Неможам да ве разбирам воопшто вас луѓето што дозволувате некој да ве малтретира дали физички или психички небитно. Сите овие малтретирања и тортури колку и да умеетенда ги носите со себе и да живеете со нив еден ден ќе ви донесат длабоки и сериозни последици. Никогаш не дозволувајте да ве навредуваат и дигат рака на вас, имајте гордост и достоинство, пред се сакајте се себеси и не посегнувајте никогаш да бидете со маж што лечи свои комплекси и фрустрации над вас. Колку и да сакате една ваква личност не смеете да си го загорчувате животот и да се доведувате на раб од ваква мака бидејки никој на светот не е заслужен да ви пресуди на вам, бидете храбри и пресечете колку и да ви изгледа невозможно, решение и начин се пронаоѓа секогаш. Заблудени во една злобна особа не сте свесни дека си го уништувате животот и се водите во опасност, неможете да ги видите оние луѓе кои заслужуваат да бидат сакани и почитувани.. а со заблудата неможете да успеете да го видите животот од посветол агол.
Само будала може да трпи малтретирање. Човек си не си играчка, ако нешто не е како што треба ќе се тргнеш, ќе го оставиш и чао.