Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Закон за абортус-Да или Не

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Irrepleceable, 2 јуни 2013.

  1. vinozito1

    vinozito1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    3.417
    Валерија очигледно си во политичка партија не е важно која, тоа го заклучив по твоите познавања.Мислам дека делумно си во право .Ама исто и не сочуствуваш и не признаваш дека грешиме, па дури и ти ако си убедена дека си толку многу во право .Те молам, секогаш другите нации ги издигнуваш над нас.Сакаме да бидеме како нив, ама никогаш нема да можеме.Знаеш ли зошто ?
    Тие се сложни.Помагаат онаму каде стварно е потребно а не како што знаеме ние, под рака.
    Кој даде повеќе.Живот на лицитација.Успеваат само оние што ете од некаде дошле до капитал.Место истиот да го вложат и да отворат некое работно место тие со него си купуваат лежечко работно место. Од истото ,тие пари кои ги дале поткуп си го вракаат тродуполо.Не ги интересира патриотизам, ни наталитет, ни моталитет.Едино гледат да си го наполнат џебот.

    Многу често ги спомнуваш Албанците, и им се восхитуваш, и јас да ти кажам искрено .Ама они не земаат поткуп за да купат странска кола или да ги посетат Дубаи, туку ним им се даваат пари да рагаат,средства, земја, па дури и жениТие се состануваат тајно и работат дури ние спиеме и трошиме пари на кампањи .Си поставиле цели и работат на нив.Па ќе не газат, ако си заслужиме.
    А кои се нашите цели?Ќе зголемуваме тука наталитет а половина Маќедонци се невработени.Еве јас на пример имав желба за син.Можев пред десет години да родам уште едно.Сакав,оти имаме доволно простор за три семејства не за едно .Ама немаме работа и едвај ги изгледавме двете девојчиња.Сега тие треба да формираат семејства ама се невработени. Помина толку време а состојбата е иста.Прашањето е исто , со кои средстава.Се вртиме во круг.Истите грешки, истите проблеми.Ќе ни се смееја од Цетарот за Социјални Работи ако побаравме помош.Сакаме дете а немаме средства.Така се зборува.
    Покрај тие комисии за абортуси треба и други.На пример излегуваат двајца млади пред комисија и се изјаснуваат дека сакаат проширување семејство , државата и излегува во пресрет ако исполнуваат услови.Тоа значи дека работиме обратно.Место да ги помогнеме ,ние ги носиме на суд.Зошто сте направиле дете а не сте способни да го гледате ? :x
    И те молам која мајка ќе роди , ако знае дека детето ќе работи на улица.Факт е дека треба многу да се стори.Не го свртувај вниманието на Французинки, Германки .Тие ни се восхитуваат на нас.Сум имала прилика да го видам тоа .
    Вака можеме до недоглед.Треба да се погледне од секој аспект.Без разлика што не ни се поклопуваат ставовите, треба да знаеш дека мнозинството е во право.Еве нашите ставови тука нека ти бидат пример.Сите се поклопуваат по малку едино ти напагаш, а не треба .Треба да ги изнесеш таму на состанокот во партијата дека маќедонската жена треба да биде подржана , мотивирана за да рага.
    А не осудувана, како што е сега.
     
    На Lolo5 и Hipster им се допаѓа ова.
  2. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    Во сите свети списи, секаде каде сум слушнала или разговарала со свештени лица и лица кои имаат познавање, никаде, никој не рекол дека црквата е против абортус при силување.
    Ама баш никаде !

    Децата се Божји благослов, Господ не сака да направи некоја жена мајка на овој брутален начин.
    Некој некаде во темава напишал дека црквата била против, па многумина поверуваа. Ама не е така.
     
    На Lolo5, glosipgirl и Gordana10 им се допаѓа ова.
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Мене ми стои во глава дека имам читано како црквата вели оти тој живот кој е зачнат на таков начин е зачнат со причина, дека не е виновен за ништо, и дека силувањето не е причина за абортус. Значи нешто во тој смисол. Барав пред некој ден на нет да најдам нешто пишано па да се уверам дека вистина е така ама не најдов. Затоа ако некој има дома книга да цитира или најде линк на нет да сподели точно каков е ставот. А не да се натегаме кој од кој поп како слушнал...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    ^За католичката црква сум сигурна дека абортусот е грев дури и во случај на силување, се сеќавате за девојчето од Чиле . Мене ме интересира во нашата како е , некој официјален став не рекла казала муабети :D ?


    А во контектс на економските услови за одгледување на семејство - во Германија , моја пријателка се омажи таму и со самото тоа што стапи во брак на маж и му ја покачија платата за 500 евра , со првото родено дете пак 500 евра те за секое родено дете му ја покачуват платата со 500 евра .Така се стимулира наталитет :D
     
    На Lolo5, kva и Hipster им се допаѓа ова.
  5. Valeriya

    Valeriya Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    63
    Така се стимулира наталитетот? А, тогаш зошто Германците губат население секоја година? Еве викаш дека државата ги стимулира на секој начин да раѓаат, а прашањето е зошто тогаш не раѓаат? Плус, не заборавај нив наталитетот им го пумпаат Турци, Курди, Арапи, Шиптари, Црнци, Азијати и секакви имигранти. Да не се тие Германија ќе доживее демографска катастрофа.
     
  6. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Јас пак ќе ти кажам дека одлуката за семејството секој си ја носи индивидуално , ни јас ни ти ни државата не смееме да му кажуваме на некој дали да има деца или не . Туку да се превземат мерки да им се овозможи на оние кои сакаат да имаат деца .


    Точно Германија се соочува со пад на наталитетот , но владата троши милиони за да помогне на семејствата кои сакаат деца .
    Па еве ти пример на македонска жена во Германија , за 3 години брак има 2 деца . Да беше тука веројатно сеуште ќе се мислеше како да си обезбеди кров над глава .

    Сериозно ли очекуваш да ти даде одговор некој зошто некоја жена не сака деца ? Мислам сакаш нешто да докажеш или ? Можеби треба да ти одговорам -Германките немаат деца бидејки се промискуитетни исто како и македонките :D

    Ако толку те интересира еве читни :

    http://www.time.com/time/world/article/0,8599,1991216,00.html

    А ме интересира што добиваш од тоа што плуќаш по македонската жена ? Нити на некоја ќе и смениш мислење ако решила да не чува деца , нити пак ќе и дадеш пари на таа што сака да има дете а нема доволно средства .
     
    На Lolo5, the.one, tessie и 2 други им се допаѓа ова.
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.656
    Допаѓања:
    35.404
    Пол:
    Женски
    Се мислев да не пишувам тука пак, ама не можев да се воздржам.
    Еве јас имам 38 години и немам деца. Живеам под кирија, не сум во редовен работен однос и искрено на памет не ми паѓа во вакви услови дете да раѓам. Од што ќе живее тоа дете бе? Од воздух, или треба да чекам мама, тато, бато и дада да ми го чуваат детето?
    А ова за "стимулацииве" на владава... не знам дали да плачам, дали да се смеам. Какви стимулации жити се? 8000 ден. за трето дете? И тоа само 10 години? А потоа, што? Мене ова ми личи на маркетиншки потег, како и 99% од работиве што ги прават. Чист популизам. Доколку навистина сакаат да се зголеми наталитетот (се сложувам дека состојбата е алармантна) тогаш има други начини како да се направи тоа. Да се направи нешто околу цените за детските потрепштини (облека, храна, лекови и сл.) Да се стимулира населението на поинаков начин, а не со мизерни 8000 денари за трето дете. А што е со оние кои што не се решаваат ниту на едно? Или пак, имаат едно и се плашат да помислат на второ. Мислам... најлесно е да покажеш со прст кон некој и да го осудуваш, потешко е да се најде решение за проблемот. Бидејќи, очигледно имаме проблем и тоа голем.
    Валерија, овој пост најмногу се однесуваше на тебе, бидејќи гледам најгласна си со осудувањата а и прилично добро ги познаваш животите на твоите блиски и не толку блиски пријатели и познаници кои ете имаат можности, ама не сакаат да имаат деца (срам да им е) Се прашувам, како покрај три деца чинам рече дека имаш, успеваш толку добро да си во тек со животите на другите? Или онака си ги вадиш информациите од ракав колку да се најдеш во муабет и да имаш контра аргументи?
     
    На Lolo5 и imelda им се допаѓа ова.
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.087
    Пол:
    Женски
    Пак почнавте со истото? Ако ви се дискутира за наталитетот ве замолувам да го направите тоа тука. Мислењата кои ќе продолжат на истата тема ќе бидат избришани бидејќи тука се оф-топик.
     
    На vinozito1 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Viki693

    Viki693 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2012
    Пораки:
    555
    Допаѓања:
    584
    Пол:
    Женски
    Случајно налетав на оваа тема, ама како жена неможам да не реагирам.Иако јас сум веќе во години кога ризикот од забременување е на минимум не можам да се начудам на нашиов Закон, а уште повеќе на жените кои го бранат овој Закон. Точно дека треба да постои Закон, но смислата на Законот треба да биде во функција на одбрана на правата на жената, а не да се гледа на неа само како репродуктивен фактор, не може некој со Закон да каже "толку може да абортира, толку не може" тоа ќе го каже лекарот кај кој оди жената..Значи ДА треба законски да се обврзат лекарите при секој преглед и констатирана бременост во зависност од здравјето, возраста и др. фактори на жената да и се објасни за последиците...а верувајте тие тоа го прават..јас моето второ дете го задржав благодарение на советот од мојот гинеколог..ДА треба секој гинеколог, здравствена ординација која извршува абортуси, да евидентира како бројка со заштита на името на пациентката, ДА има потребни болнички услови за да може да го изврши абортусот. Значи да се даде акцент во законот за начинот и условите кои треба да ги има една установа за да врши абортус, а вака со овој закон само ке се зголеми абортирањето на жените и ќе се загрози нивното здравје, бидејќи онаа жена која од било кои причини не сака да роди, верувајте таа ке бара алтернативи како да абортира. Не верувам дека на било која жена па макар била и најголема дроља, дека и е лесно да абортира..Владата ако сака наталитет, нека го подобри финансискиот статус на лугето, нека го покачи стандартот во кој живееме, и верувам дека лугето сами ке си добијат желба за деца, а вака младите се плашат да се женат а камоли деца да раѓаат...Со Устав ни е загарантирано и ЕДНАКВОСТ која не ја гледаме ама баш на ниедно поле...прво работодавците ГАЗДИ, ГАЗДИ... ним 5000 евра мес. плата им е малку, со 1000евра веке пропагаат...а работниците по 100-200 евра многу им се, згора на се по цел ден кутрите работат, една сабота немаат слободна, каде е владата таквиот закон што го имаме Закон за работни односи, да го спроведе...па лугето немаат време деца да прават...цел ден на работа, уморни, нервозни, мажите им се по странство за да си ги школуваат децата...
    Најмногу од се ме иретираа коментарите на жените ВМРО-од парламентот, па не е важно која партија си, има работи за кои неможе се да кажуваат мажите, каде е нашиот глас....
     
    На Lolo5, imelda, the.one и 5 други им се допаѓа ова.
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Ми се блуе, повраќа, желудник ми се врти секој пат кога ќе ги чујам МИЗЕРНИТЕ реклами на ВЛАДАТА НИ, во однос на НЕ ЗА АБОРТУС :puke: :puke: :puke: Одвратни сте.

    http://www.youtube.com/watch?v=32_y32Idxdk

    Божем лесно и е на некоја жена да се реши на тој чекор и вие ради вашите политики да и создавате уште поголема болка, и грижа на совест? :x

    http://www.youtube.com/watch?v=SR-T79xEwzg |( |( боже ај свашта!
     
    На Viki693, Lolo5, Hipica и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    Сега изреволтирана сакав и јас истото да го напишам.
    Само што видов реклама во која момче чека во болнички ходник со букет цвеќе во рацете.
    Поминува сестрата и му вели: Честитам само што убивте здраво бебенце, кое можеше да порасне во убаво момче или девојче |(
    И мене ми се повраќа од рекламиве и искрена да бидам се потресувам кога ги гледам.
    УБИВТЕ! Каков е тој збор?
    Воопшто не е важно како некоја жена се чувствува додека ги гледа рекламите, не е важна психата нејзина, ниту правото на избор. Важно е да се раѓа по секоја цена!
    Има реклама и реклама, ама овие го достигнале врвот на креативноста и уникатноста, нема што! :puke:
     
    На Viki693, Lolo5, Domino и 10 други им се допаѓа ова.
  12. QueenElena

    QueenElena Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2013
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    1.290
  13. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 8_RQxb-BIk

    A врвот на ЦИНИЗАМОТ, И НА ТОА ШТО ЈА ПРАВИ ОВАА РЕКЛАМА ГЛУПА, КОНТРАДИКТОРНА И НИКАКВА Е ТОА ШТО, ВСУШНОСТ ДОКТОРКАТА ГО УБИ ФЕТУСОТ :lol: .

    Таткото и мајката САМО СЕ РЕШИЈА НА ТОЈ ЧЕКОР,ама докторката Што СОЛИ ПАМЕТ И СЕ ПРАВИ ПАМЕТНА, ТАА ГО ИЗВРШИ АБОРТУСОТ ;) .
    Ах моја чудесна земја МАКЕДОНИЈО, и уште ПОЧУДЕСНА ВЛАДО МОЈА.
    'Субвенции' едни мизерни |(

    A и многу ме интересира да бевме Hакотени го Kинези, како би владата тогаш да се спаси од тој проблем?

    ќе делеше секој петок и вторник беcплатни абортуси ли? :?:
     
    На Viki693, Lolo5, imelda и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Vertigo014

    Vertigo014 Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    13
    Kако тргнала работава уште малку на плоштад ќе ги пишат со име и презиме сите "убијци на бебиња". Всушност се работи за луѓе кои по некоја лоша среќа се соочиле во животот со абортус и морале да се одлучат на тој чекор.
     
    На Viki693, Lolo5 и tessie им се допаѓа ова.
  15. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.061
    Допаѓања:
    134.679
    Девојки, може не сум на темата, но дали некоја од вас знае за психичката состојба на девојката после абортусот? На пример, дали е среќна што се ослободила од непотребното во неа и радосна што нема обврски, или е тажна? Навистина не знам, не сум абортирала, искрено, за мене тоа е чедоморство. Но мислам дека сите се фокусираат на тоа дека се убива дете, а никој на тоа како се чувствува онаа личност која се потпишала дека сака да и го извадат тоа нештото од телото?
    Има ли последици понатаму, страв од проблеми со следна бременост, страв од компликација на абортусот: Им кажува ли некој дека им е потребен психијатар или сами на себе се?
    И дали некој , или јас сум единствената чија пријателка абортираше, остана стерилна поради компликација и сега сече вени оти нејзиниот мил дечко кој не беше спремен за бебе, пред 3 месеци доби близнаци од друга?
    Стварно ме интересира дали некој размислил како и е на жената?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Прво насловот на темава не е многу јасно дефиниран, ама ајде.
    (ова во смисла дека Закон како закон мора да има, дефинитивно, но што ќе има во него тоа е друга работа; на пример нели во Закон за абортус мора да се дефинира дека не смеат да се извршуваат илегални абортуси од нестручни лица во несоодветни услови,односно надвор од здравствена установа и лицето кое би извршило такво нешто ќе биде казнето, ..... итн.)

    Второ
    никој, барем јас не слушнав (а редовно следам настани), не излезе со СТАТИСТИЧКИ податоци
    - колкав е бројот на абортуси на годишно ниво
    - кои националности најмногу прават абортуси
    - кои возрасни групи најчесто прават аб.
    - колку абортуси(од вкупниот број) во просек отпаѓа по жена
    - кај која социјална состојба најмногу се застапени
    - образование на жените

    Не се плашете бројките не се запрепастувачки, посебно не за Македонките, а ваму муабети , муабети...
    а посебно не за младите девојчиња како што се зборува.

    Според мене, Законот мораше да се изгласа бидјќи нели имаме аспираци кон ЕУ ,а таму си има некои правила; немој само да ми “рипнете“ :D сега кај нас не е исто како ЕУ,ние имаме други услови живот, и сосема сте во право , јас само констатирам состојба од моја гледна точка.
    Ние мораме да се усогласиме со ЕУ регулативата.

    Еве ни ја за пример Хрватска, влезе во ЕУ, амa веднаш се соочи со забрани, нема , ако сакаш да си член на клубот, мора да се придржуваш кон правилата.
    Да не развиеме сега тема , дали треба да аплицираме во ЕУ или не :D , оти RainBow ќе не предупреди дека сме офф топик.

    По прашањето за ставот на црквата, не верувам дека некој свештеник би дал благослов за аб.,освен во ситуации кога е загрозен животот на мајката.

    п.с.
    ќе ви дадам пример за едн грозоморно убиство:
    мајката е бремена 6-7 месец, арно ама во тоа време одеднаш забележува дека
    односите со сопругот не се како што треба, и одеднаш сака развод, не ја бивало работата.
    Добро развод, развод,.. ама бебето,...
    е тука улогата ја игра д-р од рекламата, се разбира со согласност на мајката.
    Замислете во 6-7 месец тоа е веќе оформено , деца се раѓаат на 8 месеци.
    Значи ,бебето прво се умртвува, па со провокаци или царски рез го вадат.

    Е ај сега нека ми каже некој Закон за абортус треба или не?
    Се враќам на почеток на овој пост.
    Простете ми што го напишав овој настан, грозоморно навистина :fubar: .
     
    На Gocaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.061
    Допаѓања:
    134.679

    Законот е скоро идентичен на претходниот, мораше да се досреди терминолошки - на пример согласност дава некој од општина, ти се молам, за да абортираш. Сега тоа е комисија од доктори и социјален работник.
    Мора да потпишеш барање за абортус бидејќи жениве на албанциве ако абортираат, тие му одат на докторот, како, ти си ја абортирал, нусето нејќело. Еден одвај преживеа додека докажуваше дека она сама сакала абортус. Вака, нека пише барање, па он нека се тепа со нусето, не со докторот.
    Мислам дека само се напумпа тогаш темата оти така им одеше во прилог на партиите, едните да контраат како жената немала права, а другите како се за семејство и поколение, а законот ист е како 1972ра.
     
  18. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    :D :D :D :D ме изнасмеа.
    што е нусе во превод?
     
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.061
    Допаѓања:
    134.679
    Невестата, девојката. :)
    Жените реално не сакаат по 10 деца и сакааат да абортираат. За да не абортира, маж и оди со неа :( Ама ако избега, ке рече сакам абортус, и ако нема официјално барање од неа, докторот нема основ :) Затоа сеа мора сама да го напише барањњето за да не биде докторот крив. Имало куп вакви случаи.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.630
    Допаѓања:
    9.075
    Пол:
    Женски
    Jас сум за да нема закон за абортус,ако Gоспод ни дал слободна волја владата ќе ни ја ускрати :^) ма ајде?Tреба секој поединец да е свесен што и како прави во својот живот и да има право да одлучи дали го сака тоа бебе или не!Tреба никој да не се меша во туѓи избори,но во оваа чудесна земја морализирање обавезно мора да има,се плука по секој освен по себе :x .
    A лично јас не би абортирала .Aма ако некоја девојка абортира не мора одма да се фрла камења и лажен морал по неа,има право оној што е на небото да суди не ние обичните смртници.
    Mора да потенцирам дека сум против абортус но не би осудила никого ако го направи тоа.
    Што би рекол Tоше:што е тоа во луѓето тажно што живеат во животи туѓи?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.