1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Започна да ме малтретира...

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од girl87, 26 јули 2014.

  1. girl87

    girl87 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    8
    Барам совет и мислење...имам 27 години,имав врска која траеше 8 и пол години-од средно,па се до сега.Како во секоја врска така и во мојата не беше се розево.За да не ги раскачувам сите проблеми ме интересира вашето мислење само за едно.И од порано се случувало да крене рака на мене,ама сето тоа не го сфакав здраво за готово или можеби мислев дека некогаш ке престане.Ама не било така.Го изневерив после многу години и тој дозна,отогаш животот ми стана кошмар.Ме натера да ја напуштам работата,цело време бев кај него-како да бевме земени и се правеа муабети за тоа,бидејки решивме тоа што сум го изневрила да остане во минатото и дека ке се заборави.Ама што се случи-тој почна се почесто да ме малтретира,па дури тоа се случи и пред неговата мајка,а да не го споменувам тоа дека ме удри и пред мојата мајка.Последната случка ми го скрши животот-значи крена рака на мене на улица :( Го сакам и многу ми значи ама решив да ја прекинам врската.Неможам така да трпам некој да ми покажува сила,сепак и јас сум живо суштество-иако знам дека грешката е моја.Ве молам дајте ми совет ,бидејки неможам да издржам повеке.
     
  2. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.261
    Допаѓања:
    8.647
    Прекини секаков контакт со него, пријави го во полиција и побарај стручна помош да ти помогне да ги пребродиш траумите што ги имаш преживеано и да останеш истрајна на одлуката да се тргнеш засекогаш од него.
     
  3. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Ма ајде па ти ќе раскинуваш за едно тепње, големо чудо ако те истепал на улица, љубовта е побитна од болката нели?
    Секако дека ова погоре беше иронија, незнам каков совет бараш ако веќе си решила да го оставиш, што чисто се сомневам дека ќе го направиш тоа. Девојки внимавајте со кого се плеткате, бидејки таквите психопати кои вие и понатаму велите дека го сакате можат да направат чудо, тој кога се осмелил пред мајкати да те удри, уште неземени којзнае на што се е спремен. Баш ме интересира што на тоа рече мајка ти, кога те удри пред неа?
    Јас да сум мајка и пред мене да удри мое дете? Веднаш го пријавувам во полиција и нема да ми премине праг повеќе никогаш, ако таа е будала и сака да ја тепа и понатаму, патот под нозе, и нека крши глава, со него. Многу мразам такви петлиња кои се прават газди и во туги куќи. Претпоставувам дека девојката нема татко или брат, и затоа тој си земал за слобода да ја шамара кај ќе стигне.

    Јас навистина неможам да замислам да ме тепа некој во 21 век а јас и понатаму да велам го сакам, се надевам ќе се промени..... Да те шамара некој било каде е понижување, а камо ли во јавност. Уф, се нервирам кога помислувам на такви работи. Ќе ме удри? Ма ќе го лежам додека да трепне.
     
    На sugarlips, cresa-jagoda и Fiona28 им се допаѓа ова.
  4. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    59.815
    Правилно си постапила што си му раскинала. Сега собери сила и остани си на одлуката, затоа што добро од него нема да видиш. Тоа што било, поминало, годините со него поминати неможеш да ги вратиш, а со тек на време и таа твоjа заљубеност ќе помине и сето ова ќе биде само дел од минатото. Сте вложиле во врската, не успеало, зошто и понатаму животот да си го трошиш на него? Зарем има оправдување за неговото однесување? Нареден пат не рака, нож може да крене на тебе, па уште и деца ако имате, и они со трауми ќе бидат. Ова е насилство и нема да престане се додека си со таков човек. Крај на таквата врска е единственото решение.

    Сега посвети се на нешто друго за да не мислиш на него. Не си дете, треба да бидеш свесна дека само љубовта не е доволна за една врска да опстои. Потребно е многу повеќе од тоа.
     
  5. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.586
    Пол:
    Женски
    Малтретирањето почна пред или после твоето неверство?
     
  6. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Што е битно тоа? Никој нема право да те тепа па дури и сопруг да ти е а камо ли дечко.
    Мислам дека рече после неверството, но тоа и не е битно, битно е дека никој нема право никого ниту психички а уште помалку физички да малтретира.
    Со прашањето пред или по неверството, како да оставаш простор дека е во ред некој некого да малтретира поради неверство, што воопшто не е во ред.
     
    На sugarlips и Summerlover им се допаѓа ова.
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Е ова никогаш не го сфатив неможете да раскинете само затоа што го сакаш? Епа ако тој сега во врска вака ти рпави што ќе се случува во брак а и сама кажа дека сте планирале? Си размислувала каква иднина ќе иамте ти и твоите деца? Плус не се случило еднаш туку повеќе пати што е веќе малтретирање е верувај мила ваквите луѓе никогаш не се менуваат. И каков е тој маж што удира жена? Или само на жените може? Плус дури мајка му си дала за право да те удари? Незнам што да ти кажам навистина. Ако недај боже се омажиш со него тогаш рачунај дека фмаилијарно ќе те малтретираат и животот дури тогаш ќе ти стане пекол. Да беше некое дете од 15 години ајде да те советувам ама толкава девојка си 27 години да не кажам жена зошто го дозволуваш ова. Мислам дека е редно да се преќине тоа малтретирање.
     
  8. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Да го заболело толку твоето неверство ќе ти раскинел, ќе ти се одмаздел, а тој си нашол лесен материјал за манипулирање за да си го јача егото, да си се докажува дека е маж, а ти тоа го нарекуваш врска и љубов.
    Тој ја тепа, таа го сака, па одозгора и виновна се чувствува |( ...И како кажуваш, така онака, пред мајка му, пред мајка ти, и нај те заболело оти било на улица. Мислам, додека не те има на национална телевизија и ние да видиме, не го решавај проблемот :!: .
    Ај ролд мај ајс со хард, ај со мај бреин.
     
    На Згодно Момче и eloves им се допаѓа ова.
  9. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Јас пак сфатив дека тој и порано почнал да ја удира и таа го изневерила ( овој пат ја правдам, па кој сака нека се буни), па после тоа му станала роб и ја удрил пред мајка и.
    Абе мое дете некој да удри аххх бее.
    Убаво што си го оставила. Сега соземи се и немора да го пријавуваш ако не почне да те замара. Мислам дека типов нема м..а да шутне девојка која го изневерила. Може си мисли дека нема да најде друга подобра.
    Почни нов живот и не му се мисли за кретенов. Имаш примери каде и бремени мајки се тепани, а и ова последново убиство во аеродром. Подобро сега да си ги скратиш маките отколку понатака да трпиш уште поголеми.
     
    На cresa-jagoda и eloves им се допаѓа ова.
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.586
    Пол:
    Женски
    Сакав да знам каква им била врската пред тоа каков бил тој.8 год биле заедно така?Зар не сватила за сето тоа време дека е насилник?психопат?не требала да губи толку долг период на некој што не вреди.И штом дошло до изневерување значи таа врска векје пукнала не ни требала да се вракја кај него.
    Во никој случај не оправдувам тоа што ја удрил.Но да бидеме реални маж ко 'маж' не поминува лесно покрај неверство,едноставно незнае да се носи со таков низок удар.Затоа ми беше прашањето кога почнал да ја малтретира?т.с дали од секогаш бил насилник или таков станал со неа за да и се одмазди што го изневерила?
     
    На Lovely93 и okcenzi им се допаѓа ова.
  11. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Луѓе тој ја малтретирал уште пред да го изневери. И девојката нормално си нашла утеха на друго место. А да раскинеш толку годишна врска не е лесно. Пред се се работи за навика навикната е на него неможе да замисли дека утре ќе се разбуди а него ќе го нема. не е толку страшно но ќе и треба време да се среди малку. Сеедно како и да било што и да било никој нема право да ја малтретира неа!
     
    На girl87 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Да бил маж немало да дојде до неверство, а прав маж е тој што те шутира после неверство и несака да те погледне, а не да те малтретира. Тоа е тешко пе..че со низа комплекси.
    Само и јас не разбирам зошто толку години е со него и како до сега не приметила дека е психо.
     
    На cresa-jagoda и Lovely93 им се допаѓа ова.
  13. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.586
    Пол:
    Женски
    Зар не е уште потешко да трпиш удари отколу да му раскинеш?и што фајде ако нашла утеха за кратко кога после тоа пак му се вратила?не за дџабе викаат жив се човек на све навикне..па како со него така ке се навикнала и без него
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Pepelaska25

    Pepelaska25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Од ова маж ко маж, се ежам. Па кој го прашува дали преминува или не, доколку не ти се допага остави ја а не да ја малтретираш. Ужасно ме нервира кога од жена ќе слушнам оправдуање за машката глупост. И баба ми бог да ја прости кога раскажуваше како дедоми ја тепал почнуваше со зборовите, маж како маж....
    Како можете воопшто да помислите такво нешто дека таа го изневерува а тој маж како маж, неможе да помине преку тоа и ја млати каде стигне. Мене ми се непоимливи тие работи, било што да направила нема никој право да ја тепа. Се разбира освен ако удри некого но тоа е веќе условен рефлекс.
    Дали пред тоа функционирала врската или не, не навлегувам и не ме интересира, поентата е дека никој нема право возрасна жена физички да малтретира.
    Неверство може секому да се случи и не секогаш неверството е последица на нефункционална врска.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MalaMedena

    MalaMedena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    178
    Лелее подобро што си му раскинала.
    Само не ми е јасно..Мајка ти што направи кога тој те удари? Не дај боже да ме удари било кој пред мајка ми,очите ке му ги извади.А и ти кога си видела каков е уште прв пат кога дигнал рака на тебе си требала да раскинеш.Ама ајде,не те осудувам,љубов е во прашање. Важно си му раскинала,сега продолжи си го животот. Ке си најдеш некој подобар маж,кој ке те цени и почитува а не да те малтретира како тоа животно.
     
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.586
    Пол:
    Женски
    Извини ама баш ради тоа што е возрасна жена требало одма да си оди после првиот шамар.И нејзе ако не и се допагјало што останувала и понатаму со него,па уште се и преиспитува дали добро постапила .ја удрил пред мајка му-му простила,ја удрил пред мајка и -му простила,ја измлатил на улица она пак го оправдува.Епа колку што е он грубијан толку е и она наивна(да не употребам др збор).
    Му дала да ја манипулира и си користел човекот.Наместо одма да му покаже кај му е местото он ја тепа она со друг се задоволува и као демек врска тераат а возрасни и двајцата.Ахам мало морген

    П.с нешто чудно ми падна во очи:оваа тема и онаа за силуваната ,и двете се отворени со иста жолта позадина може и истата цура си праи две приказни :^)
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Marcela

    Marcela Активен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2014
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    7
    Мене па едно нешто не ми е јасно кај ова машкиве.
    Зошто бараш девојка или стапуваш во брак ако ја малтретираш? Животно. Не може да се спротистави на некој ист ко него туку на жена. Така ја одмерува силата. Браво бе, глупак еден. |(
    Туку подобро што си му расќинала сега отколку подоцна, во брак. Ке мораше да трпиш ќотек а децата гледајќи го тоа би имале трауми.
    Ти предложувам да го пријавиш во полиција, со забрана за доближување зошто утре може да се случи да завршиш и во болница претепана од ќотек. Зар тоа го сакаш?
     
    На SimonaTino и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  18. girl87

    girl87 Активен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    8
    почна уште пред неверството.ама како што кажав,мислев дека ке се промени.Сега плаче пред мене и се кае,ама веке е доцна.Ми дадовте голема сила и снага да останам истрајна ...
     
    На Marcela му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Anouk

    Anouk Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    1.380
    “Го сакам?“ Море сакат ќе оде. |(

    Нема љубов што би ме натерала да поминам и да простам ќотек. Нема врска пред кои те удрил, дали пред мајка му, мајка ти или на само. Исто е.

    Велиш “И порано се случило да крене рака на мене,ама сето тоа не го сфатив здраво за готово...“ Како бе така...Како можеше да не го сфаќаш здраво за готово? А како го сфати уствари?
    Ете тука е коренот, уште тогаш си требала да ставиш крај. За сега да не поминуваш низ овие перипетии.
    Оној кој те удрил еднаш, ќе те удри пак.

    Погоре прочитав демек нашла утеха во друг затоа што претходно ја тепале. Не е решение тоа, да најдеш утеха во друг, ако првиот те удира. Решението се знае, ако со разговор, како луѓе не помага, тогаш заврти се и оди си.

    Убаво си направила што си му раскинала, сега посвети си време на себе и пробај самата да сфатиш дека ти вредиш, и дека никој, ама НИКОЈ нема право да крене рака на тебе!
    Немој никако да паѓаш на неговите солзи! Он требало да размислува за твоите солзи кога те удирал!


    Мене татко ми не ме удрил, некој си мочко ќе ме удира. |(
     
    На cresa-jagoda, sweet-bebufce, Someonespecial и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Паметна одлука. Нека плаче. Со тоа докажа дека е пе... наместо да се извини и да проба да се смени. Ах ваквите мажи одредени само од она средина. Ич да не ти е жал за него, ич и да не ти е криво и тешко. Главата горе и ке си најдеш подобар.