, навечер ме фаќа криза и гледам да си најдам занимација баш тоа време - да шетам, да читам, што било.

    Јас најмногу ослабев кога сфатив дека ми штети на здравје. Не дека теоретски не знаев и претходно, ама кога ги земав резултатите од лекар во рака, во истиот момент ми се случи промена во глава.

    Ако те фати криза, пишувај и во темата за Морална поддршка во Диети. Секогаш ќе се најде некој со совет, сите сме таму со истата борба.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Браво! Така ми се допаѓа кога се труди човек. И јас така почнав. Јас многу пиев кока кола. И почувствував дека ако не пијам една недела потоа и не посакувам. Може да ја гледам и пак да не посакам. Не сум пиела кока кола повеќе од 5 месеци. Исто е и со храната. Некогаш кога одам кај баба ми каснувам кифлички и некоја торта/слатки но си имам на ум дека вкусот е тој и доволно ми е да пробам или малку да каснам, нема потреба да јадам голема количина од тоа. Никако не си го ускратувам тоа, ама гледам да е ретко. Знаеш колку ми се јаде тост? И неколку дена по ред ако го мислам тоа и не го изедам следна прилика јадам по 2-3 тоста. Затоа решив вака, еднаш кога ќе посакам ќе јадам тост но малку и потоа ми се тргнува од умот. Друга работа, не мораш во теретана или справи да купуваш дома за да вежбаш. Едноставно јас пред да тргнам на теретана почнав да пешачам и секој ден пешачев по малку повеќе од претходно. После пешачењето умот ќе ти биде разбистрен и ќе бидеш малку подобро. Јас после 2 месеци пешачење почнав со вежбање. Пешачев саат време и кога ќе си дојдев си пуштав на youtube вежби од Pamela Reif има такви без опрема и справи. Седиш или лежиш на под и вежбаш. Ќе си посветиш малку време да ги научиш и ќе тргне работата. Не мораш секој ден, можеш секој втор ден.
     
    На gjoker4e и Cosmic Girl им се допаѓа ова.
  8. ТрагачПоНадеж

    ТрагачПоНадеж Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.118
    Пол:
    Машки
    На Bluesand му/ѝ се допаѓа ова.
  9. GoodGirl45

    GoodGirl45 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2016
    Пораки:
    1.407
    Допаѓања:
    8.692
    Пол:
    Женски
    Во слична ситуација сум, не знам како да си помогнам.

    Само сакам да кажам дека читајќи ја темава 70% од мислењата немаат блага веза со проблемот со кој се соочува членката. Секој може да напише и да си даде своја диета, сите знаеме дека лебот, грицките, газираните, благото сето тоа се "гревови" и недај Боже да си на диета па да си апнеш. Уште па и ако пишеш на форум дека си изел едно чоколадо сите ќе ти скокнат како не е здраво.

    И да, има и тоа каква филозофија во слабеењето ако претходно си страдал од бинџање, булимија или друг eating disorder. Не е работата во тоа да се ставиш на рестрикции без горенаведените гревови и да ослабеш. Затоа што проблемот е во психата. Ако не го решеш тоа со самиот себе, џабе ти се диети и се'.

    После војната сите сме генерали.
     
    На theowndemon, mode-kristina, ForeverYoung и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. NewMommy

    NewMommy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2015
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.059
    Пол:
    Женски
    Јас откако имам некои проблеми во животот, стресот ме тера на јадење. Некој под стрес не јаде, а јас штом се чувствувам лошо јадам многу. Се трудам секој ден д а јадам здраво, а потоа ќе дојде лошиот час и се ќе се изнајадам што не треба. Многу често тоа е ноќе кога станувам. Се согласувам дека е до психата. Пред да се омажам јас бев највитка во другарките. И не поради генот или 'среќа' туку најмногу внимавав на храната, не се прејадував, ретко јадев благо, секојдневно јадев овошје и зеленчук. А сега, сега сум 15кг +. И иако не сум предебела, не сум таа што бев. А тешко ми оди со самоконтролата.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
    Може глупаво ќе ти звучи, ама мене ова ми помогна. Не си забранувај ниедно јадење и јади тоа што ти се јаде, уживај колку што ти се јаде и ќе видиш дека задоволството од храната ќе ти биде целосно и нема да си опседната за уште.
     
    На NewMommy, f.girl и Srckata28 им се допаѓа ова.
  12. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    32.460
    Пол:
    Женски
    @NewMommy и јас се согласувам со членката погоре. Што е здрава храна е дискутабилно. Убаво е што внимаваш што јадеш за твоето тело, ама обиди се да јадеш и храна за твојата психа. Не си забранувај работи. Тешко ќе ти е на почеток и ќе немаш контрола што и колку јадеш, но ќе успееш. Од искуство ти кажувам :)
    За стресот и проблемите можеш да разговараш со психолог.
     
    На NewMommy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    За жал, имам близок кој се соочува со овој проблем. Како и дали воопшто можам да му помогнам и да го поддржам? Верувам дека не е лесно, но 3 години се имам обидувано да го мотивирам но безуспешно. :( Некој со слично искуство или некој што се справил со проблемов да каже како да му дадам психолошка поддршка. Што од наша страна очекувате за да ве поттикнеме максимално? А, може и со самото тоа што сакам да помогнам стварам одбивност кон одлучност и станувам досадна? Многу би ми значел совет.:l:
     
  14. Peanut Butter

    Peanut Butter Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2021
    Пораки:
    1.929
    Допаѓања:
    17.497
    Пол:
    Женски
    Многу тешка зависност е и генерално, луѓето тешко се справуваат со оваа состојба. Џабе се диети и тактики кога проблемот е длабоко психолошки. Треба целосно да се излезе од комфорт зоната, да се промени стилот на живот, а решението најчесто не може да дојде преку една активност (пример спорт), туку преку комбинација од повеќе. Сепак, главен проблем е како да се мотивира личноста. Не сум психолог, но мислам дека секоја позитивна промена е мотивирана од помислата дека животот е убав и дека треба да се прави сѐ за да се живее квалитетно, што значи дека треба личноста да најде некоја цел за која ќе има смисла да почне да се менува и таа цел треба да биде конкретна, не предалечна и остварлива. Се надевам дека нешто од ова ќе ти користи.
     
    На venus♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  15. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.304
    Допаѓања:
    34.241
    Пол:
    Женски
    Се пронајдов во твоево мислење.

    Ваква тема ми требаше ама не знаев дека има.

    Јас имав 49 кила и секогаш бев здрава, бев вегетаријанец некое време и на секоја крвна слика ми викаше матичната топ ти е очигледно јадеш мн месо, никогаш не и спомнав дека сум вегетаријанец, ако настинев или вирус или што и да е бев болна нецел ден, мн брзо оздравував, имав мн сила, енергија, незапирлива бев.

    Гледајќи наназад не знам кога точно почнав да јадам многу. Значи во еден ден можам да изедам цел голем чипс, неколку големи сладоледи, можам и цела чоколада плус, значи немам граница, се можам да изедам, доаѓало момент кога почнувам да се гушам неколку пати ми се има случено, и неколку пати после прејадување се имам напиено топло какао со млеко и не можев од кревет да станам ептен ми се лошеше, жешко ми беше, воздух немам. Не знам што ми се има случено за вака да јадам.

    И нормално сето се одрази на моето тело и здравје и сега сакам односно почнувам да се враќам на старо пред да завршам в болница.

    Преку ноќ кога и да се разбудев јадев нешто, кога и да се изнервирам нешто јадам нездраво, на пример сум решила и денес до 17 часот јадам нормално и здраво и ако ме изнервира некој (99.9% детето) одма посегнувам по нездрава храна.

    Не знам како да јадам помалку ама се трудам. Кога јадам нормално вагата намалува и кога ќе почнам пак по старо вагата стои во место, ако продолжам по старо вагата оди нагоре.

    И така… се надевам ќе бидам убава и здрава како пред пет години. :D

    И кај мене се поклопува со мажачка ама повеќе со детето, маж ми никогаш не ме изнервирал за да мора да јадам додека пак детето нема ден мислам да не ме изнервирало.
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.612
    Допаѓања:
    18.178
    Пол:
    Женски
    Многу индивидуално. Кај мене не пали некој да ми наредува. Кај некои пали да им кажеш дебел/ дебела си ти треба диета.
    Кај мене доаѓа само од себе. Сега имам уште 10 кг да спуштам. Не направив којзнае што, за вечера јадам салата, краставица ако сум јадела покалорично во тек на ден, а шопска ако сум јадела помалку. И појадокот ми е овошје или житарки со малку калории. Ручекот ми е нормален, немам рестрикции. Во тек на ден јадам овошје ако ме фати криза.
     
    На venus♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.529
    Можда звучи смешно, ама не купувај таква храна. Ако немаш дома чипс, нема да јадеш. Е сега тоа не значи дека нема да се прејадуваш други работи, ама можеби полесно ќе се контролираш ако немаш junk food.
     
    На mal.ecka и gjoker4e им се допаѓа ова.
  18. venus♡

    venus♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2021
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    1.113
    Пол:
    Женски
    Верувај се' сум пробала. Ништо не траеше повеќе од 2 недели...
     
    На MilaSs12 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Зуси

    Зуси Активен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2021
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    37
    Пол:
    Женски
    Јас.сум зависна од благо...Али некако како утеха мие особено ако сум.нервозна нешто јадам јадам и не мие доста.Немам самоконтрола.
     
  20. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    Поимот зависност од храна е многу дискутабилен затоа што храната ни е неопходна за преживување. Зависникот не може едноставно да престане да јаде и да се откаже, како што пушачот може да ги остави цигарите, или алкохоличарот да го остави алкохолот па и да не проба ни капка цел живот.
    Проблемот се создава тогаш кога се користи како механизам за справување со стрес, тага... за некаков вид самонаградување итн.
    Значи, несомнено е дека храната има и социјална компонента (јадење во друштво, со семејството, па и скоро секоја прослава вклучува и храна), па и компонента на задоволство, што е нормално.
    Колку и да звучи како клише, клучно е да имаме рамнотежа и мерка со се', па и со храната. Од друга страна, и опсесијата со јадење само одреден вид храна (т.н. здрава храна) е лоша, но тоа е веќе друга тема.
     
    На Cosmic Girl и Hoping им се допаѓа ова.