Таквиот човек не се менува штом еднаш кренал рака на тебе секогаш ќе крева за било што.Ќе те понижува каде и да сте. Си направила одлична одлука со тоа што си му раскинала.Колку и да сте биле долго колку и да си го сакала,и да плаче и да моли не попуштај во никој случај.Се е маска за таквите луѓе. Животот е пред тебе ќе си најдеш нова љубов кога најмалку очекуваш верувај. Не си ти најдена на улица за некој да се исживува на тебе и да те малтретира како ќе посака. Имав слично искуство во минатото и сеуште имам некои трауми затоа што никогаш не поразговарав со стручно лице за мојот тогашен проблем се срамев и криев.Доколку ти треба разговор слободно пиши ми ЛП за совет за подршка ...
Плачип.... Да го грабнеш и да бегаш. Супер што си расчистила, не ми е јасно како си го трпела толку долго време. Или ќе те истепа, ќе му раскинеш, ќе поплаче и ај пак назад. Не паѓај никако на неговите солзи. Па и таа мајка му уште да му рекла, браво сине така се учи жена на памет. Па и мајка ти. Ќерка ми да ја удри некој вол, од 1 кгр ја чувам абе мадињата ќе му ги исечам. Не сум ја растела за некој да ја тепа, па колку и да е виновна. Си го изневерила, тој се смета за неспособен, па ај сега сите коски ќе и ги искршам за да не згреши друг пат. Те натерал отказ да дадеш (и мантил да ти облечеше, марама да ти врзеше). Навистина не можам да те разберам зошто се обвинуваш. Си барала внимание , а не само ќотек. Немој ама на памет да ти падне да се вратиш, затоа што сега си го трпела , а што мислиш во брак поарно ќе биде (БЕТЕР). Сега давам совет зошто истото (слично) сум го поминала. Ех да можам да го вратам времето која глупачка сум била, абе да се паѓало на машки (лажни) солзи.
цц ти со сета памет сиго изнверила и како сакаш да постапува? алоо 8 години а ти го изневеруваш боже боже
Неверството е било и грешно и не, можеби си барала утеха. Но сепак си требала многу порано да раскинеш. Таквите никогаш не се менуваат. Веројатно после неверството си чувствувала вина (а тој многу добро го е знаел тоа) па се си попуштала. Што и да било, поминало. Си направила вистинска одлука што си раскинала, а тоа ќе го сфатиш кога ќе запознаеш маж кој ќе те цени и почитува и тогаш ќе бидеш горда на оваа одлука. Не е лесно да се заборави човек со кој си поминала 8 години и многу спомени, но мој совет е труди се повеќе да мислиш само на лошите, со време самиот мозок ќе се програмира и кога и да ти текне на него, ќе ти текне и на лошите спомени, па така бесот и гневот многу побрзо ќе го фрлат во заборавот.
Твоите родители те чувале здрава и права, сигурно бдееле над тебе кога си била болна за да друг те удира? Па не си ти најдена на улица, па и тоа не еднаш, неколку пати. Ако еднаш кренал рака пак ќе крене, не ти треба таков живот. Подобро што се случило сега, отколку во брак, откачи го под итно. Со среќа.
Јас го мислам следново: Дечкото има многу големо его, откако таа го изнерверила тој не можел да си го контролира бесот и кренал рака на неа. Дека и мажите како и жените се прашуваат што има тој немам јас. Дефинитивно си го погодила во најранливата точка. Машко да биде изнерверено во денешно време е реткост. А што ќе те удри не е реткост. Грешката ти е во тоа што си требала уште првиот пат да го откачиш. 8 години сте оделе и ти си му дала голема контрола над тебе. Што ако го сакаш? Што ти менува тоа ако го сакаш? Тој нема да се промени, и во брак да си ќе те малтретира. Никогаш нема да си ја победи гордоста и машкоста со тоа што си го изнерверила, машкото не заборава никогаш. А цел живот тебе ќе те криви за се. И што ако го сакаш? Не е важно, што го сакаш, важно е што ќе се тргнеш настрана од се, и од него. Бидејќи таквата врска со малтретирања нема да заврши добро. Дека е долга врска, се согласувам, а дека љубовта ги победува сите препреки - само на филм. И пак ќе те прашам што ако го сакаш?
Секако дека љубовта може да ги победи сите препреки, но ова никако не важи за неверство. За да може некој да изневери, значи (барем) од негова страна љубовта не е вистинска. Таа врска е осудена на пропаст и подобро што е така бидејќи е бетер ако опстане. Точно дека машкото его не простува неверство, нека биде маж и нека ѝ раскине. Женското его не поднесува ќотек, нека биде жена и нека му раскине одма, а не да се туфка. Двајцата се криви. И таа немало што да бара излез во изневерувањето, се знае најбезболното решение и најлогичното. Па уште го послушала и дала отказ и седела дома. Која врска пробуваш да ја спасиш, која љубов? И да не бил ќотекот, ти таа врска си ја осудила на пропаст со самото неверство. Правилно постапила што му раскинала, само да не биде гуска и да му се врати. Нема што повеќе да се дискутира. А дека е тешко да раскинеш со некој после толку години, тешко е. Ама па кога имаш храброст и да го изневериш после толку години, или пак тој да те удри.... ма, јасна ми е поентата. Едно решение има проблемов само. И без пријавувања и слични глупости, он ќе ја прогонува и малтретира и отпосле, да бе. Тој од што не сакал да раскинат а сакал да се осети подоминантно го правел тоа, не ќе ја тепа кога не му е ништо веќе.... А за тоа тепањето пред мајките, искрено и малце ми е преувеличување. И најстаромодна и најмирна и најпроста жена да е, мајка е мајка, ниедна нема да седи со скрстени раце во ваква ситуација. Па поготово и двете мајки. Тие филмови на друг.
Првиот болд; тој кревал рака на неа уште пред таа да го изневери Вториот болд; баш денес жените повеке ги вараат мажите и можеби секое 3 машко е изневерено. Според мене овој “јакиов“ маж си го заслужи тоа неверство , сега нека си се дроби, па и корпа си доби. Одлично. Пак нека малтретира жена и после нека се прашува зошто го изневерила. Алал да и е на девојкава, само требало многу порано да му раскине одма после неверството и во лице да му каже дека го изневерила и дека не и е потребен.
^ Изневерувањето не е начин на одмазда. Со такво нешто се газиме и себеси и баш и откако ќе му раскине кажувајќи му го тоа, ќе му биде помалку криво бидејќи таа ќе изгуби голема вредност во неговите очи. И во очите на тој со кого го изневерила. И во очите на тие на кои ќе го рашири тој муабетот. И во своите очи. Изневерувањето не е опција, а камо ли решение. Не можам да почитувам некој што изневерува ма каква сака нека му биде причината. Прво си го правиш тоа себеси па после на партнерот и на соучесникот во неверството.
Изневерувањето е најдобра одмазда на ваквите “мажи“ кои сакаат да комндаат и да те владеат. Не мислам на нормалните мажи, туку само на овие што силата ја покажуваат на жена. Е на таквите најлесно им се крши духот кога ке го изневериш, бидејки тогаш неможат да владеат со ситуацијата. Нив повеке ги боли неверството, одколку ингнорирањето и прекинувањето на врската.
Значи мајка му неможеше да поверува дека тоа е всушност нејзиниот -СИН- остана без зборови,а мајка ми .... го исфрли од дома... со збор ми кажа дека повеќе нема што нити да бара од мене ,нити со мене...
Не би да грешам душа, но не би ме чудело ни да се и ова измислици, како онаа на членката што беше банирана поради измислено силување. Очигледно на тинејџеркиве и нивните другарки им е многу досадно летниов распуст. А има мал милион начини како паметно да се исполни времето кое еден ден со свеќа ќе го бараат, жалосно што одбираат баш ваков начин. И тоа мамејќи и вознемирувајќи други луѓе, луѓе кои не ги ни познаваат а сепак допреле до нив со нивната измислена приказна. Може грешам ама ете таков впечаток имам, дека нова мода станаа ваквиве заебанции со чувствителни теми. Ништо и не ме чуди веќе од толку заебана младина.
да ме бара,да не речам и секој ден,со сите празни изговори и муабети да се видиме за муабет,за смирување и слично....ама не повеќе не...доста беше...
извини вака,ама ми требаше време за да се решам да пишам тука,а ти ако ова го сфаќаш како летен одмор или како кажа,незнам.Имам проблем и само побарав совет
СЕризоно мислиш утре т.е во иднина да бидеш во брак со него??Постави си го ова прашање на тебе,и така ќе го добиеш одговорот.И не разбирам како некој може да малтретира некого. Јас на пример ниту еднаш не ја бев удрил девојката за сите 5 години додека бевме во врска.Сметам дека тоа е толку бизарно од било која страна,а доколку сакам да покажам сила на некого тоа сигурно нема да биде она или друга девојка.Кога сакала некаде да оди со другари/рки на одмор воопшто и не сум се бунел бидејќи сметам дека немам право да се мешам во нејзиниот живот. Ме прашувала речиси секојпат,но и без да ме праша го знаела мојот одговор. Воопшто Не ми е јасно навистина како може да има вакви луѓе.Па кај мене кучето не е врзано,бидејќи сметам дека и тоа не треба да биде на ланец,а камоли пак луѓе. Си се запрашала ли дали тој воопшто те сака или е со тебе поради тоа што си му како вреќа на која може да мава боксови и така да си ја празни негативната енергија. постави си ги овие прашања и одговори си.Ако и натаму останеш со него,тогаш е до тебе работата и тешко дека можеме овде да ти помогнеме
Која била банирана? Онаа што ја силување дечкото? Како дознавте дека не е вистина? Леле сега видов дека и било досано ауууу а јас колку се замарав и главата ме заболе ц ц ц ц ц гуска глупава